закон за двојазичност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Jan 2021 17:41:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за двојазичност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Личните карти, пасошите и возачките дозволи стануваат двојазични- ќе се додаде и „северна“ во документите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lichnite-karti-pasoshite-i-vozachkite-dozvoli-stanuvaat-dvojazichni-kje-se-dodade-i-severna-vo-dokumentite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lichnite-karti-pasoshite-i-vozachkite-dozvoli-stanuvaat-dvojazichni-kje-se-dodade-i-severna-vo-dokumentite/#respond Tue, 19 Jan 2021 17:41:48 +0000 https://kurir.mk/?p=457193

Владата денеска ги утврди текстовите на Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта и на Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Како што соопшти владината прес-служба, утврдувањето на овие текстови е поради усогласување со законските решенија во Законот за употреба на јазиците, како и од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од 33 до 36 на Уставот на Република Северна Македонија. Од Владата најавуваат дека Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, како и Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието во редовна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lichnite-karti-pasoshite-i-vozachkite-dozvoli-stanuvaat-dvojazichni-kje-se-dodade-i-severna-vo-dokumentite/feed/ 0
Претставници на Венециската комисија на 5 и 6 септември во Скопје за Законот за двојазичност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-na-veneciskata-komisija-na-5-i-6-septemvri-vo-skopje-za-zakonot-za-dvojazichnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-na-veneciskata-komisija-na-5-i-6-septemvri-vo-skopje-za-zakonot-za-dvojazichnost/#respond Tue, 03 Sep 2019 14:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=236591

Нацрт-законот за употреба на јазиците на Македонија ќе биде тема на разговорите на членовите на делегацијата на Венециската комисија кои на 5 и 6 септември ќе допатуваат во Скопје. Тие ќе имаат средби со претставници на власта и на невладините организации, пишува МКД.МК. Мислењето за ова прашање Венециската комисија ќе го даде по пленарната седница во октомври. Подготовката на ова нацрт-мислење се финансира во рамките на проектот на ЕУ и Советот на Европа за Западен Балкан и Турција, а имплементиран од Советот на Европа. Ова е официјалното соопштение на Венециската комисија за нивната посета во однос на давање на нивно мислење за Законот за двојазичност. Интересно е тоа дека тие најавуваат дека ќе разгледуваат нацрт-закон за двојазичност, а кај нас овој закон веќе е во сила. Владините претставници за време на донесувањето на овој закон ја убедуваа јавноста дека евентуалните забелешки од Венециската комисија ќе бидат сигурно вградени во законот, без разлика дали ова законско решение е веќе изгласано од пратениците или сѐ уште е во предлог фаза. Законот за употребата на јазиците е донесен уште во јануари 2018 година, па по вторпат изгласан во март истата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-na-veneciskata-komisija-na-5-i-6-septemvri-vo-skopje-za-zakonot-za-dvojazichnost/feed/ 0
Македонскиот јазик во втор план: Доколку се обрати граѓанин на државата на јазик различен од македонскиот, веродостојно ќе биде обраќањето на граѓанинот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-jazik-vo-vtor-plan-dokolku-se-obrati-gragjanin-na-drzavata-na-jazik-razlichen-od-makedonskiot-verodostojno-kje-bide-obrakjanjeto-na-gragjaninot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-jazik-vo-vtor-plan-dokolku-se-obrati-gragjanin-na-drzavata-na-jazik-razlichen-od-makedonskiot-verodostojno-kje-bide-obrakjanjeto-na-gragjaninot/#respond Thu, 28 Feb 2019 17:13:14 +0000 https://kurir.mk/?p=169532

Од генералниот секретаријат беше лиферувано соопштение од Меѓуресорската работна група за спроведување за употреба на јазиците во кое јасно е нагласено како институциите на државата треба да го применуваат Законот за употреба на јазиците при што станува јасно дека обрасците кои треба да ги издаваат институциите треба да бидат на двата јазици и на целата територија на државата. Во една од точките нагласено е дека доколку се обраќа граѓанин на државата на јазик различен од македонскиот, за веродостојно ќе се смета обраќањето на граѓанинот, бидејќи изворно обраќањето на граѓанинот е на неговиот мајчин јазик. Во продолжение во целост Ви го пренесуваме соопштението од Генералниот секретаријат:  Со цел полесна примена на одредбите на Законот за употреба на јазиците, Меѓуресорска работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците, на својот трети состанок, одржан на 25.02.2019 година, ги даде следните насоки кои инстутициите треба да ги имаат во предвид при имплементацијата на Законот за употреба на јазиците: 1. При двојазична комуникација и меморандумот треба да е двојазичен, односно доколу барањето е двојазично и одговорот да биде двојазичен. 2. Во однос на преводот на документите, при обраќањето на државните институции, веродостојна е македонската верзија, односно во случај на несовпаѓање на македонската и албанската верзија, за веродостојна ќе се смета македонската верзија. 3. Доколку се обраќа граѓанин на Република Северна Македонија на јазик различен од македонскиот, за веродостојно ќе се смета обраќањето на граѓанинот, бидејќи изворно обраќањето на граѓанинот е на неговиот мајчин јазик. 4. При двојазичното обраќање да има фуснота каде ќе стои „Ве молиме одговорот да го дадете на македонски јазик и на јазикот на кој е побарано’’.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-jazik-vo-vtor-plan-dokolku-se-obrati-gragjanin-na-drzavata-na-jazik-razlichen-od-makedonskiot-verodostojno-kje-bide-obrakjanjeto-na-gragjaninot/feed/ 0
Пандов: Законот за двојазичност се повеќе ќе ги оддалечува Македонците и Албанците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandov-zakonot-za-dvojazichnost-se-povekje-kje-gi-oddalechuva-makedoncite-i-albancite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandov-zakonot-za-dvojazichnost-se-povekje-kje-gi-oddalechuva-makedoncite-i-albancite/#respond Thu, 07 Feb 2019 20:39:56 +0000 https://kurir.mk/?p=161428

Аналитичарот Александар Пандов во емисијата Отворено на Алфа телевизија изјави дека со Законот за двојазичност имаме два официјални јазици и самиот закон каков што е не е интегрирачки туку создава поголеми поделби помеѓу граѓаните во Република Македонија и се повеќе ќе ги оддалечува Македонците и Албанците. Пандов посочи дека законот за двојазичност се донесе противзаконски и противуставно без да се дозволи да се дискутира за амандманите на опозицијата, а потоа Талат Џафери незаконски го објави и затоа ако постои право во Македонија, Уставниот суд ќе го укине. Според него законот треба да биде вратен во Собрание и со учество на сите политички партии да биде донесен за општо на сите граѓани на Република Македонија, а не само како сега само едни да добиваат, а одредени политичари заради сопствена агенда да го носат насилнички и предизборно. - Не гледам никаква добра намера ниту ДУИ ниту во Заев и СДСМ дека го носат законот за правење на арно за Албанците, во овој закон се гледа политичка агенда на ДУИ и Заев за билдање на својот рејтинг, а Македонците и Албанците им се последни и соживотот кој што постојано го говорат им се на последно место, истакна Пандов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandov-zakonot-za-dvojazichnost-se-povekje-kje-gi-oddalechuva-makedoncite-i-albancite/feed/ 0
Јанушев: Талат Џафери и владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и Заев брутално го погазуваат Уставот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-talat-dzaferi-i-vladejachkoto-mnozinstvo-predvodeno-od-sdsm-i-zaev-brutalno-go-pogazuvaat-ustavot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-talat-dzaferi-i-vladejachkoto-mnozinstvo-predvodeno-od-sdsm-i-zaev-brutalno-go-pogazuvaat-ustavot/#respond Mon, 21 Jan 2019 13:41:50 +0000 https://kurir.mk/?p=154825

Законот за двојазичност е противуставен, донесен во нелегална процедура, а со тоа и штетен. Ова се главните причини заради кои што ВМРО-ДПМНЕ денес поднесува иницијатива до Уставниот суд за оцена на уставноста на Законот за двојазичност, кој беше донесен на насилнички начин од страна на власта, со газење на Уставот, законите и процедурите за донесување и објавување на законите, изјави на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој додаде: „Указот за прогласување на законот за двојазичност е објавен само со потпис на Талат Џафери и без потпис на Претседателот на државата – Ѓорѓе Иванов, што е во целосна спротивност на Член 75 од Уставот, кој предвидува указите за прогласување на законите задолжително да се потпишуваат од Претседателот на Република Македонија. На указот на Законот за двојазичност стои единствено потписот на Талат Џафери, кој се потпишал во име на претседателот на држава – иако на претседателот на државата, ниту му престанала функцијата, ниту бил спречен да ја врши, што е уште една незаконитост спротивна на Член 82 од Уставот. Тоа значи дека во конкретниов случај не е исполнет ниту еден од условите указот да биде потпишан од Џафери во име на Претседателот на државата.“ Јанушев потенцираше дека Талат Џафери и владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и Заев брутално го погазуваат Уставот. „Законот за двојазичност е во целосна спротивност со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, кој вели дека „На целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.“ Со Законот за двојазичност – македонскиот јазик се изедначува со секој друг јазик кој го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и со тоа македонскиот јазик од кохезивен фактор во општеството се претвора во еден од двата службени јазици, што е незаконски и противуставно.“ Тој додава дека дополнително власта врши прекршување и при носењето на законот, бидејќи Законот за двојазичност е закон кој уредува и прашања за употреба на јазикот во судските постапки и органите на државната управа и општините, кои според Член 98 и Член 119 од Уставот се носат со двотретинско мнозинство. „Уставните прекршувања мора веднаш да запрат. Република Македонија мора да биде правна држава, а не држава во која ќе се гази највисокиот правен акт. ВМРО-ДПМНЕ бара од Уставниот суд донесување на времена мерка – запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на Законот за двојазичност и Указот за прогласување на истиот, чија уставност се оспорува, од причина што доколку започне да се применува постои ризик од настанување на штетни последици.“ Апелираме до Уставниот суд да одлучува со најголема итност, почитувајќи ги Уставот и воспоставените практики од минатото и да донесе одлука со која ќе се укине Законот за двојазичност. Незаконието мора да запре и одговорност мора да има. СДСМ мора да си замине и токму затоа потребни се итни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, подвлече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-talat-dzaferi-i-vladejachkoto-mnozinstvo-predvodeno-od-sdsm-i-zaev-brutalno-go-pogazuvaat-ustavot/feed/ 0
И државниот инспекторат за техничка инспекција почна да го применува албанскиот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-drzavniot-inspektorat-za-tehnichka-inspekcija-pochna-da-go-primenuva-albanskiot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-drzavniot-inspektorat-za-tehnichka-inspekcija-pochna-da-go-primenuva-albanskiot-jazik/#respond Thu, 17 Jan 2019 15:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=153463

Државниот инспекторат за техничка инспекција, кој е во рамките на Министерството за економија со кое управува Крешник Бектеши, кој доаѓа од редовите на ДУИ, од денеска во пракса почна да ја применува употребата на албанскиот јазик. Освен табелата на албански јазик, писмата до други државни институции се испраќаат и на албански јазик.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-drzavniot-inspektorat-za-tehnichka-inspekcija-pochna-da-go-primenuva-albanskiot-jazik/feed/ 0
Со кршење на Уставот и законите е донесен Законот за двојазичност, истиот предвидува казни за непочитување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-krshenje-na-ustavot-i-zakonite-e-donesen-zakonot-za-dvojazichnost-istiot-predviduva-kazni-za-nepochituvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-krshenje-na-ustavot-i-zakonite-e-donesen-zakonot-za-dvojazichnost-istiot-predviduva-kazni-za-nepochituvanje/#respond Wed, 16 Jan 2019 14:50:34 +0000 https://kurir.mk/?p=152986

Законот за употреба на јазиците, популарно наречен закон за двојазичност, го става албанскиот јазик на ниво на официјален јазик во Република Македонија, со тоа се дерогира уставот на државата, кој пропишува дека официјален јазик на територија на Република Македонија е македонскиот јазик, кој е кохезивен фактор во општеството. Истиот содржи 25 членови кои според препораките на претседателот на државата се неуставни. Официјализирањето на албанскиот јазик како втор јазик се случи со прекршување на уставот и законите во државата, во текот на целото негово донесување. Законот е објавен противправно во Службен весник со потпис од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери, наместо на Претседателот Ѓорѓе Иванов. Со објавувањето во Службен весник законот стапува на сила со што двојазичноста ќе се применува во сите државни институции, јавни претпријатија, дирекции, агенции, установи и организации, комисии и правни лица кои вршат јавни овластувања. Албанскиот јазик како официјален јазик ќе се применува во Собранието, Владата, Уставниот суд, народниот правобранител, во изборниот процес, образованието, здравството, културата, радиодифузната дејност, матичната евиденција, личните документи, финансиите и економијата. Дополнително во постапките пред судовите и јавните обвинителства како и во судските, извршните, предистражните, кривичните и прекршочните постапки, како и парничните и вонпарнични постаапки, освен македонскиот јазик ќе се употребува и албанскиот. Законот пропишува и глоби имено според чл. 22 од законот доколку државните и јавните органи не ги почитуваат одредбите од законот ќе се соочат со глоба во износ од 4000 до 5000 евра, а службените лица ќе платат дури 30 проценти од одмерената казна. Двојазични ќе бидат и книжните и кованите пари како и поштенските марки кои ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат албанскиот јазик. Истото важи и за уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите, фактурите и бандеролите. На албански јазик ќе бидат и униформите на полицијата, пожарникарите и здравството во скопје и општините. На сличен начин ќе се применува и за име на улица, плоштад, мост граничен премин, аеродроми и други инфраструктурни објекти. На албански јазик ќе се водат дури и седниците на Државната изборна комисија како и стенограмите од седниците на владата и Собранието. Покрај на македонски, интернет страниците на институциите треба да бидат и на албански јазик. Според тогашните проценки пред изгласување на законот, беше утврдено дека овој закон ќе предизвика финансиски импликации и ќе го чини буџетот 106 милини денари и ќе се основа Агенција за примена на албанскиот јазик која ќе треба да се грижи за промоција и заштита на јазикот, а надзорот околу спроведувањето на законот ќе го врши Инспекторат за употреба на јазиците. Денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција истакна дека објавувањето на законот во Службениот весник на Република Македонија потпишан само од Талат Џафери е неуставно и незаконски, нагласувајќи дека ќе поднесат кривична пријава за Џафери, директорот на Службениот весник како и дека сите лица кои се инволвирани во оваа незаконска процедура правно ќе одговараат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-krshenje-na-ustavot-i-zakonite-e-donesen-zakonot-za-dvojazichnost-istiot-predviduva-kazni-za-nepochituvanje/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе кривичната пријава против Џафери за кршењето на процедурите при носење на законот за двојазичност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ja-podnese-krivichnata-prijava-protiv-dzaferi-za-krshenjeto-na-procedurite-pri-nosenje-na-zakonot-za-dvojazichnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ja-podnese-krivichnata-prijava-protiv-dzaferi-za-krshenjeto-na-procedurite-pri-nosenje-na-zakonot-za-dvojazichnost/#respond Tue, 19 Jun 2018 09:09:42 +0000 https://kurir.mk/?p=67382

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Талат Џафери, претседателот на Собранието на Република Македонија до Основното Јавно Обвинителство - Скопје, за прекршување  на Уставот, Законот за Собрание и Деловникот за работа на Собранието, заради неуставното и неззаконското донесување на законот за двојазичност во Собранието. Џафери директно сторил кривично дело согласно член 353 и  392 од КЗ.

Имено Џефери извршил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување со што му се заканува казна затвор од најмалку 5 години, според чл. 353  ст.5 од КЗ.

Џафери го попречил уставно загарантираното право на пратениците да расправаат по веќе поднесени амандмани поднесени по забелешки на претседателот на државата и дозволил без расправа гласање на законот за двојазичност.

 Во текот на целата постапка на гласање на законот извршени се неколкукратни законски прекршувања. Уште при самото ставање на законот во Собрание и ставање на негово читање во Законодавно - правната комисија е прекршена процедурата неговото читање да биде 3 дена, па наместо со Деловник утврдениот рок, читањето пред матичната комисија е извршено за не цел ден, со што се прекршени членовите 139 и 140 од Делевникот за работа на Собранието.

За време на второто читање на законот во Комисијата за европски прашања, од страна на Еврокомесарот Хан беше укажано дека законот за двојазичност не е приоритетен за добивање на позитивна препорака од ЕУ, уследија критики од стручната јавност и од претставници на дипломатскиот кор, но ништо не ја спречи власта во кршењето на законите.

Продолжението на второто читање се одржа на 11 декември, при што биле изнесени 90 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 84, од СДСМ 4 и од БЕСА 2 амандмани. На седницата не бил ставен на гласање ниту еден амандман.

Законот за двојазичност беше изгласан на 11 јануари 2018 година, со 66 гласа ЗА. На 17 јануари 2018 година, Претседателот на државата упати писмо до Собранието на Република Македонија во кое се вели дека нема да го потпише законот за  двојазичност, детално образложувајќи ја својата одлука, која се базира врз уставните повреди со поголемиот дел од членовите од законот. Врз основа на укажувањата на Претседателот на државата опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани со цел доведувањена законскиот текст во согласност со Уставот.

ВМРО-ДПМНЕ бараше согласно сите поднесени амандмани да бидата разгледани. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев пред ставање на законот на трето читање во Собранието истакна дека имаат поднесено барање до архивата на Собранието сите поднесени амандмани да бидат разгледани согласно согласно членот 173 став 3 и член 164 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.

Второто барање било да заседава Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања да даде свое мислење во однос на прекршувањата на Деловникот за работа на Собранието, спротивно на барањата на ВМРО-ДПМНЕ и процедурите законот бил ставен на гласање без расправа и без разгледување на амандманите, а исто така не им биле дозволени ни процедурални забелешки на пратениците. Со ваквите дејствија Талат  Џафери, како претседател на Собранието директно го повредил чл.67 од Уставот кој укажува на должноста и обврската на претседателот на Сообранието да се грижи за уставноста и законитоста на работата на сообранието и законито спроведување на деловникот како акт за работа на сообранието.

Џафери овде директно го крши чл. 153 од Делевникот, кој предвидува дека за секој амандман се води претрес и се гласа одделно. Ако на иста одредба од предлогот на законот се поднесени два или повеќе различни амандмани, за амандманите се гласа според редот по кој се поднесени. Ако со некој од амандманите се предлага бришење на одделна одредба од предлогот на законот, прво се гласа за тој амандман и ако амандманот се усвои, не се гласа за другите амандмани на тој член.

Покрај Уставното прекшување Џафери извршил и прекршување на чл.18 од Законот за Собрание кој укажува на должноста претседателот на Собранието да се грижи за законито спроведување на Деловникот, како и чл.38 од истиот кој вели дека ако Претседателот на државата не го потпише указот  за прогласување на законот Собранието повторно го разгледува законот согласно со Деловникот, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот.

Џафери врши и повреда на чл.60  од Деловникот за работа на Собранието, со кој тој како претседател е должен да го спроведува Деловникот и да се грижи за негова правилна примена.

Џафери директно го прекршил во неколку наврати Уставот, Законот за Собрание и Деловникот за работа на Собранието.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ja-podnese-krivichnata-prijava-protiv-dzaferi-za-krshenjeto-na-procedurite-pri-nosenje-na-zakonot-za-dvojazichnost/feed/ 0
Ѓорѓиевски: Неуставниот закон за двојазичност ќе има огромни финансиски импликации врз Буџетот на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjievski-neustavniot-zakon-za-dvojazichnost-kje-ima-ogromni-finansiski-implikacii-vrz-budzetot-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjievski-neustavniot-zakon-za-dvojazichnost-kje-ima-ogromni-finansiski-implikacii-vrz-budzetot-na-drzavata/#respond Mon, 19 Mar 2018 14:12:02 +0000 http://kurir.mk/?p=31142

Законот за двојазичност, ваков каков што е, не смее да стапи на сила. Покрај тоа што е неуставен и неприменлив, истиот ќе направи огромна штета. И политичка и економска. Последиците ќе ги плаќаат сите граѓани на Република Македонија, обвинува Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Неуставниот закон за двојазичност кој парламентарното мнозинство, спротивно на забелешките на претседателот на државата, експертите и ставот на граѓаните на сила го истурка во Собранието ќе има огромни финансиски импликации врз Буџетот на нашата државата. Сумата  од 1.7 милиони евра, која власта ја предвиде за имплементација на двојазичноста со Буџетот за 2018 година е само параван. Реалните трошоци ќе бидат далеку повисоки, како за централните институции, така и за институциите на локално ниво. Социјалдемократскиот сојуз крие од граѓаните колку од народните пари би се трошеле за вработување на преведувачи на албански јазик во Штип, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Делчево и другите градови од источниот и јужниот дел од државата, но и на сите гранични премини во државата. Социјалдемократскиот сојуз не кажува колку ќе чинат преведувачите и судските преводи во сите Основни и Апелациони судови во Република Македонија, истакнува тој. Ѓорѓиевски јавно ја повикува власта да одговори и колку пари ќе ги чини граѓаните изготвувањето на нови униформи на полицијата, пожарникарите и здравствените работници? Колку ќе чини изготвувањето на двојазичните пари во Република Македонија? -Власта треба да им каже и на нотарите, извршителите, адвокатите, аптеките, мобилните оператори, дистрибутерите со електрична енергија и други приватни субјекти кои вршат  работи од јавен интерес, колку пари ќе треба да одвојуваат од својот Буџет за имплементација на неуставната и штетна двојазичност. Колку секој од нас ќе треба да ја плати желбата на Зоран Заев по секоја цена да ја има поддршката на ДУИ. Социјалдемократскиот сојуз парите од Буџетот наместо за нови болници, училишта, градинки, патишта и објекти од полза за граѓаните ќе ги троши за покривање на трошоците од двојазичноста. Македонија е киднапирана и срушена држава. Социјалдемократскиот сојуз ги киднапира и узурпира институциите, законите, Уставот, а главната одлика им е рушењето, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој порачува дека законот за двојазичност кој насила го туркаат е неуставен, штетен и практично неприменлив. -Ставот на претседателот на државата да не го потпишува указот за прогласување на овој неуставен закон  е државнички чин и единствено правилен чекор, кој може да се направи. Секое објавување на законот во Службен весник повлекува и кривична одговорност. По враќањето на правната држава секој ќе одговара за незаконското постапување, порача тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjievski-neustavniot-zakon-za-dvojazichnost-kje-ima-ogromni-finansiski-implikacii-vrz-budzetot-na-drzavata/feed/ 0
Младите писатели и поддржувачи на Шарената револуција против Законот за двојазичност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladite-pisateli-i-poddrzuvachi-na-sharenata-revolucija-protiv-zakonot-za-dvojazichnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladite-pisateli-i-poddrzuvachi-na-sharenata-revolucija-protiv-zakonot-za-dvojazichnost/#respond Mon, 05 Feb 2018 15:59:49 +0000 http://kurir.mk/?p=18480

Млади писатели кои беа дел од таканаречената Шарена револуција удрија по Законот за јазиците, кој СДСМ упорно го турка. Според нив законот се носи со игнорирање на мислењето на пошироката јавност.

Имено тие истакнаа дека се против донесување на законот за двојазичност во Македонија.

- Значи јас бев од оние кои ги поддржаа трите професорки кои беа најгласни. Значи ги поддржав на социјалните мрежи. Сметам дека овој закон е првенствено неуставен, зборам конкретно за законот за употреба на јазиците односно на албанскиот јазик. Второ сметам дека е премногу избрзан. За да се донесе еден таков закон пред се треба да се консултира стручната јавност. Колку што ми е познато тоа го нема направено никој од власта, вели младиот писател Петар Андовски.

Писателот Игор Станојоски смета дека самата официјализација на албанскиот јазик веднаш го загрозува по автоматизам статусот на македонскиот јазик.

-Затоа што според мене воопшто не е исто да се биде единствен официјален јазик во Македонија како што е сега македонскиот и во блиска иднина евентуално да биде еден од официјалните јазици. Единствен официјален јазик и еден од официјалните јазици тоа не е иста работа. Така што јас воопшто не го поддржувам законот за така како што го викаат законот за употреба на јазиците така можеби еуфемистички се вика, а всушност се работи за воведување двојазичност, вели Станојоски.

Според Фросина Пармаковска можеби не требаше да се случи тој закон на начинот на кој се донесе неговото спроведување.

-Затоа што беше игнорирана пошироката јавност. Првенствено беа игнорирани експертите кои што сами доброволно се јавија со свои мислења и анализи. Моето мислење е тоа дека беше некако донесе нетранспарентно. Транспарентноста беше една од основните вредности за кои се боревме сите кои што сакавме промени, смета Пармаковска.

Писателот Живко Гроздановски пак вели најмногу му пречи тоа што предвидува употреба, злоупотреба на многу финансиски средства.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladite-pisateli-i-poddrzuvachi-na-sharenata-revolucija-protiv-zakonot-za-dvojazichnost/feed/ 0