загадување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 May 2023 08:36:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png загадување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН: Загадувањето со пластика може да се намали за 80 проценти со рециклирање и повторна употреба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zagaduvaneto-so-plastika-mozhe-da-se-namali-za-80-protsenti-so-retsiklirane-i-povtorna-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zagaduvaneto-so-plastika-mozhe-da-se-namali-za-80-protsenti-so-retsiklirane-i-povtorna-upotreba/#respond Wed, 17 May 2023 08:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=835168

Загадувањето со пластика би можело да се намали за 80 проценти до 2040 година, доколку земјите и компаниите направат длабоки промени во политиката и пазарот, соопшти Програмата на ОН за животна средина (УНЕП). За да се направи ова, треба да има повеќе повторна употреба, рециклирање и повеќе преориентирање и диверзификација на пластичните производи, велат авторите на извештајот. Ова би вклучило владите да промовираат шишиња што повторно се полнат, диспензери на големо, шеми за враќање на депозитите и шеми за враќање на пакувањето – што би можело да намали 30 отсто од пластичниот отпад. Дополнителни 20 проценти би можеле да се намалат доколку рециклирањето стане постабилна и попрофитабилна индустрија, додека отстранувањето на субвенциите за фосилни горива и принудувањето на дизајнерите на амбалажата да ги подобрат способностите за рециклирање на производите би значело дека количината на пластика што може да се рециклира ќе се зголеми од 21 на 50 проценти. Употребата на алтернативи како што се хартија или материјали за компостирање наместо пластика за завиткување, кесички и амбалажа за носење, исто така може да заштеди дополнителни 17 проценти од загадувањето со пластика, наведе УНЕП. Сето ова сепак ќе остави 100 милиони тони пластичен отпад од предмети за еднократна и краткотрајна употреба, за кој УНЕП вели дека може да се справи со поставување и имплементирање на специјално дизајнирани и безбедносни стандарди за негово отстранување, како на пример производителите да бидат одговорни за производи што содржат микропластика. - Начинот на кој произведуваме, користиме и отстрануваме пластика ги загадува екосистемите, создава ризици за здравјето на луѓето и ја дестабилизира климата … Овој извештај на УНЕП прикажува патоказ за драматично намалување на овие ризици преку усвојување кружен пристап кој ја држи пластиката надвор од екосистемите, надвор од нашите тела и во економијата, изјави извршниот директор на УНЕП, Ингер Андерсен. - Ако го следиме овој патоказ, вклучително и во преговорите за договорот за загадување со пластика, можеме да извојуваме големи економски, социјални и еколошки победи, додаде тој. Извештајот насловен „Исклучување на чешмата: Како светот може да стави крај на загадувањето со пластика и да создаде циркуларна економија“, доаѓа пред вториот круг преговори во Париз за глобален договор за справување со загадувањето со пластика. Авторите на извештајот велат дека преминувањето кон поциркуларна економија ќе резултира со заштеда од 1,27 трилиони долари, додека дополнителни 3,25 трилиони долари ќе бидат заштедени од подобреното здравје, климата, загадувањето на воздухот, морските екосистеми и трошоците поврзани со судски спорови. Исто така, ќе создаде нето зголемување од 700.000 работни места до 2040 година, главно во земјите со ниски приходи. УНЕП вели дека инвестициските трошоци се „значајни, но под трошоците без оваа системска промена“ – 65 милијарди долари наспроти 113 милијарди долари без промената. Голем дел од ова би можело да се собере со користење на инвестиции кои би биле наменети за поголемо производство на пластика, или со воведување на давачка за пластични производи. Неуспехот да се воведат овие политики навреме и одложувањето за пет години може да доведе до зголемување од 80 милиони тони пластичен отпад до 2040 година, соопшти УНЕП. Владата на Велика Британија во јануари соопшти дека воведува шема за враќање на депозитите во 2025 година, при што пластичните шишиња ќе имаат дополнителен трошок што ќе може да се врати откако ќе се рециклираат. Се проценува дека секоја година во Велика Британија се користат пет милиони тони пластика, од кои половината доаѓаат од пакувања. Пластика е пронајдена во речиси секој агол на светот, вклучително и на Антарктикот, додека на почетокот на оваа година научниците за првпат забележаа болест предизвикана од пластика кај птиците – наречена пластикоза – која го воспалува дигестивниот тракт. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zagaduvaneto-so-plastika-mozhe-da-se-namali-za-80-protsenti-so-retsiklirane-i-povtorna-upotreba/feed/ 0
Г7 се договорија до 2040 година да престане загадувањето со пластика https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-se-dogovorija-do-2040-godina-da-prestane-zagaduvaneto-so-plastika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-se-dogovorija-do-2040-godina-da-prestane-zagaduvaneto-so-plastika/#respond Sun, 16 Apr 2023 13:40:36 +0000 https://kurir.mk/?p=824464

Министрите за животна средина на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), на крајот од дводневниот состанок во јапонскиот град Сапоро, се обврзаа да се стави крај на загадувањето со пластика до 2040 година, јави германската новинска агенција ДПА. Планот на Г7 е поамбициозен од договорот на Г20 од 2019 година, кој предвидува крај на загадувањето со пластика до 2050 година. - Евтината пластика за еднократна употреба стана исклучително вообичаен производ во индустријализираните земји. Поради тоа е исклучително важно земјите од Г7 да се обврзат брзо да стават крај на пластичниот отпад, изјави германската министерка за животна средина Штефи Лемке. Правно обврзувачкиот договор треба да биде договорен до крајот на 2024 година. Според еколошката организација „Светски фонд за дивата природа“ (World Wildlife Fund) од 19 до 23 милиони тони пластичен отпад годишно завршуваат во океаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g7-se-dogovorija-do-2040-godina-da-prestane-zagaduvaneto-so-plastika/feed/ 0
Скопје денеска е четврти најзагаден град во светот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-deneska-e-chetvrti-najzagaden-grad-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-deneska-e-chetvrti-najzagaden-grad-vo-svetot/#respond Mon, 13 Feb 2023 09:36:37 +0000 https://kurir.mk/?p=799763

Се смири силниот ветер и повторно е загаден воздухот во речиси сите градови во Македонија, а Скопје моментно е на 4 место на светската листа на градови на IQair со најзагаден воздух и со индекс на загадување од 163! Мерните станици на Министерството за животна средина веќе четири дена покажуваат надминувања на безбедната среднодневна концентрација на прав (ПМ10), која не смее да биде повисока од 50 микрограми на кубен метар воздух, но на ниедно место нема доволно високо загадување за да бидат воведени мерки, затоа што не е надминат прагот за алармирање од 150 микрограми на кубен метар воздух два дена по ред. Во Скопје викендов најзагадено беше во Лисиче, со дневна концентрација на прав од 159 микрограми на кубик во саботата и 113 во неделата, а часовните коцентрации во овој реон се искачуваа дури до 400 мцг/м3. Во западната зона најзагадено беше во Кичево каде во саботата вредноста на ПМ10 беше 147 мцг/м3, а вчера 103. Не заостанува ниту рекорерот за оваа сезона, Струмица, која е најзагаден град во источната зона. Таму во петокот дневната вредност на ПМ10 изнесуваше 144 микрограми на кубик воздух, во саботата 132, а вчера 110. Високо загадување има и во Велес. Во овој град од 8 февруари, заклучно со 11 февруари дневната вредност на прав е над 100, а највисока била на 9 февруари, 148 микрограми на кубик воздух. Мерните станици во Куманово, Кочани и во Гевгелија сè уште не работат и жителите на овие градови зимава немаат податоци колкаво е загадувањето во нивната околина. Во периодите додека работеше кумановската станица, покажуваше највисоки вреднисти на прав од сите градови во Македонија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-deneska-e-chetvrti-najzagaden-grad-vo-svetot/feed/ 0
Данела Арсовска повторно се скара со вистината, потврдено дека од Усје нема загадување https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danela-arsovska-povtorno-se-skara-so-vistinata-potvrdeno-deka-od-usje-nema-zagaduvane/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danela-arsovska-povtorno-se-skara-so-vistinata-potvrdeno-deka-od-usje-nema-zagaduvane/#respond Fri, 13 Jan 2023 21:02:10 +0000 https://kurir.mk/?p=787095

Помпезно закажа вонредна прес конференција, најави кривични пријави, објави дека инспекторите фатиле енормно загадување од Усје – фактите ја демантираа, па ја снема! Зошто Данела Арсовска одлучи лажно да го толкува извештајот на нејзините инспектори?, пишува Лидер. Оџаците на фабриката Усје не го загадуваат Скопје повеќе од законски регулираното, фабриката не придонесува во зголемувањето на ПМ 10 честиците во главниот град, покажува извештајот кој го објави Државниот инспекторат за животна средина, а кој е изготвен по контрола заедно со инспекторите од Град Скопје. Доколку го погледнете извештајот ќе видите дека таму се вели дека од Усје не доаѓа закана за аерозагадување на главниот град, туку дека била констатирана неправилност во котелот за греење, поради што имало проблеми внатре во просторијата кај котелот на компанијата но не и во атмосферата на главниот град! Во исто време, од фабриката уредно објаснија дека ова се случило поради тоа што заради економската криза греењето било префрлено од природен гас на мазут. Тезата на градоначалничката Данела Арсовска не и издржа ниту 24 часа, тврдењата за загадување и кривични пријави и паднаа како кула од карти. Се поставува прашањето зошто градоначалничката влезе во овој обид да ги лаже скопјани од каде им доаѓа загадувањето вршејќи атак врз една компанија која постојано поминува ригорозни контроли, додава Лидер. Повеќе на Лидер.мк.

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danela-arsovska-povtorno-se-skara-so-vistinata-potvrdeno-deka-od-usje-nema-zagaduvane/feed/ 0
Зелен хуман град: Индустријата лобира да ѝ се врати дозволата за увоз на отпад што ќе го согорува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelen-human-grad-industrijata-lobira-da-se-vrati-dozvolata-za-uvoz-na-otpad-shto-kje-go-sogoruva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelen-human-grad-industrijata-lobira-da-se-vrati-dozvolata-za-uvoz-na-otpad-shto-kje-go-sogoruva/#respond Sun, 08 Jan 2023 08:08:16 +0000 https://kurir.mk/?p=784528

Најголемиот загадувач – индустријата, лобира за законски измени да ѝ се врати дозволата за увоз на отпад што ќе го согорува, предупредуваат од Зелен хуман град. Активистите на Граѓанската иницијатива тврдат дека деновиве кога Македонија се најде на врвот од најзагадени земји во светот, има обид на индустријата да си овозможи уште повеќе да гори отпад така што повторно ќе ѝ се дозволи законски увоз на отпад за горење. -Спалувањето на отпадот е спротивно на концептот нула отпад. Тоа е штетен, загадувачки, скап и неефикасен процес кој ги заробува градовите во безизлезна ситуација со тоа што тие се принудени да произведуваат многу отпад за да го нахранат инцинераторот, поткопувајќи ги напорите за намалување на создавањето отпад или зголемување на стапките на рециклирање. Втор голем проблем со спалувањето отпад е што за еден таков процес високоризичен по човековото здравје е неопходно да постојат институции и држава, што со Македонија не е случај. Дури и тие земји каде што системот функционира имаат проблем со остатоците од процесот на инцинерација (спалување) и увезување на отпадот. Лекарската комора на Словенија има изјавено дека во емисиите од инцинераторите има многу токсини опасни за бремените жени и за развојот на децата кои предизвикуваат голем број на болести и случаи на прерана смрт. Во услови на отсуство на институции, најдоброто што можеме да го направиме со отпадот што не се биокомпостира, а „гние“ по депониите, е да го извезуваме зашто постојат земји што купуваат, а каде што институциите и законите функционираат, велат од Зелен хуман град. Зелен хуман град порачува дека на македонското општество му се неопходни научно-базирани и конзистентни чекори кон истата цел – нула отпад и енергетска независност. Истовремено, 24-часовна ригорозна надворешна контрола врз загадувачката индустрија со неселективни строги санкции за прекршувачите на законот. Единствено така можеме вистински да го решиме загадувањето и да ги заштитиме животите на нашите сограѓани.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelen-human-grad-industrijata-lobira-da-se-vrati-dozvolata-za-uvoz-na-otpad-shto-kje-go-sogoruva/feed/ 0
Надминат прагот на алармирање во Скопје, најзагадено е во Лисиче и Центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadminat-pragot-na-alarmiranje-vo-skopje-najzagadeno-e-vo-lisiche-i-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadminat-pragot-na-alarmiranje-vo-skopje-najzagadeno-e-vo-lisiche-i-centar/#respond Thu, 29 Dec 2022 14:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=782165

Министерство за животна средина и просторно планирање информира дека е надминат прагот на алармирање во Скопје. -Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Центар и Лисиче, велат од министерството. Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање. *концентрациите се изразени во mg/m3   Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општините и до Град Скопје. Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Град Скопје стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadminat-pragot-na-alarmiranje-vo-skopje-najzagadeno-e-vo-lisiche-i-centar/feed/ 0
Од утре престанува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-prestanuva-da-vazi-odlukata-za-besplaten-javen-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-prestanuva-da-vazi-odlukata-za-besplaten-javen-prevoz/#respond Tue, 27 Dec 2022 18:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=781334

Од утре претставува да важи одлуката за бесплатен јавен градски превоз која времено беше донесена како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот, информираа попладнево од ЈСП. – Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-utre-prestanuva-da-vazi-odlukata-za-besplaten-javen-prevoz/feed/ 0
Нов предлог на ЕК за намалување на загадувањето на воздухот од моторни возила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-predlog-na-ek-za-namaluvanje-na-zagaduvanjeto-na-vozduhot-od-motorni-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-predlog-na-ek-za-namaluvanje-na-zagaduvanjeto-na-vozduhot-od-motorni-vozila/#respond Thu, 10 Nov 2022 10:57:53 +0000 https://kurir.mk/?p=758513

Со новиот предлог на Европската комисија, надежта е дека новите моторни возила на европскиот пазар ќе ги исполнат зелените амбиции за нула загадување, јави дописничката на МИА од Брисел. Предлогот го презентираше претпладнево еврокомесарот за индустрија, Тиери Бретон. Тој посочи дека со новиот „Евро 7“ стандард ќе обезбеди почисти возила, почист воздух, подобрување на здравјето на граѓаните и на животната средина. Истовремено, вели тој, ќе се задржи конкурентноста на Европа. Возилата се еден од главните извори на загадување во Европа. Предлогот треба да биде алатка за да се поттикне производство и користење на електрични возила. Централниот нов „Евро 7“ стандард треба да обезбеди автомобилите, камионите, автобусите, комбињата да станат почисти и придонесат за помала емисија на ЦО2 емисии. Предлогот, исто така, се занимава со кочници и гуми за возила што придонесуваат за испуштање штетни гасови и загадување, бидејќи батериите во кочниците и микропластиката во гумите се извор за загадување. Европската комисија пред неколку дена одреди постриктни правила за ограничување на аерозагадувањето. Во овој дел правилата за „Евро 7“ треба да ги намалат штетните емисии, истовремено задржувајќи пристапни цени за граѓаните. Условите кои произлегуваат од новите стандарди „Евро 7“ ќе помогнат подобро да се контролираат штетните емисии од новите возила, ќе ги заостри границите за загадувачи гасови, ќе го регулира загадувањето од кочниците и гумите, ќе придонесе за развој на електрични возила. Предлогот сега ќе им биде презентиран на Европскиот Парламент и Советот на ЕУ кои треба да го анализираат, евентуално изменат и потоа да го усвојат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-predlog-na-ek-za-namaluvanje-na-zagaduvanjeto-na-vozduhot-od-motorni-vozila/feed/ 0
Загадувањето во Њу Делхи зема „замав“: Нови одлуки од утре, училиштата се затвораат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagaduvanjeto-vo-nju-delhi-zema-zamav-novi-odluki-od-utre-uchilishtata-se-zatvoraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagaduvanjeto-vo-nju-delhi-zema-zamav-novi-odluki-od-utre-uchilishtata-se-zatvoraat/#respond Fri, 04 Nov 2022 08:42:46 +0000 https://kurir.mk/?p=755580

Основните училишта во Њу Делхи од утре ќе бидат затворени, а се разгледува и ограничување на патниот сообраќај, бидејќи во главниот град на Индија и понатаму е високо нивото на загадување на воздухот, соопштија денеска властите. - Од утре ги затвораме сите основни училишта во Њу Делхи. Ги укинуваме и училишните активности на отворено, соопштија од надлежното Министерство на прес-конференција, додавајќи дека поради загадувањето се разгледува и ограничување на сообраќајот на патиштата. Одлуката следува откако загрижени родители и еколози на социјалните мрежи ги повикаа властите да размислат за влијанието на загадувањето врз децата.(МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagaduvanjeto-vo-nju-delhi-zema-zamav-novi-odluki-od-utre-uchilishtata-se-zatvoraat/feed/ 0
Девет милиони смртни случаи во 2019 година поради загадување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devet-milioni-smrtni-sluchai-vo-2019-godina-poradi-zagaduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devet-milioni-smrtni-sluchai-vo-2019-godina-poradi-zagaduvanje/#respond Wed, 18 May 2022 05:58:03 +0000 https://kurir.mk/?p=678131

Девет милиони луѓе во светот починале предвреме во 2019 година поради загадувањето, се наведува во студијата објавена денеска во списанието „Лансет“. Еден од шест предвремени смртни случаи е поврзан со загадувањето, главно со лошиот квалитет на воздухот. Загадувањето и отпадот во воздухот, водата и почвата ретко убиваат директно, но се во основата на тешки срцеви заболувања, тумори, респираторни проблеми и акутни стомачни тегоби. – Ефектите на загадувањето врз здравјето остануваат значително поголеми од оние на војната, тероризмот, маларијата, ХИВ, туберкулозата, дрогата и алкохолот. Смртните случаи како последица на загадувањето се приближно исти како оние предизвикани од пушењето, изјави Ричард Фулер, главниот координатор на оддел на „Лансет“ што се занимава со влијанието на загадувањето врз здравјето. Во 2019 година, 6,7 милиони смртни случаи се должат на загадениот воздух, 1,4 милиони поради загадувањето на водата и 900.000 поради труење со олово. Во 2000 година, индустриското загадување на воздухот е причина за смртта на околу 2,9 милиони луѓе, додека во 2019 година тој број изнесува 4,5 милиони, покажува истражувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devet-milioni-smrtni-sluchai-vo-2019-godina-poradi-zagaduvanje/feed/ 0