загаденост на воздухот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Dec 2020 10:09:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png загаденост на воздухот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МАКЕДОНИЈА СЕ ТРУЕ: Утрово смог и чад ги гуши граѓаните на целата земја додека власта со години ветува една иста лага https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-true-utrovo-smog-i-chad-gi-gushi-gragjanite-na-celata-zemja-dodeka-vlasta-so-godini-vetuva-edna-ista-laga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-true-utrovo-smog-i-chad-gi-gushi-gragjanite-na-celata-zemja-dodeka-vlasta-so-godini-vetuva-edna-ista-laga/#respond Thu, 24 Dec 2020 10:09:44 +0000 https://kurir.mk/?p=447615

И додека Македонија пропаѓа на секое поле граѓаните се гушат и дење и ноќе. Утрово речиси целата земја како и главниот град се разбудија во смог и чад, а причината е загадениот воздух кој ги труе граѓаните веќе со години (не само месеци). И додека власта предводена од СДСМ не мрднува со прст веќе со години откако е на власт граѓаните мака мачат со отежнатото дишење и труење од воздухот. Утрово најзагаден град во земјава е Кавадарци каде имаме 139 микрограми ПМ 10 честички на метар квадратен. Потоа следуваат Велес, Кочани и Тетово. Најзагадени скопски општини денеска се Лисиче и Центар каде се забележува енормна загаденост на воздухот. И додека граѓаните ги чекаат новите лаги на власта во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат идната година дотогаш ќе се потсетуваат на лагите на градоначалниците кои се залагаа за садење на повеќе дрва, трошење на пари за справување со загадениот воздух и намалување на дивоградбите...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-true-utrovo-smog-i-chad-gi-gushi-gragjanite-na-celata-zemja-dodeka-vlasta-so-godini-vetuva-edna-ista-laga/feed/ 0
ОЈО ТВРДИ: Нема докази дека Дрисла го загадува воздухот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-tvrdi-nema-dokazi-deka-drisla-go-zagaduva-vozduhot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-tvrdi-nema-dokazi-deka-drisla-go-zagaduva-vozduhot/#respond Fri, 10 Jan 2020 13:11:56 +0000 https://kurir.mk/?p=287952

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје кој постапуваше по допрен глас за незаконско согорување медицински отпад на депонијата „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци заклучил дека не постојат докази кои упатуваат на сомнение дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност и донесе одлука дека нема место за јавнообвинителско постапување во предметот, соопшти денеска ОЈО Скопје. -Врз основа на прибраните обемни податоци и релевантни докази, а особено од извршените тестирања и анализи, не произлезе дека од депонијата „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци, спротивно на прописите за заштита на животната средина, биле испуштани отровни или издувни гасови во поголемо количество со кои би се предизвикало значително оштетување на квалитетот на воздухот и опасност за животот и здравјето на луѓето, како и уништување на животинскиот и растителниот свет, се посочува во соопштението. Заради утврдување на фактичката состојба јавниот обвинител спровел обемна предистражна постапка во рамките на која биле прибрани податоци и извештаи кои се однесуваат на еколошките дозволи што ги поседува депонијата и на резултатите од редовните, контролните и вонредните инспекциски надзори извршени во текот на 2017 и 2018 година. Во исто време, бил сослушан и претставник на Државниот инспекторат за животна средина кој ги појаснил наводите и ги потврдил констатираните состојби при извршените инспекциски надзори. Дополнително, од страна на јавниот обвинител, на 25.02.2019 година бил формиран и истражен тим со истражители од Царинската управа и од Управата за финансиска полиција кои преземале дејствија за проверка на сомнежите пласирани во јавноста во врска со незаконит увоз и согорување медицински отпад во „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци. Анализата на прибраните извештаи покажала дека при вонреден инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина на 01.12.2017 година било констатирано дека просечните концентрации на емитуваните CO, SO2 и прашина од работењето на инсинераторот на печката за спалување медицински отпад ги надминуваат граничните вредности согласно со Правилникот за гранични вредности на емисии при согорување на отпад и услови и начинот на работа на инсталациите за горење и согорување. По ова, Инспекторатот донел Решение со кое го ограничил работењето на инсинераторот за спалување медицински отпад на најмногу осум часа во текот на еден работен ден и целосно го забранил работењето во деновите кога се надминати праговите за алармирање на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух во Скопје. Со Спогодба, правниот субјект бил задолжен да плати одмерена глоба во износ од 8.500 евра. Во истовреме, депонијата била задолжена во рок од 90 дена да ги доведе емисиите на загадувачки супстанции во воздухот во дозволените граници. По овој настан, како што се наведува во соопштението, во текот на 2018 година, депонијата извршила набавка и инсталција на нови филтри и направила измени на инсинераторот за медицински отпад, а при извршените контроли од инспекторатот било констатирано дека емисијата на загадувачки супстанции во воздухот не ги надминува граничните вредности определени со Правилникот. На 22 јануари 2019 година депонијата ги известила Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање дека печката за согорување медицински и друг вид опасен отпад е ставена вон употреба поради дефект и физички оштетувања на филтерот за прочистување издувни гасови. Дефектот бил отстранет во февруари 2019 година, а извршеното тестирање покажало дека емисијата на загадувачки супстанции во воздухот не ги надминува граничните вредности, по што печката повторно била ставена во употреба. Во меѓувреме, медицинскиот отпад се собирал и складирал во депонијата, но не се согорувал. Во периодот од 22 ноември 2018 – 07 март 2019 година Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство поставил мерен инструмент „AIRPOINTER-Recordum“ во кругот на депонијата Дрисла со цел да мери и собира податоци за квалитетот на воздухот во близина на печката каде се согорува медицински отпад. Од извештајот од мерењата се констатира дека во најголем дел резултатите од мерењето се во дозволените граници, а во периодите кога има надминување тоа е со краток максимум од 70-80 микрограма на метар кубен што е во рамки на европскиот просек за урбани средини. Јавниот обвинител ги обезбедил и резултатите од извршените мерења и анализи на технолошката вода и на водата за пиење во депонијата Дрисла, извршени од ЈЗУ Центар за јавно здравје, кои исто така се во рамките на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри. Врз основа на сите овие податоци и анализи, надлежниот јавен обвинител од ОЈО Скопје кој постапуваше по допрен глас за незаконито согорување медицински отпад на депонијата „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци донел Резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-tvrdi-nema-dokazi-deka-drisla-go-zagaduva-vozduhot/feed/ 0
Македонците дишат отров: Канцерогените честички и денес неколку пати над максимум дозволената граница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-dishat-otrov-kancerogenite-chestichki-i-denes-nekolku-pati-nad-maksimum-dozvolenata-granica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-dishat-otrov-kancerogenite-chestichki-i-denes-nekolku-pati-nad-maksimum-dozvolenata-granica/#respond Tue, 29 Jan 2019 16:03:58 +0000 https://kurir.mk/?p=157964

Состојбата со загаденоста на воздухот во државава останува катастрофална. Речиси во сите градови, граѓаните буквално дишат отров. И денес нивото на канцерогени ПМ 10 честички оди неколку пати над максимум дозволената граница. Кај Ректорат мерната станица покажува 223 микрограм на метар кубен, во Гостивар 232, а во Тетово високи 261. Скопјани едвај дишат, но во најзагадените општини, мерните станици не работат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-dishat-otrov-kancerogenite-chestichki-i-denes-nekolku-pati-nad-maksimum-dozvolenata-granica/feed/ 0
Сè уште не е донесена одлука дали утре учениците ќе се вратат во клупите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-donesena-odluka-dali-utre-uchenicite-kje-se-vratat-vo-klupite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-donesena-odluka-dali-utre-uchenicite-kje-se-vratat-vo-klupite/#respond Tue, 22 Jan 2019 09:06:04 +0000 https://kurir.mk/?p=155131

Второто полугодие на учебната 2018/2019 година требаше да започне вчера, но Владата во неделата донесе одлука учениците да останат дома. Поради големото загадување на воздухот, распустот беше продолжен за два дена, вчера и денес. Родителите во неделата беа збунети, но и револтирани што доцна им беше кажано дека почетокот на второто полугодие се одложува, но уште повеќе од фактот што сметаат дека два дена нема ништо да променат. За навремено да ја информираме јавноста, КУРИР денес побара одговор од заменик-министерот за образование Петар Атанасов. -Се уште не е донесена одлука. Денес ќе имаме седница на Влада и таму ќе се одлучи. Јавноста ќе биде информирана веднаш после седницата, истакна Атанасов.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-donesena-odluka-dali-utre-uchenicite-kje-se-vratat-vo-klupite/feed/ 0
Во кампања ветуваше чист воздух со смешни изјави, а народот му се гуши: „Ајро, ајро“ наместо аеродромци, денес извикуваат сите граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kampanja-vetuvashe-chist-vozduh-so-smeshni-izjavi-a-narodot-mu-se-gushi-ajro-ajro-namesto-aerodromci-denes-izvikuvaat-site-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kampanja-vetuvashe-chist-vozduh-so-smeshni-izjavi-a-narodot-mu-se-gushi-ajro-ajro-namesto-aerodromci-denes-izvikuvaat-site-gragjani/#respond Mon, 21 Jan 2019 09:05:39 +0000 https://kurir.mk/?p=154649

Зоран Заев и неговите сопартијци, на парламентарните и локалните избори, на граѓаните им ветуваа чист воздух. Пред два дена Скопје беше најзагаден град во светот, а Македонците од останатите градови исто така дишат отров. Меѓу скопските општини кои се најзагадени е опшината Аеродром. Граѓаните од населбите во оваа општина се жалат дека не можат да излезат ос двоите домови бидејќи загаденоста на воздухот им го отежнува дишењето. Токму во општина Аеродром, Заев промовирајќи ги Златко Марин и Петре Шилегов, ветуваше чист воздух, а на таа тема и најмногу ги критикуваше нивните противници. На овој митинг настана и “славната“ изјава на Заев: -Нема воздух, а велат ајро, ајро, Ајродром, ајро, воздух. Го снема воздухот, истакна тогаш Заев. Оваа негова изјава стана мета на посмев иако ситуацијата денес воопшто не е смешна. Додека власта и локалната самоуправа не превземаат ништо, граѓаните се гушат. Затоа, нека ја погледне премиерот сопствената изјава бидејќи граѓаните му патат по чист воздух. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kampanja-vetuvashe-chist-vozduh-so-smeshni-izjavi-a-narodot-mu-se-gushi-ajro-ajro-namesto-aerodromci-denes-izvikuvaat-site-gragjani/feed/ 0
Средношколците и покрај затворени врати и притисоците во тетовските училишта излегоа на протест- Тетово протестира за чист воздух (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/srednoshkolcite-i-pokraj-zatvoreni-vrati-i-pritisocite-vo-tetovskite-uchilishta-izlegoa-na-protest-tetovo-protestira-za-chist-vozduh-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/srednoshkolcite-i-pokraj-zatvoreni-vrati-i-pritisocite-vo-tetovskite-uchilishta-izlegoa-na-protest-tetovo-protestira-za-chist-vozduh-foto/#respond Thu, 29 Nov 2018 08:32:35 +0000 https://kurir.mk/?p=133449

Тетово протестира за чист воздух. Средношколците и покрај затворени врати и притисоците во тетовските училишта излегоа на протест. Утринава во 8 часот пред општината Тетово протестираа средношколците поради енормната загаденост на градот и непревземањето на никакви мерки од страна на надлежните институции. Средношколците се собраа на протест на плоштадот во знак на револт поради долготрајното загадување на воздухот и зголемената смртност, а потоа маршираа се до зградата на општината. Тие наведуваат дека одлучиле да протестираат поради показателите од научно истражување дека во Тетово 38 проценти од смртните случаи се поради загаден воздух, додека низ Македонија просек е 22 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/srednoshkolcite-i-pokraj-zatvoreni-vrati-i-pritisocite-vo-tetovskite-uchilishta-izlegoa-na-protest-tetovo-protestira-za-chist-vozduh-foto/feed/ 0
Загадениот воздух УБИВА, Владата нема ни стратегија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zagadeniot-vozduh-ubiva-vladata-nema-ni-strategija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zagadeniot-vozduh-ubiva-vladata-nema-ni-strategija/#respond Tue, 26 Dec 2017 20:35:28 +0000 http://kurir.mk/?p=2906

Загаденоста на воздухот е на екстремно високо ниво. Скопјани едвај душат, а во смог се гушат граѓаните во поголемиот дел од Република Македонија. Нивото на загадувањето претставува опасност по здравјето и животот на граѓаните, а Владата нема ниту стратегија како да го реши овој проблем иако во текот на изборната кампања воздухот им беше едно од најгласните ветувања. Откако ги изманипулираа граѓаните и добија гласови, ништо од ветувањето на кандидатите за градоначалници на СДСМ и Зоран Заев за чист воздух во државата. Во населба Лисиче едвај се дише, воздухот е отровен и убива. Од максимално дозволените 50 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, во Лисиче вечерва има над десет пати повеќе односно 555мг/м3. Екстремно висока загаденост има и во Битола и во Куманово. Владата на Зоран Заев со месеци кова стратегија, но од неа нема ништо. Мерки ќе се превземале дури од следната година, што значи дека до пролет ќе треба да се “снаоѓаме“ за воздух. Ветувањата за стратегијата беа само една од лагите на оваа Влада на СДСМ. Шилегов ги обвинува граѓаните и порачува да не се прави “ријалити шоу“ И додека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов неодамна ги обвини граѓаните дека се виновни за загадениот воздух, но и посочи да не прават ријалити шоу од оваа тема, се уште нема преземено ниту една мерка од вкупно 39-те кои ги вети пред изборите. Инаку и претходно Шилегов го лоцираше виновникот за загадувањето на воздухот, а тоа според него се граѓани, на иста бранова должина со скопскиот градоначалник е и централната власт предводена од СДСМ. Загревањето на домовите е најголем загадувач на воздухот. Ова е заклучокот од извештајот на интер-ресорската работна група составена од 17 државни институции и граѓански и еколошки организации, која работеше на анализа на овој проблем кај нас, кажаа од Владата. -Лоцирани се изворите на загадување. Според овој извештај загревањето на домовите, односно греењето е најголем загадувач на воздухот, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Незадоволството на граѓаните поради загаденоста на воздухот ги предизвика родителите во знак на протест да се решат за бојкот на наставата на нивните деца од училиштата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zagadeniot-vozduh-ubiva-vladata-nema-ni-strategija/feed/ 0