загинати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 09:04:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png загинати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Силен земјотрес во Непал, загинаа најмалку 128 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-nepal-zaginaa-najmalku-128-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-nepal-zaginaa-najmalku-128-luge/#respond Sat, 04 Nov 2023 09:04:16 +0000 https://kurir.mk/?p=896356

Најмалку 128 луѓе загинаа, а десетици се повредени по земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди западниот дел на Непал. Во земјотресот урнати се куќи во областа Јајаркот и бил почувствуван дури и во главниот град на Индија, Њу Делхи, оддалечен 600 км. - Најмалку 20 лица се префрлени во болница со повреди, изјави официјален претставник на областа Џајаркот во Непал, Суреш Сунар. Националниот сеизмолошки центар на Непал соопшти дека земјотресот бил регистриран во 23:47 часот по локално време во областа Јајаркот во провинцијата Карнали. Јајаркот се наоѓа на околу 500 километри западно од главниот град Катманду. Потресот бил почувствуван во соседните области и во главниот град Катманду.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-nepal-zaginaa-najmalku-128-luge/feed/ 0
Петнаесет загинати, 60 ранети во израелски напад врз амбулантни возила во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petnaeset-zaginati-60-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-ambulantni-vozila-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petnaeset-zaginati-60-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-ambulantni-vozila-vo-gaza/#respond Sat, 04 Nov 2023 09:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=896353

Во израелски воздушен напад извршен синоќа врз амбулантни возила користени за евакуација на ранетите од опколениот северен дел на Газа, загинаа 15 лица, а 60 се ранети, соопшти Министерството за здравство на енклавата под контрола на Хамас. Израелската војска соопшти дека идентификувала и погодила амбулантно возило „користено од терористичката ќелија на Хамас“. Тие тврдат дека групата дека пренесувала милитанти и оружје во амбулантни возила. Официјалниот претставник на Хамас Изат Ел Решик рече дека наводите за присуството на неговите борци се „неосновани“. Ашраф ал-Кидра, портпарол на Министерството за здравство на Газа, рече дека амбулантното возило било дел од конвој нападнато во близина на болницата Ал-Шифа во градот Газа. Кидра рече дека Израел го таргетирал конвојот амбулантни возила на повеќе од една локација, вклучувајќи и удар пред болницата Ал-Шифа и плоштадот Ансар што е на еден километар оддалеченост. Во соопштението за инцидентот, израелската војска не достави никаков доказ за да го поткрепи тврдењето дека амбулантното возило е поврзано со Хамас, јавија западни медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petnaeset-zaginati-60-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-ambulantni-vozila-vo-gaza/feed/ 0
Во бурата Кириан во Европа загинаа најмалку 16 луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-burata-kirian-vo-evropa-zaginaa-najmalku-16-luge/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-burata-kirian-vo-evropa-zaginaa-najmalku-16-luge/#respond Fri, 03 Nov 2023 21:04:27 +0000 https://kurir.mk/?p=896289

Бројот на жртви од бурата Киаран во Европа денеска се искачи на 16, од кои шест во Италија, која е тешко погодена во невремето каде е во прекин сообраќајот на западниот дел на континентот. Откако го мина брегот на Атлантикот, невремето се пресели на исток, каде што ги однесе животите на шест лица во Тоскана (на северот на Италија) и донесе рекордни врнежи од дожд „Она што се случи синоќа во Тоскана има само едно име: климатски промени“, изјави гувернерот на таа покраина Еугенио Џани. Владата прогласи „вонредна состојба“ за да може покраината да и се помогне финансиски и материјално. „Ситуацијата е критична“ во Фиренца, предупреди вечерва градоначалникот Дарио Нардела на мрежата Х. Нивото на водата на реката Арно, која минува низ главниот град на Тоскана, го достигна својот врв попладнево. Невремето го зафати и Венето (северо-исток), каде две лица се водат за исчезнати, јавуваат локалните медиуми. Нивото на водата на реката По, најголемата река во Италија, на север порасна за еден метар за 24 часа и се заканува да се излее. Неколку луѓе загинаа од паѓање дрвја под налетот на ветрот: двајца во Белгија - меѓу нив и дете од Украина во Гент - двајца во Франција и по еден во центарот на Мадрид, Германија и Холандија. Во Португалија три лица загинаа кога едрилица која пловела под данско знаме се насука на плажа. Невремето го прекина железничкиот сообраќај во Белгија, најмногу во Фландрија. Во четвртокот во пристаништето Антверпен беше прекинат поморскиот сообраќај. Летовите беа одложени на аеродромот во Брисел. Во Франција животот го загубија две лица, 70-годишен маж во Авр и возач на камион. Во тоа подрачје се повредени 16 лица, од кои седум пожарникари, од кои еден потешко. Премиерката Елизабет Борн изјави дека во Франција се повредени вкупно 47 лица. Нешто повеќе од половина милион домаќинства беа без струја денеска наутро, во однос на 1,2 милиони претходниот ден, изјави владиниот портпарол Оливие Веран. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-burata-kirian-vo-evropa-zaginaa-najmalku-16-luge/feed/ 0
Израелска Армија: Тринаесет војници загинаа во борбите со Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelska-armija-trinaeset-vojnitsi-zaginaa-vo-borbite-so-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelska-armija-trinaeset-vojnitsi-zaginaa-vo-borbite-so-hamas/#respond Wed, 01 Nov 2023 18:07:41 +0000 https://kurir.mk/?p=895491

Тринаесет израелски војници се убиени во борбите со исламистичкиот милитант Хамас во Појасот Газа, соопшти израелската Армијата. -Тие беа убиени денеска на северот од затворениот крајбрежен појас, објави војската. Двајца војници загинаа во борбите вчера, со што вкупно загинаа 15 војници откако Армијата го прошири распоредувањето на копнените трупи во Појасот Газа. Израелската Армија со недели ја бомбардира Газа и воведе нова фаза од војната против Хамас, со започнување постојани копнени операции викендов. -Паралелно, воздушните и поморските сили спроведуваа операција напаѓајќи десетици други цели на Хамас, соопшти војската. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelska-armija-trinaeset-vojnitsi-zaginaa-vo-borbite-so-hamas/feed/ 0
Хамас: Во израелскиот напад врз бегалскиот камп Џабалија погинаа и седум заложници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-vo-izraelskiot-napad-vrz-begalskiot-kamp-dhabalija-poginaa-i-sedum-zalozhnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-vo-izraelskiot-napad-vrz-begalskiot-kamp-dhabalija-poginaa-i-sedum-zalozhnitsi/#respond Wed, 01 Nov 2023 14:49:00 +0000 https://kurir.mk/?p=895430

Военото крило на Хамас денеска соопшти дека седум заложници, вклучувајќи и лица со странски пасоши, се убиени во вчерашното израелско бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија во Појасот Газа. „Смртта за седуммина приведени, меѓу кои тројца со странски пасоши, во вчерашниот масакр во Џабалија“, се наведува во пораката на Телеграм од бригадите Изедин ал Касам. Палестинското Министерство за здравство наведе дека неколку десетици лица загинаа во бомбардирањето на најголемиот бегалски камп во Појасот Газа. Како што соопшти израелската армија, цел на нападот била „елиминацијата“ на воен командант на палестинската организација. Военото крило на Хамас пред неколку дена излезе со проценката дека во израелското бомбардирање се загинати „речиси 50 заложници“. Меѓутоа, ваквата проценка не можеше да биде независно потврдена. Израелските власти соопштија дека најмалку 240 Израелци, двојни државјани, како и странци, сè уште се држат како заложници од Хамас. Сите беа киднапирани на 7 октомври, кога командоси на оваа исламска екстремистичка организација од повеќе страни упаднаа во јужен Израел од Појасот Газа и нападнаа цивили. Нападите беа ненадејни, а насилството беше без преседан. Според израелските власти, во нападот на Хамас загинаа над 1.400 лица. Оттогаш Хамас ослободи четири жени, две Американки и двајца Израелки. Според последните извештаи на Хамас, повеќе од 8.500 Палестинци, меѓу кои околу 3.500 деца, се убиени од почетокот на израелското бомбардирање на Појасот Газа по нападот на 7 октомври. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-vo-izraelskiot-napad-vrz-begalskiot-kamp-dhabalija-poginaa-i-sedum-zalozhnitsi/feed/ 0
Десетици загинати во Газа по израелските напади врз Џабалија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetitsi-zaginati-vo-gaza-po-izraelskite-napadi-vrz-dhabalija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetitsi-zaginati-vo-gaza-po-izraelskite-napadi-vrz-dhabalija/#respond Tue, 31 Oct 2023 22:08:29 +0000 https://kurir.mk/?p=895101

Десетици луѓе загинаа во израелските напади врз Џабалија на северот од Појасот Газа, пренесе ДПА повикувајќи се на израелски и палестински извори. Израелската армија соопшти дека копнените трупи убиле околу 50 терористи. Лекар од болницата Камал Адван во северниот дел на Појасот Газа изјави дека најмалку 35 лица загинале, меѓу кои и деца и жени. Покрај тоа, повеќе од 200 повредени лица се примени во болница, изјави Хусам Абу Сафија за ДПА. Израелската војска соопшти за „напад од големи размери“ врз „воено упориште“ на Хамас во западниот дел на градот, велејќи дека тоа било користено за обука на терористи. Израелските одбранбени сили (ИДФ) во нападот користеле и авиони. Во нападот се урнале и тунелите под зградата. Според ИДФ, во нападот бил убиен командантот на Хамас Ибрахим Биари, кој наводно бил вклучен во масакрите во израелската погранична област на 7 октомври. Хамас имал контрола над цивилните згради во областа, соопшти ИДФ, додавајќи дека армијата го повторила својот повик до жителите на Газа да заминат на југ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetitsi-zaginati-vo-gaza-po-izraelskite-napadi-vrz-dhabalija/feed/ 0
Ужасна статистика: Бројот на загинати во Појасот Газа се искачи над 8.306 луѓе, од нив 3.457 се деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhasna-statistika-brojot-na-zaginati-vo-pojasot-gaza-se-iskachi-nad-8-306-luge-od-niv-3-457-se-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhasna-statistika-brojot-na-zaginati-vo-pojasot-gaza-se-iskachi-nad-8-306-luge-od-niv-3-457-se-detsa/#respond Mon, 30 Oct 2023 12:36:11 +0000 https://kurir.mk/?p=894501

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека бројот на загинати од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас се искачи на 8.306 луѓе. Во борбите што почнаа на 7 октомври повредени се 21.000 лица. Според палестинското Министерство за здравство помеѓу загинатите 3.457 деца и 2.136 жени. Жртвите на нападот на Хамас врз Израел се 1.400 луѓе, а над 200 лица, меѓу кои и странци, беа земени како заложници и однесени во Појасот Газа.  (МИА) Фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhasna-statistika-brojot-na-zaginati-vo-pojasot-gaza-se-iskachi-nad-8-306-luge-od-niv-3-457-se-detsa/feed/ 0
Осум сириски војници загинаа, а седум други се ранети во израелски напад врз областа Даара https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-siriski-vojnitsi-zaginaa-a-sedum-drugi-se-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-oblasta-daara/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-siriski-vojnitsi-zaginaa-a-sedum-drugi-se-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-oblasta-daara/#respond Wed, 25 Oct 2023 08:28:28 +0000 https://kurir.mk/?p=892839

Осум војници загинаа, а седум други се ранети во израелски воздушен напад во текот на ноќта во областа Даара, јави сириската државна агенција САНА, цитирајќи сириски воен извор. Во извештајот се додава дека штета е предизвикана и на локациите погодени од израелските воздухопловни сили, пишува „Тајмс оф Израел“. Израелската војска утринава соопшти дека нејзините борбени авиони ја погодиле инфраструктурата на сириската армија и лансирале минофрлачки ракети како одговор на вчерашните напади од Сирија врз Израел. Војската не соопшти детали за овие напади, јавија британските медиуми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-siriski-vojnitsi-zaginaa-a-sedum-drugi-se-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-oblasta-daara/feed/ 0
Најмалку 28 лица загинаа при превртување на брод на реката Конго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-28-litsa-zaginaa-pri-prevrtuvane-na-brod-na-rekata-kongo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-28-litsa-zaginaa-pri-prevrtuvane-na-brod-na-rekata-kongo/#respond Sun, 22 Oct 2023 20:40:10 +0000 https://kurir.mk/?p=892038

Најмалку 28 лица загинаа при превртување на брод на реката Конго, во истоимената земја во Централна Африка, соопштија денеска локалните власти. Околу 200 патници се спасени, додека засега неутврден број се водат како исчезнати. Несреќите со чамци се чести на реката Конго и езерата во земјата поради честата употреба на импровизирани чамци кои речиси секогаш се преоптоварени. Поголемиот дел од населението во северозападниот дел на земјата ги користи реките за патување поради недостиг на проодни патишта и затоа што тоа е поевтин начин за патување. Владата на Конго ја забрани ноќната пловидба по реките во земјата за да спречи несреќи, но многу луѓе ја игнорираат наредбата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-28-litsa-zaginaa-pri-prevrtuvane-na-brod-na-rekata-kongo/feed/ 0
Газа: Од почетокот на војната загинаа 29 вработени во Агенцијата за бегалци на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaza-od-pochetokot-na-vojnata-zaginaa-29-vraboteni-vo-agentsijata-za-begaltsi-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaza-od-pochetokot-na-vojnata-zaginaa-29-vraboteni-vo-agentsijata-za-begaltsi-na-on/#respond Sun, 22 Oct 2023 20:24:36 +0000 https://kurir.mk/?p=892029

Дваесет и девет вработени во Канцеларијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) загинаа од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври, соопшти денеска агенцијата. „Половина од колегите беа професори на УНРВА“, наведува агенцијата, додавајќи дека за три дена ќе останат без гориво. „Без гориво, без вода, без функционални болници или пекари. Без гориво, нема помош. Недостигот од гориво ќе продолжи да ги задушува децата, жените и луѓето од Газа“, соопшти агенцијата. „Од почетокот на конфликтот, дванаесет раселени лица кои беа во училиштата на ОН се убиени, а речиси 180 се повредени“, се додава во соопштението. УНРВА во саботата соопшти дека потврдила дека 17 од нејзиниот персонал биле убиени од почетокот на бомбардирањето и предупреди дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaza-od-pochetokot-na-vojnata-zaginaa-29-vraboteni-vo-agentsijata-za-begaltsi-na-on/feed/ 0