загинат полицаец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Dec 2019 14:53:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png загинат полицаец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОЈО Гостивар работи на расчистување на сообраќајката во која загина полицаец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-gostivar-raboti-na-raschistuvanje-na-soobrakjajkata-vo-koja-zagina-policaec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-gostivar-raboti-na-raschistuvanje-na-soobrakjajkata-vo-koja-zagina-policaec/#respond Mon, 30 Dec 2019 14:53:45 +0000 https://kurir.mk/?p=283981

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар синоќа изврши увид на местото на сообраќајна незгода на автопатот А2 Тетово-Гостивар на околу 500 метри по местото викано Тумчевишка клучка, во која животот го загуби еден полициски службеник. Според првичните сознанија од увидот, како што соопшти Јавното обвинителство, до несреќата дошло кога лице кое управувало со автомобил „Форд фокус“, со кичевски регистарски ознаки, не се придржувало кон прописите и не ја прилагодило брзината на движење според условите и состојбата на патот. Стигнувајќи на критичното место на кое полициски службеници ги пренасочувале возилата во десната сообраќајна лента поради претходно настаната сообраќајна несреќа, тој започнал да ги заобиколува возилата кои се движеле бавно и преминал во левата брза сообраќајна лента. Во тој момент изгубил контрола врз возилото, па удрил во бетонската ограда која го дели автопатот и во двајца полициски службеници. Од ударот, еден од полициските службеници бил исфрлен на спротивната страна од автопатот наменета за движење кон Тетово каде на него налетало патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски реагистарски ознаки. Како резултат на повредите здобиени во несреќата, полицаецот починал. Вториот полициски службеник, пак се здобил со фрактура на раката и повреди на грбот и е задржан на лекување, додека со телесни повреди се здобиле и возачот и патниците во голфот кои се пуштени на домашно лекување. Јавниот обвинител издал наредби за вештачење на трагите пронајдени на лице место, како и на примероци од крв и урина на учесниците во сообраќајната несреќа. Во меѓувреме, за возачот на автомобилот „Форд фокус“ е побаран краткотраен притвор под сомнение за сторено кривично дело од чл.300 од Кривичниот законик – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар го прифати предлогот на Обвинителството и на возачот му определи краткотраен притвор во траење од 48 часа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-gostivar-raboti-na-raschistuvanje-na-soobrakjajkata-vo-koja-zagina-policaec/feed/ 0
МВР со детали за вчерашната трагедија: Еден полицаец почна, друг со тешки телесни повреди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-vcherashnata-tragedija-eden-policaec-pochna-drug-so-teshki-telesni-povredi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-vcherashnata-tragedija-eden-policaec-pochna-drug-so-teshki-telesni-povredi/#respond Sun, 29 Dec 2019 10:56:46 +0000 https://kurir.mk/?p=283510

На автопатот Тетово – Гостивар, во близина на место викано Тумчевишка клучка, вчера во 19.05 часот патничко моторно возило „форд фокус“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(31) од кичевското село Грешница, удрило во двајца полициски службеници П.Ѓ. и Ф.Ш. додека извршувале работни задачи- обезбедување на место на настанот од претходно случена сообраќајна незгода. Потоа патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(39) од село Синичане, кое се движело во правец Гостивар – Тетово удрило во полицискиот службеник П.Ѓ. По незгодата, со возило на итна медицинска помош полициските службеници се пренесени во Медицински центар Гостивар, каде од доктор кај П.Ѓ. е констатирана смрт, додека кај Ф.Ш се констатирани тешки телесни повреди. По насока на јавен обвинител Р.Ш. е лишен од слобода во Полициска станица Гостивар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-vcherashnata-tragedija-eden-policaec-pochna-drug-so-teshki-telesni-povredi/feed/ 0