загрижувачка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Oct 2020 10:37:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png загрижувачка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО: Епидемиолошката ситуација во Европа е многу загрижувачка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-epidemioloshkata-situacija-vo-evropa-e-mnogu-zagrizuvachka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-epidemioloshkata-situacija-vo-evropa-e-mnogu-zagrizuvachka/#respond Thu, 15 Oct 2020 10:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=416704

Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа денеска оцени дека ситуацијата на континентот во однос на пандемијата на коронавирус е причина за „голема загриженост“. Поради зголемениот број на дневни случаи на Ковид-19 пријавени низ цела Европа, државите, вклучувајќи ги Германија, Велика Британија, Холандија и Шпанија започнаа да воведуваат дополнителни мерки за да го забават вториот бран на пандемијата и да се обидат да го намалат нејзиното влијание. Дваесет и седум земји-членки на Европската унија и Велика Британија евидентираат во просек по 78 000 случаи дневно, во периодот од 5 до 12 октомври, или 152 случаи за секој милион жители. САД бележат 49.000 дневно во просек за истиот период, околу 150 за секој милион жители, објави денеска Волстрит џурнал. Тоа е првпат Европа да ги надмине САД од врвот на вирусот во пролетта, кога болеста се ширеше во голема мера неоткриена поради ограничениот капацитет за тестирање на земјите. Европа сега достигна критична маса на нови случаи слични на оние со кои САД се соочија кон крајот на јуни кога бројот на заразени вртоглаво се зголеми од Флорида до Калифорнија, посочува весникот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-epidemioloshkata-situacija-vo-evropa-e-mnogu-zagrizuvachka/feed/ 0
Д-р Скано од СЗО: Состојбата е загрижувачка, но може да се стави под контрола со прекинување на ланецот на зараза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-skano-od-szo-sostojbata-e-zagrizuvachka-no-moze-da-se-stavi-pod-kontrola-so-prekinuvanje-na-lanecot-na-zaraza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-skano-od-szo-sostojbata-e-zagrizuvachka-no-moze-da-se-stavi-pod-kontrola-so-prekinuvanje-na-lanecot-na-zaraza/#respond Thu, 25 Jun 2020 13:28:49 +0000 https://kurir.mk/?p=362840

Советникот на регионалниот директор за Европа на СЗО, д-р Фабио Скано изрази загриженост од она што се случува во Република Северна Македонија со Ковид-19. Но, рече дека ситуацијата може да се стави под контрола, со масовно тестирање, идентификување на случаите, нивните контакти и нивно изолирање. Тој порача дека граѓаните и Владата треба да соработуваат и да не се дозволи да се влоши состојбата, која ќе бара ригорозни карантински мерки. – Ова што го гледаме во моментов во Македонија е загрижувачко. Поуката што треба да ја извлечеме е дека до пронаоѓањето на делотворна вакцина, не смееме да се опуштиме, односно да го спуштиме градот. Дејствата што ќе се преземат овие денови, но и во неделите и месеците кои претстојат ќе бидат критично важни со цел да се спречат случаите на новозаразени и да се спасат човечки животи. Оваа моја посета на вашата земја, се случи токму навреме. Она што го гледаме низ светот укажува на заклучокот дека вирусот нема наскоро да си замине, напротив, тој брзо се шири и коси животи и треба да направиме сè што е потребно да му се спротивставиме на проактивен начин, односно да бидеме пред него, истакна д-р Скано. Тој рече дека од понеделникот, кога пристигнал во Скопје, остварил многу средби, меѓу кои со претседателот на државата Стево Пендаровски, со Комисијата за заразни болести, како и со претставници на верските заедници. Тој потенцира дека е импресиониран од пожртвуваноста на здравствените работници, кои неуморно работат за заштита на граѓаните од Ковид 19. – Ставањето во функција на структурите за одговор, се случи рано, уште пред да се појави првиот случај. Почнуваме со силниот капацитет на тестирање, кој овозможи идентификување на пациенти уште во раните фази на пандемијата, агилното пренаменување на здравствените установи за лекување на болните од Ковид 19, што овозможи пациентите да бидат згрижени, како и раните мерки за заштита на постарите луѓе во старечките домови, со што се спречи голем број на смртни случаи, нешто што се случи во другите земји. Имаме целосно разбирање дека социо-економските последици од јавно здравствените мерки предизвикуваат загриженост оти директно влијае врз животот и егзистенцијата на луѓето. Сепак здравствениот и економскиот интерес не мора да бидат во судир. Одговорот треба да биде поизнијансиран, а јавно здравствените мерки сразмерни на степенот на пренесување на болеста. Еластичноста и правењето градација на локалното ниво, е клучно во моментот, истакна д-р Скано. Тој рече дека Владата и граѓаните треба да соработуваат за надминување на ситуацијата и да се прекине ланецот на ширење на заразата. Д-р Скано потенцира дека треба да се применуваат универзалните мерки за заштита: миење раце, држење дистанца и носење маска. Тој истакна дека Република Северна Македонија била добар пример во Европа, за тоа како се справува со Ковид-19 и верува дека ситуацијата со заразата повторно може да се стави под контрола. Во однос на олабавување на мерките, д-р Скано рече дека секоја држава презема такви олабавување, но дека е битно рано да се идентификуваат позитивните на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-skano-od-szo-sostojbata-e-zagrizuvachka-no-moze-da-se-stavi-pod-kontrola-so-prekinuvanje-na-lanecot-na-zaraza/feed/ 0