загина лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Oct 2018 09:49:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png загина лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АПОКАЛИПТИЧНИ ФОТОГРАФИИ: Ужас во Индонезија по разорните земјотреси и цунами, луѓето се закопуваат во масовни гробници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/apokaliptichni-fotografii-uzas-vo-indonezija-po-razornite-zemjotresi-i-cunami-lugjeto-se-zakopuvaat-vo-masovni-grobnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/apokaliptichni-fotografii-uzas-vo-indonezija-po-razornite-zemjotresi-i-cunami-lugjeto-se-zakopuvaat-vo-masovni-grobnici/#respond Mon, 01 Oct 2018 09:47:38 +0000 https://kurir.mk/?p=108851

Во централниот дел на Индонезија денес почна масовно погребување на жртвите од земјотресот и цунамите, откако во истите загинаа најмалку 832 лица. Дел од медиумите претходно објавија дела загинати се над 1.200 лица. Тим работници со маски на лицата околу пладне по локално време донел 18 вреќи со тела и ги положол во дупка, а машините ги потрупале со земја. Се очекува дека наскоро ќе следуваат нови масовни погребувања. Во градот Палу, кој е најтешко погоден, во тек се подготовки за погребување на повеќе од 300 луѓе. Се очекува дека потврдениот број на жртви од 844 и натаму ќе расте бидејќи дел од погоденото подрачје и натаму не е пристапен. Земјотресот и цунамите урнаа голем број згради и нанесена е огромна материјална штета. Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо одобрил прифаќање на меѓународна помош по повод оваа катастрофа. Во овој момент повеќе детали не се познати, јавува АП. Штети има и на аеродромите, болницата и останатата клучна инфраструктура. Агенциите напоменуваат дека бројот на жртви ќе порасне додека спасувачите полека се обидуваат да се пробијат до зафрлените места, кои се најдоа на удар на земјотресот со јачина од 7,5 степени по Рихтер и цунамито чии бранови достигнуваа висина од шест метри. Како што се наведува, десетина лица се заробени под урнатините во неколку хотели во ценатерот на Палу, а се стравува дека уште стотина лица се потрупани со земја во селата, откако дошло до одрони. Видодо истакна дека извлекувањето на овие лица е еден од приоритите. -Евакуацијата се уште не е завршена, има многу места каде истата не може да се спроведе поради отсуство на тешка опрема, но минатата ноќ опремата почна да пристигнува во Палу. Денес ќе испратиме колку што е можно повеќе залихи на храна преку неколку авиони, изјавил претседателот. Националната Агенција за потраги и спасување соопштила дека една жена е спасена во текот на ноќта во Палу, град со 379.000 жители каде има и најмногу жртви. Ројтерс наведува дека меѓу исчезнатите се тројца Французини, еден Јужнокореец и еден жител на Малезија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/apokaliptichni-fotografii-uzas-vo-indonezija-po-razornite-zemjotresi-i-cunami-lugjeto-se-zakopuvaat-vo-masovni-grobnici/feed/ 0