загинати луѓе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 07:34:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png загинати луѓе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хамас тврди дека во израелските воздушни напади во текот на ноќта загинале 80 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-tvrdi-deka-vo-izraelskite-vozdushni-napadi-vo-tekot-na-nokta-zaginale-80-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-tvrdi-deka-vo-izraelskite-vozdushni-napadi-vo-tekot-na-nokta-zaginale-80-luge/#respond Wed, 25 Oct 2023 07:11:36 +0000 https://kurir.mk/?p=892819

Владата на палестинското исламистичко движење Хамас, кое е на власт во Појасот Газа, соопшти дека во текот на ноќта во израелските воздушни напади загинале 80 лица. Во нападите се повредени стотици луѓе, се вели во соопштението на канцеларијата за комуникации на владата на Хамас во Газа. Од почетокот на израелското бомбардирање на цели на Хамас во Појасот Газа по терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври извршен од милитантите на движењето, на палестинска територија загинаа илјадници луѓе, од кои повеќето цивили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-tvrdi-deka-vo-izraelskite-vozdushni-napadi-vo-tekot-na-nokta-zaginale-80-luge/feed/ 0
ГИ ПРЕГРНАЛА РОДИТЕЛИТЕ И СКОКНАЛА – маж и жена живи изгореа, додека нивната ќерка се уште не знае дека останала без нив (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-pregrnala-roditelite-i-skoknala-mazh-i-zhena-zhivi-izgorea-dodeka-nivnata-kerka-se-ushte-ne-znae-deka-ostanala-bez-niv-voznemiruvachko-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-pregrnala-roditelite-i-skoknala-mazh-i-zhena-zhivi-izgorea-dodeka-nivnata-kerka-se-ushte-ne-znae-deka-ostanala-bez-niv-voznemiruvachko-video/#respond Mon, 03 Apr 2023 06:46:36 +0000 https://kurir.mk/?p=819301

Во Мексико во саботата се запали балон со топол воздух, при што загина брачен пар, додека нивната ќерка го преживеала падот. Пожарот избувна во близина на древниот град на Ацтеките, Теотихуакан. По избувнувањето на пожарот, балонот се урнал на земја, пишува Мексико Дејли Пост. На социјалните мрежи се појави морничаво видео на кое се гледа како балон гори на речиси 100 метри над земјата. На почетокот на видеото се гледа како едно лице скока од кошот обидувајќи се да се спаси, а цело време се слушаат застрашувачки и заглушувачки врисоци. На местото на настанот, во близина на познатата пирамида на Сонцето, биле испратени екипи за итна помош и пожарникари. Полицијата неофицијално откри дека причина за несреќата најверојатно е поради проблем со системот за складирање гориво. Рејна се уште се наоѓа во болница и не знае дека останала без родители. Нејзината баба изјавила дека тоа било роденденски подарок за неа и дека сите заедно сакале да летаат со балон.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-pregrnala-roditelite-i-skoknala-mazh-i-zhena-zhivi-izgorea-dodeka-nivnata-kerka-se-ushte-ne-znae-deka-ostanala-bez-niv-voznemiruvachko-video/feed/ 0
НАД 30 ЛИЦА ГО ЗАГУБИЈА ЖИВОТОТ: Страотен земјотрес денес ја погоди Кина (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-30-lica-go-zagubija-zivotot-straoten-zemjotres-denes-ja-pogodi-kina-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-30-lica-go-zagubija-zivotot-straoten-zemjotres-denes-ja-pogodi-kina-video/#respond Mon, 05 Sep 2022 15:13:23 +0000 https://kurir.mk/?p=729067

Во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди кинеската провинција Сечуан, најсилниот на подрачјето од 2017 година, загинаа над 30 лица. Некои патишта и домови близу епицентарот се оштетени од лизгање на земјиште, додека комуникациите се во прекин најмалку во едно подрачје, информираше државна телевизија. Нема регистрирано штета на брани и хидроелектрани на 50 километри од епицентарот. Но, штетата на мрежата влијаеше на снабдувањето со електрична енергија за околу 40.000 корисници. Епицентарот на земјотресот е во градот Лудинг, во планините, на околу 226 километри југозападно од главниот град на покраината Сечуан, Ченгду. Како што пренесуваат кинески медиуми, во Лудинг потресот бил толку јак, што на некои луѓе им било тешко да останат исправени. Пукнатини се појавиле во домови во областа. На видеа на социјалните мрежи може да се видат како се лулаат светла, а луѓе од згради бегаат на улица. Според државната телевизија, вкупно 39.000 лица живеат во круг на 20 километри од епицентарот и 1,55 милиони во 100 километри. Најсилниот земјотрес во провинцијата Сечуан е евидентиран во мај 2008 година, со јачина од 8 степени. Притоа загинаа речиси 70.000 лица, а предизвиканата штета беше огромна. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-30-lica-go-zagubija-zivotot-straoten-zemjotres-denes-ja-pogodi-kina-video/feed/ 0
Во Алжир во пожар загинаа најмалку 26 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-alzir-vo-pozar-zaginaa-najmalku-26-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-alzir-vo-pozar-zaginaa-najmalku-26-lugje/#respond Thu, 18 Aug 2022 15:53:37 +0000 https://kurir.mk/?p=720657

Најмалку 26 луѓе загинаа во шумскиот пожар во источниот дел на Алжир. Според алжирското Министерство за внатрешни работи најголемиот број на жртви се пријавени во регионот Ел Тарф во близина на северната граница со Тунис, каде се пронајдени 24 безживотни тела. Во Алжир минатата година загинаа 104 лица, меѓу кои 33 војници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-alzir-vo-pozar-zaginaa-najmalku-26-lugje/feed/ 0
Десетици загинати во терористички напад кај аеродромот во Кабул https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-zaginati-vo-teroristichki-napad-kaj-aerodromot-vo-kabul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-zaginati-vo-teroristichki-napad-kaj-aerodromot-vo-kabul/#respond Fri, 27 Aug 2021 05:34:55 +0000 https://kurir.mk/?p=555438

Десетици лица загинаа, и најмалку 60 се повредени во напад на аеродромот во авганистанската престолнина Кабул – местото на веќе преполната операција за евакуација на луѓето кои се обидуваат да побегнат од Авганистан, кој е под контрола на Талибанците. Една од експлозиите се случила на една од портите на аеродромот, а друга во блискиот хотел. Некои светски медиуми синоќа јавија дека дошло и до трета експлозија. Според некои извештаи, цел на третата експлозија во Кабул било возило на талибанците. Покрај тоа, имало и пукање во близина на аеродромот, но не е познато дали има жртви, ниту кој отворил оган. Генералот Кенет „Френк“ Мекензи, шеф на американската Централна команда соопшти дека во вчерашниот напад загинале најмалку 12 припадници на американската војска, а најмалку 15 биле повредени. Мекензи информира дека во нападот учествувале двајца бомбаши самоубијци, по што вооружени лица отвориле оган. Пред вчерашниот напад, последен пат американски војници беа убиени во Авганистан во февруари 2020 година. Американското Министерство за одбрана потврди дека најмалку двајца бомбаши самоубијци се разнеле во терористичкиот напад на аеродромот во Кабул. По детонациите, голем број борци од терористичката милиција Исламска држава отворија оган врз цивили и војници, рече Мекензи. Во исто време, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул преку својот медиум Амак. Во соопштението на Исламска држава се тврди дека околу 160 луѓе се убиени или ранети во самоубиствен напад и се наведува дека жртвите се американски сили и други кои соработуваат со нив. Веднаш по нападот, американскиот претседател Џозеф Бајден одржа итен состанок со тимот за национална безбедност. – Претседателот се состана со тимот за национална безбедност, на кој присуствуваше и секретарот Блинкен. Ќе продолжиме со целосното известување на претседателот за развојот на ситуацијата, така што врз основа на тоа ќе се донесе одлука за акција, соопшти Белата куќа. Други детали не беа обелоденети. И британскиот премиер Борис Џонсон свика кризни преговори по големата експлозија на аеродромот во Кабул, соопшти неговата канцеларија. Џонсон вети дека ќе ги продолжи напорите за евакуација од Авганистан по „варварскиот“ терористички напад на аеродромот во Кабул. Џонсон рече дека РАФ веќе им помогнал на „огромно мнозинство подобни лица да избегаат од талибанците“ и додаде дека „ќе продолжиме да одиме нагоре до последен момент“, бидејќи рокот брзо се приближува. Министерството за одбрана соопшти дека засега нема информации за ранети, ниту жртви меѓу припадниците на војската или владата во Велика Британија. Со оглед на хаотичната и напната безбедносна состојба во Авганистан, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги покани земјите со право на вето и членки на Советот за безбедност на Обединетите нации на состанок посветен на кризата. Според дипломатски извори, амбасадорите на САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција во понеделник треба да се сретнат со шефот на ОН во Њујорк за да разменат мислења за ситуацијата. Не се објавени повеќе детали за целите на планираната средба. Портпаролот на Обединетите нации не сакал официјално да ја потврди информацијата, јави ДПА. Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, го откажа патувањето во Израел викендов, поради кризата во Авганистан, со одлука објавена непосредно пред експлозијата кај аеродромот во Кабул, по предупредувањата за тероризам еден ден претходно. ОСУДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ Гутереш, преку неговиот портпарол Стефан Дујарик, остро го осуди нападот пред аеродромот во Кабул. – Овој инцидент ја нагласува нестабилноста на ситуацијата на теренот во Авганистан, но исто така ја зајакнува нашата решителност додека продолжуваме да даваме итна помош низ целата земја за поддршка на авганистанскиот народ, напиша Гутереш на Твитер. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најостро ги осуди „кукавичките и нечовечки напади на аеродромот во Кабул“. – Од суштинско значење е да се стори сè за да се осигури безбедноста на луѓето на аеродромот. Меѓународната заедница мора тесно да соработува за да избегне повторно оживување на тероризмот во Авганистан и пошироко, напиша фон дер Лајен на Твитер. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го осуди „ужасниот терористички напад“ во областа на аеродромот во Кабул, изразувајќи сочувство до сите погодени и нивните најблиски. – Наш приоритет останува да евакуираме што е можно повеќе луѓе на безбедно, што е можно побрзо, напиша Столтенберг на Твитер. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека е „многу загрижен“ по експлозијата на аеродромот во Кабул. – Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, напиша високиот претставник на ЕУ на Твитер. – Обезбедувањето безбеден премин до аеродромот останува од витално значење, додаде тој. И Италија „најостро ги осуди“ бомбашките напади на аеродромот во главниот град на Авганистан, Кабул, напиша министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо на Твитер. – Ниту еден Италијанец не е повреден во нападите во Кабул … Изразувам сочувство до оние што го загубија животот и мојата солидарност со ранетите. Италија остро ги осудува нападите, напиша Ди Мајо. Италија продолжува со евакуација на свои државјани од Авганистан со авиони. Нападот го осуди и портпаролот на политичката канцеларија на талибанците во Доха, Сухаил Шахин. – Талибанците најостро го осудуваат овој грозоморен инцидент и ќе ги преземат сите чекори за да ги изведат виновниците пред лицето на правдата, додаде Шахин. Шахин потврди дека се случиле две експлозии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-zaginati-vo-teroristichki-napad-kaj-aerodromot-vo-kabul/feed/ 0