загриженост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 19:20:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png загриженост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН изразија загриженост за цивилите во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izrazija-zagrizhenost-za-tsivilite-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izrazija-zagrizhenost-za-tsivilite-vo-pojasot-gaza/#respond Fri, 13 Oct 2023 19:20:47 +0000 https://kurir.mk/?p=888671

Обединетите нации изразуваат длабока загриженост за сите цивили во Појасот Газа, откако Израел му нареди на целото население да го напушти северот, поради тековните воздушни напади и продлабочената хуманитарна криза. Портпаролот на ОН Стефан Дијарик рече дека се очекува околу 1,1 милион луѓе да го напуштат северниот дел на Газа, додавајќи дека истата наредба се однесува на целиот персонал на ОН и на оние што се сместени во објектите на ОН, вклучувајќи училишта, здравствени центри и клиники. Од ОН посочија дека двете главни болници на северот на Појасот Газа, индонезиската болница и Шифа, веќе го надминаа вкупниот капацитет од 760 кревети, а болниците на југот на Газа исто така се „пренатрупани“. ОН нагласија дека преместувањето на пациентите, како што се сериозно повредени возрасни, деца и доенчиња на интензивна нега, за нив ќе биде „смртна казна“. ОН, исто така, ги повторија своите повици за итно ослободување на заложниците кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас, како и заштита на цивилите и итен пристап до помошта до енклавата. Советот за безбедност на ОН треба да се состане денеска во Њујорк зад затворени врати за да разговара за ситуацијата во Газа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izrazija-zagrizhenost-za-tsivilite-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
Бајден: Мајмунските сипаници се причина за загриженост https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-majmunskite-sipanici-se-prichina-za-zagrizenost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-majmunskite-sipanici-se-prichina-za-zagrizenost/#respond Sun, 22 May 2022 08:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=680066

Епидемијата на сипаници е нешто за што „сите треба да бидат загрижени“, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден. Бајден додаде дека американските здравствени власти размислуваат за потенцијални терапии и вакцини. -Ние сме многу ангажирани и се обидуваме да најдеме начини да дејствуваме, има кажа Бајден на новинарите во Јужна Кореја пред да замине за Јапонија, следната станица на неговата азиска турнеја. Во меѓувреме, Светската здравствена организација соопшти дека работи на дополнителни насоки во врска со епидемијата на оваа болест. -СЗО работи на дополнителни упатства за ублажување на ширењето на мајмунски сипаници, поради загриженоста дека бројот на случаи може дополнително да се зголеми во текот на летните месеци, рече Дејвид Хејман, претседател на Стратешката и техничката советодавна група на СЗО за заразни опасности со пандемиски и епидемиски потенцијал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-majmunskite-sipanici-se-prichina-za-zagrizenost/feed/ 0
Пешевска: Оправдана е загриженоста на граѓаните од можен изборен фалсификат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-opravdana-e-zagrizenosta-na-gragjanite-od-mozen-izboren-falsifikat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-opravdana-e-zagrizenosta-na-gragjanite-od-mozen-izboren-falsifikat/#respond Sat, 18 Jul 2020 17:46:11 +0000 https://kurir.mk/?p=378199

И кај мене, како и кај мнозинството граѓани оправдана е загриженоста од изборен фалсификат по сите скандали кои се случија во ДИК а поврзано со сумирањето на резултатите од изборите. Неопходно е, Државната изборна комисија да го прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ за да се изврши рачно броење на гласачките ливчиња, доколку сакаме кај граѓаните да се намали сомнежот од можен изборен фалсификат, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска. За жал покрај спроведувањето во време на пандемија, овие избори ќе се паметат и по чудно броење на гласови. И покрај се што се случуваше во кампањата, целиот поткуп на денот на гласање, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победи во 41 општина во Република Македонија, пишува Пешевска во својата објава на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-opravdana-e-zagrizenosta-na-gragjanite-od-mozen-izboren-falsifikat/feed/ 0