закана за бомба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Apr 2023 17:27:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закана за бомба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Закана за бомба во јапонскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zakana-za-bomba-vo-japonskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zakana-za-bomba-vo-japonskiot-parlament/#respond Thu, 20 Apr 2023 17:27:09 +0000 https://kurir.mk/?p=826038

Јапонскиот парламент доби електронска порака во која непознати напаѓачи се закануваат дека за утре се планирани напади врз институцијата. Одделот за односи со јавност на Горниот дом на јапонскиот Парламент примил електронско писмо во кое се наведува дека во петок, на 21 април, во 13:34 часот по локално време (6:34 часот по средноевропско време) ќе се случи масовно убиство во Горниот и Долниот дом на парламентот), пренесува Санкеи Њуз. Авторите на заканите соопштиле дека припаѓаат на религиозна група, но не е прецизирано за која станува збор. Нивната цел, како што навеле, е да извршат терористички напад, „бидејќи само во него гледаат можност за промени во државата“. Во писмото понатаму се наведува дека се „поставени голем број бомби со разорна моќ во ходниците на горниот и долниот дом на парламентот“ како и уреди со кои ќе се распрска отровната супстанца сарин, која, патем, е еден од најопасните нервни агенси. По добивањето на дописот, полицијата извршила проверка во просториите, но засега нема дополнителни информации. Кон средината на месецот беше извршен напад врз премиерот на Јапонија, Фуми Кишида. Врз него беше фрлена супстанца слична на димна бомба. Претходно, минатиот јули, поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе беше убиен додека држеше говор во градот Нара. Во него пукаше четириесет и седумгодишен Јапонец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zakana-za-bomba-vo-japonskiot-parlament/feed/ 0
ПОВТОРНО ДОЈАВА ЗА БОМБИ: 9 средни училишта во Скопје и НБРМ под закана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-dojava-za-bombi-9-sredni-uchilishta-vo-skopje-i-nbrm-pod-zakana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-dojava-za-bombi-9-sredni-uchilishta-vo-skopje-i-nbrm-pod-zakana/#respond Wed, 07 Dec 2022 09:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=772140

Денеска (07.12.2022) околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информират од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-dojava-za-bombi-9-sredni-uchilishta-vo-skopje-i-nbrm-pod-zakana/feed/ 0
Закана за бомба во Судскиот совет на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zakana-za-bomba-vo-sudskiot-sovet-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zakana-za-bomba-vo-sudskiot-sovet-na-kosovo/#respond Fri, 24 May 2019 10:29:54 +0000 https://kurir.mk/?p=201507

Судскиот совет на Косово претпладнево добил анонимна закана по телефон за поставена бомба во неговите простории, јави дописникот на МИА од Приштина.

По добиената дојава полициски екипи излегоа на местото на настанот и го обезбедуваат објектот кој се наоѓа во центрот на градот.

Инфрмацијата во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на приштинската полиција Фљора Ахмети, која изјави дека е започната истрага за откривање на идентитетот на лицето кое се заканило по телефон.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zakana-za-bomba-vo-sudskiot-sovet-na-kosovo/feed/ 0