закон за државјанство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jul 2021 11:04:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за државјанство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска Комисијата за европски прашања ќе гласа за предлог-измените на Законот за државјанство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-komisijata-za-evropski-prashanja-kje-glasa-za-predlog-izmenite-na-zakonot-za-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-komisijata-za-evropski-prashanja-kje-glasa-za-predlog-izmenite-na-zakonot-za-drzavjanstvo/#respond Mon, 26 Jul 2021 11:04:54 +0000 https://kurir.mk/?p=541947

Членовите на Комисијата за европски прашања денеска, на вториот ден од расправата за предлог-измените на Законот за државјанство, треба да гласаат по документот. Пратениците од опозицијата и денеска, како и на претходната седница на Комисијата, се обидуваат преку процедурални забелешки да го одолговлечат гласањето за законот. Тие поднесоа 1000 амандмани за него. Инаку, станува збор за Предлог-измени на законот со кој треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето на законот во сила. Во моментот има пауза на седницата на Комисијата за европски прашања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-komisijata-za-evropski-prashanja-kje-glasa-za-predlog-izmenite-na-zakonot-za-drzavjanstvo/feed/ 0
За експресно да биде донесен: Владата ќе му закачи европско знаменце на Законот за државјанство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-ekspresno-da-bide-donesen-vladata-kje-mu-zakachi-evropsko-znamence-na-zakonot-za-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-ekspresno-da-bide-donesen-vladata-kje-mu-zakachi-evropsko-znamence-na-zakonot-za-drzavjanstvo/#respond Tue, 13 Jul 2021 11:40:06 +0000 https://kurir.mk/?p=536095

За експресно да биде донесен Законот за државјанство усогласен помеѓу власт и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, веќе денеска Владата може да го достави до Собранието со европско знаменце, потврдуваат за Плусинфо од Владата. И покрај договорот меѓу Владата и опозициските партии на Албанците, законот за државјанство остана блокиран во Собранието. -Правиме напори денеска на владина седница да помине усогласениот текст на Законот за државјанство. Законот ќе биде со европско знаменце, бидејќи државјанствата на ниво на Европа се уредени со Европски регулативи. Што и да се менува во таквите закони е со европско знаменце, вели за Плусинфо функционер од Владата. По бурните реакции прво, дали се потребни измени на Законот и второ, преговорите и договорот меѓу власта и АА-А за измени на Законот, тој сега е закочен во Собранието во фаза на комисиска расправа. Дека Законот по брза постапка, односно со европско знаменце е можно да биде испратен во Собранието за да се надминат блокадите претходно најави пратеникот на Алијанса за Албанците, Халил Снопче. Тој ова го најави како варијанта Б, доколку се блокира расправата во Собранието. -Се разбира, ако гледаме навистина, значи има блокади, сигурно ќе одиме на втората варијанта преку европско знаменце. Зошто? Затоа што прво, имаме согласност од страна на Владата и второ, навистина се работи за човекови права и трето, сигурно според сите европски и меѓународни конвенции нема логика да има луѓе без државјанство во ниту една држава, а ние имаме луѓе што се без државјанство, вели Снопче. Целата вест прочитајте ја на Плусинфо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-ekspresno-da-bide-donesen-vladata-kje-mu-zakachi-evropsko-znamence-na-zakonot-za-drzavjanstvo/feed/ 0
Прекината седницата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство на Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-sednicata-za-predlog-zakonot-za-izmenuvanje-i-dopolnuvanje-na-zakonot-za-drzavjanstvo-na-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-sednicata-za-predlog-zakonot-za-izmenuvanje-i-dopolnuvanje-na-zakonot-za-drzavjanstvo-na-republika-makedonija/#respond Fri, 02 Jul 2021 10:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=530954

Претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Миле Талевски ја прекина денешната седница на која единствена точка на дневниот ред беше Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство на Република Северна Македонија, по скратена постапка, во второ читање, со појаснување дека не се створени деловнички услови за продолжување со работа и најави дека за продолжението на седницата пратениците – членови ќе бидат дополнително информирани. – Доколку во моментот на работа претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, Тимчо Муцунси свика седница со точка на дневниот ред за ребаланс за буџет, Комисијата за одбрана и безбедност веднаш ќе биде прекината и ќе овозможи услови да се работи на Комисија за финансирање и буџет, појасни претходно Талевски по процедуралните забелешки од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека се прави преседан со закажувањето на оваа седница, во услови кога во собраниската Комисија за финансирање и буџет тече расправа по ребалансот на Буџетот. Инаку, повеќе од еден час течеше расправа, главно процедурална, помеѓу пратениците од владеачкото мнозинство и опозицијата за тоа дали е преседан закажувањето на седница на оваа Комисија, кога во собраниската Комисија за финансирање, а која за денеска нема закажно седница, се расправа за ребалансот на буџетот. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа да се прекине седницата на Комисијата за одбрана и безбедност за да можат сите пратеници кои се членови и на Комисијата за финансирање и буџет да учествуваат во расправата за ребалансот на буџетот. Пратениците од опозицијата бараа да бидат поканети и вклучени во јавна расправа експерти од оваа област, задолжително владан претставник да го образложи Предлог-законот, да присуствува претставник од МВР, а сметаат и дека овој Предлог-закон не може да биде донесен по скратена постапка. Според пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, со денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност се прекршуваат шест членови од Деловникот на Собранието, меѓу кои и членот 120, став 4, во кој се вели дека покана за седница треба да има пет дена претходно пред одржување на седницата, како и член 36 од Законот за Собранието, во кој се предвидува дека петок е ден за средби со граѓаните во изборните единици каде се избрани пратениците. За пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова потребно е Предлог-законот за државјанство да се преиспита и да се заостри политиката за доделување државјанства. Ова е, рече Силјановска Давкова, Собрание на преседани по многу основи. Таа смета дека за овој Предлог-закон треба да се дискутира во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. – Државјанството не е безбедносно прашање иако после оние повеќе од 200 пасоши на најпознатите криминалци, добива димензија на многу важно безбедносно прашање. Очекував да се вклучи и Комисијата за политички систем, рече меѓу другото таа. Силјановска Давкова додаде дека законот за државјанство или неговаата измена треба да се третира како многу сложено прашање, наведувајќи го примерот од Велика Британија, каде токму поради третманот на оваа проблематика како најсложено прашање, бизнисменот Ал Фаед, кој поседува огромно богатство, и по 50 години живот во земјата не поседува британско државјанство, затоа што државата смета оти нема услови за тоа. Пратеникот Горан Мисовски, во процедурален одговор меѓу другото истакна дека во неговото повеќе од 15-годишно искуство во Собранието немало никакви проблеми и се работело нормално, паралелно додека се одржувала седница на Комисија за финансирање и буџер, течеле седници и на други собраниски Комисии. Тој ги замоли пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го повикаат претседателот на Комисијата за финансирање и буџет денеска да закаже седница на оваа Комисија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-sednicata-za-predlog-zakonot-za-izmenuvanje-i-dopolnuvanje-na-zakonot-za-drzavjanstvo-na-republika-makedonija/feed/ 0
Амандаманска расправа за измени на Законот за државјанство во матичната комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandamanska-rasprava-za-izmeni-na-zakonot-za-drzavjanstvo-vo-matichnata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandamanska-rasprava-za-izmeni-na-zakonot-za-drzavjanstvo-vo-matichnata-komisija/#respond Wed, 02 Jun 2021 05:11:46 +0000 https://kurir.mk/?p=517910

Комисијата за одбрана и безбедност денеска треба да одржи продолжение на седницата за амандманската расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, поднесен од пратениците од Алијанса на Албанците (АА) и Алтернатива. Седницата на Комисијата почна завчера. За законот, според најавите, се подготвени десетина комисиски амандмани, по разговорите на пратениците и претседателите на СДСМ и премиер Зоран Заев и на АА и Алтернатива Зијадин Села. Предлог законот е поднесен од пратениците Зиадин Села, Скендер Реџепи, Сурија Рашиди, Сафије Садики Шаини, Абдула Салиу, Елми Азири, Халил Снопче, Илире Даути, Атнан Незири, Артина Ќазими, Хусни Исмаили и Африм Гаши. Во Собранието за денеска се закажани и седници на комисиите за европски прашања и за здравство, на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, како и работна средба на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија. Членовите на Комисијата за европски прашања треба да расправаат за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста и на Законот за матучната евиденција, како и предлог законите за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, за управување со отпадот, за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, за управување со пакување и отпад од пакување, за управување со дополнителни текови на отпад, сите во прво читање. На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со Ковид-19 во приватните здравствени установи, во прво читање, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Постојаната Анкетна комисија треба да се дебатира за Годишниот извештај за работата на Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2020 година, како и за Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2020 година, а како точна на дневен ред е поставена и Иницијатива за формирање работна група за посета на КПД Идризово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandamanska-rasprava-za-izmeni-na-zakonot-za-drzavjanstvo-vo-matichnata-komisija/feed/ 0
Заев се уште не го видел Предлог-законот за државјанство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-ushte-ne-go-videl-predlog-zakonot-za-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-ushte-ne-go-videl-predlog-zakonot-za-drzavjanstvo/#respond Fri, 23 Apr 2021 14:50:54 +0000 https://kurir.mk/?p=501267

Премиерот Зоран Заев се уште го нема видено Предлог-законот за државајнство. Како што изјави денеска, законот најпрво треба да биде доставен до МВР, а потоа и до него и неговиот Кабинет. -Го немам видено, целта беше да го предложат до МВР за експертите прво да го видат. Штом тие ќе го оформат својот став, ќе го дадат до мене и до мојот Кабинет на разгледување, изјави Заев, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Кемет Електроникс“. Пратеникот на коалицијата Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива, Елми Азири на прес-конференција во Собранието соопшти дека Предлог-законот в понеделник ќе биде доставен до владиното мнозинство. -Нашиот дел околу законот за државјанство е завршен, останаа само неколку технички интервенции и в понеделник на пратеничката група на СДСМ и на владиното мнозинство ќе им ја предадеме предлог-верзијата и очекуваме евентуално некоја забелешка, рече Азири и додаде дека е можно идната недела да се одржи средба на претседателите на АА и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши со премиерот Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-ushte-ne-go-videl-predlog-zakonot-za-drzavjanstvo/feed/ 0
Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати државјанство да се стекнува по пат на сведоштво, тоа го нема никаде во светот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-vmro-dpmne-nema-da-prifati-drzavjanstvo-da-se-steknuva-po-pat-na-svedoshtvo-toa-go-nema-nikade-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-vmro-dpmne-nema-da-prifati-drzavjanstvo-da-se-steknuva-po-pat-na-svedoshtvo-toa-go-nema-nikade-vo-svetot/#respond Thu, 01 Apr 2021 09:39:16 +0000 https://kurir.mk/?p=490730

На сите ни е јасно дека мнозинството на Заев функционира како што самиот Заев функционира, сите го научија дека со уцена и „на ти – дај ми“ политики се може да се договори, вели пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМЕН во денешното гостување во Студио 10 на ТВ 24. Стојаноска рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен по однос на предлог законот за државјанство, посочувајќи дека нема да прифатат предлог закон каде што државјанство ќе се стекнува по пат на сведоштво, односно како што рече тоа го нема никаде во светот, и дека доколку се седне да се изготви добар предлог закон за државјанство согласно европските регулативи во кои ќе бидат вклучени сите политички партии, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече сите амандмани. Што се однесува на законот за државјанство, како што слушнавме тој бил тема на разговор на лидерската средба помеѓу претседателот Мицкоски и Заев. Нашиот став и во парламентот се кажа, и е кажан дека ова е закон кој што е против сите европски регулативи, нема земја во светот каде државјанство се стекнува по пат на сведоштво. Но, оставена е отворена врата, доколку се седне да се разговара и да се најде еден заеднички предлог на закон со консензус и учество на сите политички партии во тој случај и ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во парламентот, би седнала да разговара, би ги повлекле поднесените амандмани. Но, само во случај доколку се работи за поднесување на предлог закон кој што ќе биде согласно европската регулатива и никако поинаку, вели Стојаноска. На прашањето ако треба да се впери прстот кон некого кој е виновен за целата ситуација и зошто не се закажува седница, бидејќи законите веќе се прекршени, бидејќи денеска де факто и де јуре има попис , а се чека собрание за да се одложи пописот, бидејќи така се договорија сите, Стојаноска истакна дека виновен е Зоран Заев. Виновен според мене е Зоран Заев, за се што се случува во оваа држава па и за законот за попис. Само Зоран Заев, виновен е тој. Неговото несериозно однесување, пазарџиско однесување заради што сме доведени до ваква состојба, вели пратеничката Стојаноска. Како што посочи Стојаноска, се до почетокот на емисијата нема закажано координативна седница за закажување на седница на собранието за измени во Законот за попис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-vmro-dpmne-nema-da-prifati-drzavjanstvo-da-se-steknuva-po-pat-na-svedoshtvo-toa-go-nema-nikade-vo-svetot/feed/ 0