захир бекири чауш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Jan 2020 12:26:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png захир бекири чауш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Ла Верита“ со нови моменти во подзаборавената афера за фалсификувани лични карти: Захир Бекири Чауш и Зоран Заев биле партнери во криминалот! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-otkri-podzaboravena-afera-za-falsifikuvanite-lichni-karti-zahir-bekiri-chaush-i-zoran-zaev-bile-partneri-vo-kriminalot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-otkri-podzaboravena-afera-za-falsifikuvanite-lichni-karti-zahir-bekiri-chaush-i-zoran-zaev-bile-partneri-vo-kriminalot/#respond Thu, 30 Jan 2020 11:41:55 +0000 https://kurir.mk/?p=296871

Најновите документи за изборниот поткуп и измами кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита, а се однесуваат на изборите во 2014 година и активностите на Зоран и Вице Заеви заедно со струмичкиот клан, повторно го отворија и прашањето за вмешаноста на Зоран Заев во обидите да се фабрикува афера за фалсификувани пасоши и лични карти за кои пишуваше неделникот Фокус во 2014 и 2015 година. Транскриптите од следената комуникација со посебни истражни мерки покажуваат дека Заев и осудуваниот криминалец Захир Бекири Чауш имале блиска комуникација во врска со купувањето гласачи во 2014 година, но доказот за оваа блискост потсети и на прашањето дали дел од планот на Заев бил додека тргува со гласови паралелно да креира и афера во која јавноста ќе ја замајува дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која прави изборен криминал, а не самиот тој? Во транскриптите од Основното Јавно Обвинителство за изборниот криминал на Заеви, а кои беа објавени од Ла Верита стои како Заев му наложува на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ - Српче да контактира со Захир Бекири Чауш во врска со „некои важни документи“, после што и му го праќа на Српче бројот на Чауш. Српче го известува Заев дека исконтактирал со Чауш, а Чауш наложува на Заев да му се јави на командант Баци од Тетово бидејќи имал да испорача минимум 5000 гласови и бил човек од кого се плашеле и Тачи и Ахмети. Оваа комуникација ја докажува директната поврзаност на Заев со Чауш, која досега јавноста ја оценуваше само со помош на една слика од кабинетот на Заев, како и со неговото јавно признание дека Чауш е член на СДСМ. Но овие транскрипти потврдуваат дека Заев и Чауш комуницирале и во врска со изборен криминал.
НЕУСПЕШНО ФАБРИКУВАНА АФЕРА ВО ПРОДУКЦИЈА НА ЗАЕВ И ЧАУШ ЗА КОЈА ЗАЕВ Е ПОВТОРНО АМНЕСТИРАН
Да се потсетиме на самите почетоци на аферата за т.н. фалсификувани пасоши и лични карти која ја објави Фокус. Новинарот Љубиша Арсиќ во ноември 2014 година објави текст за постоење на некаква тајна фабрика за изработка на пасоши кои ги злоупотребува тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај текстот, Арсиќ и Фокус како „доказ“ објавуваат видео кое наводно треба да го докаже постоењето на оваа „фабрика за пасоши“. На почетокот на снимката гласот пред да започне да зборува прашува „Може?“. Откако веројатно добива потврда дека камерата снима, има тишина од 10-тина секунди после кои започнува со својот монолог кој е кажан како да им дава инструкции на повеќе луѓе кои наводно работат во фабриката за пасоши и лични карти на ВМРО-ДПМНЕ. „Ајде ти, ти, то, то, ајде работи, ајде дотерувај ги работите, нека ода работите таму, шо е то? Не ги шајкам ич, ајде терај, знајш шо треба да работиш, ајде, вози“ - ова е дел од режираниот говор кој човекот го започнува невообичаено, одненадеж и по чие завршување повторно има чудна невообичаена тишина. Веднаш по пишувањето на Фокус за оваа т.н. „тајна фабрика“, самиот Зоран Заев јавно зборуваше за видеото, како дел од пошироката слика која се обидуваше СДСМ да ја прикаже дека поразот на изборите во 2014 од 200.000 гласа разлика бил „украдена победа за СДСМ од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, а фалсификуваните пасоши се дел од оваа изборна измама. Фокус не застана тука. Една година подоцна, во ноември 2015 истиот новинар пишува нов „ексклузивен текст“ за навоно фалсификувани лични карти, кој се доведува во поврзаност со написот од ноември 2014 година - односно, покрај пасоши сега има и лични карти кои на Арсиќ му ги доставил анонимен извор. Со ова за авторите на сценариото им се чини дека сцената е добро изрежирана и дека јавноста ќе биде убедена во приказните на СДСМ за изборниот пораз. Како „поддршка“ на лажните информации кои (свесно или несвесно) ги пласираше Арсиќ, тој за „истрагата за пасошите“, и покрај видеото кое го имаше како наводен „доказ“, доби и две награди, кои како да имаа за цел да ја верифицираат точноста на наводите на новинарот. И можеби СДСМ ќе успееше во ова, доколку институициите во март 2016 година не извршија претрес на повеќе локации меѓу кои и во домот на Захир Бекири Чауш и при претресот се утврди дека тепихот од видеото на Фокус е ист како во домот на Чауш, а биле пронајдени разни предмети за кои постои сомнение дека биле користени за фалсификување на документи. Покрај ова пронајдени се панцири, оружје, куршуми, разни документи како и хард диск со 70.000 прислушувани разговори.
ЗАЕВ И ЧАУШ САКАЛЕ ДА ПЛАСИРААТ АФЕРИ И ЗА БУГАРСКИ ПАСОШИ И ШВАЈЦАРСКИ СМЕТКИ?
При акцијата во домот на Чауш и неговото семејство, запленети се и фалсификувани бугарски пасоши со имиња на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, лажни обрасци од банкарски трансакции со банки во Швајцарија, а пронајдена беше и база на податоци со украдени лични идентитети на повеќе од 120 илјади граѓани. Ова упатува на можни планови на сценаристите на неуспешната афера покрај за „изборна измама“ со пасошите и личните карти, на сличен начин, можеби кај истиот новинар на Фокус, да пласира лажни афери и за бугарски пасоши на членови на ВМРО-ДПМНЕ, како и лажни швајцарски сметки на милионски суми. Потоа, за очекување е дека Заев, СДСМ и нивните пропагандисти ќе сееа магла меѓу јавноста дека не само што ВМРО-ДПМНЕ украло избори, туку и пари, како и дека имаат бугарски пасоши, со што ќе се црташе сликата за „криминалните непатриоти“ со цел да се одоброволи јавноста за новата власт на СДСМ која доаѓа „да го реши името“. После разоткривањето дека не ВМРО-ДПМНЕ, туку членот на СДСМ Захир Бекири Чауш го вршел фалсификувањето на личните документи и банкарски налози, дури и новинарот Арсиќ призна дека можеби бил доведен во заблуда. Но и покрај ова, наградите кои ги доби за лажната сторија нне беа ниту повлечени, ниту тој ги врати на оние кои му ги доделија.
ЛА ВЕРИТА ГО ДАДЕ ПОТРЕБНИОТ ДОКАЗ ДЕКА ЗАЕВ ИЗМИСЛУВАЛ АФЕРИ ЗА ВМРО-ДПМНЕ?
Искуствата од објавените т.н. „бомби“ години подоцна јасно и недвосмислено потврдуваат дека нелегално прислушуваните материјали кои ги објавуваше Заев имаа пропагандистичка улога, со цел да ја доведе јавноста во заблуда и на негова страна, создавајќи ја сликата која му одговара со јавна презентација на селектирани и сечени материјали. Се чини дека по истиот принцип се обидел да го стори истото и со помош на Захир Бекири Чауш, но јавноста освен една слика на која се заедно Заев и осудуваниот Чауш, немаше доказ дека двајцата имале потесна соработка. Се знаеше единствено дека сопругата на Чауш била вработена во Паркинзи на општина Центар, кои тогаш ги раководеше денешниот градоначалник Саша Богдановиќ - Српче. Со новите докази кои ги објави Ла Верита, „коцките си доаѓаат на своето место“. Токму Српче е дел од комуникациската тројка со Заев и Чауш која зборува за „важни документи“ и за купување 5000 гласови на изборите со помош на командант на УЧК. Но, оваа комуникација докажа и дека Заев и Чауш се толку блиски соработници, што зборуваат за извршување на изборен криминал. Па така, логично е реторичкото прашање „Дали ваква комуникација и планирање имале и за аферата за пасоши и лични карти?“ односно дали тој обид за сценирање афера не бил координиран во директна комуникација со Заев, како и при разговорите за 5000 гласови со помош на командант Баци.
САМО ЗА ВИЛМА РУСКОСКА НЕМА КРИМИНАЛ И НЕ ГО ГЛЕДА ОНА ШТО Е ЈАСНО ЗА СИТЕ
Но и покрај овие докази за изборен поткуп, фалсификат и тежок криминал кој носи многу години во затвор, за шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, такви докази не постојат, па таа го затвора случајот во 2018 година и не подига обвинение. Рускоска, новиот обвинителски пулен на Заев, ќе каже без трошка двоумење, дека случајот го затворила бидејќи немала докази иако истите се прибавени со посебни истражни мерки, односно се снимени разговори и „фатени“ смс пораки кои потоа се преточени во транскриптот кој го објавува Ла Верита. Тоа значи дека сето она кое стои во документите на Ла Верита е директно раскажување на разговори, а и за невештото око се гледа дека во досега објавените документи има не доволно туку премногу докази за сторени тешки кривични дела. Но, такво кривично дело е и непостапувањето по вакви индиции. И за такво дело со однесувањето во овој случај се квалификува токму Вилма Рускоска.
РАЗОБЛИЧЕНА ПРОПАГАНДАТА НА СДСМ: ПРАВЕЛЕ ИЗБОРНИ ИЗМАМИ, А ГО ОБВИНИЈА ВМРО-ДПМНЕ СО ГОЛЕМ ОБИД ДА СЕ ИЗМАМИ НАРОДОТ
Еден факт сепак останува несоборлив: вистината навистина е како шило и секогаш, порано или подоцна, си го наоѓа својот пат до јавноста. Во времето на бомбите Заев најавуваше дека ќе се дознаела вистината за Диво Насеље, Тамара, Нешковски, Смилковско Езеро, Младенов... Години подоцна, со СЈО и ОЈО по мерка на Заев, Диво Насеље останува таму каде што беше, на судењето за смртта на Тамара сведоштва говорат тотално различна приказна од она што го говореше СДСМ, убиецот на Нешковски беше пуштен на слобода, па избега, осудените за убиството на Смилковско езеро се исто така на слобода, а сопругата на Никола Младенов потврди дека новинарот загина во трагична сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина. Денес може да се каже дека и блиската криминогена соработка меѓу Заев и Чауш е факт, а може со голема веројатност да се претпостави дека токму од оваа соработка произлезе и обидот да се излаже цела Македонија со т.н. „афера за пасоши и лични карти“ дека некој друг, а не СДСМ прави изборен криминал, поткуп, закани и уцени поради кои во регуларна правна држава учесниците во тој криминал ќе минат долги години зад решетки. Но, во таква држава треба да има обвинител кој пред ваквите докази нема да замижува и да ги затвора случаите на Заев, еден по еден, како што го стори и во случајот „Поткуп“. За несреќа на Заев и Рускоска, ваквите дела не застаруваат толку бргу, а доказите, како што гледаме, ги има се повеќе и повеќе...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-otkri-podzaboravena-afera-za-falsifikuvanite-lichni-karti-zahir-bekiri-chaush-i-zoran-zaev-bile-partneri-vo-kriminalot/feed/ 0
Захир Беќири – Чауш доби државна работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zahir-bekjiri-chaush-dobi-drzavna-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zahir-bekjiri-chaush-dobi-drzavna-rabota/#respond Tue, 19 Feb 2019 13:24:47 +0000 https://kurir.mk/?p=165647

Захир Беќири - Чауш стана дел од Институтот за стандардизација (ИСРМ), кој е формиран од владата. Од Институтот велат дека не сакаат да излегуваат со детали додека не добијат мислење од Комисијата за заштита на лични податоци дали со излегувањето податоци во јавноста за нивните вработени не им ги прекршуваат правата, објавува Независен.мк. „Можеме да ви кажеме дека лицето за кое што прашувате не е вработено ниту на определено, ниту на неопределено време. На 14 февруари испративме барање до Комисијата за заштита на лични податоци да ги прашаме дали смееме да објавиме податоци за лицата што кај нас се под договор на дело. Додека не добиеме одговор, не би коментирале ништо“, велат од Институтот за стандардизација за „Независен весник“. Браќата Захир и Имер Беќири беа обвинети за фалсификување на лични карти, пасоши како и за изработка и набавка на оружје. Случајот во јавноста е познат како „Фабрика за афери“ и предизвика бурни реакции на политичката сцена. Во мај 2016 година, Основниот суд Скопје 1 пресуди затвор од 2.5 години за Чауш, односно една година затвор за неговиот брат. Институтот за стандардизација е формиран во март 2003 година, врз основа на Законот за стандардизација и Одлуката на Владата како посебна јавна установа, одделувајќи се од Заводот за стандардизација и метрологија. „Со Законот за стандардизација се уредуваат целите и принципите на македонската национална стандардизација, статусот на ИСРМ како и неговите задачи, зачленувањето и неговото финансирање, подготовката, усвојувањето и објавувањето на македонските национални стандарди и нивната примена. Со Статутот на ИСРМ се уредува името, седиштето и организацијата на ИСРМ, неговата дејност, застапувањето и претставувањето, органите и нивните надлежности и одговорности, правата и обврските на членовите на ИСРМ, финансирањето и други прашања во врска со неговото работење“, наведува Институтот за својата работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zahir-bekjiri-chaush-dobi-drzavna-rabota/feed/ 0
Чауш против денешната акција на „Тигрите“: Падна првата жртва од новиот режим https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chaush-protiv-deneshnata-akcija-na-tigrite-padna-prvata-zrtva-od-noviot-rezim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chaush-protiv-deneshnata-akcija-na-tigrite-padna-prvata-zrtva-od-noviot-rezim/#respond Mon, 04 Jun 2018 21:19:57 +0000 https://kurir.mk/?p=62374

Захир Бекири-Чауш на социјалните мрежи се огласи по повод денешната акција на полициската единица „Тигри“ во тетовското село Ларце каде беше застрелано лице со дебело криминално досие, баран повеќе од една деценија. -Падна првата жртва од новиот режим. Албанец во Тетово, Бог да го прости. До актуелната власт, не тепавте во Бит пазар, во Гостивар, во тетово за Универзитетот, сега пола полицајци од тој Универзитет имаат дипломи. Ви веруваме нарочито јас! Не сјебавте сите, а мене посебно со кејф. Е па идете у пичку матер, доста беше, напиша Чауш на својот Фејсбук профил. Неколку часа траела акцијата на специјалците на МВР за приведување на 38 годишниот Ј.Р. По претходно направен план, полицијата ја опколило куќата на криминалецот но тој веднаш дал отпор.. Во самоодбрана фрлил рачна бомба. Од МВР велат дека по ова облекол панцир, со себе зел автоматска пушка со три рамки оружје, пиштол и четири рачни бомби па побегнал на околу 200 метри од својот дом.. Со ова не престанала престрелката. Тој повторно се обидел да фрли рачна бомба кон специјалците но бил застрелан. Малкумина од жителите сакаа да говорат за акцијата на МВР. Роднините на убиениот не дозволуваа да се снима нивниот дом.. Рекоа дека во селото имало многу полиција и таа ја снимала целата акција. Речиси половина ден беше забранет пристапот во Ларце. Увидни екипи на полицијата и обвинителството неколку часа собирале докази од местото. Доцна попладне сите заедно го напуштија селото. Според МВР, 38 годишниот криминалец бил баран за издржување 27 годишна затворска казна.. Бил осуден за дури шест кривични дела. Обвинителствата во Скопје и Тетово го гонеле за убиство, обид за убиство, нелегално поседување оружје, грабнување, кражба на возила, учество во тепачки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chaush-protiv-deneshnata-akcija-na-tigrite-padna-prvata-zrtva-od-noviot-rezim/feed/ 0