Заклучоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 May 2023 14:45:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Заклучоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Српската Влада донесе десет заклучоци по вчерашното масовно убиство во училиштето во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-donese-deset-zakluchotsi-po-vcherashnoto-masovno-ubistvo-vo-uchilishteto-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-donese-deset-zakluchotsi-po-vcherashnoto-masovno-ubistvo-vo-uchilishteto-vo-belgrad/#respond Thu, 04 May 2023 14:45:43 +0000 https://kurir.mk/?p=830592

Српската Влада донесе десет заклучоци по вчерашното масовно убиство во училиштето во Белград, кои вчера ги изнесе претседателот Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Првиот заклучок претставува двегодишен мораториум за издавање дозволи за чување и носење мало огнено оружје (овластувања за набавка на оружје, сертификати за оружје и сл.). Во рок од три месеци МВР ќе изврши ревизија на сите издадени дозволи за оружје. Министерството за внатрешни работи во рок од шест месеци ќе ги контролира лицата кои имаат дозволи за чување оружје, особено исполнувањето на законските услови за безбедно чување на оружјето и посебно на чување муниција. Во истиот период, МВР ќе прегледа и дали е соодветно спречен пристапот до оружје и муниција на малолетни и други неовластени лица, се наведува во соопштенеито на Владата. -Работата на сите стрелишта ќе биде предмет на контрола на МВР во следните три месеци. Потоа, во соработка со Министерството за правда, во рок од еден месец ќе се изготват прописи за условите и начинот на користење на стрелиштата, вклучително и забраната за пристап на малолетници, се наведува во соопштението. Министерството за правда, во рамките на постојната Работна група за измена на Кривичниот законик, ќе подготви измени на законот со кои ќе се пропише кривична одговорност за лицата кои овозможуваат малолетници и други неовластени лица да поседуваат огнено оружје и кои обучуваат малолетници и други неовластени лица да ракуваат со огнено оружје . -Министерството за правда, исто така, во рамките на постоечката Работна група за изменување и дополнување на Кривичниот законик, ќе ја разгледа можноста за измена на Кривичниот законик со цел намалување на старосната граница за кривична одговорност на малолетниците од 14 на 12 години, притоа почитувајќи ги меѓународните и европските стандарди, се наведува во соопштението. Министерството за правда и Министерството за информации и телекомуникации во рок од еден месец ќе ја разгледаат можноста за заострување на санкциите за непочитување на пропишаните обврски на давателите на медиумски услуги, вклучително и интернетот и другите електронски платформи, како и социјалните мрежи, во однос на забраната за програмски содржини кои нагласуваат и поддржуваат насилство, криминално и друго незаконско однесување, емитување сцени на брутално насилство и други содржини кои можат сериозно да му наштетат на физичкиот, менталниот или моралниот развој на малолетниците. Во рок од еден месец Министерството за образование и Министерството за здравство ќе подготват прописи со кои ќе се овозможи воведување задолжителни тестови за дрога во средните и во основните училишта за учениците од седмо и осмо одделение. Владата во рок од десет дена ќе формира Совет за спречување врсничко насилство, кој меѓу другото ќе обезбеди организирање на мобилни тимови за врсничко насилство преку протоколи меѓу центрите за социјална работа и други служби (образовни и здравствени установи, полиција), кој итно би реагирал на случаите на врсничко насилство и во консултација со синдикатите на воспитно-образовните работници и здруженијата на родители на ученици, ќе ја разгледа целесообразноста да се донесе мерка за забрана за употреба на мобилни телефони во училиштата. Владата, исто така, во рок од десет дена ќе формира работна група за безбедност на децата на Интернет, која ќе го разгледа воведувањето мерки за забрана на пристап до веб-страниците (DarkNet и слично), кои содржат совети како да се изврши убиство, стекнување дрога или огнено оружје. Членовите на Владата донесоа одлука да се прогласи ден на жалост на територијата на Република Србија, со што за денови на жалост се прогласени 5, 6 и 7 мај 2023 година, се наведува во денешнотот соопштение на српската Влада. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-donese-deset-zakluchotsi-po-vcherashnoto-masovno-ubistvo-vo-uchilishteto-vo-belgrad/feed/ 0
По 18-месечна истрага, собраниската комисија за упадот на Капитол ќе ги објави заклучоците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-18-mesechna-istraga-sobraniskata-komisija-za-upadot-na-kapitol-kje-gi-objavi-zakluchocite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-18-mesechna-istraga-sobraniskata-komisija-za-upadot-na-kapitol-kje-gi-objavi-zakluchocite/#respond Mon, 19 Dec 2022 07:51:56 +0000 https://kurir.mk/?p=777397

По 18-месечна истрага, парламентарната анкетна комисија за упадот на Капитол денеска ќе ги објави своите заклучоци и се очекува да гласа дали да препорача Доналд Трамп и некои од неговите соработници да бидат кривично гонети. Нејзините членови, седум демократи и двајца републиканци, ќе одржат јавен состанок во 13 часот по локално време за да ги претстават своите наоди за настаните од 6 јануари 2021 година, собрани во осум поглавја. На тој ден, приврзаници на поранешниот претседател Трамп, тврдејќи заедно со него дека Џо Бајден ги „украл“ претседателските избори во 2020 година, ја нападнаа зградата на Конгресот. Комисијата денеска треба да одлучи дали ќе препорача Министерството за правда да го обвини Трамп за поттикнување бунт, попречување официјална процедура (за потврдување на изборниот резултат во 2020 година) и заговор против американската држава. Овие три обвиненија може да доведат до казни кои вклучуваат затвор и забрана за вршење јавна функција во САД, а поранешниот претседател веќе рече дека ќе се кандидира за функцијата во 2024 година. Конечниот извештај на комисијата ќе биде објавен на 21 декември. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-18-mesechna-istraga-sobraniskata-komisija-za-upadot-na-kapitol-kje-gi-objavi-zakluchocite/feed/ 0
Што содржат нацрт заклучоците на ЕУ за Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-sodrzat-nacrt-zakluchocite-na-eu-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-sodrzat-nacrt-zakluchocite-na-eu-za-makedonija/#respond Mon, 13 Dec 2021 14:06:50 +0000 https://kurir.mk/?p=607873

МИА дојде до нацрт заклучоците на Советот за општи работи кои во наредните часови би можеле да претрпат промени, пред министерскиот состанок утре на кој Република Македонија очекува зелено светло за отворање на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Во воведниот дел стои временската одредница за отворање на првата меѓувладина конференција оваа година. – Советот со нетрпение очекува одржување на првите меѓувладини конференции со Република Македонија и Албанија што е можно поскоро оваа година откако ќе биде одобрена преговарачката рамка од страна на Советот, гласат нацрт-заклучоците. Потоа Советот на ЕУ повикува на почитување на билатералните договори со Грција и Бугарија во духот на доверба. Специфично за Македонија, Советот го поздравува реформскиот напредок на земјата кој овозможи зелено светло за преговори во март 2020. Се поздравува одржувањето на локалните избори, но се забележуваат и пропустите во законската рамка и се бара сеопфатна ревизија на изборното законодавство навремено и на инклузивен начин. Северна Македонија е поздравена за напредокот во владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал и се повикува на здружена работа во оваа област помеѓу власта и опозицијата. – Советот ги охрабрува сите страни да продолжат да го продлабочуваат реформскиот момент и да го подобруваат конструктивниот дијалог, стои во заклучоците. Во делот на судството се забележува дека е потребно сега да се имплементираат постоечките законски рамки и стратегии согласно стандардите на ЕУ за да се обезбеди непристрасноста и професионалното работење на судскиот систем. Потребно е Северна Македонија системски да ги имплементира акциските планови и стратегиите за човечки ресурси за обвинителството и судството. – Советот ја истакнува важноста за засегнатите институции да ги следат препораките на Државната Комисија за Спречување на Корупција која беше посебно проактивна во спречувањето на корупцијата, се вели во нацрт заклучоците на министрите на ЕУ. ЕУ ја повикува Македонија да ја зајакне слободата на изразување и безбедноста на новинарите. Напредок се нотира и во реформата на јавната администрација иако се потребни дополнителни напори. Се поздравува реформата на безбедносните и разузнавачките служби согласно барањата на НАТО но се истакнува и дека парламентарниот надзор треба да биде засилен. Пописот исто така е нотиран како добра вест и ЕУ ги очекува резултатите во наредните месеци. Конечно во делот на Северна Македонија се повторува важноста од добрососедски односи и имплементирање на договорите со Грција и Бугарија. Од формален аспект овие нацрт заклучоци го користат долгото име Република Северна Македонија во целиот текст, додека за другите земји од регионот се користи краткото име. Ова е едно од барањата на Бугарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-sodrzat-nacrt-zakluchocite-na-eu-za-makedonija/feed/ 0
Милошоски со вести од Брисел: Кон ветото на Бугарија се придодаваат уште две земји членки на Унијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-so-vesti-od-brisel-kon-vetoto-na-bugarija-se-pridodavaat-ushte-dve-zemji-chlenki-na-unijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-so-vesti-od-brisel-kon-vetoto-na-bugarija-se-pridodavaat-ushte-dve-zemji-chlenki-na-unijata/#respond Wed, 02 Dec 2020 21:54:11 +0000 https://kurir.mk/?p=437864

Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок во Брисел, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка. По однос на македонско-бугарскте спорни прашања неколку земји членки јавно ги искажале своите симпатии кон Македонија и оправданоста за почеток на преговорите без ставање на билатерални спорови како одредници, бидејќи земјата има добиено препорака уште од 2009-та година. Сепак по однос на последицата од наметнатиот спор, а тоа е одолговлекување на процесот на проширување на ЕУ, изгледа дека Бугарија не е осамена, туку има дискретна дипломатска поддршка од уште најмалку две земји членки на ЕУ! -Истовремено неколку ЕУ членки, меѓу кои се и Франција, Грција, Италија и Холандија се против усвојување на заклучоци и/или преговарачка рамка само за Албанија поединечно. -Германското претседателство ја прекинало дискусијата заради немање на консензус и темата за проширувањето повторно ќе биде отворена на состанокот на COREPER на 7-ми декември, во понеделник. (дипломатски извори, Брисел), објави преку својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-so-vesti-od-brisel-kon-vetoto-na-bugarija-se-pridodavaat-ushte-dve-zemji-chlenki-na-unijata/feed/ 0
Милошоски: Осуда на бугарскиот меморандум и апел до земјите членки на ЕУ, ЕК и ЕП за безусловна одлука за почеток на преговорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-osuda-na-bugarskiot-memorandum-i-apel-do-zemjite-chlenki-na-eu-ek-i-ep-za-bezuslovna-odluka-za-pochetok-na-pregovorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-osuda-na-bugarskiot-memorandum-i-apel-do-zemjite-chlenki-na-eu-ek-i-ep-za-bezuslovna-odluka-za-pochetok-na-pregovorite/#respond Thu, 12 Nov 2020 08:56:34 +0000 https://kurir.mk/?p=428336

Осуда на бугарскиот меморандум и апел до земјите членки на ЕУ, ЕК и ЕП за безусловна одлука за почеток на преговорите со Европската унија ќе бидат заклучоците на денешната расправа на Комисијата за надворешна политика, објави на својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. На денешната комисија за надворешна политика, на која ќе се расправа за македонско-бугарските односи во контекст на заканите за вето, на пратениците ќе им бидат предложени следниве заклучоци: 1.Собранието ги осудува позициите содржани во Објаснувачкиот меморандум на Република Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во контекст на проширувањето и македонските евроинтеграции, како спротивни на Повелбата на Обединетите нации од 1945-та година, во која една од целите е развивање на "пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите", право кое неделливо му припаѓа и на македонскиот народ . 2.Собранието упатува апел до сите земји членки на ЕУ, до Европската Комисија и до Европскиот парламент да донесат безусловна одлука за почеток на преговорите со одржување на првата меѓувладина македонско-европска конференција. -На Комисијата уредно се поканети и министерот Османи и вицепремиерот за евроинтеграции Димитров, во чии работни обврски спаѓа и отчетноста пред пратениците како народни избраници, што е воспоставен европски стандард на контрола на законодавната врз извршната власт, вели во својата објава Милошоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-osuda-na-bugarskiot-memorandum-i-apel-do-zemjite-chlenki-na-eu-ek-i-ep-za-bezuslovna-odluka-za-pochetok-na-pregovorite/feed/ 0
Заклучоци од 43-та седница на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakluchoci-od-43-ta-sednica-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakluchoci-od-43-ta-sednica-na-vladata/#respond Thu, 16 Apr 2020 17:52:02 +0000 https://kurir.mk/?p=333328

Владата на Република Македонија на денешната 43-та седница донесе одлука за целосно изземање од забраната за движење за сите лица со попреченост со придружници. За да го остварат ова свое право, за овие лица нема да се издаваат посебни дозволи и доволно ќе биде со себе да имаат медицинска белешка која ќе треба да им се презентира на полициските службеници доколку за тоа се укаже потреба. На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информација за текот на подготовката на Проектот за итно справување со KОВИД-19 во Македонија. Корисници на проектот ќе биде целокупното населението земајќи ја предвид природата на заболувањето, заразените лица, популацијата под ризик, особено старите лица и лицата со хронични болести, медицинскиот персонал, медицинските институции и институциите за тестирање како и јавните здравствени институции ангажирани за справување со КОВИД-19 во Република Македонија. Како корисници ќе се вклучат и лицата кои имаат потреба од ублажување на социјалното влијание (социјална заштита). Владата го задолжи Министерството за финансии да ја подготви и да ја достави до Светска банка Апликацијата за избор на услови за обезбедување на заем од Светска банка за Проектот за итно справување со KОВИД-19. На денешната седница е донесена Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека при вршење на јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците и може да има најмногу 50% патници од вкупниот број на седишта, не сметајќи го седиштето на возачот. Уредбата предвидува дека глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице ако врши превоз на патници спротивно од оваа уредба со законска сила, додека глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице-трговец поединец и правно лице ако врши превоз на патници спротивно на член 3-а од оваа уредба со законска сила. На одговорното лице во правниот субјект ќе му се изрече глоба во износ од 150 евра во денарска противвредност, утврдува уредбата. Владата денеска донесе и Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба за поставување на ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија во мало-продавници, самопослуги, маркети, пекари и слично (во понатамошниот текст: објекти), за време на траење на вонредната состојба. Согласно оваа Уредба трговецот е должен да обезбеди редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот. Уредбата определува дека трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот. Ознаките се поставуваат на растојание од два метри и тоа пред секоја каса за наплата и пред влезот на објектот. На предлог на Министерство за економија, Владата ја донесе Уредбата со законска сила за примена на одредбите од Законот за минерални суровини. Причината за донесување на Уредбата е во насока на одложување на примената на одделни одредби од Законот за минерални суровини за време на траењето на вонредната состојба настаната заради епидемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, а со цел да се создадат услови за непречено продолжување со работа по завршувањето на вонредната состојба без претходно концесионерите да имаат импликации по доделените концесии заради неможноста за исполнување на конкретни обврски од Законот за минерални суровини. Целта на донесувањето на Предлог Уредбата е пролонгирање на законските рокови предвидени со Законот за минерални суровини, а чие неисполнување може да биде причина за едностран раскин на доделена концесија, како и на одредби за кои обврските кои произлегуваат од истите не можат да се реализираат за време на траењето на вонредната состојба. На денешната седница е донесена и Уредба со законска сила за примена на Закон за донации и за спонзорства во јавните дејности. Донесувањето на оваа уредба е со цел поедноставување и скратување на постапката за евидентирање, отчетност и контрола, во делот на заштита на јавниот интерес, во случај на донации чија цел е поддршка на здравството со цел да се решат состојбите што се предизвикани на територијата на Република Северна Македонија од коронавирусот КОВИД-19. Имено, согласно членот 21 став 1 од Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, на барање за потврдување на јавен интерес поднесено од давателот или примателот на донацијата, Министерството за правда издава решение со кое го потврдува јавниот интерес на дадената донација или спонзорство. Со оваа уредба со законска сила се предлага давање на донација на Министерството за здравство, како примател на донација чија цел е поддршка на здравството со цел да се решат состојбите што се предизвикани на територијата на Република Македонија од коронавирусот КОВИД-19, да се смета за донација од јавен интерес согласно овој закон, за која не се спроведува постапка за потврдување на јавен интерес. Министерството за правда предложи, а Владата донесе Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување за време на вонредната состојба. Донесувањето на оваа уредба е со цел изменување и дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредната состојба („Службен весник на Република Македонија“ бр.86/20) од 1.04.2020 година со која беше регулирана примената на Законот за извршување во делот на исклучоците за постапувања на извршителите во услови на вонредна состојба. Со предложената уредба со законска сила се создава систем и можност за поединечно ослободување на секоја поединечна сметка на должниците, од страна на извршителите со цел непречено да ги користат во целост средствата од своите плати, пензии, но и секој тип на помош која се одобрува во овие вонредни услови на пандемија на КОВИД -19. Целокупниот процес ќе се одвива електронски во склад со мерките и препораките од заштитните мерки на Владата. Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за примената на Законот за отпис на каматите и репрограмирање на долгови и трошоци на физичките лица. Со заклучок, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да ги повика сите државни органи, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје или општините во градот Скопје, како и јавните претпријатија во државна или јавна сопственост, кои се утврдени како доверители во извршните исправи кои се дадени за извршување пред извршителите заклучно со 31.12.2017 година, да ги интензивираат активностите за отпис на каматите и за репрограмирање на долговите согласно законот, со оглед на тоа што рокот за истото истекува на 18.05.2020 година и да ги известат извршителите во законски предвидениот рок за прецизираните барања за извршување. Владата денеска ја донесе и Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на децата за време на вонредна состојба, со цел правото на посебен додаток остварено врз основа на издадените наоди, оцени и мислења од соодветен стручен орган, во кои е препорачан контролен преглед, односно повторен преглед – контрола или рекатегоризација во периодот на траење на вонредната состојба, да се продолжи за време на траење на вонредната состојба, како и два месеци од денот на престанок на вонредната состојба, во услови на секојдневно заострување на мерките на Владата за спречување на ширењето на вирусот во државата (КОВИД-19), што го ограничува нормалното движење на граѓаните и функционирање на реалниот сектор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakluchoci-od-43-ta-sednica-na-vladata/feed/ 0