Заедница на српски општини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Nov 2022 19:58:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Заедница на српски општини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ескобар: Косово да ги исполни барањата за регистерските таблички и формирање Заедница на српски општини https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eskobar-kosovo-da-gi-ispolni-baranjata-za-registerskite-tablichki-i-formiranje-zaednica-na-srpski-opshtini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eskobar-kosovo-da-gi-ispolni-baranjata-za-registerskite-tablichki-i-formiranje-zaednica-na-srpski-opshtini/#respond Thu, 10 Nov 2022 19:58:55 +0000 https://kurir.mk/?p=758788

Американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјави дека Косово мора да ги исполни барањата на западните земји во однос на регистерските таблички и формирањето на Заедницата на српските општини, пренесе Бета. Ескобар за програмата на Гласот на Америка на албански јазик изјави дека повлекувањето на Србите од косовските институции е „бескорисно“, но и дека тоа создало „прилично опасна“ ситуација на северот на Косово. „Бевме многу јасни и отворени за тоа што очекуваме од двете страни. Побаравме од Косово период од една година да спроведе кампања за информирање на јавноста и да ја подготви ранливата заедница да биде подготвена да ги смени регистарските таблички на автомобилите“, рече Ескобар. Тој ги повика косовските власти да го стават на дневен ред прашањето за ЗСО. „Од наша гледна точка и гледна точка на партнерите на Квинтата, тоа е барање и ние ќе останеме цврсти“, рече Ескобар. Говорејќи за српската страна, американскиот функционер рече дека секој протест треба да биде мирен. „Повлекувањето на Србите од косовските институции не е корисно. Ги повикувам партиите да бидат подготвени веднаш да ги исполнат овие прашања“, додаде Ескобар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eskobar-kosovo-da-gi-ispolni-baranjata-za-registerskite-tablichki-i-formiranje-zaednica-na-srpski-opshtini/feed/ 0
Шаља: Нема ЗСО пред конечен договор меѓу Белград и Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shalja-nema-zso-pred-konechen-dogovor-megju-belgrad-i-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shalja-nema-zso-pred-konechen-dogovor-megju-belgrad-i-prishtina/#respond Tue, 24 Apr 2018 14:50:00 +0000 https://kurir.mk/?p=45501

Заедницата на српски општини во Косово нема да биде формирана пред потпишување на конечен договор меѓу Косово и Србија, тврди Блерим Шања, политички советник на косовскиот претсеател Хашим Тачи. - Нема да има ЗСО без правно обврзувачки договор, иозјави Шаља за телевизијата Т7. Тој тврди дека прашањето не може да се третира како посебен проблем и ќе биде вклучено како анекс на конечниот договор. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shalja-nema-zso-pred-konechen-dogovor-megju-belgrad-i-prishtina/feed/ 0
Српска листа се откажа од едностраното прогласување на ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-se-otkaza-od-ednostranoto-proglasuvanje-na-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-se-otkaza-od-ednostranoto-proglasuvanje-na-zso/#respond Thu, 19 Apr 2018 15:09:27 +0000 https://kurir.mk/?p=43245

Најголемата партија на косовскиет Срби, Српската листа, денеска соопшти дека се откажува од едностраното формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), што претходно го најави за 20 април. Ваквата најава уследи по денешната средба во Звечани на претставници на Српската листа со членовите на работната група што ја формираше косовската Влада, со задача да го подготови статутот на ЗСО. Претставникот на Српката листа, Игор Симиќ изјави дека партијата останува отворена за разговори и решенија кога станува збор за формирање на Заедницата, во согласност со Договорот во Брисел, што го постигнаа Белград и Приштина. Игор Симиќ - Многумина очекува дека денеска ние ќе тргнеме онака како што Србите често дејствуваат, прво со срцето, а потоа со разумот. Но, овојпат ќе дејствуваме со разум, со цел утре никој да не ги обвинува Србите дека презеле едностани одлуки. Чекавме пет години, ќе почекаме уште три и пол месеци, изјави Симиќ. Со сличен став вчера излезе и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изјави дека Србија ќе чека работната група да ја заврши својата работа во рок од три и пол месеци и дека ЗСО да биде формирана согласно Бриселскиот договор. Рамуш Харадинај Претходно денеска косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека ултиматумот на Српската листа за еднострано формирање на ЗСО нема да има никаков ефект, најавувајќи дека Заедницата ќе биде воспоставена врз основа на одлуката на Уставниот суд на Косово. - Ситуацијата е сменета. Косово е на пат кон изготвување на Статутот на ЗСО. Ултиматумот паѓа во вода, рече Харадинај на прес-конференција по денешната седница на неговата Влада. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-se-otkaza-od-ednostranoto-proglasuvanje-na-zso/feed/ 0
Вучиќ: ЗСО само во согласност со Бриселскиот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-zso-samo-vo-soglasnost-so-briselskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-zso-samo-vo-soglasnost-so-briselskiot-dogovor/#respond Wed, 11 Apr 2018 06:20:04 +0000 https://kurir.mk/?p=38876

Српскиот претседателот Александар Вучиќ изјави дека Заедницата на српски општини (ЗСО) во Косово ќе биде формирана во согласност со Бриселскиот договор, додавајќи дека е изненаден од изјавата на портпаролката на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, Маја Коцијанчиќ дека ЕУ го подржува формирањето на ЗСО „според косовските закони“. - Сакам да ни покажат, каде тоа го пишува во Бриселскиот договор, кој го знам на памет... тоа никаде не е напишано, изјави синоќа Вучиќ за сепската државна телевизија РТС. Тој додаде дека ЗСО може да биде формирана само во согласност со Бриселскиот договор, утврдените принципите и според планот за имплементација. Портпаролката на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика вчера изјави дека Заедницата на општини со српско мнозинство ќе биде формирана врз основа на косовските закони. Вучиќ оцени дека по таквите изјави, недвосмислено е јасно кој на Србија и е пријател, а кого не може да го нарече со тоа име. Како што истакна, доколку усогласеноста со косовскиот Устав е единствената работа која им е битна на преставниците на ЕУ, тогаш повеќе не може да се каже дека тие се статусно неутрални. - Единственото она што е овде добро, е тоа што им се покажува на граѓаните во Србија какви се преговорите во Брисел и колку е тешко тоа со што се соочувате, кога тие и јавно го кажуваат, изјави српскиот претседател. Според него, за Србија сега е најважно да го зачува мирот. - Наше е да го зачуваме мирот, да сме сталожени, смирени и дека тоа се нашите пораки и дека се бориме за српскиот народ, изјави Вучиќ. Косовските власти инсистираат ЗСО да се формира врз основа на косовскиот Устав, додека српската Влада и преставниците на Српската листа бараат таа да биде формирана врз основа на Бриселскиот договор од 2013 година. Во меѓу време, Српската листа постави ултиматум најдоцна до 19 април да започне изработката на Статутот на ЗСО или во спротивно тие самите ќе ја формираат Заедницата. Според најавите од Брисел, Статутот на Заедницата ќе го подготви работна група формирана од Владата на Косово, со помош на ОБСЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-zso-samo-vo-soglasnost-so-briselskiot-dogovor/feed/ 0