загадена вода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Aug 2023 06:54:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png загадена вода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Околу 26 милиони Американци пијат вода загадена со „вечни хемикалии“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-26-milioni-amerikantsi-pijat-voda-zagadena-so-vechni-hemikalii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-26-milioni-amerikantsi-pijat-voda-zagadena-so-vechni-hemikalii/#respond Fri, 18 Aug 2023 06:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=868217

Водата за пиење во милиони американски домови е загадена со „вечни хемикалии“, објавија британските медиуми. Податоците од Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) покажуваат дека водата е загадена со опасни нивоа на токсични хемикалии. Се прецизира дека водата што ја пијат околу 26 милиони Американци е загадена. Студиите ги поврзуваат тие хемикалии со рак, имунодефициенција, репродуктивна штета и развојни ефекти кај децата. Според податоците, во 220 системи за вода се пронајдени одредено ниво на хемикалии PFOA, PFOS или и двете во нивната вода за пиење, што значи дека околу еден од 10 системи за вода за пиење засекогаш ќе ги содржи двете најопасни хемикалии. Во соопштението, претставници на Агенцијата рекоа дека новите податоци од мониторингот дополнително ќе помогнат да се информираат какви активности треба да се преземат за заштита на водата за пиење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-26-milioni-amerikantsi-pijat-voda-zagadena-so-vechni-hemikalii/feed/ 0
Водата во Крушево загадена, дадени се препораки да се преврива или воопшто да не се користи https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-vo-krushevo-zagadena-dadeni-se-preporaki-da-se-prevriva-ili-voopshto-da-ne-se-koristi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-vo-krushevo-zagadena-dadeni-se-preporaki-da-se-prevriva-ili-voopshto-da-ne-se-koristi/#respond Wed, 06 Apr 2022 14:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=659272

Водата да се преврива или воошто да не се користи до утре вечер заради загаденост. При миење на резервоарите заради неисправен вентил е предизвикано истекување на нечиста вода. Во моментов се работи на санација и затоа ќе има краток прекин на вода на улиците: Томе Никле Тодор Проески Никола Карев Ќиро Фетак Коча Миленку Манчу Матак Партизанска Питу Гули ЈП „Комуна“ Крушево се извинува за овие непријатности и апелира на почитување на препораките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-vo-krushevo-zagadena-dadeni-se-preporaki-da-se-prevriva-ili-voopshto-da-ne-se-koristi/feed/ 0
Студија открива кој е најголем извор на загадување на амбиенталниот воздух во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/studija-otkriva-koj-e-najgolem-izvor-na-zagaduvanje-na-ambientalniot-vozduh-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/studija-otkriva-koj-e-najgolem-izvor-na-zagaduvanje-na-ambientalniot-vozduh-vo-skopje/#respond Mon, 28 Mar 2022 11:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=654560

Согорување на биомасата претставува најголем извор на загадување на амбиенталниот воздух и тоа придонесува за надминување на дозволените гранични лимити на суспендираните цврсти честички, но постојат и други значајни извори коишто можат и мора да се решаваат, дури и во пократок временски рок, а тоа се, пред се согорувањето на нафтата и мазутот во разни процеси и минералната прашина која што потекнува од градежните активности, ресуспензијата на прашината од улиците, еолската ерозија на вегеталните површини, како и палење на оган на отворено, посебно со тоа што покрај согорување на земјоделски отпад и градинарски има согорување и на други видови на отпад, се наведува во заклучоците на Студијата за извори на загадување на воздухот во Скопје. На презентацијата на заклучоците од Студијата, беше истакнато дека градежништвото е сериозен учесник во загадувањето, односно дека минералната прашина, посебно во текот на летните месеци, која може да се поврзе токму со несоодветните мерки на градежните активности, рушење, ископување, па и движење на тешки возила по сообраќајниците, без притоа да се преземаат мерки за контрола, сериозно учествува во загадувањето на воздухот. Меѓу другите загадувачи, беше нотирано и користењето на автомобилите, за што беше напомнато дека со подигање на јавната свест може да се најде алтернатива, како пешачење, возење на велосипед и користење на јавен превоз. – Задоволен сум што со изработката на студијата „Справување со загадувањето на воздухот во град Скопје“ чии резултати денеска се презентирани е покажано сериозно вклучувања и на научната заедница, која и врз научна основа потврди дека изворите на загадувањето се речиси идентични со оние што ние ги земавме како основа при креирање на мерки и политики, рече министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, истакнувајќи дека во однос на аерозагадувањето на главниот град Скопје неопходен е сериозен пристап во замената на начините на затоплување, што поитна гасификацијата, потоа поголема енергетска ефикасност и заштеда на енергијата што се условени и со современите економски трендови, но и воведување на подобрени сообраќајни режими и обезбедување на функционален еколошки јавен транспорт со што ќе се намали користењето на сопствени возила. Тој нагласи дека со подобрената регулатива, зголемените обврски на локално ниво за изработка на планови за намалување на загадувањето на воздухот и преземање на интервентни мерки, со унапредување на државниот мониторинг систем за квалитет на воздухот, но и со појасни обврски и одговорности согласно новиот Закон за инспекциски надзор и Закон за индустриски емисии, МЖСПП очекува уште повидливо подобрување на квалитет на воздухот. Скопската градоначалничка Данела Арсовска, по презентацијата на Студијата се осврна на повеќе проекти кои ги спроведува Градот Скопје, со цел зачувување на животната средина. – Во Град Скопје се отпочнува со најголемиот еко капитален проект во регионот, а тоа е пречистителната станица, инвестиција што Градот Скопје ја спроведува со поддршка на Европската инвестициска банка и е во вредност од над 60.000 милиони евра, која што практично ќе придонесе за прочистување на над 90 проценти од урбаните отпадни води и значително ќе придонесе на подобрување на животната средина. Отпочнуваме со првиот од низата мега-паркови и тоа во општината Ѓорче Петров, што ќе биде вториот од ваков тип, покрај Градскиот парк, а сладат понатаму уште четири вакви мега-паркови на територијата на Скопје, истакна Арсовска, потенцирајќи дека се работи и на проширување на градското зеленило. Шведската амбасадорка во земјава Кристин Форсгрен Бенгтсон посочи дека е потребно да се преземат чекори за да се почне да се инвестира во обновливи извори на енергија со цел се намали загадувањето. – Да, постојат овие научно основани факти за она што го предизвикува загадувањето во земјата, тоа е важно да се има, пред се за да се преземат акции и активности. Потребна е акција. Увидовме дека биомасата е главен загадувач и прашањето е што сега треба да направиме да се замени биомасата, бидејќи кога почнувате да анализирате, ќе видите дека сето тоа можеби е поврзано со енергетската сиромаштија, зошто се користи толку многу огревно дрво и слично. Сето тоа го движат економски фактори, тоа може да е цената на енергенсите, енергетска неефикасност, сето тоа е врзано едно со друго ако се користи толкаво количество на биомаса, последицата е дека се придонесува и за дефорестација, за губење на биодиверзитетот и сето тоа води кон ерозија, ризик од поплави, целиот екосистем е врзан. Прашањето е како може ние да се приближиме до луѓето, како да ги научиме што треба да прават? Заклучоците е важно да се искористат за да се донесат одлуки за активна промена, истакна Форсгрен Бенгтсон. Студијата е изработена со софистицирана лабораториска опрема на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип која прецизно ги анализираше и утврди поединечните извори и видови на загадувачи на воздухот во Скопје. Собирањето примероци за загадувачите врз кои е направена анализата во лабораториски услови се одвиваше од октомври 2020 година до ноември 2021 на две постојани и три мобилни локации во Скопје. Постојаните локации за мониторинг се наоѓаат во Општина Карпош, како репрезентативна урбана локација без директна изложеност на значајни извори на загадување и во Ново Лисиче, како урбана локација која е изложена на загадување кое доаѓа од повеќе извори: сообраќај, загревање на домаќинства со огревно дрво, индустрија итн. Студијата е изработена во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“, вреден над два милиони американски долари, финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/studija-otkriva-koj-e-najgolem-izvor-na-zagaduvanje-na-ambientalniot-vozduh-vo-skopje/feed/ 0
Загадена водата за пиење во Струга https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zagadena-vodata-za-pienje-vo-struga/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zagadena-vodata-za-pienje-vo-struga/#respond Fri, 08 Jan 2021 20:02:36 +0000 https://kurir.mk/?p=453000

Водата во Струга е загадена и да не се употребува за пиење, апелира јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Според соопштението, причина за загаденоста се обилните врнежи од дожд што изминатите денови го зафатија Струшкиот регион. – Поради обилните врнежи од дожд, приливот кон изворите е зголемен, и како резултат на тоа, водата е загадена и да не се употреби за пиење денеска и утре, соопштија од претпријатието. После секој дожд од чешмите на стружани тече заматена вода. Проблемот се провлекува години наназад, за што надлежните се уште немаат решение. Но, заматената вода, не е единствен проблем. Во градот што се протега на две води, жителите често немаат вода за пиење во своите домови, а револтот пред неполн месец го изразија преку мирен протест пред просториите на ЈП „Водовод и канализација“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zagadena-vodata-za-pienje-vo-struga/feed/ 0