загадување на воздух – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Nov 2022 09:00:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png загадување на воздух – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Училиштата во Техеран се затвораат поради висока загаденост на воздухот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishtata-vo-teheran-se-zatvoraat-poradi-visoka-zagadenost-na-vozduhot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishtata-vo-teheran-se-zatvoraat-poradi-visoka-zagadenost-na-vozduhot/#respond Wed, 23 Nov 2022 09:00:35 +0000 https://kurir.mk/?p=765216

Сите училишта во главниот град на Иран, Техеран, денеска ќе бидат затворени поради лошиот квалитет на воздухот кој се смета за опасен, јави државната телевизија. Основните училишта беа затворени во последните два дена во Техеран, кој има повеќе од 10 милиони жители, но поради зголеменото загадување денеска ќе бидат затворени сите училишта. Часовите ќе се одржуваат онлајн. Слични мерки се најавени и за соседната провинција Алборз. Училишната недела во Иран трае од сабота до среда. Надлежните ги повикаа и постарите, болните и децата да преземат мерки на претпазливост. Воздухот во Техеран е меѓу најзагадените во светот, а училиштата редовно се затвораат поради лошиот квалитет. Смогот е предизвикан од густиот сообраќај, како и од фабричко загадување и обично се влошува во зимскиот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishtata-vo-teheran-se-zatvoraat-poradi-visoka-zagadenost-na-vozduhot/feed/ 0
Граѓански протест во Кочани против загадувањето на воздухот од фабриката за хартија „Пејпар мил“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gragjanski-protest-vo-kochani-protiv-zagaduvanjeto-na-vozduhot-od-fabrikata-za-hartija-pejpar-mil/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gragjanski-protest-vo-kochani-protiv-zagaduvanjeto-na-vozduhot-od-fabrikata-za-hartija-pejpar-mil/#respond Sat, 26 Dec 2020 13:33:02 +0000 https://kurir.mk/?p=448744

На двочасовната блокада на булеварот пред влезот на фабриката, граѓаните порачаа дека се незадоволни од дејствувањето на институциите и бавното двегодишно решавање на проблемот со аерозгаденоста во градот. -По четврти пат сме собрани на протест на ова место на злосторството, за да го кренеме нашиот глас и да продолжиме во борбата за чист воздух. Единствено за што можеме да ѝ бидеме благодарни на „Пејпар мил" е што успеа да нѐ собере нас граѓаните, без разлика на политичката, верската или етничката припадност, и Кочани да го направи пообединето од кога било досега. Ова е последен пат да зборуваме и да ги повикаме сите институции и инспекторати, да се охрабрат и да го решат проблемот и да не оставаат да бараме други решенија, што не се својствени за нас. Ние сме мирен народ, но не сме бројка, луѓе сме, имаме деца и ќе се бориме за нашата и нивната иднина, истакна Зоран Тодоров, претставник на иницијаторите на протестот. На граѓанскиот протест беа искажани и порадикални барања за блокирање на влезот во фабриката и нејзино затворање, сѐ додека за производствениот процес не почне да се користи поеколошко гориво. -Треба да се блокира работењето на фабриката, затоа што досегашното дејствување на институциите остана без резултат. Дадениот рок од два месеца да се стават филтри на оџакот значи дека уште толкав период треба да дишеме загаден воздух и да го уништуваме сопственото и здравјето на нашите семејства, истакнаа дел од говорниците на протестот. Насобраните граѓани се упатија пред влезот во фабричкиот круг на „Пејпар мил", од каде беше упатена порака дека веќе нема да се протестира, туку ќе се преземаат други мерки за решавање на проблемот. Незадоволството од нерашавањето на аерозагаденоста продолжи со возила пред зградата на локалната пајперсамоуправа и по улиците на Кочани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gragjanski-protest-vo-kochani-protiv-zagaduvanjeto-na-vozduhot-od-fabrikata-za-hartija-pejpar-mil/feed/ 0
Меѓаши бара итни мерки за намалување на загадувањето на воздухот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-bara-itni-merki-za-namaluvanje-na-zagaduvanjeto-na-vozduhot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-bara-itni-merki-za-namaluvanje-na-zagaduvanjeto-na-vozduhot/#respond Thu, 10 Dec 2020 14:12:38 +0000 https://kurir.mk/?p=441533

Меѓународен ден на човекови права – Правото на живот. Бараме итни мерки за намалувањето на загадувањето кое диретно влијае на здравјето на децата и нивниот живот. Загадувањето на воздухот во урбаните средини е континуирано над европските стандарди и претставува алармантен проблем. Во 2019 година Македонија имаше највисока годишна концентрација на ПМ 2.5 честички во Европа (1) и 3 400 прерани смртни случаи како директна последица од загадувањето.(2) Енормното аерозагадување во зимскиот период е проблем за 2/3 од децата во државата. (3) Децата се особено ранливи на штетните ефекти од загадувањето на воздухот. Децата вдишуваат поголема количина на воздух а со тоа поголема количина и на штетни супстанции. Тие се подложни на негативните ефекти од загадувањето на воздухот, особено за време на феталниот развој и во најраните години. Респираторните заболувања со години се на првото место во структурата на поединечните групи на болести кај децата,(4) а медицинскиот кадар постојано апелира за негативните ефекти од загадувањето врз здравјето на децата. Децата истакнуваат дека покрај на нивното физичко здравје, аерозагадувањето се одразува и на ментално здравје, им го ограничува секојдневното функционирање и ги принудува да останат во своите домови. (5) Тие се исто така загрижени за негативниот ефект на загадениот воздух врз нивните блиски и другите луѓе во државата кои имаат здравствени проблеми, како и за дополнителните здравствени трошоци како резултат на проблемите предизвикани од аерозагадувањето. Како се чувствуваат децата кога воздухот е загаден и како тоа влијае на нивниот секојдневен живот? (6) „Се чувствувам изнемоштено и омалаксано, ме боли стомакот.“ „Имам некои здравствени проблеми и загадениот воздух уште повеќе ми го попречува дишењето.“ „Порано немав проблем, но оваа зима имав проблем со дишењето. На моменти не можев да земам воздух и бев приморана да носам маска и цело време да одам на инхалација кај матичната докторка,чија амбуланта не е во близина на моето место на живеење. Со што моите родители тој период имаа многу повеќе дополнителни трошоци за мене и моето здравје.“ „Се чувстувам лошо. Мојот родител има хроничен бронхитис, и многу лошо му влијае целата ситуација со воздухот и му наштетува на здравјето. Тоа исто така дополнително ме загрижува. Ми влијае и мене, постојано сум затнат и не можам да се издишам.“ „Депресивно.“ „Не се чувствувам среќно и понекогаш се вонемирувам.“ „Се осекам напнато и влијае негативно на мене.“ „Се чувствувам нездраво и немам желба за излегување на прошетки и слично.“ „Се чуствувам како да живеам во ѕвоно поради тоа што ретко изглегувам надвор и морам да носам маска.“ Покрај здравствените, аерозагадувањето има и сериозни економски последици.(7) Така, анализите на Светска банка укажуваат дека аерозагадувањето ја чини државата од 500–900 милиони долари годишно.(8) Во изминатите години беа донесени повеќе национални (9 10 11) и локални (12) стратешки документи за подобрување на квалитетот на воздухот. Најголем дел од предвидените активности во нив се насочени кон минимални рестриктивни мерки во делот на сообраќај и кон субвенции за промена на начинот на загревање на домаќинствата.(13) Најголем дел од овие мерки не се спроведени, а само мал дел се во фаза на изработка/подготовка.(14) Македонија, како потписник на бројни меѓународни документи за заштита на човековите права, вклучително и Конвенцијата за заштита на правата на децата има обврска да ги почитува, заштитува и унапредува условите за реализација на човековите права на децата. Оваа обврска бара државата да преземе соодветни законски, административни, буџетски, судски и други мерки во правец на целосна реализација на правата на децата. Во таа насока, ја повикуваме државата да ги исполни обврските во однос на почитување на основното право, ПРАВОТО на ЖИВОТ воведувајќи ИТНИ мерки за намалувањето на загадувањето кое диретно влијае на здравјето на децата и нивниот живот. Прва детска амбасада во светот Меѓаши]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-bara-itni-merki-za-namaluvanje-na-zagaduvanjeto-na-vozduhot/feed/ 0
Муцунски: Kако пратеници од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистираме на итни и интерветни политики насочени кон намалувањето на загадувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-kako-pratenici-od-koalicijata-na-vmro-dpmne-kje-insistirame-na-itni-i-intervetni-politiki-nasocheni-kon-namaluvanjeto-na-zagaduvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-kako-pratenici-od-koalicijata-na-vmro-dpmne-kje-insistirame-na-itni-i-intervetni-politiki-nasocheni-kon-namaluvanjeto-na-zagaduvanjeto/#respond Mon, 30 Nov 2020 11:19:07 +0000 https://kurir.mk/?p=436248

Денес кога почнува амандманската расправа за Буџетот за 2021 година, како Пратеници од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистираме на итни и интерветни политики насочени кон намалувањето на загадувањето и справувањето со сите негативни појави во областа на животната средина - изјави денеска за медиумите, Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. - Само во текот на последниот викенд, речиси и да немаше поголем град низ Македонија каде индикаторите за аеро-загадување не беа застрашувачки. Во Македонија продолжува еколошката катастрофа која не засега сите нас. Загадувањето на воздухот е една од најголемите закани за здравејто и мора нешто да се превземе во најбрз можен рок, вели тој. - Негативните трендови не засегнуваат сите, а според огромен број научни студии најмладите генреации нема да можат да го достигнат својот потенцијал заради токсичните материи во воздухот. Истовремено, најстарите генерации со хронични заболувања се во постојан ризик. Посебно земајќи ја во предвид кризата од глобалната пандемија, ризикот за смртоност во Македонија веројатно се зголемува токму заради овој непосакуван фактор. Преку консултација со Невладината организација 02 Иницијатива, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе голем број амандмани кои ќе овозможат во краток рок да отпочне примена на конкретни политики, истакна Муцунски. Меѓу другото, амандманите предвидуваат: 1. Субвенции за поставување на филтри од домашно производство за 25,000 домаќинства кои се греат на дрва и други загадувачки материи. 2. Промена на начинот на загревање на здравствените и образовните установи во најзагадените градови во Македонија од мазут/нафта во гас/топлотна межа/топлински пумпи/сончеви колектори. 3. Поставување на DPF (diesel particulate filters) и SCR (selective catalytic reduction) системи на автобусите и градежните машини во најзагадените градови во Македонија. Поради неможноста да се заменат постоечките со нови, потребно е прилагодување на старите автобуси и градежни машини кои продуцираат високо и опасно загадување во градовите. 4. Поставување на филтри на јавните институции во најзагадените градови во Македонија кои нема да го променат начинот на греење во незагадувачки. 5. Субвенции за поставување на плински уреди во 10,000 возила. 6. Aкредитација на Централната лабораторија за животна средина на МЖСПП - Aкредитација на методите за одредување на тешки метали во воздухот, акредитација на методите за одредување на полициклични ароматични јаглеводороди во воздухот, за потребите на инспекторите. Редовно одржување и надградба на инструментите што се употребуваат за хемиска анализа, посочи тој. - Бараме од колегите од другите пратенички групи да се придружат кон овие амандмани предложени од невладиниот сектор и експерти. Проблемот е колективен, а неуспехот значи влошена здравствена состојба на сите наши граѓани. Доколку сакаме да ги надминеме бариерите на дневната политика, токму преку заедничко усвојување на овие амандмани можеме да покажеме дека Македонија може поинаку, дециден е Муцунски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-kako-pratenici-od-koalicijata-na-vmro-dpmne-kje-insistirame-na-itni-i-intervetni-politiki-nasocheni-kon-namaluvanjeto-na-zagaduvanjeto/feed/ 0
Студија: Загадувањето на воздухот може да ја зголеми смртноста од Ковид-19 за 15 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-zagaduvanjeto-na-vozduhot-moze-da-ja-zgolemi-smrtnosta-od-kovid-19-za-15-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-zagaduvanjeto-na-vozduhot-moze-da-ja-zgolemi-smrtnosta-od-kovid-19-za-15-otsto/#respond Tue, 27 Oct 2020 12:27:16 +0000 https://kurir.mk/?p=421220

Долготрајната изложеност на загадување на воздухот може да доведе до зголемување на ризикот од смрт од Ковид-19 во светот во просек за околу 15 проценти, покажува денеска објавено меѓународно истражување. Студија објавена во списанието „Кардиоваскјулар рисерч“ (Cardiovascular Research) се обидува да процени до кој степен загадувањето на воздухот, кое веќе предизвикува предвремена смрт, може да влијае на смртноста од Ковид-19. Тој однос може да биде околу 19 проценти во Европа, 17 отсто во Северна Америка и околу 27 проценти во источна Азија, според професорот Џос Леливел од Институтот за хемија Макс Планк во Мајнц, Германија. Долготрајната изложеност на загадување на воздухот придонесе за 29 отсто од смртните случаи од Ковид во Чешка, 27 отсто во Кина, 26 отсто во Германија, 22 отсто во Швајцарија, 21 отсто во Белгија, 19 отсто во Холандија, 18 отсто во Франција и 15 отсто во Италија, 14 проценти во Велика Британија, 12 проценти во Бразил, 11 проценти во Португалија, девет проценти во Шпанија, шест проценти во Израел, три проценти во Австралија и само еден процент во Нов Зеланд. Истражувачите користеле претходни американски и кинески епидемиолошки податоци за загадувањето на воздухот и Ковид-19 и САРС од 2003 година, болести слични на новиот коронавирус. Во нивните пресметки, тие ги комбинираа со сателитски податоци за глобално изложување на мали честички на загадување (PM2, 5) и податоци од мрежи за следење на загадувањето на почвата. Авторите не утврдуваат врска помеѓу директната причина и последиците од тоа загадување врз смртноста од Ковид-19. Се чини дека загадувачките честички ја зголемуваат активноста на еден рецептор наречен ACE-2, кој се наоѓа на површината на клетката и учествува во начинот на кој Ковид-19 ги ​​инфицира пациентите, велат истражувачите. – Така, имаме двоен удар – загадувањето на воздухот ги оштетува белите дробови и ја зголемува активноста на ACE-2, што доведува до подобра апсорпција на вирусот, рече д-р Томас Минцел од Универзитетот Јоханес Гутенберг во Мајнц, коавтор на студијата. Транзицијата кон зелена економија со чисти и обновливи извори на енергија претставува истовремена поддршка и за животната средина и за јавното здравје, локално со подобрување на квалитетот на воздухот и на глобално ниво со ограничување на климатските промени, велат истражувачите. Ана Хансел, професор по еколошка епидемиологија на Универзитетот во Лестер, рече дека е „многу веројатно“ дека има врска помеѓу загадувањето на воздухот и смртноста од Ковид-19, но дополни дека е „прерано да се обиде прецизно да се измери“ врската. Таа наведе низа други причини зошто сега треба да се преземе акција за намалување на загадувањето на воздухот, за кое Светската здравствена организација веќе проценува дека е одговорно за седум милиони смртни случаи годишно ширум светот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-zagaduvanjeto-na-vozduhot-moze-da-ja-zgolemi-smrtnosta-od-kovid-19-za-15-otsto/feed/ 0
ОН: Загадувањето на воздухот е во корелација со смртноста од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zagaduvanjeto-na-vozduhot-e-vo-korelacija-so-smrtnosta-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zagaduvanjeto-na-vozduhot-e-vo-korelacija-so-smrtnosta-od-kovid-19/#respond Tue, 28 Jul 2020 10:22:19 +0000 https://kurir.mk/?p=382558

Глобалното загадување на воздухот и емисиите на штетни гасови се во корелација со глобалната стапка на смртност од Ковид-19, се наведува во денеска објавениот извештај на Обединетите нации за влијанието на пандемијата на коронавирусот врз најголемите градови во светот. „Постојат докази дека загубата на квалитет на воздухот е во корелација со повисоките стапки на смртност од Ковид-19“, се наведува во извештајот, истакнувајќи дека загадувањето на воздухот и емисиите на штетни гасови значително се опаднати во екот на пандемијата, пренесува Тасс. „Меѓутоа, се додава во извештајот, тоа што е стекнато во однос на животната средина може да биде привремено доколку градовите повторно се отворат без политики насочени кон спречување на загадувањето на воздухот и промовирање на намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид“. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во извештајот истакнува дека е неопходно да се следат принципите на еколошко засилување, еластичност и инклузивно економско закрепнување. „Многу градови изградија нови велосипедски патеки и пешачки зони, со што повторно го ставаат на располагање јавниот простор и ја подобруваат подвижноста, безбедноста и квалитетот на воздухот“, додаде Гутерес. -Со фокусирањето на високата трансформација на животната средина и создавањето работни места, пакетите за поттикување можат растот да го насочат кон ниската емисија на јаглерод диоксид и отпорноста и да ги унапредат целите за одржлив развој, рече Гутереш. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zagaduvanjeto-na-vozduhot-e-vo-korelacija-so-smrtnosta-od-kovid-19/feed/ 0
Расправа за загадувањето на воздухот во матичната собраниска комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rasprava-za-zagaduvanjeto-na-vozduhot-vo-matichnata-sobraniska-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rasprava-za-zagaduvanjeto-na-vozduhot-vo-matichnata-sobraniska-komisija/#respond Tue, 14 Jan 2020 06:48:16 +0000 https://kurir.mk/?p=289239

Во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија за денеска е закажана расправа по Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во државата, поднесена од 16 пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. – Над 3.500 лица во државава годишно умираат како резултат на загадениот воздух и сме меѓу првите на листата каде што се скратува животниот век на граѓаните поради преголемата загаденост. Според Индексот на квалитет на воздухот, највисоко ниво на загаденост со честички ПМ 10 и ПМ 2.5 каде што има мерни станици се Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Кавадарци, Струмица и Куманово, стои во информацијата од пратениците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rasprava-za-zagaduvanjeto-na-vozduhot-vo-matichnata-sobraniska-komisija/feed/ 0
ФОТО: Македонија се гуши, а заменик министерот за животна средина се среќава со поранешни партиски секретари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-makedonija-se-gushi-a-zamenik-ministerot-za-zivotna-sredina-se-srekjava-so-poraneshni-partiski-sekretari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-makedonija-se-gushi-a-zamenik-ministerot-za-zivotna-sredina-se-srekjava-so-poraneshni-partiski-sekretari/#respond Tue, 17 Dec 2019 09:11:39 +0000 https://kurir.mk/?p=278544

Цела Македонија се гуши во енормно загадување, а надлежните молчат. Ветените предизборни и постизборни решенија се уште чекаат реализација, а во меѓувреме револтот кај граѓаните е се поголем, а здравствените проблеми се почести. На низата апели од граѓаните дека нешто е потребно итно да се превземе, надлежните без слух за проблемот. Наместо решение и реакција на овој проблем, заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули вели дека е на „прав пат“. Според објавата на неговиот Фејсбук профил, Макрадули во Неготино се сретнал со поранешните партиски секретари со кои, како што вели, разговарале за досегашните успеси. На кое поле се успесите, не е наведено. -Средба со поранешните претседатели и секретари на ОО СДСМ Неготино. Вечерва бевме заедно меѓу жителите на општина Неготино со кои разговаравме за досегашни наши заеднички успеси, и за нивните нови предлози, пишува Макрадули на Фесјбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-makedonija-se-gushi-a-zamenik-ministerot-za-zivotna-sredina-se-srekjava-so-poraneshni-partiski-sekretari/feed/ 0
Поради пожарите високо ниво на загадување на воздухот во Австралија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-pozarite-visoko-nivo-na-zagaduvanje-na-vozduhot-vo-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-pozarite-visoko-nivo-na-zagaduvanje-na-vozduhot-vo-avstralija/#respond Fri, 22 Nov 2019 08:46:14 +0000 https://kurir.mk/?p=267462

Нивото на загадување на воздухот во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс денеска е рекордно зголемено, а чад што се шири од шумските пожари претставува опасност за возачите поради намалена видливост. Сиднеј, најбројниот австралиски град, четврти ден по ред е прекирен со чад, со што беше рангиран на листата десет најзагадени градови во светот. Во пожарите од почетокот на ноември загинаа најмалку четири лица, а уништени повеќе од 400 куќи. Во Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Квисленд и понатаму има активни пожари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-pozarite-visoko-nivo-na-zagaduvanje-na-vozduhot-vo-avstralija/feed/ 0
Џафери од „Еко Герила“: Последните две години не се превземени никакви мерки за намалување на загадувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dzaferi-od-eko-gerila-poslednite-dve-godini-ne-se-prevzemeni-nikakvi-merki-za-namaluvanje-na-zagaduvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dzaferi-od-eko-gerila-poslednite-dve-godini-ne-se-prevzemeni-nikakvi-merki-za-namaluvanje-na-zagaduvanjeto/#respond Thu, 07 Nov 2019 11:22:00 +0000 https://kurir.mk/?p=261200

Граѓанскиот активист и основач на невладината организација „Еко Герила“, Аријанит Џафери во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија, за време на дебатата на прашањето за загадувањето на воздухот во Македонија, истакна дека од надлежните институции во последните две години не се превземени никакви мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Тој како единствена мерка која власта ја превземала за намалување на загадувањето на воздухот била пред три години, и дека таа мерка била затворањето на “Југохром“ во Тетово. - Не гледаме дека во последните две години биле преземени значителни мерки за намалување на загадувањето, иако ако се прошириме на три години, би рекол дека пред три години, би рекол дека пред три години во ноември кога се затвори  „Југохром“, тоа беше една мерка за намалување на загадувањето. Но во последните две години не сме виделе ништо поконкретно, на која порадикална мерка кои би влијаела на намалување на загадувањето во посакувано ниво, рече Џафери. Слушаме, додаде тој, дека има мерки кои се во подготвителна фаза или фаза во процесирање кои ќе се спроведат наскоро, но моментално нема некоја конкретна мерка која би влијаела за намалување на загадувањето на воздухот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dzaferi-od-eko-gerila-poslednite-dve-godini-ne-se-prevzemeni-nikakvi-merki-za-namaluvanje-na-zagaduvanjeto/feed/ 0