загаденост на воздух – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Dec 2021 07:41:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png загаденост на воздух – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Скопје е на листата најзагадени градови во светот затоа што владата не направи ништо половина деценија да го смени тоа“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-e-na-listata-najzagadeni-gradovi-vo-svetot-zatoa-shto-vladata-ne-napravi-nishto-polovina-decenija-da-go-smeni-toa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-e-na-listata-najzagadeni-gradovi-vo-svetot-zatoa-shto-vladata-ne-napravi-nishto-polovina-decenija-da-go-smeni-toa/#respond Tue, 28 Dec 2021 07:41:25 +0000 https://kurir.mk/?p=613915

Скопје е на листата најзагадени градови во светот затоа што владата не направи ништо половина деценија да го смени тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -СДСМ 5 години е на власт, и 5 години нема ниту еден проект со кој ќе се намали загадувањето и ќе се подобри квалитетот на воздух во Скопје и во другите градови. СДСМ можеше како централна власт, но не направи ништо за да ја доврши гасификацијата. Каде што застана проектот со владата на ВМРО-ДПМНЕ таму е и сега. Нема никаков напредок. Доколку имаше гас за домаќинствата во Скопје и другите поголеми градови сега ќе зборувавме за намалена загаденост на воздухот. Гасификацијата е еден од главните фактори кои ќе ја намалат загаденоста на воздухот, а влада на СДСМ не е способна да ја спроведе. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе посегне кон реализација на проекти како целосна гасификација на земјата. Само со реални мерки може да се подобри квалитетот на воздух, но за тоа се потребни промени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-e-na-listata-najzagadeni-gradovi-vo-svetot-zatoa-shto-vladata-ne-napravi-nishto-polovina-decenija-da-go-smeni-toa/feed/ 0
СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ВТОР НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО ЕВРОПА – граѓаните реагираат: „Државата ако сака, може да спречи зло“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-deneska-vtor-najzagaden-grad-vo-evropa-gragjanite-reagiraat-drzavata-ako-saka-moze-da-sprechi-zlo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-deneska-vtor-najzagaden-grad-vo-evropa-gragjanite-reagiraat-drzavata-ako-saka-moze-da-sprechi-zlo-foto/#respond Mon, 15 Nov 2021 21:57:27 +0000 https://kurir.mk/?p=595879

Скопје денеска е втор најзагаден главен град во Европа. Според проценките на меѓународниот индекс, во воздухот имало 162 микрограми ПМ 2,5 честички. Категоризиран како нездрав воздух, во оваа фаза според експертите последиците се појавуваат кај граѓаните со респираторни проблеми и други хронични заболувања. Во светски рамки, Македонија повторно е рангирана во првите 10 најзагадени земји по Индија, Непал, Кина и Турција. Граѓаните велат дека маските се носат не само поради страв од вирусот туку и поради задушување од воздухот. - Државата ако сака, може да спречи зло. Загадувањето на животната средина значи загадување на нашето тело, животни, растенија, птици и други. Од фабрики кои немаат филтри и возила без стандард, реагираат граѓаните, пренесува АЛСАТ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-deneska-vtor-najzagaden-grad-vo-evropa-gragjanite-reagiraat-drzavata-ako-saka-moze-da-sprechi-zlo-foto/feed/ 0
Македонија загадена и во лето- денеска Скопје во топ најзагадените градови во светот, Шилегов мува не го лази! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-zagadena-i-vo-leto-deneska-skopje-vo-top-najzagadenite-gradovi-vo-svetot-shilegov-muva-ne-go-lazi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-zagadena-i-vo-leto-deneska-skopje-vo-top-najzagadenite-gradovi-vo-svetot-shilegov-muva-ne-go-lazi-foto/#respond Wed, 09 Sep 2020 15:22:55 +0000 https://kurir.mk/?p=401176

Иако сме во пандемија, аерозагадувањето не е за занемарување. Скопје денеска е 19-от најзагаден град во светот, стои на веб страницата на air vusual. Македонија влегува во црвената зона на земји со загадување со ПМ 2,5 честички со концентрации над 25 микрограми на кубен метар. Ова е наведено во годишниот извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) за 2019 година, кој беше објавен пред два дена. Критично загадување на воздухот има во скопскиот и северозападниот дел на Македонија. Заедно со останатите земји од источна и југоисточна Европа, Maкедонија има и повеќе од 1.500 смртни случаи на 100.000 жители годишно, како последица од загадениот воздух, што е највисок процент во Европа. И претходните години, Македонија и БиХ важеа за едни од најзагадените земји во Европа.   И покрај сето ова градоначалникот на Скопје Петре Шилегов буквално мува не го лази, а граѓаните упорно како и секоја година ги лаже дека загадувањето е од самите нив бидејќи се греат на дрва. Во својата најнова програма и премиерот Заев вети уште една голема лага, а тоа е дека ќе се борат до 2024 година да го намалат аерозагадувањето. Сепак целата јавност е сведок и дека во првиот мандат тој не успеа да мрдне ниту со прст за овој голем и сериозен проблем кој ќе се појави со поголем интензитет наскоро...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-zagadena-i-vo-leto-deneska-skopje-vo-top-najzagadenite-gradovi-vo-svetot-shilegov-muva-ne-go-lazi-foto/feed/ 0
Македонија и вечерва се гуши- еве каде е најзагадено (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-vecherva-se-gushi-eve-kade-e-najzagadeno-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-vecherva-se-gushi-eve-kade-e-najzagadeno-foto/#respond Mon, 17 Feb 2020 19:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=305211

Во Македонија и вечерва е загадено. Граѓаните повторно се гушат. Мерните станици за квалитет на воздухот повторно се обоија во црвено. Според нив, најзагаден град во моментов е Куманово со измерени 427 микрограми на метар кубен. На вторто место е скопско Лисиче со измерени 304 микрограми на метар кубен, па потоа следуваат Велес, Кавадарци, Тетово и Миладиновци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-vecherva-se-gushi-eve-kade-e-najzagadeno-foto/feed/ 0
И вечерва Македонија се гуши- еве каде е најзагадено (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-vecherva-makedonija-se-gushi-eve-kade-e-najzagadeno-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-vecherva-makedonija-se-gushi-eve-kade-e-najzagadeno-foto/#respond Wed, 29 Jan 2020 18:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=296568

Македонија се гуши и вечерва. Мерните станици за квалитет на воздухот повторно се обоија во црвено. Во моментов најзагадено е во Струмица. ПМ 10 честичките се 150 микрограми на метар кубен. Потоа е Ректорат со измерени 112 ПМ 10 честички, а високо ниво на загаденост е измерено и во Велес и Миладиновци. Инаку, Град Скопје денеска информираше дека од 12 часот се укинуваат вонредните мерки како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година. Ваквата одлука на Градот предизвика револт кај граѓаните кои „удрија“ со коментари на Фејсбук објавата. Ова се само дел од коментарите на револтираните граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-vecherva-makedonija-se-gushi-eve-kade-e-najzagadeno-foto/feed/ 0
Ѓорче Петров и Карпош најзагадени во Скопје- голема загаденост во Македонија (Фото) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorche-petrov-i-karposh-najzagadeni-vo-skopje-golema-zagadenost-vo-makedonija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorche-petrov-i-karposh-najzagadeni-vo-skopje-golema-zagadenost-vo-makedonija-foto/#respond Mon, 02 Dec 2019 09:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=272017

Со намалување на температурите во државата се зголеми и загадувањето. Денеска во поголемиот дел од градовите ширум Македонија забележано е зголемено загадување. Битола, Струмица и Куманово се најкритични, а ниту во Тетово состојбата не е подобра. Во Скопје воздухот е најзагаден во Ѓорче Петров- 89 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, а зад него е Карпош со 74.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorche-petrov-i-karposh-najzagadeni-vo-skopje-golema-zagadenost-vo-makedonija-foto/feed/ 0
Македонија допрва почнува да БЛЕСКА: Денеска Тетово најзагаден град, власта со полиција ќе го чисти загадениот воздух, во „Кузман“ вчера бира папа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-doprva-pochnuva-da-bleska-deneska-tetovo-najzagaden-grad-vlasta-so-policija-kje-go-chisti-zagadeniot-vozduh-vo-kuzman-vchera-bira-papa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-doprva-pochnuva-da-bleska-deneska-tetovo-najzagaden-grad-vlasta-so-policija-kje-go-chisti-zagadeniot-vozduh-vo-kuzman-vchera-bira-papa/#respond Sat, 02 Nov 2019 10:06:29 +0000 https://kurir.mk/?p=259123

Загаденоста во Македонија зема се поголем замав иако сме речиси на почетокот на грејната сезона. Откако цела недела Македонија се наоѓаше на врвот на листата на загаденост во светски рамки, овие денови благодарејќи на ветрот и дождот во некои градови загаденоста е смалена, но се уште постои и ги гуши граѓаните. Денеска Тетово е најзагаден град, а според последните мерења таму загадениот воздух изнесува 80 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, веднаш зад Тетово утринава најзагаден е скопско Ѓорче Петров со 63 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, а потоа Кочани со 57 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички. Денеска загадени се и скопските населби Карпош и Центар, додека граѓаните утринава повторно разочарани  се разбудија и во многу македонски градови каде смогот и чадот буквално ги гушат граѓаните.   Инаку вчера владата најави дека загадениот воздух ќе го чисти со полиција Во Владата инспекторите за животна средина од целата држава седнаа на маса со тројца министри за да разговараат за алармантното загадување на воздухот. По состанокот беше речено дека формирале координативен тим на инспектори и полициски службеници за зајакнување на мерките за контрола на теренот за пронаоѓање на потенцијални загадувачи. Секојдневно ќе се пријавуваат прекршувања, а казните ќе бидат ригорозни за фирмите кои не ги исполнуваат еколошките стандарди, како и за домаќинствата коишто го загадуваат воздухот користејќи гуми, пластика и прегорено моторно масло како гориво за греење. Вчера скопјани исто така беа згрозени од глетката во строгиот центар на градот каде се наоѓа студентскиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“. На сликата која што најпрво ја објавија на социјалните мрежи се гледа дека системот за греење на мазут во домот се уште е во функција и покрај тоа што во февруари оваа година се потпиша меморандум за соработка меѓу студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу и АД БЕГ Скопје со цел замена на системот за греење во студентскиот дом од нафта за греење односно мазут со приклучување кон системот на централно греење. Во време кога загаденоста на градот е највисоко ниво, ова е само доказ за институционална негрижа и неспособност на владата да ги реализира оние проекти кои ги вети пред граѓаните, а на социјалните мрежи започнаа и да се мајтапат со властите поради црниот чад. Инаку освен со загадениот воздух тетовци ова лето се гушеа и во ѓубре и смет од преполните контејнери и диви депонии за кои градоначалничката мува не ја полази...

Тетово тоне во ѓубре, жителите гневни на Теута Арифи која мува не ја лази: „Малку е ова за Тетово, европска градоначалничка имаат“ (ФОТО)

Тетово никако да се ослободи од загаденоста и зимо и лето. Иако тетовци мислеа дека со доаѓањето на летото ќе се ослободат од загадениот воздух, сепак општината на чие чело е Теута Арифи уште еднаш докажа дека тоа не е можно. Социјалните мрежи овие денови се преполни со фотографии од расфрлано ѓубре во Тетово, а граѓаните гневни бараат спас од градоначалничката која мува не ја лази. -Има луѓе во овој град да се побунат или се чека некој друг да заврши работа?
-Малку е ова за Тетово, Европска градоначалничка имаат, само едно не ми е јасно како тетовци трпат, запали го сакале или не ќе го изгаснат и исчистат. -Лепота, се само дел од коментарите под фотографиите кои ги разочараа тетовци од владеењето на градоначалничката. Македонија инаку веќе цела измината недела „Блескаше“ на листата на најзагадени држави во светот, а освен рушењето на рекорди секојдневно загадениот воздух ги наполни и болниците.

Власта како и секоја година и оваа очигледно ќе ја преспие зимата обвинувајќи ги изминатите влади кои биле виновни за загадениот воздух во државата, особено во Скопје за чиј загаден воздух Шилегов неодамна обвини дека виновни биле изминатите власти во период од 30 години наназад.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-doprva-pochnuva-da-bleska-deneska-tetovo-najzagaden-grad-vlasta-so-policija-kje-go-chisti-zagadeniot-vozduh-vo-kuzman-vchera-bira-papa/feed/ 0
ФОТО: Загаден воздух, ѓубре на сите страни во Хром, а општина Ѓорче Петров не презема ништо- На прав пат вака не се оди! https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-zagaden-vozduh-gjubre-na-site-strani-vo-hrom-a-opshtina-gjorche-petrov-ne-prezema-nishto-na-prav-pat-vaka-ne-se-odi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-zagaden-vozduh-gjubre-na-site-strani-vo-hrom-a-opshtina-gjorche-petrov-ne-prezema-nishto-na-prav-pat-vaka-ne-se-odi/#respond Tue, 29 Oct 2019 10:01:57 +0000 https://kurir.mk/?p=257279

Загаден воздух, загадена средина, ѓубре на сите страни низ цела населба, секојдневно труење, вдишување отрови, реагираат граѓаните од Хром и прашуваат до кога од општината Ѓорче Петров мислат да не преземат никакви мерки. -Кога утрото по денот се познава загаден воздух, загадена средина ѓубре на сите страни низ цела населба Хром секој дневно труење вдишување отрови!!! Дали некој е свесен за оваа состојба со ѓубрето со воздухот?? До кога ќе се труеме до кога ќе има диви депонии палат каде стигнат општина Ѓорче не презема никакви мерки до кога мислат дека да не преземат мерки?? Ова веќе е алармантно го дистигнувате врвот на загаденост и ѓубриште!!! Наместо да се ангажирате за корзо земете средете со воздухот и ѓубрето на корзо не се иде болен не гушите дали сте свесни ?? Ако сте неспособни повлечете се има способни луѓе што можат да се изборат за секој проблем на општината, доста е веќе лаги и манипулации со нас граѓаните!!! На прав пат вака не се оди !!!! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-zagaden-vozduh-gjubre-na-site-strani-vo-hrom-a-opshtina-gjorche-petrov-ne-prezema-nishto-na-prav-pat-vaka-ne-se-odi/feed/ 0
МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ: Воздухот загаден 14 пати над дозволеното, Скопје вицешампион во светот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-gushi-vozduhot-zagaden-14-pati-nad-dozvolenoto-skopje-viceshampion-vo-svetot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-gushi-vozduhot-zagaden-14-pati-nad-dozvolenoto-skopje-viceshampion-vo-svetot-foto/#respond Fri, 18 Jan 2019 21:56:09 +0000 https://kurir.mk/?p=153978

Загаденоста на воздухот во државава секојдневно станува се покатастрофална. Нивото на канцерогени ПМ 10 честички оди и до 14 пати над максимум дозволената граница, а Скопје вечерва е на второ место во светот според загаденоста. Мерните станици во главниот град мерат ПМ 10 честички над 700 микрограми на метар кубен. Во Ѓорче Петров, мерната станица во 21 часот покажуваше 705 mg/m3, што е 14 пати над дозволеното. Кај Ректорат мерната станица покажува 560 микрограм на метар кубен, таа во Центар 409, додека таа во Карпош 471. Загаденоста на воздухот е иста и во внатрешноста на државата, имено во Кичево загаденоста изнесува 303 микрограм на метар кубен, во Струмица 566. Според „Ер вижуал“, специјализираната интернет-страница за следење на квалитетот на воздухот, Скопје вечерва е на второ место во светот според загаденоста. На оваа страница рангирањето се врши според збирните податоци од мерните станици поставени во светските градови кои се соочуваат со лош квалитет на воздухот. Граѓаните го изразуваа својот револт кон власта, велејќи дека иако нејзините претставници ветуваа почист воздух откако ќе ја преземат власта, две години потоа нема ништо од ветеното, а загаденоста е дури и поголема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-gushi-vozduhot-zagaden-14-pati-nad-dozvolenoto-skopje-viceshampion-vo-svetot-foto/feed/ 0
„Владата не може да ги активира итните мерки против загадувањето во Скопје без мерните станици во Лисиче и Гази Баба“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vladata-ne-moze-da-gi-aktivira-itnite-merki-protiv-zagaduvanjeto-vo-skopje-bez-mernite-stanici-vo-lisiche-i-gazi-baba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vladata-ne-moze-da-gi-aktivira-itnite-merki-protiv-zagaduvanjeto-vo-skopje-bez-mernite-stanici-vo-lisiche-i-gazi-baba/#respond Mon, 03 Dec 2018 21:03:02 +0000 https://kurir.mk/?p=135351

Сметаме дека нефункционалните мерни станици за загадување со ПМ10 честички во Лисиче и Гази Баба ја оневозможуваат Влада на Република Македонија да ги активира интервентните мерки против аерозагадувањето донесени со Уредба на работна група во владата на 15.12.2017 (извор: https://vlada.mk/node/13877), пишуваат граѓански активисти на ФБ страницата „Скопје смог аларм“. -Согласно уредбата, доколку среднодневната концентрација на ПМ10 честички е над 200 мг/м3 во два последователни денови во најмалку две мерни станици во Скопје, тогаш стапуваат на сила мерки од типот ослободување од работни обврски на бремени жени, постари лица, лица со хронични заболувања, потоа воведување на бесплатен јавен превоз, дневно чистење на улиците, зачестени инспекции, посебен сообраќаен режим итн. Комплетната листа на мерки може да ја најдете на следниов линк [https://vlada.mk/node/13877]. Фактот што мерните станици за ПМ честички во Лисиче и Гази Баба се нефункционални во екот на загадувањето, укажува на несериозен пристап кон проблемот од страна на надлежните. Исто така сметаме дека итните мерки треба да се активираат доколку среднодневното загадување надмине 100 мг/м3 во два последователни денови, што веќе е случај со мерните станици во Карпош, Ректорат (УКИМ) и Центар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vladata-ne-moze-da-gi-aktivira-itnite-merki-protiv-zagaduvanjeto-vo-skopje-bez-mernite-stanici-vo-lisiche-i-gazi-baba/feed/ 0