загрижени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Oct 2020 12:20:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png загрижени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Евробарометар: Европејците загрижени поради економијата, сепак веруваат во подобра иднина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrobarometar-evropejcite-zagrizeni-poradi-ekonomijata-sepak-veruvaat-vo-podobra-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrobarometar-evropejcite-zagrizeni-poradi-ekonomijata-sepak-veruvaat-vo-podobra-idnina/#respond Fri, 23 Oct 2020 12:20:02 +0000 https://kurir.mk/?p=419762

Истражувањето на „Евробарометар“, спроведено во периодот обележан со пандемијата Ковид-19, покажува дека Европејците се многу загрижени за економската состојба, но исто така имаат уверување дека ЕУ ќе донесе правилни одлуки кога станува збор за одговор на кризата. Според новиот Евробарометар, спроведен во јули и август, 64 отсто од Европејците сметаат дека економската состојба е „лоша“, а 42 отсто сметаат дека економијата на нивната земја ќе се опорави од негативните ефекти од појавата на вирусот „во 2023 година или подоцна“. Европејците се поделени во однос на мерките што ЕУ ги презеде за борба против пандемијата, но 62 проценти велат дека веруваат дека ЕУ ќе донесе правилни одлуки во иднина, а 60 проценти остануваат оптимисти за иднината на ЕУ. Најмногу оптимизам е регистриран во Ирска (81 отсто), Литванија и Полска (по 75 отсто) и Хрватска (74 отсто). Најниски нивоа на оптимизам се забележани во Грција (44 отсто) и Италија (49 отсто), каде песимизмот го надминува оптимизмот и Франција, каде мислењето е поделено подеднакво (49 отсто наспроти 49 отсто). Повеќе од една третина од испитаниците сметаат дека економската состојба е најитно прашање со кое се соочува ЕУ, што не се случило од економската криза во 2014 година. Кога станува збор за лични искуства за време на периодот на „затворање“ поради вирусот, 30 проценти од Европејците велат дека било „прилично лесно“ да се справат, додека четвртина велат дека било „прилично тешко“ да се справат со него. Поддршката за Економската и монетарната унија и еврото останува висока, при што 75 проценти од испитаниците во еврозоната заговараат единствена валута на ЕУ, додека тој процент на ниво на целата ЕУ е 67 проценти. Мнозинството луѓе во 26-те земји-членки на ЕУ, со исклучок на Италија, велат дека „се чувствуваат како граѓани на ЕУ“, со најголеми оценки во Ирска и Луксембург (по 89 отсто), Полска (83 отсто), Словачка и Германија (по 82 отсто), Литванија (81 отсто), Унгарија, Португалија и Данска (сите 80 отсто).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrobarometar-evropejcite-zagrizeni-poradi-ekonomijata-sepak-veruvaat-vo-podobra-idnina/feed/ 0
Помпео: САД се длабоко загрижени по заклучоците дека Навални бил отруен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-sad-se-dlaboko-zagrizeni-po-zakluchocite-deka-navalni-bil-otruen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-sad-se-dlaboko-zagrizeni-po-zakluchocite-deka-navalni-bil-otruen/#respond Wed, 26 Aug 2020 06:38:06 +0000 https://kurir.mk/?p=395456

САД се длабоко загрижени од извештаите за прелиминарните заклучоци на медицински експерти од Германија дека рускиот опозициски активист Алексеј Навални е отруен, сооопшти синоќа американскиот државен секретар Мајк Помпео. Ако се потврди дека извештаите се точни, САД го поддржуваат повикот на ЕУ за продлабочена истрага и се подготвени да помогнат во таквите напори, јави дописникот на МИА од Вашингтон. – Семејството на Навални и рускиот народ заслужуваат да видат спроведување темелна и транспарентна истрага, а инволвираните да бидат ставени пред лицето на правдата. Нашите мисли се со семејството на Навални и се надеваме на негово целосно закрепнување, соопшти Помпео. Навални, познат руски антикорупционер и опозициски лидер, минатата недела беше ставен во индуцирана кома откако му се слоши на лет од Томск во Москва. Авионот принудно слета во Омск. Докторите од омската болница извршија првични анализи и утврдија труење со неутврдена нервно-паралитичка супстанца што предизвикува парализа на мускулите, главоболки и халуцинации. Се проценува дека реакциите на пилотот и лекарите од итната помош во болницата, кои веднаш употребиле противотров антропин, биле критични за спасување на животот на Навални. Во саботата наутро Навални со авион беше однесен во берлинската клиника „Шарите“ на понатамошно лекување. Американскиот амбасадор во Москва, Џон Суливан претходно изјави дека труењето на Навални е критичен момент за Русија и многу сериозен настан за САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-sad-se-dlaboko-zagrizeni-po-zakluchocite-deka-navalni-bil-otruen/feed/ 0
САД загрижени поради апсењето демонстранти и новинари во Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-zagrizeni-poradi-apsenjeto-demonstranti-i-novinari-vo-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-zagrizeni-poradi-apsenjeto-demonstranti-i-novinari-vo-belorusija/#respond Fri, 17 Jul 2020 09:18:53 +0000 https://kurir.mk/?p=377526

Американскиот Стејт департмент изрази загриженост поради растурањето на демонстрациите и задржувањето на новинари во Белорусија, откако двајца опозициски кандидати за избор на претседател беа отстранети од трката. Според извештаите, стотици луѓе биле насилно растерани и уапсени во текот на протестите во Белорусија, што беше реакција на незадоволството од забраната за учество на кандидати кои настапуваат против претседателот Александар Лукашенко. -Длабоко сме загрижени од соопштенијата за масовни апсења за време на протестите во Белорусија поради дисквалификација на кандидатите кои настапуваат против Александар Лукашенко на претстојните претстедателски избори во август, за Си-Ен-Ен синоќа изјави претставник на Стејт департментот. -Продолжуваме со повиците до владата на Белорусија да преземе мерки за подобрување на ситуацијата со човековите права и демократијата и да ги исполни обврските пред ОБСЕ, укажа претставникот. Додаде дека почитувањето на основните слободи како мирни собири, граѓанско здружување и слобода на изразувањето, е одлучувачко за зацврстување на билатералните односи меѓу САД и Белорусија. Властите во земјата досега имаат задржано најмалку 17 претставници на медиумите во текот на протестите кои се одвиваат низ целата земја. Комитетот за заштита на новинарите, невладина организација со седиште во Њујорк, вчера ги повика властите во Белорисија да запрат со „прогон, задржување и обвиненија“ против медиумските работници во земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-zagrizeni-poradi-apsenjeto-demonstranti-i-novinari-vo-belorusija/feed/ 0