загадување на воздухот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Sep 2021 08:53:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png загадување на воздухот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истражување: Околу 40 отсто Индијци живеат девет години помалку поради загадување на воздухот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-okolu-40-otsto-indijci-ziveat-devet-godini-pomalku-poradi-zagaduvanje-na-vozduhot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-okolu-40-otsto-indijci-ziveat-devet-godini-pomalku-poradi-zagaduvanje-na-vozduhot/#respond Wed, 01 Sep 2021 08:53:58 +0000 https://kurir.mk/?p=557684

Животниот век на околу 40 проценти од Индијците најверојатно ќе биде пократок за повеќе од девет години поради загадување на воздухот, се наведува во денеска објавената студија на Институтот за енергетска политика на Универзитетот во Чикаго (ЕПИЦ). – Повеќе од 480 милиони луѓе кои живеат во огромни делови на централна, источна и северна Индија, вклучително и главниот град Њу Делхи, страдаат од значително високо ниво на загаденост, наведува ЕПИЦ. Спред истражувачите посебно загрижува што високото ниво на загаденост на воздухот во Индија географски се прошири со текот на времето, а како пример се наведува влошената состојба во западната држава Махараштри и во централната држава Маџа Прадеш. Во 2020 година, Њу Делхи третпат по ред, беше најзагадениот главен град во светот според швајцарска организација „АјКјуЕр“ (IQAir),која го мери нивото на квалитетот на воздухот врз основа на концентрацијата на честички во воздухот што ги оштетуваат белите дробови, познато како ПМ 2,5. Индија во 2019 година почна Националната програма за чист воздух на Индија (НЦАП) со цел да го запре опасното загадување. Во извештајот на ЕПИЦ се наведува дека „постигнувањето и одржувањето“ на целите на НЦАП ќе го зголеми вкупниот животен век на земјата за 1,7 години, а во Њу Делхи до 3,1 години. Целта на НЦАП е да го намали загадувањето во 102 најтешко погодените градови за 20-30 проценти до 2024 година, преку намалување на индустриските емисии и емисии на возила, како и воведување строги правила за транспорт на гориво и согорување на биомаса и намалување на загадувањето од прашина. Според наодите на ЕПИЦ, соседен Бангладеш исто така може да го зголеми животниот век за 5,4 години доколку земјата го подобри квалитетот на воздухот до нивото препорачано од Светската здравствена организација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-okolu-40-otsto-indijci-ziveat-devet-godini-pomalku-poradi-zagaduvanje-na-vozduhot/feed/ 0
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-narodot-protiv-zagaduvanjeto-na-vozduhot-protesti-organizirani-od-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-narodot-protiv-zagaduvanjeto-na-vozduhot-protesti-organizirani-od-vmro-dpmne/#respond Thu, 29 Oct 2020 16:22:52 +0000 https://kurir.mk/?p=422265

ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протести во пет градови поради големото загадување на воздухот. Протестите ќе започнат во 19 часот, а ќе се одржуваат во Скопје (пред Владата), Битола, Струмица, Тетово и Куманово. -Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност. ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Протестот ќе може да го следите во живо од 19 часот на линкот во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-narodot-protiv-zagaduvanjeto-na-vozduhot-protesti-organizirani-od-vmro-dpmne/feed/ 0
Намалувањето на загаденоста на воздухот Србија ќе ја чини 2,4 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namaluvanjeto-na-zagadenosta-na-vozduhot-srbija-kje-ja-chini-2-4-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namaluvanjeto-na-zagadenosta-na-vozduhot-srbija-kje-ja-chini-2-4-milijardi-evra/#respond Fri, 10 Jan 2020 14:20:43 +0000 https://kurir.mk/?p=287991

Српското Министерство за животна средина процени дека намалувањето на загадувањето на воздухот Србија ќе ја чини 2,4 милијарди евра. Предлози за решавање на проблемот се забрана на увозот на половни автомобили и преминување на други извори на енергија наместо јаглен и мазут. -Во Србија годишно се увезуваат околу 150.000 половни автомобили, што дополнително го загадуваат воздухот. Ние сакаме до крајот на оваа или 2021 година да го забраниме увозот на возила со евро 3 мотори, како и во Европа. Мора да се одлучиме дали ќе возиме евтини автомобили или ќе дишеме почист воздух, изјави министерот за животна средина Горан Триван. Тој наведе дека намалувањето на загадувањето на воздухот ќе ја чини Србија 2,4 милијарди евра и дека проблемот со загадувањето на воздухот „што најмногу го предизвикува сообраќајот, а потоа и влијанието на другите извори кои користат фосилни горива, мазут и јаглен“, мора да го решат локалните власти. Триван најави дека затоа овој месец ќе се започне со проверка дали градовите и општините имаат направено планови за намалување на загадувањето на воздухот на нивните територии. Во најновиот извештај на Агенцијата за заштита на животната средина се наведува дека 57 проценти од загадувачите на воздухот доаѓаат од топланите со сила помала од 50 мегавати и од индивидуалните ложишта, како резултат на греењето. Министерството ги означи топлинските капацитети на Електростопанството на Србија (ЕПС) како загадувачи, бидејќи меѓу десетте европски термоцентрали кои го користат јагленот, четири се српски – Костолац Б, Никола Тесла А, Никола Тесла Б и Костолац А. Предлог за решение на проблемот е и префрлањето на топланите на други извори на енергија, како што е гасот или биомасата, каде што покрај еколошко би имало и економски ефект, изјави Триван. Како што јави дописникот на МИА од Белград, главниот град на Србија утрово освана како еден од најзагадените градови во светот. Од друга страна, во Србија, Косјериќ е најзагаден, со индекс на загадување од 190, со што во Србија е во црвениот индекс. Белград со индекс на загаденост од 160 според податоците на мерните станици, го завзеде 13-то место меѓу престолнините во 95 земји во светот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namaluvanjeto-na-zagadenosta-na-vozduhot-srbija-kje-ja-chini-2-4-milijardi-evra/feed/ 0
И вечерва граѓаните дишат отров: Големо загадување на воздухот, еве каде е најлошо https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-vecherva-gragjanite-dishat-otrov-golemo-zagaduvanje-na-vozduhot-eve-kade-e-najlosho/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-vecherva-gragjanite-dishat-otrov-golemo-zagaduvanje-na-vozduhot-eve-kade-e-najlosho/#respond Mon, 23 Dec 2019 21:46:03 +0000 https://kurir.mk/?p=281392

Воздухот во Македонија и вечерва е загаден, покажуваат мерните станици за квалитет на воздухот. Во моментот најзагадено е во Кичево, а ПМ 10 честичките се на високи 262 микрограми на метар кубен. Потоа е општина Гостивар со 243 микрограми на метар кубен, Кавадарци со измерени 242 ПМ 10 честички, а високо ниво на загаденост се измерени и во скопско Лисиче со 224 ПМ 10 честички, Ректорат со 159 ПМ 10честички на метар кубен. За жал од страна на локалните и централните власти се уште немаат преземено мерки за решавање на овој проблем кој претставува рак-рана за граѓаните, кои наместо чист воздух кој што им го ветуваше Петре Шилегов и Зоран Заев во предизборниот период на локалните избори тие и понатаму дишат отров наместо чист воздух.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-vecherva-gragjanite-dishat-otrov-golemo-zagaduvanje-na-vozduhot-eve-kade-e-najlosho/feed/ 0
КУРИР АНКЕТА: Граѓаните оценуваат дека дишеме отров, револтирани се бидејќи надлежните не превземаат мерки (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-anketa-gragjanite-ocenuvaat-deka-disheme-otrov-revoltirani-se-bidejkji-nadleznite-ne-prevzemaat-merki-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-anketa-gragjanite-ocenuvaat-deka-disheme-otrov-revoltirani-se-bidejkji-nadleznite-ne-prevzemaat-merki-video/#respond Tue, 17 Dec 2019 13:29:13 +0000 https://kurir.mk/?p=278725

Македонските граѓани се свесни дека дишат отров. Велат дека загаденоста на воздухот и последиците од него се најголем проблем, но и најсериозната нивна грижа. Во недостиг на мерки од надлежните, граѓаните се обидуваат да се заштитат себеси колку можат. Помладите купуваат маски, знаејќи дека тоа е само краткотрајно решение и дека нема голем ефект. Повозрасните очекуваат дека мерките треба да ги превземе државата. КУРИР направи анкета меѓу граѓаните кои денес ги сретнавме на скопскиот плоштад. Оценуваат дека воздухот кој го дишеме е отровен и испраќаат критики до надлежните институции кои ветуваа дека ќе превземат мерки, но не прават ништо. Анкетата на КУРИР, погледнете ја во продолжение:  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-anketa-gragjanite-ocenuvaat-deka-disheme-otrov-revoltirani-se-bidejkji-nadleznite-ne-prevzemaat-merki-video/feed/ 0
Што гори Цементара? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-gori-cementara-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-gori-cementara-foto/#respond Tue, 17 Dec 2019 09:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=278547

Состојбата не може да биде поалармантна. Здравјето на граѓаните е загрозено, воздух нема, а нема ниту мерки од надлежните кои ветувајќи чист воздух истераа цели предизборни кампањи. Ништо од лажните ветувања, студиите, мерките и решенијата. Надлежните молчат, а за тоа што се случува сведочат фотографии од “местото на злосторството“. Имено, во печките во Цементара завршуваат цели бали со фарбан текстил плус нафтен кокс со 18% сулфур. И ова не се случило еднаш, ова се случува секоја ноќ. На сево ова се додава и гума на парчиња, како и мазут добиен од старо масло. Граѓаните кои живеат во овој дел на Скопје многу добро знаат каква миризба се шири низ нивната населба. „Мириса на горена гума и едвај се зема длабок воздух“. Ова гори во Цементара, прави густ чад со неподнослива миризба. Скопје не го гори својот отпад, туку станува збор за огромни количини донесени од голем број на земји. Според информациите кои веќе беа пласирани, Италија и неколку други држави од ЕУ плаќаат за да се ослободат од овој отпад. Овие држави даваат големи суми за да ги заштитат своите граѓани и нивното здравје. Нашата држава зема големи суми воопшто не водејќи грижа како тоа кое го прави влијае на македонските граѓани. Според законите на пазарот, нафтен кокс со 2% сулфур чини околу 450 евра по тон, а со 18% каков што се гори во „Цементара“, „Железара“, „Фени“ и цигланите на Заеви, чини 150 евра по тон. Само во февруари годинава, државата има увезено и изгорено повеќе од 40.000 тони нафтен кокс, во 8 фирми. Додека граѓаните буквално се гушат, на сметка на нивното здравје се искеширани овој период 12.000.000 евра за само еден месец. Што би рекле некои претставници на актуелната власт, тие си прават „бонбона бизнис“. Но надлежните молчат. Но, на очиглед на јавноста и покрај тоа што се случува, се огласија од „Цементара“. „Цементарница УСЈЕ АД Скопје не загадува и работи согласно најсовремените стандарди за заштита на животната средина“-велат тие. -Во врска со шпекулациите дека УСЈЕ гори „ѓубре“ и „опасен отпад“ сакаме да ја информираме јавноста дека ваквите тврдења се целосна дезинформација. УСЈЕ во своето работење користи различни видови на енергенси, а од неодамна инвестираше во најсовремена технологија за употреба на алтернативни горива, за која ги поседуваме сите неопходни лиценци и дозволи издадени од надлежни институции. Во моментот употребата на алтернативни горива во УСЈЕ изнесува 4% од вкупната количина на енергенси. Алтернативните горива се добива од фракции од отпад, претходно целосно обработени во специјализирани фабрики и строго контролирани од страна на сите надлежни институции. Покрај тоа, користиме и оризова арпа од земјава, која инаку се спалува на полињата на непрописен начин. Во следниот период планираме да користиме и остатоци од текстилната индустрија, кои вообичаено се депонираат или спалуваат на непрописен начин. Употребата на алтернативни горива не е новина во земјите од ЕУ, каде што оваа пракса е присутна повеќе децении и е целосно безбедна технологија, а во во цементната индустрија примената на алтернативните горива во земјите од Унијата достигнува и до 90% од вкупната количина на енергенси, истакнуваат од Цементара Усје. За ова некој мора да одговара!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-gori-cementara-foto/feed/ 0
„О2 иницијатива“: Градов смрди од изгорени токсични, канцерогени материјали, ова е злосторство против човештвото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/o2-inicijativa-gradov-smrdi-od-izgoreni-toksichni-kancerogeni-materijali-ova-e-zlostorstvo-protiv-choveshtvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/o2-inicijativa-gradov-smrdi-od-izgoreni-toksichni-kancerogeni-materijali-ova-e-zlostorstvo-protiv-choveshtvoto/#respond Wed, 28 Aug 2019 08:06:36 +0000 https://kurir.mk/?p=234217

Градов СМРДИ од изгорени ТОКСИЧНИ, КАНЦЕРОГЕНИ материјали. Како да е малку жештината и мирисот од асфалтот и ѓубрето кое корне, овој добро познат мирис кој преку ЦЕЛА ГОДИНА нè ТРУЕ СИТЕ е печатот на воздухот во Скопје, реагираат од О2 иницијативата. „Трансгенерациски мутации, генетски изменето поколението, оштетување во сите системи, од нервен, имун, хормонален, репродуктивен .., канцерогени материи наталожени во организмот, тоа сме ние, жителите на Скопје. Не ни треба конц камп, си имаме и си живееме во него, со АМИН на СИТЕ институции и НЕ-НАДЛЕЖНИ! Ова е случај за меѓународниот кривичен суд во Хаг - злосторство против човештвото. Слики од Драчево - Аџево и по стариот пат за Батинци. Не се само познатите локации покрај Вардар во Карпош, Центар, Гази Баба - Вардариште, Ќерамидница, каде се тера нелегален бизнис на горење кабли, гуми и сл. за бакар, железо и др. метали. Ги има и во Кисела Вода. Ич не ви чуе, знаеме, јасно ни е до сега. Срам немате, и тоа ни е јасно, совест па ич. Се прашуваме и самите зошто го правиме сè уште ова, кога НЕМА НИКАКОВ резултат, само лажни ветувања и партиски ПР“-пишуваат тие. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/o2-inicijativa-gradov-smrdi-od-izgoreni-toksichni-kancerogeni-materijali-ova-e-zlostorstvo-protiv-choveshtvoto/feed/ 0
О2 иницијатива: Далеку позагадени сме сега отколку во 2010-та, 2012-та, 2013-та година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/o2-inicijativa-daleku-pozagadeni-sme-sega-otkolku-vo-2010-ta-2012-ta-2013-ta-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/o2-inicijativa-daleku-pozagadeni-sme-sega-otkolku-vo-2010-ta-2012-ta-2013-ta-godina/#respond Tue, 12 Feb 2019 06:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=162834

02 Иницјативата која се бори за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина, објави колку бил загаден јануари низ годиниве наназад. Податоците се од државниот мониторинг систем. „Заклучок? Далеку позагадени сме сега отколку во 2010, 2012, 2013 година. Ова ако споредиме како што споредува Град Скопје и Влада, без да се земе предвид ветерот, маглата, дождот, снегот, блокираното струење на воздухот поради новите градби, кои индустрии работеле, кои не, итн. Како и да е, поразително е да имате помало загадување пред 7-9 години, после сите филтри, А и Б еколошки дозволи, гасифицирања, засилени инспекции. План за чист воздух? Па со вакви податоци и планирани мерки за 2019, минатото е светлата иднина, велат од О2 иницијативата“-велат од Иницијативата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/o2-inicijativa-daleku-pozagadeni-sme-sega-otkolku-vo-2010-ta-2012-ta-2013-ta-godina/feed/ 0
Скопје најзагаден град во светот, цела Македонија се гуши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-najzagaden-grad-vo-svetot-cela-makedonija-se-gushi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-najzagaden-grad-vo-svetot-cela-makedonija-se-gushi/#respond Mon, 28 Jan 2019 19:06:54 +0000 https://kurir.mk/?p=157588

Сервисот „Ер Вижуал“ кој постојано ја следи состојбата на загадувањето на воздухот во големите градови во светот претпладнево го стави Скопје на врвот на светската листа, со индекс од 217 според AQI. По Скопје е Дака, Бангладеш, со индекс 189, па Чонгќинг во Кина со иста вредност. Подолу, со индекс 186 е Вухан, Кина, па Калкута со 166. Но, не е само Скопје загаден град во државава. Загаденоста е огромна низ цела Македонија. Граѓаните буквално се гушат. Освен во Скопје, вечерва најзагадено е во Струмица. Струмица во ноември 2012 стана прва системски гасифицирана општина во Република Македонија. Струмица во јануари 2019 е најзагадениот град во Македонија, позагаден и од Скопје. Нели гасификацијата ќе го решеше загадувањето со воздухот? Кога се даваат површни пароли, тогаш имаме ваква реалност, се вели во реакцијата-анализа од 02 Коалиција. Граѓаните го изразуваа својот револт кон власта, велејќи дека иако нејзините претставници ветуваа почист воздух откако ќе ја преземат власта, две години потоа нема ништо од ветеното, а загаденоста е дури и поголема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-najzagaden-grad-vo-svetot-cela-makedonija-se-gushi/feed/ 0
Општина Кавадарци со препорака до граѓаните за намалување на загадениот воздух https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-kavadarci-so-preporaka-do-gragjanite-za-namaluvanje-na-zagadeniot-vozduh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-kavadarci-so-preporaka-do-gragjanite-za-namaluvanje-na-zagadeniot-vozduh/#respond Mon, 21 Jan 2019 13:54:08 +0000 https://kurir.mk/?p=154834

Согласно  Уредбата  за  изменување  и  дополнување  на  Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот  воздух  и  прагови  на  алармирање,  (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот  на  информирање на  суспендирани  честички  со големина до 10 микрометри и врз основа на добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки  работи,  Ве информираме дека истиот е надминат на две мерни места во Кавадарци, соопштија од општината. Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (2 два последователни дена, со среднодневни концентрации над 100 µg/m3) како надлежни на локално ниво се препорачува:
  • Да се користи јавниот превоз
  • Возила да не се користат без поголема потреба
  • Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
  • Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
  • Правилно да се користат печките за дрва
Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните Препораки: Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-kavadarci-so-preporaka-do-gragjanite-za-namaluvanje-na-zagadeniot-vozduh/feed/ 0