загуби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Aug 2022 11:59:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png загуби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Форбс: Загубите на Русија во војната во Украина изнесуваат 16,5 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-zagubite-na-rusija-vo-vojnata-vo-ukraina-iznesuvaat-16-5-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-zagubite-na-rusija-vo-vojnata-vo-ukraina-iznesuvaat-16-5-milijardi-dolari/#respond Thu, 25 Aug 2022 11:59:00 +0000 https://kurir.mk/?p=723787

Од почетокот на војната на 24 февруари до 24 август, Русија загубила 12.142 парчиња опрема во вредност од 16,56 милијарди долари, без руските проектили, проценува Форбс. Според Форбс, најголема и најболна загуба за Владимир Путин е секако потонувањето на вредниот воен брод „Москва“. Тоа е предводник на руската Црноморска флота вреден 750 милиони долари, која потона во април. Украина соопшти дека го нападнала и го потопила бродот, иако Русија вели дека пожарот на бродот го предизвикал потонувањето. Останатите четири големи загуби кои тешко ја погодија Русија се авионите Ил-76 во вредност од 86 милиони долари, амфибискиот јуришен брод Саратов вреден 75 милиони долари, авионите Су-30СМ во вредност од 50 милиони долари и авионите Су-34 во вредност од 40 милиони долари. Сите овие загуби изнесуваат повеќе од една милијарда долари. Во меѓувреме, шефицата за човекови права на ОН, Мишел Бачелет, го повика рускиот претседател да ги запре вооружените напади врз Украина и додаде дека нуклеарната централа во Запорожје треба да се демилитаризира. Меѓународната заедница мора да инсистира на документирање за да може еден ден да се докажат воените злосторства, додаде Бачелет во својот говор по повод крајот на нејзиниот мандат како Висок комесар на ОН за човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-zagubite-na-rusija-vo-vojnata-vo-ukraina-iznesuvaat-16-5-milijardi-dolari/feed/ 0
ПСЖ има загуби од 200-300 милиони евра за сезоната 2021/22 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-ima-zagubi-od-200-300-milioni-evra-za-sezonata-2021-22/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-ima-zagubi-od-200-300-milioni-evra-za-sezonata-2021-22/#respond Mon, 20 Jun 2022 09:28:23 +0000 https://kurir.mk/?p=693043

Францускиот фудбалски шампион ПСЖ претрпи огромни загуби на крајот од сезоната 2021/22. Според „Л’Екип“, парижаните финансиската година ќе ја завршат со загуба од 200 до 300 милиони евра. Воедно, Пари Сен-Жермен во сезоната 2020/21 веќе забележа загуба од 225 милиони евра. Забележано е дека ситуацијата нема да се подобри ниту следната сезона, бидејќи во новата финансиска година клубот во билансот ќе го има напаѓачот со супердоговор Килијан Мбапе. Сепак, во клубот не се вознемирени од оваа ситуација, а спортскиот директор Луис Кампос, летово има намера да го помине без скапи трансфери. Претходно се дозна дека УЕФА ги разгледува финансиите на ПСЖ и може да се отвори случај против клубот доколку се утврдат прекршувања на финансискиот фер плеј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-ima-zagubi-od-200-300-milioni-evra-za-sezonata-2021-22/feed/ 0
Русија загуби 15.000 војници, 97 авиони, 121 хеликоптер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zagubi-15-000-vojnici-97-avioni-121-helikopter/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zagubi-15-000-vojnici-97-avioni-121-helikopter/#respond Mon, 21 Mar 2022 09:23:21 +0000 https://kurir.mk/?p=650540

Независниот весник Киев објави индикативни проценки за загубите на Русија од 21 март, според Вооружените сили на Украина. Според податоците, уништени се 15.000 војници, 97 авиони, 121 хеликоптер, 498 тенкови, 240 артилериски парчиња. Исто така, руските сили загубија 1.535 оклопни возила, 80 проектили, три брода. Уништени се и 969 возила, 60 тенкови, 24 дронови и 45 противвоздушни оружја, 13 специјална опрема. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zagubi-15-000-vojnici-97-avioni-121-helikopter/feed/ 0
Зеленски: Русија за 19 дена загуби повеќе отколку во двете крвави војни во Чеченија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-rusija-za-19-dena-zagubi-povekje-otkolku-vo-dvete-krvavi-vojni-vo-chechenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-rusija-za-19-dena-zagubi-povekje-otkolku-vo-dvete-krvavi-vojni-vo-chechenija/#respond Tue, 15 Mar 2022 06:35:14 +0000 https://kurir.mk/?p=647249

Преку видео порака до граѓаните се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Како што наведе тој, бранителите продолжуваат да „нанесуваат катастрофални загуби на руските војници“. Зеленски рече дека бројот на соборените хеликоптери во Русија наскоро ќе достигне стотици единици. „Тие веќе изгубија 80 воени авиони, стотици тенкови, илјадници друга опрема. За 19 дена руската армија загуби повеќе во Украина отколку во две крвави и долготрајни војни во Чеченија“, посочи тој. Тој изјави и дека непријателот бил збунет бидејќи не очекувал таков отпор од украинските бранители. Покрај тоа, окупаторите почнаа да сфаќаат дека војната нема да постигне ништо. „Тие веќе почнуваат да сфаќаат дека војната нема да донесе ништо. Нивните војници тоа го знаат, нивните офицери го разбираат тоа. Тие бегаат од бојното поле, ја фрлаат опремата. Ние земаме трофеи и ги користиме за одбрана на Украина. Руските војници денес се всушност добавувачи“, рече Зеленски. Претседателот на Украина ѝ се обрати и на руската армија и им понуди избор – да загинат или да се предадат. „Сакам да им кажам на руските војници, оние кои веќе дојдоа во нашата земја и кои допрва треба да бидат испратени да се борат против нас. Руски регрути, слушајте ме особено внимателно. Руски офицери – вие веќе разбирате сè“, рече Зеленски. „Зошто да умрете? Знам дека сакате да преживеете. Во прислушуваните разговори слушаме што навистина мислите за оваа војна, за овој срам и за вашата земја“, додаде Зеленски. „Затоа ви нудам избор. Во име на украинскиот народ, ви даваме шанса да преживеете ако се предадете на нашите сили. Ќе се однесуваме со вас како што треба да се однесувате кон луѓето, како што не ве третираа во вашата армија. Изберете!“, резимира Зеленски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-rusija-za-19-dena-zagubi-povekje-otkolku-vo-dvete-krvavi-vojni-vo-chechenija/feed/ 0
Тотенхем објави големи загуби предизвикани од пандемијата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-objavi-golemi-zagubi-predizvikani-od-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-objavi-golemi-zagubi-predizvikani-od-pandemijata/#respond Wed, 24 Nov 2021 16:17:24 +0000 https://kurir.mk/?p=599459

Фудбалските клубови ширум Европа продолжуваат да објавуваат загуби, кои ги предизвика пандемијата на коронавирус, особено во периодот кога натпреварите беа играни пред празни трибини. Тотенхем, еден од најсилните и најстабилни клубови во Премиер лигата, официјално соопшти дека минатата 2020/21 сезона, кога натпреварите ги играше без присуство на публика, регистрирал загуба од дури 95 милиони евра. Приходот, кој лондонскиот клуб го остварувал минатата сезона на самиот ден на одигрување на натпреварите изнесувал само 2.3 милиони евра, споредено со 123 милиони евра една сезона претходно. Тотенхем обзнани дека вкупниот долг на клубот за само една година пораснал од 119 милиони евра на 839 милиони евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-objavi-golemi-zagubi-predizvikani-od-pandemijata/feed/ 0
„ЛГ“ е првиот голем производител на смартфони кој поради загуби го затвора својот синџир на производство https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/lg-e-prviot-golem-proizvoditel-na-smartfoni-koj-poradi-zagubi-go-zatvora-svojot-sindzir-na-proizvodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/lg-e-prviot-golem-proizvoditel-na-smartfoni-koj-poradi-zagubi-go-zatvora-svojot-sindzir-na-proizvodstvo/#respond Mon, 05 Apr 2021 08:30:49 +0000 https://kurir.mk/?p=492451

„ЛГ“ е првиот голем производител на смартфони што се повлекува од пазарот Сеул, 5 април 2021 (МИА) – Јужнокорејската компанија „ЛГ електроникс инк.“ е првиот голем производител на паметни телефони што го затвора својот синџир на производство поради загуби, откако не најде нов сопственик. Одлуката за повлекување ќе остави празни околу 10 отсто од пазарот во Северна Америка, каде што беше трет, а каде „Самсунг електроникс“ и „Епл инк.“ ќе се борат за тој дел од пазарот. – Во САД, „ЛГ“ целеше кон пазарот на уреди од средна и ниска класа и тоа значи дека „Самсунг“, кој има поумерени цени од „Епл“, ќе биде во подобра позиција кај купувачите на „ЛГ“, смета Ко Еуи-јанг – аналитичар во „Хај инвестмент енд секјуритис“. Одделението за паметни телефони на „ЛГ“ забележа загуби од скоро 4,5 милијарди долари за шест години. Напуштањето на ваков конкурентен пазар ќе му овозможи на „ЛГ“ да се посвети на области како што се – делови за електромобили, паметни домови и слични системи и уреди, се вели во соопштението на компанијата. Според познавачите, компанијата била потисната од недоволно знаење за спротивставувањето на новите кинески конкуренти. Тековниот глобален удел на ЛГ е само два отсто. Оттаму лани лансираа 23 милиони паметни телефони на пазарот, додека Самсунг пласираше 256 милиони уреди. „ЛГ“ ќе обезбедува поддршка и нови верзии на програмите за постојните корисници уште некое време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/lg-e-prviot-golem-proizvoditel-na-smartfoni-koj-poradi-zagubi-go-zatvora-svojot-sindzir-na-proizvodstvo/feed/ 0
Загубите поради заглавениот брод во Суецки канал може да надминат милијарда долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagubite-poradi-zaglaveniot-brod-vo-suecki-kanal-moze-da-nadminat-milijarda-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagubite-poradi-zaglaveniot-brod-vo-suecki-kanal-moze-da-nadminat-milijarda-dolari/#respond Thu, 01 Apr 2021 06:07:46 +0000 https://kurir.mk/?p=490600

Директорот на Суецкиот канал, египетскиот адмирал Осама Раби синоќа изјави дека загубите поради тоа што бродот „Евер дгивен“ бил заглавен во каналот неколку дена може да достигнат милијарда долари. – Износот, штетата и загубите односно колку пари се потрошија за ископување, на влечења, се уште не се пресметани,но проценката е можеби повеќе од милијарда долари, изјави Осама Раби. Бродот „Евер гивен“ беше заглавен во Суецкиот канал речиси една недела, а беше извлечен во понеделникот. Суецкиот канал е вештачки канал долг 163 километри, што ги поврзува Средоземното и Црвеното Море и ја одделува Африка од Азија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagubite-poradi-zaglaveniot-brod-vo-suecki-kanal-moze-da-nadminat-milijarda-dolari/feed/ 0
Формула 1 со загуба од речиси 400 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/formula-1-so-zaguba-od-rechisi-400-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/formula-1-so-zaguba-od-rechisi-400-milioni-dolari/#respond Sat, 27 Feb 2021 12:52:58 +0000 https://kurir.mk/?p=474763

Формула 1 обезбеди финансиски извештај за 2020 година, според кој тркачката серија претрпе загуби во износ од 386 милиони долари, објави „Моторспорт“. „Кралските трки“ заработија 1,1 милијарда долари минатата година, за разлика од 2 милијарди во 2019 година. Наградниот фонд се намали од 1 милијарда на 711 милиони долари од 2019 година. Загубите на Формула 1 се поврзани со намалувањето на бројот на етапите и отсуството на гледачи на трибините поради пандемијата на коронавирус. Новата сезоната во Формула 1 ќе започне на 28 март со трката во Бахреин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/formula-1-so-zaguba-od-rechisi-400-milioni-dolari/feed/ 0
За сто дена нема повеќе и подобро, има вето, рецесија и загуби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sto-dena-nema-povekje-i-podobro-ima-veto-recesija-i-zagubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sto-dena-nema-povekje-i-podobro-ima-veto-recesija-i-zagubi/#respond Wed, 09 Dec 2020 10:04:44 +0000 https://kurir.mk/?p=440795

Што добија граѓаните во првите 100 дена од Владата на премиерот Зоран Заев? И покрај многутте ветувања, граѓаните се соочија со вето, рецесија, енормна загаденост на воздухот и висока стапка на смртност од КОВИД-19. Пред првите 100 дена од Владата премиерот Зоран Заев ветуваше се и сешто на граѓаните. ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА „Уште во првите месеци од мандатот новата Влада ќе обезбеди механизми за структурни реформи во јавната администрација, но и во делот на владеење на правото преку прочистување на судството и градење силна независна правна држава“, изјави премиерот Зоран Заев на 30.08.2020. Новиот министер за правда, Бојан Маричиќ вети дека во првите 100 дена од мандатот ќе биде подготвен модел за прочистување во правосудството, кој треба да ја зајакне одговорноста на судиите и обвинителите кои намерно застаруваат предмети. „Не е готов, затоа што не се истечени деновите, меѓутоа и затоа што се подготвува интензивно. Можам да ве уверам дека до крајот на годината, до 30 декември, очекуваме да биде усвоен и објавен. Усвоен од Советот на обвинители, од Судскиот совет и Советот за судски реформи на Владата“, вели министерот за правда Бојан Маричиќ при давање изјава за медиуми пред неколку недели. Справување со економската криза беше уште едно од ветувањата на премиерот Заев во експозето при изборот на новата Влада. т.н. четврт пакет мерки тежи 470 милиони евра и во најголем дел ги опфаќа туристичко-угостителските дејности. Министерот за економија тврди дека немаат заостанати обврски, а тоа што го одложиле за идната година е пренаменето за справување со корона-кризата. И на крајот премиерот уште ги убедува граѓаните дека државата оди напред. „Државата прогресира Мицкоски протестира, за да си ја задржи фотелјата, истакна Заев. Од друга страна чесно е да е се дадат 100 дена на владата, а не да се протестира по петтиот, шестиот ден“, рече премеирот Зоран Заев во своето гостување во емисија на МТВ. СУРОВА РЕАЛНОСТ Во делот на евроинтеграции следува торнадо, пресврт, Македонија доби вето од Бугарија. Бугарскиот претседател Румен Радев во својата изјава за бугарско-македонски односи со индиција дека засега Бугарија нема да се откаже од ветото. „Нашите браќа од Република Северна Македонија треба да станат членови на ЕУ, но тоа мора да биде со искоренување на антибугарската реторика, говорот на омраза и објективното признавање на историската вистина, што мора да стане неповратен процес и тука Бугарија треба категорично да ги брани своите права“, изјави Румен Радев -претседател на Бугарија. Премиерот Зоран Заев ја шокираше македонската јавност со своето интервју дадено за бугарски медиуми БГНЕС. „Во тоа време, на почетокот, имаше една администрација. Потоа Бугарија се приклучи кон антифашизмот, се бореше за слобода, за демократија и несомнено беше дел од антифашистичкиот фронт. Бугарските и македонските трупи ослободија неколку територии – Крива Паланка, Куманово, целиот регион, Скопје и целиот овој дел. И ова е добар дел од нашата историја, што нè прави уште пообединети“,изјави премиерот Зоран Заев ви интервју за БГНЕС (25.11.2020). Во делот на економијата од пред неколку дена македонската економија и официјално е во рецесија, а изгледите за 2020 година се значително влошени. Државниот завод за статистика објави дека минусот во третиот квартал е 3,3%, што само ги потврди прогнозите дека состојбата на терен е сериозно влошена. Во третиот квартал економијата ја одржувале во живот земјоделството, градежништвото и секторот за информации и комуникации. Финалната потрошувачка била во номинален пад од 1,4%, односно 6,8% во делот на извозот на стоки и услуги. Дека состојбите не чинат потврди и Народната банка, која драстично ги коригира прогнозите за растот на македонската економија. „Во согласност со ваквиот контекст, при понеповолно надворешно окружување, но и послаби остварувања во првата половина на оваа година, најновите проекции упатуваат на пад на економската активност од 4,9% во 2020 година и постепено закрепнување со интензитет од 3,9% и 3,6% во следните две години“, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. А, во делот на здравството и во справување со КОВИД кризата Македонија има значително висок црн биланс, односно енормен број на починати и заразени. За 100 дена од владата на премиерот Зоран Заев Македонија бележи околу 1.300 починати лица од КОВИД-19. Граѓаните за оваа енормна бројка на починати лица бара одговорност од самата влада и министерот за здравство Венко Филипче. Поради еномрната бројка на починати Македонија се рангира на врвот на европската и светската листа на починати од КОВИД-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sto-dena-nema-povekje-i-podobro-ima-veto-recesija-i-zagubi/feed/ 0
Загуби од 30 до 40 милијарди евра за францускиот туризам поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagubi-od-30-do-40-milijardi-evra-za-francuskiot-turizam-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagubi-od-30-do-40-milijardi-evra-za-francuskiot-turizam-poradi-kovid-19/#respond Sun, 09 Aug 2020 10:47:26 +0000 https://kurir.mk/?p=388350

Францускиот државниот секретар за туризам, Жан-Баптист Лемуан, во интервју за „Журнал ди Диманш“,  вели дека загубите во тој сектор се движат од 30 до 40 милијарди евра, поради „непосредното влијание“ на здравствената криза, јави дописникот на МИА. -Во нормални времиња, туризмот генерира приход од 180 милијарди евра, од кои 60 милијарди доаѓа од меѓународниот туризам. Непосредното влијание на епидемијата е најмалку 30 до 40 милијарди евра, рече државниот секретар. – Многу туроператори ни кажуваат дека нивниот промет ќе се намали од 20 до 25 отсто на крајот на годината, додава тој. И покрај катастрофалните бројки, Жан-Баптист Лемуан сепак забележува дека „Французите учествуваат масовно во заживување на туристичкиот сектор со тоа што ја фаворизираат Франција“. Тој посочува дека 70 отсто од оние што заминале на одмор ја избрале Франција. – Но, да бидеме јасни: во нормални времиња, Франција пречекува 17 милиони странски туристи секое лето кога девет милиони Французи одат во странство и дел од оваа меѓународна клиентела исчезна, нагласи тој. На меѓународно ниво, Светската организација за туризам регистрира огромна загуба од 320 милијарди долари за туризмот. Помеѓу јануари и мај, бројот на меѓународни посетители опадна за 56 отсто во текот на една година, забележува Организацијата, која стравува од загуба од 100 до 120 милиони директни работни места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagubi-od-30-do-40-milijardi-evra-za-francuskiot-turizam-poradi-kovid-19/feed/ 0