закон за абортус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Oct 2020 08:00:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за абортус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Продолжуваат протестите во Полска поради законот за абортус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuvaat-protestite-vo-polska-poradi-zakonot-za-abortus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuvaat-protestite-vo-polska-poradi-zakonot-za-abortus/#respond Tue, 27 Oct 2020 08:00:32 +0000 https://kurir.mk/?p=421037

Активистките за женски права и неколку илјади луѓе кои ги поддржуваат, и вчера, петти ден по ред протестираа ширум Полска поради заострување на строгиот закон за абортус. На улиците во Варшава излегоа воглавно млади демонстранти и го блокираа собраќајот за време на најголемата гужва. Во Краков демонстрантите извикуваа „Оваа е војна“. Полскиот Врховен суд минатата недела одлучи дека е неуставно да се прекине бременоста поради вродени оштетувања на фетусот, а со пресудата стриктно се забранува речиси сите абортуси во Полска. Одлуката на судот се уште не стапи во сила, бидејќи се уште не е официјално објавена. Невладината организација Федерација на жени и планирање на семејството соопшти дека годишно во Полска се извршуваатод од 100.000 до 150.000 абортуси,од кои некои илегално, а некои во странство.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuvaat-protestite-vo-polska-poradi-zakonot-za-abortus/feed/ 0
Законот за абортус ќе ја кастрира Македонската нација- Дали ДУИ ќе ја прочита намерата на СДСМ?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-abortus-kje-ja-kastrira-makedonskata-nacija-dali-dui-kje-ja-prochita-namerata-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-abortus-kje-ja-kastrira-makedonskata-nacija-dali-dui-kje-ja-prochita-namerata-na-sdsm/#respond Mon, 04 Mar 2019 11:51:47 +0000 https://kurir.mk/?p=170970

Јавната расправа во Собранието денеска по втор пат ќе ја отвори пандорината кутија за или против абортусот. Експерти во областа укажуваат дека во постојниот Закон за прекин на бременоста донесен во 2013 година на предлог на Владата на ВМРО ДПМНЕ, на прво место е волјата и одлуката на жената да ја продолжи или да ја прекине бременоста. Владата на ВМРО ДПМНЕ, тогаш врз основа на позитивни искуства од развиените европски земји до законодавниот дом достави предлог законски измени, со кои на жената преку советување и беше овозможено да биде информирана за ризиците, опасностите и можните компликации кои ги носи абортусот. Време од три дена и се даваше на жената да размисли и на крај да донесе лична одлука, како нејзино уставно загарантирано право на слободен избор. За предлогот на Владата на ВМРО ДПМНЕ во 2013-та година, силна поддршка имаше и од пратениците на ДУИ кои го гласаа истиот. Тогашното законско решение беше оспорено со иницијатива до Уставниот суд од група невладини организации, но истата беше отфрлена од страна на уставните судии. Во повеќе наврати, група од невладини организации протестираа пред Собранието на Република Македонија. Меѓу најгласните беше тогашна активистка од НВО,, Хера ,, Мила Царовска. Денес пак, како министерка за труд и социјална политика често се забележува во јавноста со кампањи насловени како ,, На секое дете му е потребно семејство“. Царовска се справува и со предолгата листа на потенцијални посвоители кои чекаат долго да посвојат дете преку министерството за труд и социјална политика. Македонската православна црква многупати јавно се огласува околу прашањето за абортусот. – Наше е да кажеме што е добро, а што е зло. Јас советувам, повикувам и замолувам, бидејќи знаеме дека во светот има многу бездетни родители, кои ете поради некоја причина не можат да имаат деца, советувам наместо да го абортираат, да ги родат и да ги дадат на посвојување и тие деца да не се уништат, а и родителите да бидат среќни и весели со новите рожби- гласи една од изјавите на господин Иларион. Реакции деновиве имаше и од Исламската верска заедница која отворено застана против абортусот. Во меѓувреме, пред само неколку месеци, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ во интервју за српската телевизија „Хепи“ зборувајќи за големиот број абортуси во Србија, и како се губат цели села и градови, го посочи македонскиот рецепт на Владата на ВМРО ДПМНЕ која успеа да ги намали абортусите. Националните експерти во државата укажуваат, оваа владејачка гарнитура да се фати за работа, да го подигне социо-економскиот статус на населението, да работи на подигнување на условите за безбедно мајчинство, наместо да се занимава со прашања кои се погубни за нацијата. По ваквите реални состојби, сеуште останува нејасно дали владиниот коалиционен партнер ДУИ ќе се согласи да го голтне овој закон во еден залак, имајќи во предвид дека владејачката партија ќе сака на мала врата да го помине и укинувањето на додатокот за трето дете кое е погубно за албанската етничка заедница и не оди во прилог на ДУИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-abortus-kje-ja-kastrira-makedonskata-nacija-dali-dui-kje-ja-prochita-namerata-na-sdsm/feed/ 0