жаклина пешевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 12:48:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жаклина пешевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пешевска: Идната власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе има мерки за семејството како столб на општеството и постабилна економска држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-idnata-vlast-na-vmro-dpmne-ke-ima-merki-za-semejstvoto-kako-stolb-na-opshtestvoto-i-postabilna-ekonomska-drzhava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-idnata-vlast-na-vmro-dpmne-ke-ima-merki-za-semejstvoto-kako-stolb-na-opshtestvoto-i-postabilna-ekonomska-drzhava/#respond Sun, 22 Oct 2023 12:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=891914

Не случајно денеска сме во Пехчево, тоа е еден од првите градови со најголем јаз, најголемо иселување, околу 30% се имаат иселено, демографскиот аларм  одамна е вклучен. Бројките се немилосрдни. Не само што се намалува вкупното население за околу 200 илјади за 20 години, фрапантен е податокот дека имаме намалување на возрасната категорија од 15 до 64 години, а тоа е работоспособното население, изјави Жаклина Пешевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата во Пехчево насловена „Иселување и демографија предизвик за Македонија“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“

Пешевска нагласи дека овие фактори влијаат на помал број запишани ученици, студенти, намалување на пазарот на труд и се соочуваме со катастрофалните последици на оваа власт и немаме работна сила во многу области.

- Причините за иселување велат дека се за подобри економски состојби, но тие се од различна природа, во државата нема ефикасна здравствена заштита, немаме добра социјална заштита, нема владеење на право, криминал и корупција на секој чекор. Граѓаните во таква атмосфера го гледаат излезот надвор. Големи стопанственици заминуваат и не размислуваат да се вратат, рече таа.

Пешевска изјави дека во последниве години учениците немаат книги, во руралните средини сме на добар пат целосно да се иселуваат, градовите се иселуваат, на пат сме да станеме држава без народ.

- Имаме национална стратегија за демографија која не е функционална, важно е да размислуваме за функционална национална стратегија, сите мерки кои ќе ги имаме како идна власт да бидат применливи. На оваа власт не и е во фокус да го крева човечкиот капитал и низа мерки од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги укинаа како мерката за трето дете, „купи куќа купи стан“ кои ја користеа млади, истакна Пешевска.

Важно е да работиме со ресурсите кои ги имаме, и во фокус треба да ни биде семејството како столб на општеството.

Сите проекти кои ќе ни бидат во таа национална стратегија треба да ги опфатат сите целни групи и возрасти во државата. За младите се знае, квалитетно образование, вработување, високи плати. За жените можам многу да говорам, многу податоци кажуваат за родовата димензија, немаме економски силни жени и првата работа која треба да ја таргетираме и креираме повеќе мерки за економско јакнење на жените, немаме жени сега на раководни позиции, 220 илјади жени се домаќинки. Ни требаат изградба на нови градинки, проширување на постоечките, ни треба владеење на право, заштита на децата.

-Понатаму даночни бенефиции за многудетни семејства, намалување на ДДВ за бебешка облека, пелени, менструални производи. Треба да размислуваме и за старосна пензија за мајки се на повеќе од 3 деца кои не успеале да остварат право, рече Пешевска.

Таа нагласи дека низа мерки на партијата ќе опфатат целни групи, семејството да се направи економски посилно и ќе имаме постабилна економска држава.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-idnata-vlast-na-vmro-dpmne-ke-ima-merki-za-semejstvoto-kako-stolb-na-opshtestvoto-i-postabilna-ekonomska-drzhava/feed/ 0
Пешевска од Битола: Жените ќе ги предводат промените во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-od-bitola-zhenite-ke-gi-predvodat-promenite-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-od-bitola-zhenite-ke-gi-predvodat-promenite-vo-makedonija/#respond Sat, 07 Oct 2023 08:52:44 +0000 https://kurir.mk/?p=886306

Силата е кога сите се како едно! Унијата на жени Битола на чело со претседателката Анѓелка Диневска е таква! Од исклучителна важност е поддршката на градоначалникот Тони Коњановски ! Сплотеност и мотивација за промени!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-od-bitola-zhenite-ke-gi-predvodat-promenite-vo-makedonija/feed/ 0
Пешевска до Шакири: Не си поигрувајте со трпението на жителите во Гази Баба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-do-shakiri-ne-si-poigruvajte-so-trpenieto-na-zhitelite-vo-gazi-baba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-do-shakiri-ne-si-poigruvajte-so-trpenieto-na-zhitelite-vo-gazi-baba/#respond Tue, 03 Oct 2023 10:22:43 +0000 https://kurir.mk/?p=884571

Го читам Јетон Шакири, министерот за образование и наука како преку медиумите се заканува и упатува ултиматум кон граѓаните на општина Гази Баба. Јетон закани од типот ќе ги одземеме ингеренциите па ќе постапуваме, не поминуваат, посочува Жаклина Пешевска, претседателкја на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ. „Прашај ги Артан Груби и Арбер Адеми зошто од 2019 година кога ветија ново школо во Идризово до денес немаат направено ништо за да го реализираат своето ветување. Не дозволувајте да ве водат партиските интереси. Општина Гази Баба обезбедува услови согласно Закон за сите ученици да ја следат наставата на својот мајчин јазик. Одземањето на ингеренциите на градоначалникот за управување со основните училишта ќе значи замена на децентрализацијата со централизација. Не си поигрувајте со трпението на жителите на Гази Баба. Закани, уцени и ултиматуми во Гази Баба не поминуваат“ - истакнува таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-do-shakiri-ne-si-poigruvajte-so-trpenieto-na-zhitelite-vo-gazi-baba/feed/ 0
Пешевска до Маричиќ: Да имаше срам и трошка достоинство, немаше да бидеш во политика, а камоли Вице-премиер за Евроинтеграции! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-do-marichik-da-imashe-sram-i-troshka-dostoinstvo-nemashe-da-bidesh-vo-politika-a-kamoli-vitse-premier-za-evrointegratsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-do-marichik-da-imashe-sram-i-troshka-dostoinstvo-nemashe-da-bidesh-vo-politika-a-kamoli-vitse-premier-za-evrointegratsii/#respond Thu, 28 Sep 2023 13:43:15 +0000 https://kurir.mk/?p=882842

Да имаше срам и трошка достоинство, немаше да бидеш во политика, а камоли Вице-премиер за Евроинтеграции! Напиша на Фејсбук пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска. -Бојан Маричиќ- исфрустриран, невоспитан и дрзок како што само тој знае, денес стана срам за целиот машки пол! Денес упатувајќи бакнежи од место кон мојата колешка Дафина Стојаноска додека истата зборуваше на собраниската говорница, покажа дека треба да си одиш дома и да не нѐ срамиш ниту дома, ниту во странство! Ја повикувам Јованка Тренчевска да го осуди овој сексистички напад кон жена! Вака не во Европска Унија! Во најмала рака веднаш оставка, порача Пешевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-do-marichik-da-imashe-sram-i-troshka-dostoinstvo-nemashe-da-bidesh-vo-politika-a-kamoli-vitse-premier-za-evrointegratsii/feed/ 0
Пешевска: Жените од ВМРО-ДПМНЕ со силна поддршка за Мицкоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-zhenite-od-vmro-dpmne-so-silna-poddrshka-za-mitskoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-zhenite-od-vmro-dpmne-so-silna-poddrshka-za-mitskoski/#respond Wed, 20 Sep 2023 10:40:43 +0000 https://kurir.mk/?p=879830

Жените биле, се и ќе бидат еден од носечките столбови на ВМРО-ДПМНЕ. Секоја функција има почеток и крај. Се е менливо и минливо, само ВМРО е вечно, посочува Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ е сложно и обединето со цврст и јасен став за промени во Македонија кој ќе донесат подобро утре за нашиот народ. Партијата помина години на тешка опозиција. Години во кои недолжни луѓе поминуваат во затвор. Денес партијата е на вистинскиот пат со силна поддршка од македонскиот народ со над 40 градоначалници и најбројна пратеничка група во Собранието на Македонија. Повикувам на единство, обединување и поддршка кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и целото раководство на партијата“ - истакна Пешевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-zhenite-od-vmro-dpmne-so-silna-poddrshka-za-mitskoski/feed/ 0
Пешевска: За криминалната бизнис мрежа на Онкологија говорат многу институции и извештаи, затоа мора да има реална разрешница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-za-kriminalnata-biznis-mrezha-na-onkologija-govorat-mnogu-institutsii-i-izveshtai-zatoa-mora-da-ima-realna-razreshnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-za-kriminalnata-biznis-mrezha-na-onkologija-govorat-mnogu-institutsii-i-izveshtai-zatoa-mora-da-ima-realna-razreshnitsa/#respond Thu, 14 Sep 2023 17:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=878168

Партиите од власта со повикаа на еко директиви и подмукло ги протнаа членовите во Казнениот законик со кои се амнестира криминалот. Заштита на човекови права, владеење на право, реформа во јавна администрација е клучна за ЕУ, а што прави власта амнестира криминал, рече пратеничката Жаклина Пешевска и претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата „За или против“ што се емитува на телевизија Алфа. Според Пешевска има начин да се поправат состојбите во земјава, само треба чесен пристап и грижа за граѓаните. Таа се осврна на скандалите поврзани со Владата на СДСМ и ДУИ. „Кога гледав колку Бујар Османи е шокиран дека не знае кој ја финансира партијата и дека истата фирма и истите лица добиле и тендер, не знам кого повеќе да жалам дали него или Артан Груби кој вели дека нема сопствено возило“, саркастично забележа Пешевска која укажа и на низата недоследности и во случајот со изградба на коридорите 8 и 10д. „Обвинителството отвори истражна постапка но нема никакво поместување, која е целта на изградбата кога пари веќе се одлеваат. Ова е еден лов во матно и ништо повеќе ништо нема транспарентно. Зборувам за постапките кои не биле по процедура во делот на коридорите 8 и 10д“, кажа Пешевска. Пешевска укажа дека процесот на рехабилитација на областите во државата ќе оди многу тешко. „Законите мора да се спроведуваат, а кај нас само цвета криминал. Конкретно за случајот Онкологија во 2017 година имало като систем за контрола на лекарствата за онколошки болни, а го заклучиле во подрум. Како мирно спијат луѓето кои го препродавале лекарствата. За оваа криминална бизнис мрежа говорат многу институции и извештаи. Овој случај мора да има разрешница“, рече Пешевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-za-kriminalnata-biznis-mrezha-na-onkologija-govorat-mnogu-institutsii-i-izveshtai-zatoa-mora-da-ima-realna-razreshnitsa/feed/ 0
Пешевска: Власта го искина од злоупотреба европското знаменце при носење на закони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-vlasta-go-iskina-od-zloupotreba-evropskoto-znamentse-pri-nosene-na-zakoni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-vlasta-go-iskina-od-zloupotreba-evropskoto-znamentse-pri-nosene-na-zakoni/#respond Thu, 14 Sep 2023 17:16:14 +0000 https://kurir.mk/?p=878161

Оваа власт со бројните афери и скандали кои ги креира, и освен криминал се фаќа единствено за уставни измени наместо да се грижат за граѓаните, рече пратеничката Жаклина Пешевска и претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата „За или против“ што се емитува на телевизија Алфа. Пешевска укажа дека уставните измени се затворено прашање за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Тие се затворена тема за нас, ние ниту сме биле дел од било какви разговори, ниту сме информирани, ниту некој воопшто не слушнал што сме зборувале на темите во врска со договарањето со Бугарија и Грција. Дополнително дали воопшто е направена анализа кој користи говор на омраза, има брутален говор кон Македонија, но нашата Влада не реагира“, рече Пешевска. Таа укажа дека е јасно кој и во која земја има демократија или не. „Зарем демократија е непочитување на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур. Има пресуди во корист на македонското малцинство во Бугарија, но официјална Софија не ги почитува“, кажа Пешевска. Пратеничката укажа дека не гласала ниту за уставните промени по Преспанскиот договор, нема да гласа ни сега. „Ниту ме барале, ниту ќе ме бараат да разговараат со мене, јас го поминав процесот и со уставните измени претходно и не гласав. Нема да гласам сега ниту било кој од пратеничката група. Знаат и во власта дека немаат пратеници тие се во тешка политичка криза, и нека го гледаат тоа, а не прстот да го вперуваат кон нас“, укажа Пешевска. Според пратеничката корупцијата е многу поголем проблем. Потребно е додава таа, да се почитуваат начелата како владеење на право, демократија и слично. „Ние немаме датум за преговори со ЕУ зошто нема владеење на право, власта само го штити криминалот“, заклучи Пешевска. Пешевска се осврна и на измените на Кривичниот законик. „Јасно укажаа европските претставници дека измените на КЗ не се и не произлегуваат од делот на усогласување со европскотоз законодавсто. Власта го искинаа од злоупотреба евроското знаменце“, рече Пешевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-vlasta-go-iskina-od-zloupotreba-evropskoto-znamentse-pri-nosene-na-zakoni/feed/ 0
Пешевска: Дали преку дискриминација СДСМ воведува напредок за жените во Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-dali-preku-diskriminatsija-sdsm-voveduva-napredok-za-zhenite-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-dali-preku-diskriminatsija-sdsm-voveduva-napredok-za-zhenite-vo-makedonija/#respond Thu, 10 Aug 2023 17:59:17 +0000 https://kurir.mk/?p=865594

Изразувам најостра осуда кон дискриминаторскиот однос кој го воведува Општата болница во Струмица, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук пратеничаката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска. Ве прашувам: Дали доколку родилката нема извод од книгата на венчаните, нема да го извршите породувањето!? Срам и брука! Дали на овој начин, преку дискриминација СДСМ воведува напредок за жените во Македонија? Македонија ја вративте децении наназад! Македонија ја има најнеспособната влада во постоењето на светот! Барам реакција од Министерот за здравство и одговорност од менаџментот на болницата во Струмица! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-dali-preku-diskriminatsija-sdsm-voveduva-napredok-za-zhenite-vo-makedonija/feed/ 0
Претседатеката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на терен во Делчево: Се организираат хуманитарни акции и градоначачниците донираат средства за настраданите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatekata-na-unijata-na-zheni-na-vmro-dpmne-na-teren-vo-delchevo-se-organiziraat-humanitarni-aktsii-i-gradonachachnitsite-doniraat-sredstva-za-nastradanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatekata-na-unijata-na-zheni-na-vmro-dpmne-na-teren-vo-delchevo-se-organiziraat-humanitarni-aktsii-i-gradonachachnitsite-doniraat-sredstva-za-nastradanite/#respond Wed, 14 Jun 2023 18:39:56 +0000 https://kurir.mk/?p=845757

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска денеска беше во посета на Делчево. Таа на терен се сретна со граѓаните и беше запознаена со проблемите во нивниот град откако тој беше зафатен од силното невреме проследено со дожд пред неколку дена. -Изминативе два дена сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ организираа хуманитарни акции за да се собере помош во форма на средства за хигиена, дезинфекција и конзервирана храна за поплавените подрачја во Делчево. Сакам да искажам една огромна благодарност не само до Унијата на жени, до општинските претседатели на ВМРО-ДПМНЕ и до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои од сметките на општините одвоија значителни средства за да се помогне на општината Делчево, вели Пешевска. Таа додава дека од граѓаните дознала дека локалната самоуправа не функционирала совршено... Целата нејзина изјава и снимка од терен погледнете ја во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatekata-na-unijata-na-zheni-na-vmro-dpmne-na-teren-vo-delchevo-se-organiziraat-humanitarni-aktsii-i-gradonachachnitsite-doniraat-sredstva-za-nastradanite/feed/ 0
Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-spored-ukazhuvanata-na-stomatolozi-aktuelniot-pretsedatel-na-stomatoloshka-komora-marijan-denkovski-ja-ima-uzurpirano-komorata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-spored-ukazhuvanata-na-stomatolozi-aktuelniot-pretsedatel-na-stomatoloshka-komora-marijan-denkovski-ja-ima-uzurpirano-komorata/#respond Fri, 26 May 2023 16:29:48 +0000 https://kurir.mk/?p=839165

На денешната собраниска седница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска упати три пратенички прашања. Првото до министерот за здравство за неправилностите поврзани со функционирањето на стоматолошката комора, второто пратеничко прашање до министерката за труд и социјална политика за тоа зошто се става во заштита на сторен криминал, односно зошто не почекавте да се произнесе Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција по наводите за сторениот криминал? И третото прашање исто до министерката за труд и социјална политика за тоа какви мерки преземавте по добиеното писмо од страна на директорката и дали го известивте министерот за внатрешни работи кој воопшто не постапува по пријавите? „Според укажувањата на групите стоматолози кои ми се обратија како пратеник, актуелниот претседател на стоматолошката комора Маријан Денковски кој повеќе од 6 години е претседател на комората ја имал узурпирано комората со една помала група на доктори за свои лични интереси и сопствен бенефит на штета на стоматолошка фела“, истакна Пешевска. Пешевска посочи дека постојат сомневања за злоупотреба на службена положба и овластување од страна на актуелниот претседател на стоматолошката комора. „Во отсуство на министерот за здравство ќе упатам прашање во име на претставниците од стоматолошката комора која во последниот период ни се обратија повеќе групи, здруженија и стоматолошки друштва, па барам одговорот во нивно име од министерот за здравство кој е отсутен денеска за одредени прашања, неправилности, поврзани со функционирањето на стоматолошката комора за која повеќе стоматолози имаат поднесено претставки во министерството за здравство, а сеуште немаат добиено одговор ниту се преземени конкретни активности и мерки од министерството како би им се излегло во пресрет на стоматолозите како засегната фела“, изјави Пешевска. Во однос на упатеното пратеничко прашање до министерката за труд и социјална политика. Таа истакна дека пред неколку денови од страна на свиркач се доставени документи кој јасно укажуваат дека детската градинка „Детска радост“ во Гази Баба дека се работело незаконски. Таа додаде дека во изминатите неколку недели цела македонска јавност е сведок како министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска се става во директна заштита на директорка на детска градинка која работела незаконски „Имено, надворешна независна лиценцирана ревизорска куќа дава неповолно мислење со утврдени осум наоди за незаконско работење. Во него е јасно напишано дека со средства од градинката кои ги даваат родителите за престојот на нивните деца, омилената директорка на министерката Јована Тренчевска купувала луксузен мебел за својот кабинет. Со парите од родителите на децата се одело по ресторани по завршување на работно време, биле извршувани набавки на 60,000 денари без да се спроведе соодветна јавна набавка што е спротивно со законот за јавните набавки. Службеното возило на градинката со намена да ја разнесува храната по објектите наместо да ја разнесува храната ја развозувало директорката. Склучени се договори и за перална на алишта а цената за една перална за алишта изнесува 4,000 евра“, посочи Пешевска. Пешевска ја запраша министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска зошто се става во заштита на сторен криминал, односно зошто не почекавте да се произнесе Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција по наводите за сторениот криминал? „Во оваа држава токму најосетливата категорија, нашите деца се оставени на работа на амбисот. Додека партијата на власт се занимава како да си ги умножи своите семејни бизниси, децата остануваат без основна грижа од страна на МТСП кое има задача да креира превентивни мерки и политики за да не дојде до ескалирачки настани по примерот на Србија“, истакна Пешевска. Пешевска посочи дека на ден 09.05.2023 година директорката на јавната установа за деца со воспитно образовни проблеми и нарушено поведение писмено се обраќа до вам дека ситуацијата со овие деца и високо ризична и во најголем дел имаат психијатриски дијагнози. Таа ја запраша министерката за труд и социјална политика какви мерки се преземени по добиеното писмо од страна на директорката и дали го известивте министерот за внатрешни работи кој воопшто не постапува по пријавите? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-spored-ukazhuvanata-na-stomatolozi-aktuelniot-pretsedatel-na-stomatoloshka-komora-marijan-denkovski-ja-ima-uzurpirano-komorata/feed/ 0