заем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Apr 2023 15:50:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Светска банка и одобри на Албанија заем од 100 милиони долари за реконструкција на мостови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svetska-banka-i-odobri-na-albanija-zaem-od-100-milioni-dolari-za-rekonstruktsija-na-mostovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svetska-banka-i-odobri-na-albanija-zaem-od-100-milioni-dolari-za-rekonstruktsija-na-mostovi/#respond Wed, 26 Apr 2023 15:50:40 +0000 https://kurir.mk/?p=827948

Албанската влада почнува со реализација на проектот за обнова на оштетени мостови во земјата во рамки на заедничкиот проект со Светската банка. Во телевизиско гостување, директорот на Албанската управа за патишта (АРРШ), Ервис Бербери рече дека заемот што ќе го овозможи овој проект е одобрен. -Светска банка го одобри заемот во износ од 100 милиони долари. Рехабилитацијата на мостовите започнува годинава и продолжува во следните 7 години. Во првата година ќе се интервенира на 3 моста, мостот Бешир, мостот Вирои и мостот Драгоди на реката Вјоса што го поврзува округот Тепелена со околните области а ќе биде во служба и на Мемалиај, рече тој. Проектот, чија цел е подобрување на инфраструктурата опфаќа реконструкција на 30 мостови во Албанија. Од проектот директно ќе имаат корист 800.000 луѓе, а подобрата патна мрежа ќе овозможи побрзо движење на луѓе и стоки и ќе ја зајакне економијата. Според Бербери, по напрсвенст студијс нс целатс територијс на земјата има 186 мостови, но само 101 од нив резултирале со проблеми и ќе бидат подложени на процес на реконструкција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svetska-banka-i-odobri-na-albanija-zaem-od-100-milioni-dolari-za-rekonstruktsija-na-mostovi/feed/ 0
Украина доби заем од пет милијарди евра од ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-dobi-zaem-od-pet-milijardi-evra-od-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-dobi-zaem-od-pet-milijardi-evra-od-eu/#respond Fri, 09 Sep 2022 18:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=730929

Министрите за финансии на Европската унија денеска на состанок во Прага, Украина одобрија заем од пет милијарди евра за да можат училиштата, болниците и другите институции да продолжат да работат. Заемот, кој ќе биде поддржан со гаранции од земјите-членки на ЕУ, е дел од пакетот помош вреден девет милијарди евра усвоен во мај. Првата милијарда евра беше испратена во Украина во август, а според чешкиот министер за финансии Збињек Стањура, на следните состаноци ќе се одлучи како преостанатите три милијарди ќе бидат поделени на заеми и грантови. Министрите разговараа за долгорочните опции за помош на Украина во финансирањето на реконструкцијата во иднина, како и можностите за краткорочни инвестиции, пренесува Ројтерс. Во извештајот што денеска го објавија Светската банка, украинската влада и Европската комисија, се проценува дека до 1 јуни Украина претрпела директна штета од војната во износ од 97 милијарди долари и дека обновата на земјата може да чинеше речиси 350 милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-dobi-zaem-od-pet-milijardi-evra-od-eu/feed/ 0
Николоски: Заемот од 900 милиони евра без никаква помош на земјоделците претставува рамно национална катастрофа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-zaemot-od-900-milioni-evra-bez-nikakva-pomosh-na-zemjodelcite-pretstavuva-ramno-nacionalna-katastrofa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-zaemot-od-900-milioni-evra-bez-nikakva-pomosh-na-zemjodelcite-pretstavuva-ramno-nacionalna-katastrofa/#respond Sat, 30 Apr 2022 11:33:28 +0000 https://kurir.mk/?p=670123

Во вакви услови, да се зема заем којшто ќе го враќаат следни генерации од 900 милиони евра, а при тоа ништо да не се помогне на земјоделците тоа претставува рамно национална катастрофа и освен што тераат високи политики министерот за надворешни работи, премиерот и министерот за земјоделие не се растрчуваат да најдат пласман, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во Неготино. Николоски посочи дека не знае како не им е срам да одат во Србија и да молат за жито и за масло. Во услови кога македонската земја раѓа најквалитетен сончоглед, може да раѓа добра репка од која исто така може да се произведува масло и исто така добро жито. - Во вакви услови наместо да се стимулира македонското земјоделие, власта моли во Србија да добиеме жито, брашно и масло и во исто време не се бара пласман за македонските производи. Покрај високата политика треба малце да се спуштат на земја, да дојдат тука во Неготино да прошетаат по селата нивите и да ја видат маката на земјоделците. Кога власта оди на тие скапи патувања и кога ќе седнат со колегите од другите држави потребно е да го понудат македонскиот земјоделски производ, рече Николоски. Николоски вели дека состојбите во земјоделието се апсолутно катастрофални, минатите две години имавме најлоши може видени години во земјоделието, особено во овој крај со откупот на грозјето, каде земјоделците не можеа да го продадат својот род или се продаваше по исклучително ниска цена. Имаше проблеми со откупот на тутунот, имаше проблеми исто така со пласманот и на рано градинарските производи. Николоски потенцираше дека оваа година состојбата заради војната во Украина е уште полоша, веќе сериозен проблем со пролетната зелка, минатата година се откупуваше по 30 денари, а годинава се откупува по 15 денари. Следува извесен проблем со откупот на грозјето, понатаму праската ќе нема каде да се пласира, а истото е и со малината, вишната и црешата. - Во вакви услови Владата не прави ништо, паралелно на тоа трошоците се зголемени, цената на нафтата е зголемена двојно, цената на ѓубривата е зголемена тројно до четири пати, ако вреќа ѓубриво минатата година се купуваше за 500 до 600 денари оваа година се купува од 1600-1700 денари па нагоре и сите останати услови за земјоделците се отежнати, кажа Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-zaemot-od-900-milioni-evra-bez-nikakva-pomosh-na-zemjodelcite-pretstavuva-ramno-nacionalna-katastrofa/feed/ 0
Димитриеска Кочоска: Ангеловска ја извести Светска банка дека нема да го потпише заемот, иако се расчисти дека мојот потпис не ни бил потребен! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-angelovska-ja-izvesti-svetska-banka-deka-nema-da-go-potpishe-zaemot-iako-se-raschisti-deka-mojot-potpis-ne-ni-bil-potreben/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-angelovska-ja-izvesti-svetska-banka-deka-nema-da-go-potpishe-zaemot-iako-se-raschisti-deka-mojot-potpis-ne-ni-bil-potreben/#respond Thu, 18 Jun 2020 12:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=359469

Во однос на ова задолжување за кое се бара мое одобрување, до денес до мене не се доставени потребни податоци од кои ќе се увиди начинот на кој се дошло до процена на бараниот износ. Сметам дека секој одговорен професионалец пред да стави потпис на било кој документ мора да знае што потпишува и има право и должност да бара податоци, дотолку повеќе што во случајов се работи за заем од 90 милиони евра, средства кои треба да бидат вратени во иднина и тоа со соодветна камата како и секој заем, вели во интервју за „Вечер прес“ дополнителниот заменик министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Владејачката партија Ве обвинува дека со тоа што повеќе од два месеца одбивате да ставите потпис, го кочите добивањето на заемот од Светска банка од 90 милиони евра. Затоа Владата реши да побара од Државната изборна комисија толкување дали овој заем од 90 милиони евра може да помине без вашиот потпис како дополнителен заменик-министер за финансии. Како работите дојдоа до таму? -Како што јавноста веќе е информирана во однос на ова задолжување за кое се бара мое одобрување, до денес до мене не се доставени потребни податоци од кои ќе се увиди начинот на кој се дошло до процена на бараниот износ. Сметам дека секој одговорен професионалец пред да стави потпис на било кој документ мора да знае што потпишува и има право и должност да бара податоци, дотолку повеќе што во случајов се работи за заем од 90 милиони евра, средства кои треба да бидат вратени во иднина и тоа со соодветна камата како и секој заем. Јас имам одговорност пред граѓаните да проверувам што и како потпишувам. Владата оценила дека треба да се обрати до ДИК, што значи дека ова прашање треба да го адресирате до нив. Уште повеќе што ова покажува дека Владата не знаела за поделеноста на надлежностите, па и требало месец дена истите да ги преиспита. Тоа што можам да го истакнам е дека ДИК, како што беше информирана јавноста, по ова прашање донесе Одлука со која утврди дека конкретниот заем не е предмет на двоен потпис, што значи дека министерката Ангеловска можела и сè уште може сама без мојот потпис да го потпише договорот за задолжување. Ова не е и новина ако се има предвид дека во февруари имало задолжување во износ од 13.800.000 евра, исто така преку Светската банка (во однос на договорот за заем за финансирање на проектот за администрирање на социјалното осигурување (во месец февруари), каде не се бараше мој потпис, а патем јас и тогаш бев дополнителен заменик-министер. Зошто ова не се направи без мене до сега доколку се ценело дека е неопходно, повторно ве упатувам да го поставите прашањето до надлежните. Ако се согледа ситуацијата онака како што е поставена, не е јасно зошто сум обвинувана дека ја „кочам“ постапката. Можеби има врска со претстојните избори, можеби нема. Мене принципите при вршење на професијата ми се најзначајни, а еден од основните принципи ми е професионален пристап кон работата, што значи не може ништо да се одобри без притоа истото да е издржано и аргументирано. Да го заокружам одговорот на Вашето прашање, во однос на оправданоста на моето постапување ќе укажам и на тоа дека и покрај Одлуката од ДИК за можноста за потпишување на овој заем без мое одобрување овој заем сè уште не е потпишан. Исто така морам да истакнам дека и покрај ваквите околности што практично значат дека заемот може да се потпише во секое време без мое одобрување, на 16.06.2020 официјално министерката Ангеловска ја извести СБ дека истиот нема да го потпише и одобрувањето на заемот го одложува за после избори. Оттука, оставам вие и граѓаните да ценат…, вели Димитриеска Кочоска. Целото интервју на Димитриеска Кочоска прочитајте го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-angelovska-ja-izvesti-svetska-banka-deka-nema-da-go-potpishe-zaemot-iako-se-raschisti-deka-mojot-potpis-ne-ni-bil-potreben/feed/ 0
НОВ ЗАЕМ: Владиниот бројчаник за долгови ќе додаде нови 125 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-zaem-vladiniot-brojchanik-za-dolgovi-kje-dodade-novi-125-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-zaem-vladiniot-brojchanik-za-dolgovi-kje-dodade-novi-125-milioni-evra/#respond Wed, 21 Aug 2019 07:45:03 +0000 https://kurir.mk/?p=231796

Владата денеска го утврди текстот на Предлог на Закон за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој- Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност, кој го доставува до Собранието за усвојување. Како што соопштија од Владата, целта на заемот е да се обезбедат средства за буџетска поддршка, а основното начело врз основа на кое се заснова овој предлог на Закон е обезбедување на заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност. -Од тука, Република Северна Македонија и Светската банка ќе склучат Договор за заем во износ од 125 милиони евра, кои се дел од новата Рамка за партнерство на државата со Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка договорена на 18 април 2019 година за периодот 2019-2023 година во висина до 420 милиони УСД за нови заеми во текот на следните четири и пол години на спроведување на Рамката за партнерство, во зависност од капацитетот за кредитирање на Светска банка, барањата на други заемопримачи, успешноста и приоритетите на земјата и глобалните економски настани, соопшти Владата. Во истото соопштение се додава дека Рамката за партнерство се фокусира на три меѓусебно поврзани области кои Македонија ги има постигнато, како што се: извозно ориентиран раст, подобрување на средината за конкурентен приватен сектор, инклузивен раст, односно проширување на вештините и можностите за најранливите категории и одржлив раст, односно подобрување на одржливоста и градење на отпорност на шокови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-zaem-vladiniot-brojchanik-za-dolgovi-kje-dodade-novi-125-milioni-evra/feed/ 0