захариева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 01 Nov 2020 20:19:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png захариева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Она што денес го збори Захариева Заев го има ветено, Милошоски ќе ја свика собраниската комисија за надворешни работи“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ona-shto-denes-go-zbori-zaharieva-zaev-go-ima-veteno-miloshoski-kje-ja-svika-sobraniskata-komisija-za-nadvoreshni-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ona-shto-denes-go-zbori-zaharieva-zaev-go-ima-veteno-miloshoski-kje-ja-svika-sobraniskata-komisija-za-nadvoreshni-raboti/#respond Sun, 01 Nov 2020 20:19:08 +0000 https://kurir.mk/?p=423419

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешната комуникација со граѓаните во живо на Фејсбук, на прашање зошто владата не реагира на провокациите на Бугарија и што ќе правиме ако Бугарија не блокира во ЕУ, Захариева тоа и го потврди кога кажа дека нема Европска Унија без признавање на бугарски корени, одговори дека во моментот најважно е Македонија да ја одржи таа меѓувладина конференција во ЕУ што би значело симболичен почеток на преговорите. Исто така Мицкоски информира дека во текот на следната недела ВМРО-ДПМНЕ ќе свика одржување на седница во рамките на парламентот, на која што ќе може отворено да се разговара за македонските црвени линии. -И покрај тоа што овој лажлив политичар не убедуваше уште пред две ипол години дека треба да се радуваме и дека сме ги отпочнале преговорите. И порај тоа што овој лажлив политичар заедно со неколкумина негови послушници не убедуваа дека го заштитиле македонскиот јазик и идентитет, сега гледаме дека ниту го заштитиле и тоа сега е и главната пречка да се случи тој почеток на преговорите. И сега ние на крајот треба да видиме каде е почетокот, каде е генезата на сето ова, а почетокот е оној момент кога се случи овој човек да биде избран за премиер. Бидејќи од тука започнуваат сите проблеми во Македонија за секој граѓанин без разлика на неговата етничка припадност. Бидејќи политичкото функционирање се темели на поткуп, притисоци, закани, уцени и лаги. Буквално никаква креативност, никаква стратегија, никаква визија за понатаму. И сега се чудам каде ги снема неговите слуги и во опозицијата сегашна, кои што во тоа време го фалеа неговиот потег кога одлучи да се откаже од уставното име Македонија, велејќи дека тоа биле мудри политики и визионерски потег, а денес ги нема нигде да кажат по некоја реченица, рече Мицкоски. А вистината е следна, продолжи претседателот Мицкоски. Имено, европскиот пратеник Андреј Ковачев рече дека ако сака Македонија да го отпочне процесот со преговори, што тоа го потврди и министерката за надворешни работи Захариева, тогаш ќе мора да прифати и да каже дека современата македонска нација, јазик и држава се темелат на бугарски корени. -За волја на вистината еден врвен бугарски политичар на еден од состаноците на Европската народна партија ми рече дека сето ова е ветено од страна на Зоран Заев и дека кога тој бил тогаш во опозиција ги убедувал дека најважно е тој да стане премиер, а за другото нема никаков проблем. Тогаш беа упатени многу критики до нас во ВМРО-ДПМНЕ дека ете не сме сакале да преговараме, но ние сме се уште на истиот став дека таа тема не заслужува разговори и преговори. Бидејќи македонската нација и држава си имаат свои корени, посочи Мицкоски. Ова нема никаква врска со европските вредности, и тој во денешното видео обраќање апелираше до источниот сосед, а истовремено и до Европа да ја одржи таа прва меѓувладина конференција, да отпочнат преговорите, бидејќи најмалку што им должи ЕУ и нашиот источен сосед на македонските граѓани, без разлика на етнички верски состав, е токму тоа да се даде надеж и европска перспектива за Македонија. -Бидејќи заедно се боревме против фашизмот, заедно се ослободивме од лошите форми на комунизмот, бевме и домаќини на стотици и стотици бегалци за време на косовската криза, го одржавме мирот за време на кризата во 2001-ва година, и затоа мислиме и цениме дека најмалку што заслужуваат македонските граѓани е во декември да отпочнат преговорите со ЕУ. А ние како партија, преку пратеникот Антонио Милошоски кој е претседател на собраниската комисија за надворешни работи, во текот на следната недела ќе свикаме одржување на седница во рамките на парламентот, на која што ќе може отворено да се разговара за македонските црвени линии, ќе бидат поканети политичари од власта, како и министерот за надворешни работи и Зоран Заев, па ќе можат отворено да зборат за сето тоа што го лажеа македонскиот народ изминативе четири години дека имаат загарантирана европска перспектива, истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ona-shto-denes-go-zbori-zaharieva-zaev-go-ima-veteno-miloshoski-kje-ja-svika-sobraniskata-komisija-za-nadvoreshni-raboti/feed/ 0
Мицкоски: Османи да каже дали Захариева барала од државава нов договор за уставни измени со кој ќе се редефинира нашата нација, јас тоа никогаш нема да го прифатам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-osmani-da-kaze-dali-zaharieva-barala-od-drzavava-nov-dogovor-za-ustavni-izmeni-so-koj-kje-se-redefinira-nashata-nacija-jas-toa-nikogash-nema-da-go-prifatam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-osmani-da-kaze-dali-zaharieva-barala-od-drzavava-nov-dogovor-za-ustavni-izmeni-so-koj-kje-se-redefinira-nashata-nacija-jas-toa-nikogash-nema-da-go-prifatam/#respond Tue, 13 Oct 2020 17:41:14 +0000 https://kurir.mk/?p=415941

Проблемот кој го имаме со источниот сосед, не е таму проблемот само Гоце Делчев, таму имаме низа проблеми и за сите тие проблеми треба внимателно да ги следиме и да реагираме. Затоа што овој пат ни треба поддршката од целата македонска јавност. Ние не смееме да оставиме политичари кои буквално да дивеат спасувајќи ги своите политички кариери уништувајќи нација асимилирајќи нација уништувајќи ја современата македонска држава, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само интервју. Тој укажа дека Зоран Заев во изминатите 4 години кажа многу работи, а во суштина гледаме многу проблеми. Кога лажел Заев се поставува прашањето, укажа Мицкоски. Според него авантуристички не се потпишуваат договори кои во минатото и поискусни политичари не ги потпишале. -Јас ќе ви ја кажам вистината, дека ова што го бараат е ветување на Заев уште пред изборите во 2016 година. Прво ги загрози шансите за европска перспектива, а да, никој проблем не се игнорира. Еве ќе ви дадам уште една екслузивна информација да го прашаме министерот за надворешни работи Бујар Османи дали е точни дека барањето од страна на неговата колешка било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот со уставни измени каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго. Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите, посочи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-osmani-da-kaze-dali-zaharieva-barala-od-drzavava-nov-dogovor-za-ustavni-izmeni-so-koj-kje-se-redefinira-nashata-nacija-jas-toa-nikogash-nema-da-go-prifatam/feed/ 0
Проф. Чепреганов до Захариева: Македонија ќе ги надживее и сегашниве предавници и политички квислинзи, како и во минатото, и без помош од големите сили https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-chepreganov-do-zaharieva-makedonija-kje-gi-nadzivee-i-segashnive-predavnici-i-politichki-kvislinzi-kako-i-vo-minatoto-i-bez-pomosh-od-golemite-sili/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-chepreganov-do-zaharieva-makedonija-kje-gi-nadzivee-i-segashnive-predavnici-i-politichki-kvislinzi-kako-i-vo-minatoto-i-bez-pomosh-od-golemite-sili/#respond Sat, 16 May 2020 12:44:11 +0000 https://kurir.mk/?p=346682

Еве еден предлог. Пријателски и добрососедски, поддржете го патот и влезот на Македонија во ЕУ без услови и уцени, па откако станеме членка, тогаш како еднакви и без можност и механизам да поставувате уцени и услови со цел да наметнувате решенија, нека седнат историчарите од двете земји, на научни собири, конференции и нека работат врз основа на научна методологија. Не ќе да ви одговара така, нели? Ова се истакнува во отворено писмо до бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, го пишува македонскиот историчар и поранешен директор на Институтот за национална историја, проф.д-р Тодор Чепреганов. Писмото ексклузивно го доби „Економски Лидер“ и го објавува во целост: Почитувана Захариева, Проследувајќи ги вашите изјави последните денови на ТВ, човек не може, а да не се запраша дали се работи за хумористична програма или трагикомедија. Во една од вашите изјави во врска со македонскиот идентитет ќе истакнете „никој не им оспорува да се самоопределат како што сакаат“. Е баш Ви благодариме, небаре од Вас чекавме дозвола и од Вас зависи тоа. Нејсе, токму горенаведениот факт е всушност вашата болка, ВАШ проблем. Не наш. Не македонски. И секако, вашиот комплекс тука не завршува, напротив тука почнува. Веднаш потоа, во стилот на брзата птица тркачица или итрица во истоимениот цртан филм, со брзина на светлината и самата веднаш се демантирате, па ќе истакнете дека тоа право ВИЕ им го признавате и го дозволувате, само од 1944 година натаму. Хаха, смешно, нема што. А кој ве праша? Македонскиот народ сигурно не. Не му е грижа за вашите фантазии. Кои сте па вие да одредувате туѓи истории, туѓи колективни мемории и национални чувства? Небаре имате монопол врз историските факти, па вие ќе диктирате новокомпонирана политичка лажна историја, па уште не за себе туку и за други? Нема да дозволиме. Сеуште ја повторувате истата грешка, не учите од историјата, туку настојувате да ја измените, сакајќи да ги скриете своите историски грешки. Секогаш на погрешна страна на историјата. Историјата ви се повторува. Г-ѓо Захариева, за нас историчарите, па и за македонскиот народ, вие сте само уште една жална фигура која ја повторува истата матрица, и која не може да излезе од бугарската матрица за негирање на македноскиот идентитет, јазик и култура. Добро би било да се надраснете. При очи се правите слепи. Вашето негирање на вековното постоење на еден народ, со свој јазик, своја уникатна култура прифатена во целиот свет, со сопствена и засебна историја, за нас не е ништо ново. Напротив, да сте ја проучиле подобро македонската историја, ќе сте заклучиле дека не сте ни први ни последни во вековната низа на негатори, а сепак македонскиот народ, јазик, култура, традиција, колективна меморија и национално чувство опстанале и опстојуваат до денес. И тоа евашиот комплекс и вашиот проблем. Но, повторувам, тоа е Ваш, не наш, не македонски. Ние нашите проблеми во вид на предавници и политички квислинзи, како и во минатото, така и сега, ќе ги пребродиме, македонскиот народ ќе ги надживее и повторно, како и секогаш, сам без никаква странска помош од некоја од големите сили, сами ќе си се избориме за нашите правдини. Впрочем, слушнете ја македонската химна, токму тоа и се пее во неа. Со изјавата дека го признавате самоопределувањето на македонскиот народ од 1944 година, дали сакате да кажете дека во Македонија се водела ГРАЃАНСКА ВОЈНА? Се бореле БУГАРИ против БУГАРИ? Хаха, каков хумор. Тоа не поминува. Сакате како „браќа“ да не ставите на страната на силите на Оската? Не, не, тоа не може. Колку и да сакате тоа и да го направите, не ќе можете, бидејќи вистината е сосема спротивна. Македонија и македонскиот народ во Втората светска војна ја одбраа вистинската страна, страната на Антифашистичката коалиција, а не како Вас погрешната страна и, пак, само поради САН СТЕФАНСКИОТ сон. Македонската војска сама ја ослободи Македонија. Вие бевте тие кои со сите административни, полициски, воени и предавнички сили настојувавте тоа да го спречите. Ако бевме „браќа“ зошто така ѕверски ги убивте: Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Цветан Димов, Васил Антевски Дрен, Вера Јоциќ, Кире Бајрамчевски, Ваташките деца, Кузман Јосифовски – Питу, Дабничкото клање и др. и стотина други испративте во затвори и интернации само поради тоа што беа МАКЕДОНЦИ. Нивниот идеал беше самостојна, независна и обединета македонска држава, со МАКЕДОНЦИ, МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА. Вашите административни, полициски, воени сили требаше сето тоа да го оневозможат. Но, не успеаја во тоа. Дали тоа е „братски“, почитувана Захариева. Или по умесна би била онаа народната: „- Кој ти ги извади очите? – Брат ми. – Се гледа по дупките. Многу се длабоки“. Благодарам за такво братство, почитувана Захариева. Зарем според Вас, членка на ЕУ, во XXI век, неоснованото и политички диктирано негирање на факти, аргументи и научни докази и трудови (домашни и меѓународни) за историскиот континуитет на македонскиот народ, ОСОБЕНО ПРЕД 1944 г., се европски стандарди? Што промовираат европските стандарди, НЕГАЦИЈА ИЛИ АФИРМАЦИЈА на различностите? Сметам дека е второто. И сум сигурен дека тоа лежи во основата на европските стандарди. Но тука, за жал, се наоѓаме во период во кој се почесто се доведувани во прашање „европските принципи“ . Несомнено дека во прашање е кризата на идентитет на ЕУ и нејзините цели и вредности. Во моментов, политичка предност ви дава членството во ЕУ – „блудницата Вавилонска“ – која е само бледа сенка од некогашните европските стандарди и наместо еднаквост и соработка, ја злоупотребувате за уцени и закани. Треба да Ви биде јасно, што побрзо ја прифатите реалноста, дека за сосед имате повеќе вековен народ, МАКЕДОНСКИ, КОЈ ЗБОРУВА МИЛОЗВУЧЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ИМА СВОЈА УНИКАТНА ИСТОРИЈА И КУЛТУРА, ќе Ви биде полесно и на Вас и на Вашата политичка гарнитура која сеуште мечтае за неиживеаниот сон за САН СТЕФАНСКА БУГАРИЈА. Но, тоа е завршена приказна. Си го имате како државен празник за да Ве потсетува на Вашите неуспеси кои дури и во XXI век не можете да ги пребродите. Па така, доаѓаме до политичкиот „Договор за пријателство и добрососедство“ (ако е тоа!?), а кој во суштина, е сосема спротивното. Велите „основата на нашиот договор е историјата“?!?! и дека истиот требал да ги реши историските работи, а преку тотално идентитетско, јазично и историско обезличување на македонскиот народ. Почитувана Захариева, до денес не ми е познат договор за добрососедство и пријателство меѓу две држави во кој како основа за негово реализирање се става историјата. Со ова само се потврдува она што го зборувам од потпишувањето на договорот, дека е асиметричен на штета на Македонија. Повеќе од јасно е дека комисиите се продолжена рака на политичарите и нивната улога е само „про-форма“ со цел да го легитимираат и да му дадат привид на научна тежина на веќе договореното меѓу политичарите, што во јавноста, неодамна, го потврдија и поранешниот премиер З. Заев, кога изјави дека решение ќе се најде, Бујар Османи кој истакна дека договорот е потпишан и мора да се реализира, а исто така и на бугарскиот премиер Борисов кој изјави дека за нив работата е решена со потпишувањето на договорот и Македонија е таа која треба да го реалзира, како УСЛОВ/УЦЕНА за почеток на преговорите. Многу итро, нема што. Ниту е „добрососедски“ ниту „пријателски“ ниту е договор. Само една ништовна уцена дадена од позиција на сила, завиена во украсна хартија. Никого не излажавте, свесен е македонскиот народ, со векови го градел имунитетот на ваквите итроштини. Еве еден предлог. Пријателски и добрососедски, поддржете го патот и влезот на Македонија во ЕУ без услови и уцени, па откако станеме членка, тогаш како еднакви и без можност и механизам да поставувате уцени и услови со цел да наметнувате решенија, нека седнат историчарите од двете земји, на научни собири, конференции и нека работат врз основа на научна методологија. Не ќе да ви одговара така, нели? Вие најдобро си знаете дека аргументите не се на Ваша страна и затоа со крајни сили и ултимативни барања ги злоупотребувате механизмите на ЕУ од позиција на надмоќ, со цел да спречите објективно и научно толкување на историјата и прифаќање на истата, колку и да е болна за вас. Е, ама и ние го знаеме истото. Поради тоа, вашиот ултиматум да се делегитимираат и обезличат македонските историските факти и аргументи, е осуден на пропаст. Самите кажавте, дека договорот (читај: уцената) е поради историјата. Испорачаните решенија барате да бидат политички, а не решенија на комисии донесени врз основа на научна методологија и ослободени од политички притисок, уцени и рокови. Истите треба да ви послужат за добивање на легитимитет на вашите наметнати аспирации преку политичкиот диктат. Следствено, сметам дека комисијата треба ан блок да се повлече и да ги прекине преговорите. Ова е уште една причина за неизбежниот неуспешен крај на уште една ваша историска грешка и неправда. Политички договори се склучуваат, но и се раскинуваат. Политички сојузи и унии се формираат, но и се распаѓаат, идентитетот и јазикот остануваат. Па така, македонскиот народ во некои подобри и поповолни времиња, ќе и пресуди и на оваа неправда и ќе си дојде по своето. Македонија имала, има и ќе има синови и ќерки кои ќе се изборат против неправдите. И тие ќе бидат повторно дел од нашата историја, колективна меморија и национална свест. Тие ќе бидат наши херои кои ние ќе си ги славиме и сеќаваме. А вие? Веројатно повторно ќе се обидувате на секој начин да ја измените историјата, срамејќи се од своите претходни постапки и историски грешки. За крај, почитувана Захариева, ние не сме „един народ“, напротив ние сме два многу различни народи со испреплетени, но дијаметрално спротивни истории. Вие нацифашисти, ние антифашисти. Вие окупатори, ние борци за слобода и самостојност. Вие уцени и услови, ние почит и разбирње. Ниту нашите претци, ниту ние, ниту нашите потомци ќе прифатат поистоветување или изедначување со вашиот или со било кој друг народ и нација. Ние знаеме кои сме и што сме, какви сме такви сме, Македонци сме. Никогаш ништо друго и поинаку. Само со меѓусебно респектирање и почитување на различностите, без било каква уцена и негирање, со меѓусебно прифаќање на историјата како два посебни и засебни народи, можеме пријателски и добрососедски да чекориме кон и во Европа. Европската унија и нејзините стандарди Ви се постојано во уста, но за жал, европските стандарди, кај Вас, сеуште не успеале да надвладеат и се уште не сте излегле од матрицата на вашите претходници. Со еден збор: СТАРА МАТРИЦА, СТАРА ПЕСНА. П. С. Вам можеме само да ви бидеме благодарни поради фактот што со постојаното негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура го постигнувате спортивното: САМИТЕ ВИЕ ИСТИТЕ СИЛНО ГИ ЗАЦВРСТУВАТЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-chepreganov-do-zaharieva-makedonija-kje-gi-nadzivee-i-segashnive-predavnici-i-politichki-kvislinzi-kako-i-vo-minatoto-i-bez-pomosh-od-golemite-sili/feed/ 0
Захариева: Што е проблемот да се каже дека јазичната норма им се заснова на бугарскиот јазик? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-shto-e-problemot-da-se-kaze-deka-jazichnata-norma-im-se-zasnova-na-buarskiot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-shto-e-problemot-da-se-kaze-deka-jazichnata-norma-im-se-zasnova-na-buarskiot-jazik/#respond Fri, 08 May 2020 08:47:20 +0000 https://kurir.mk/?p=343393

„Нашата цел е да ја признаеме заедничката историја, да ги чествуваме заедно оние херои кои се самоопределуваа како Бугари, но се бореле за идеалите на Македонија, која што,  што е проблемот да се каже, да, јазичната норма, која е официјална во нивниот Устав, започна во 1945 година и се заснова на бугарскиот јазик. Кој е проблемот да го кажат тоа? Ние не го оспоруваме нивниот идентитет, ние први кои ја признавме, тогаш Република Македонија. Не постои правна норма за признавање на нација и јазик“, ја пренесува БГНЕС изјавата на бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева . „Со текот на годините, Бугарија отсекогаш била една од најсериозните поддржувачи на С. Македонија и навистина сакам да ги повикам - ние потпишавме еден договор, двајцата премиери ги ставија потписите и не е добро да се оспорува она што го пишува таму,“ вели Захариева. „Уште во 1999 година имавме договор со С. Македонија, кој беше потврден со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и во кој се договоривме како да се нарекува официјалниот јазик, според Уставите на двете држави. Тоа е формулата за која се согласивме и сакам да се придржуваме до неа“, додава Захариева. Според неа, научниците, се разбира, можат да ја помогнат работата на дипломатите, но работата на Комисијата не смее да се политизира. „Ако треба да бидам искрена, еднострано суспендирање на оваа Комисија од страна на С. Македонија се чини дека ја политизира оваа Комисија“, смета Захариева. Таа додава дека за да работи Комисијата треба да има состаноци, дури и на оддалеченост, а не го разбира тоа „средбите да запираат со аргумент дека таму претстојат избори“. Идејата е, како што вели Захариева, да се остават историчарите и експертите  да работат и тие самите да стигнат до заедничко решение за кое што ќе ги информираат политичарите, без овие да им се наметнуваат. „Во последно време има над 100 публикации за Бугарија во С.Македонија, како сите таму да го разбираат фудбалот и Бугарија, а за жал, тоа не е случај кога антибугарската тема е присутна на нивните избори. Мислам дека изборите минуваат, но соседите остануваат“, изјави Захариева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-shto-e-problemot-da-se-kaze-deka-jazichnata-norma-im-se-zasnova-na-buarskiot-jazik/feed/ 0