заклетва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 31 Aug 2023 17:12:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заклетва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шефот на пучот во Габон в понеделник ќе положи заклетва како „преоден претседател“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-puchot-vo-gabon-v-ponedelnik-ke-polozhi-zakletva-kako-preoden-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-puchot-vo-gabon-v-ponedelnik-ke-polozhi-zakletva-kako-preoden-pretsedatel/#respond Thu, 31 Aug 2023 17:12:51 +0000 https://kurir.mk/?p=873134

Новиот лидер на Габон, генерал Брис Олигуи Нгуема ќе положи заклетва како „преоден претседател“ в понеделник пред Уставниот суд, соопштија водачите на државниот удар. Според нив, тие „постапно ќе влезат во преодните институции“. Габонската хунта објави дека го назначила генералот Брис Олигуи Нгуема за привремен лидер, а успехот на овој удар ќе претставува крај на 56-годишното владеење на семејството Бонго во таа поранешна француска колонија, земја која сега е една од најголемите африкански производители на нафта. Воената хунта вчера објави дека ја презела власта и го ставила претседателот Али Бонго во домашен притвор. Пучистите ги поништија изборните резултати со кои Бонго доби трет мандат, а ова е осми пуч во Западна и Централна Африка од 2020 година. -Предизвиците со кои се соочува Габон мора да се решат во согласност со принципите на владеење на правото, уставниот поредок и демократијата, изјави Борел, висок претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност. Од тоа зависат мирот и благосостојбата на земјата, како и регионалната стабилност, додаде тој. Борел нагласи дека ЕУ е крајно загрижена за начинот на кој беа спроведени претседателските избори, кои му претходеа на државниот удар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-puchot-vo-gabon-v-ponedelnik-ke-polozhi-zakletva-kako-preoden-pretsedatel/feed/ 0
Новиот албански претседател Бегај утре ќе положи заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/region/noviot-albanski-pretsedatel-begaj-utre-kje-polozi-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/noviot-albanski-pretsedatel-begaj-utre-kje-polozi-zakletva/#respond Sat, 23 Jul 2022 12:23:31 +0000 https://kurir.mk/?p=709293

Во Тирана утре ќе се одржи официјалната церемонија на трансфер на функцијата претседател на Албанија, меѓу досегашниот Илир Мета и новоизбраниот Бајрам Бегај. Според агендата, Бегај во 18 часот на посебна седница на законодавниот дом ќе положи заклетва, а со седницата ќе претседава претседателката на Парламентот, Линдита Никола а по читањето на заклетвата, ќе се заколне пред пратениците на Собранието, по што ќе одржи и поздравен говор. Втората церемонија ќе се одржи во претседателската резиденција во 19 часот и 30 минути. На оваа церемонија актуелниот претседател Мета функцијата ќе му ја предаде на Бегај, кој ќе биде придружуван од неговото семејство. Симболично, претседателката на Уставниот суд, Виторе Туша ќе му го предаде Уставот, а дел од церемонијата ќе бидат и 21 артилериски топовски истрел во интервал од 30 секунди еден од друг. Ќе има и свечен прием во дворот на резиденцијата. Бегај (55), предлог на владејачките социјалисти, беше избран на 4 јуни во четвртиот круг од гласањето (во трите немаше кандидати) со 78 гласови „за“, што подразбира дека гласаа и опозициски пратеници, четворица пратеници гласаа „против“, додека еден беше „воздржан“, од вкупно 140 пратеници колку што брои Парламентот. Пред да биде избран Бегај беше началник на Генералштабот на вооружените сили, со чин генерал. Тој е осмиот претседател на Албанија, по падот на комунизмот и е втор висок армиски старешина на оваа функција, по Алфред Моисиу (2002-2007), кој исто така по чин беше генерал. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/noviot-albanski-pretsedatel-begaj-utre-kje-polozi-zakletva/feed/ 0
Новиот претседател на Шри Ланка положи заклетва: Главниот предизвик на мандатот ќе биде решавање на економската криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-pretsedatel-na-shri-lanka-polozi-zakletva-glavniot-predizvik-na-mandatot-kje-bide-reshavanje-na-ekonomskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-pretsedatel-na-shri-lanka-polozi-zakletva-glavniot-predizvik-na-mandatot-kje-bide-reshavanje-na-ekonomskata-kriza/#respond Thu, 21 Jul 2022 07:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=708230

Поранешниот премиер на Шри Ланка Ранил Викремесинг денеска положи заклетва како нов претседател на земјата, која се соочува со невидена економска криза. Викремесинг положи заклетва пред главниот судија Џајант Јајасуирија на церемонијата одржана во зградата на парламентот во Коломбо, пренесува АП. Парламентот на Шри Ланка претходно во средата го избра Викремесинг (73) за шеф на државата со мнозинство гласови за да го заврши мандатот на поранешниот претседател Готабаја Рајапакса, кој избега од земјата и поднесе оставка откако демонстрантите упаднаа во неговата резиденција. За Викремесинге гласаа 134 од 225 пратеници. Се очекува Викремесинге да биде на власт до 2024 година, до крајот на мандатот на Рајапакса. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-pretsedatel-na-shri-lanka-polozi-zakletva-glavniot-predizvik-na-mandatot-kje-bide-reshavanje-na-ekonomskata-kriza/feed/ 0
Новиот австралиски премиер положи заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-avstraliski-premier-polozi-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-avstraliski-premier-polozi-zakletva/#respond Mon, 23 May 2022 07:28:05 +0000 https://kurir.mk/?p=680329

Новиот австралиски премиер Ентони Албанезе денеска положи заклетва на функцијата пред да отпатува на самитот во Токио на кој ќе присуствува и американскиот претседател Џо Бајден. Поранешниот лидер на левоцентристичката опозиција кој истакнува дека неговата земја е подготвена да се вклучи во борбата против климатските промени, ќе учествува на самитот „Quad“ (САД, Индија, Јапонија, Австралија) што од утре ќе се одржува во Токио. На собирот покрај Бајден ќе учествуваат и јапонскиот премиер Фумио Кишида и индискиот премиер Нарендра Моди. Новиот 59-годишен премиер положи заклетва на кратка церемонија. Меѓу членовите од неговиот тим кои ја презедоа функцијата се и министерката за надворешни работи Пени Вонг, која ќе го придружува Албанезе на самитот во Токио, министерот за буџет Џим Чалмерс и министерката за финансии Кејти Галагер. Централно-левичарската Лабуристичка партија на Албанезе на изборите одржани во саботата ја победи конзервативна коалиција на неговиот претходник Скот Морисон, која девет години управуваше со земјата и притоа смени тројца премиери. Се уште не е завршено пребројувањето на гласовите за да се утврди дали партијата на Албанезе ќе има мнозинство во Парламентот. - Сакам да водам влада која го има истото чувство на оптимизам и надеж што, според мене, сметам дека го дефинира австралискиот народ, рече Албанезе пред да замине од Сиднеј во Канбера каде ја даде свечената заклетва. Албанезе кој се опишува себеси како прв кандидат за премиерската функција што нема англо-келтско име, и Пени Вонг која е родена во Малезија и е првата министерка за надворешни работи родена во странство, дадоа заклетва пред генералниот гувернер Дејвид Харли. Заклетва положи и вицепремиерот Ричард Марлс, кој ќе ја врши функцијата премиер додека Албанезе е во Јапонија. Засега Лабуристичката партија има сигурни 75 од вкупно 151 место во Парламентот, што е едно помалку од потребното мнозинство. Конзервативната коалиција е на пат да освои 58 места, неврзаните пратеници 12, а шест места се уште се неизвесни, објави Австралиската изборна комисија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-avstraliski-premier-polozi-zakletva/feed/ 0
Матарела положи заклетва за нов мандат на претседател на Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matarela-polozi-zakletva-za-nov-mandat-na-pretsedatel-na-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matarela-polozi-zakletva-za-nov-mandat-na-pretsedatel-na-italija/#respond Thu, 03 Feb 2022 15:32:30 +0000 https://kurir.mk/?p=626605

Серџо Матарела (80) денеска положи заклетва пред двата дома на парламентот и го презеде вториот мандат како претседател на Италија. Реизборот на Матарела, кој првично не сакаше да се согласи на нов седумгодишен мандат, донесе привремен одмор од тензиите во широката владејачка коалиција во Италија, по една недела неуспешни напори за избор на претседател, објави Ројтерс. Матарела минатиот викенд изјави дека актуелната криза поради коронавирусот и тешките економски и социјални услови во Италија значат дека негова должност е да ја прифати одлуката на парламентот да биде реизбран. Матарела, кој е од Сицилија, ја доби довербата на Италијанците со своите тивки, мирни и умерени јавни настапи и начинот на кој ги решаваше политичките кризи и здравствените проблеми. Тој првпат ја презеде претседателската функција на 3 февруари 2015 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matarela-polozi-zakletva-za-nov-mandat-na-pretsedatel-na-italija/feed/ 0
Инаугурација на новиот американски претседател Бајден, ова е програмата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inauguracija-na-noviot-amerikanski-pretsedatel-bajden-ova-e-programata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inauguracija-na-noviot-amerikanski-pretsedatel-bajden-ova-e-programata/#respond Wed, 20 Jan 2021 06:59:51 +0000 https://kurir.mk/?p=457283

Новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден денеска ќе положи заклетва во Вашингтон и официјално ќе стане 46-ти претседател на таа држава. Церемонијата на инаугурацијата наречена „Обединета Америка“ нема да биде како претходните инаугурации, бидејќи организаторите и локалните власти во Вашингтон ги повикаа Американците да не доаѓаат, туку да ја следат церемонијата преку интернет во своите домови. Безбедноста во Вашингтон ќе биде зајакната додека Пентагон објави дека ќе испрати најмалку 20.000 војници на Националната гарда. Во текот на утрото на 20 јануари, Бајден ќе присуствува на миса во катедралата Сент Метју во Вашингтон. Тој ги покани демократите Ненси Пелоси и Чак Шумер, како и републиканците Кевин Мекарти и Мич Меконел да бидат со него на мисата. Избраниот претседател потоа ќе маршира со конвој до Капитол Хил каде што започнува церемонијата на инаугурација во 11 часот по локално време (17 часот по средноевропско време) на големиот подиум поставен спроти Националниот трговски центар. Националната химна ќе ја пее поп-sвездата Лејди Гага на скалите на Капитол Хил, а пејачката Џенифер Лопез ќе одржи „музички перформанс“, според организацискиот одбор. Бајден и потпретседателката Камала Харис ќе положат заклетва во 12:00 часот, потоа претседателот ќе го одржи својот инаугуративен говор во кој треба да ја потврди својата визија за желбата да се победи пандемијата, подобро да се реконструира, обедини и да се лекува нацијата, според организацискиот комитет. Во раните попладневни часови, Бајден ќе замине на Националните гробишта во Арлингтон близу Вашингтон за да положи венец на гробот на Незнајниот херој заедно со поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон и нивните сопруги. Тој ќе се врати со конвој во Вашингтон. Конвојот треба да запре на неколку десетици метри од Белата куќа за да му се дозволи на Бајден да влезе пеш опкружен со воена придружба. Тој таму ќе ги потпише првите претседателски укази попладнето. Вечерта по локално време Бајден и Камала Харис ќе и се обратат на нацијата за време на специјалното шоу на кое домаќин е актерот Том Хенкс. Специјалната емисија „Celebrating America“ ќе се емитува од 20.30 до 22.00 часот по локално време на каналите ABC, CBS, NBC, CNN и MSNBC, како и на YouTube. Меѓу гостите на Хенкс ќе бидат Џон Бон Џови, Џастин Тимберлејк и Деми Ловато. Претседателот во заминување Доналд Трамп најави дека нема да присуствува на инаугурацијата. Поранешниот претседател на САД, демократот Џими Картер (96), нема да биде присутен на свечената заклетва поради возраста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inauguracija-na-noviot-amerikanski-pretsedatel-bajden-ova-e-programata/feed/ 0
Новите членови на грчката Влада положија свечена заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novite-chlenovi-na-grchkata-vlada-polozija-svechena-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novite-chlenovi-na-grchkata-vlada-polozija-svechena-zakletva/#respond Tue, 05 Jan 2021 15:01:31 +0000 https://kurir.mk/?p=452216

Поделени во три групи, со претходно направен рапид тест за Ковид-19 и под зголемени мерки за заштита од коронавирусот, новите членови на грчката Влада денеска во претседателската палата положија свечена заклетва, јави дописничката на МИА од Атина. Свечената заклетва на 20 министри, заменици и алтернативни министри, од кои некои се нови, а други со нова позиција, беше дадена пред претседателката на државата Катерина Сакеларопулу и премиерот Кирјакос Мицотакис, по вчерашната реконструкција на Владата. Со исклучок на двајца заменици министри, останатите положија религиозна заклетва, додека пак сите, пред свеченоста, со рапид тестови беа тестирани за Ковид-19. Поради пандемијата и мерките на ограничување, министрите кои положија религиозна заклетва беа поделени во три групи по шест лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novite-chlenovi-na-grchkata-vlada-polozija-svechena-zakletva/feed/ 0
Бајден претседателската заклетва ќе ја полага пред Капитол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pretsedatelskata-zakletva-kje-ja-polaga-pred-kapitol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pretsedatelskata-zakletva-kje-ja-polaga-pred-kapitol/#respond Tue, 15 Dec 2020 19:23:05 +0000 https://kurir.mk/?p=443695

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, и потпретседателката Камала Харис на 20 јанаури заклетвата ќе ја полагаат пред зградата на Капитол, соопшти денеска неговиот комитет за инаугурација Планерите на инаугурацијата на Бајден се обидуваат во организацијата на настанот да ги усогласат традиционалната церемонија и почитувањето на безбедносните мерки заради епидемијата на коронавирусот. Изборниот колеџ ноќеска ја потврди победата на демократскиот кандидат Џозеф Бајден на претседателските избори во САД, а инаугурацијата е закажана за 20 јануари. Тимот на Бајден откри неколку детали, но се уште не е познато дали претседателот на заминување Доналд Трамп ќе учествува на церемонијата, пренесуваат американските медиуми. По заклетвата, Бајден ќе одржи инаугуративен говор во кој ќе ја претстави својата визија за борбата против вирусот и другите важни пораки за неговиот четиригодишен мандат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pretsedatelskata-zakletva-kje-ja-polaga-pred-kapitol/feed/ 0
Твитер ќе му го предаде претседателскиот налог на Бајден по положувањето заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-kje-mu-go-predade-pretsedatelskiot-nalog-na-bajden-po-polozuvanjeto-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-kje-mu-go-predade-pretsedatelskiot-nalog-na-bajden-po-polozuvanjeto-zakletva/#respond Sun, 22 Nov 2020 13:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=432831

Твитер ќе му ја предаде контролата на претседателскиот налог @POTUS на Џо Бајден откако ќе ја положи заклетвата за американски претседател, дури и ако Доналд Трамп дотогаш не го признае поразот, соопштија американските медиуми. Приватниот налог @realDonaldTrump, со околу 88 милиони следачи, стана едно од најмоќните оружја на Трамп за јавно оспорување на изборните резултати, а официјалната сметка @POTUS се користи главно за реобјавување на неговите приватни соопштенија, и има околу 32 милиони следачи. Твитер претходно најави дека, откако Трамп ќе ја напушти функцијата, кон неговиот приватен налог ќе се однесува како и со сите други од кои се шират неточни информации. Твитер долго време беше под притисок да го ограничи Трамп да ја употребува платформата за ширење на теории на заговор и дезинформации. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-kje-mu-go-predade-pretsedatelskiot-nalog-na-bajden-po-polozuvanjeto-zakletva/feed/ 0
Дуда положи заклетва за втор претседателски мандат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-polozi-zakletva-za-vtor-pretsedatelski-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-polozi-zakletva-za-vtor-pretsedatelski-mandat/#respond Thu, 06 Aug 2020 10:50:58 +0000 https://kurir.mk/?p=387135

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска пред пратениците во Парламентот положи заклетва за втор петгодишен мандат. Опозициските пратеници и премиерот не присуствуваа на седницата, бидејќи сметаат дека тој не го почитувал Уставот за време на неговиот прв мандат и затоа што неговите политики, како што велат, се во судир со лидерите на ЕУ. Како што пренесуваат странските агенции, Дуда е близок соработник на владејачката десничарска коалиција, што ја сочинуваат партијата Право и правда и две помали политички партии. По заклетвата, Дуда вети отвореност за сите групи и политички партии и ја истакна клучната улога на семејството и потребата тоа да се заштити. Дуда освои 51,03 отсто од гласовите на претседателските избори на 12 јули, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Варшава, Рафал Тржасковски, освои 48,97 отсто. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-polozi-zakletva-za-vtor-pretsedatelski-mandat/feed/ 0