закон за градење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Oct 2022 14:11:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за градење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пратениците го донесоа Законот за градење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-go-donesoa-zakonot-za-gradenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-go-donesoa-zakonot-za-gradenje/#respond Thu, 20 Oct 2022 14:11:26 +0000 https://kurir.mk/?p=748516

Со 84 гласа „за“, денеска пратениците на 84. седница го донесоа Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка. Со овој предлог закон се предвидува посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање на решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената енергија го предаваат во електродистрибутивна мрежа. Со Законот за градење фотонапонски панели за производство на електрична енергија со максимален инсталиран капацитет до 1 МW можат да се постават на објект по добиено решение за поставување согласно членот 74 од Законот. Со измените на Законот за градење ќе се избрише одредбата со која општината издава решение за поставување на фотонапонски системи на кров за потрошувачите-производители. По изгласување на Законот, спикерот Талат Џафери ја прекина седницата, посочувајќи дека за следните точки уште не се завршени постапките, односно соодветните Комисии не ги разгледале точките, и затоа нема услови да се продолжи оваа седница. За нејзино продолжување, како што рече Џафери, дополнително јавноста дополнително ќе биде информирана.
Инаку, заостанати точки на дневниот ред 84. седница се Предлог на закон за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, Предлог на закон за ратификација на Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан, Дополнет предлог на закон за буџети, како и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, двата по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за спортска академија, Предлог на закон за установите за средно образование на верските заедници и Предлог на закон за дополнување на Законот за возила. Собранието денеска треба да продолжи со работата по 69. седница. На дневен ред на 69 седница се заостанати Предлог на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС), Предлог на закон за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан, како и Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на децата, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, сите по скратена постапка.бт/са/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-go-donesoa-zakonot-za-gradenje/feed/ 0
Пратениците расправаа за измените на Законот за градење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-raspravaa-za-izmenite-na-zakonot-za-gradenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-raspravaa-za-izmenite-na-zakonot-za-gradenje/#respond Thu, 20 Oct 2022 12:08:47 +0000 https://kurir.mk/?p=748403

Пратениците денеска во рамки на продолжението на 84. седница го образлагаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, со којшто се предвидува посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање на решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената енергија го предаваат во електродистрибутивна мрежа. Со Законот за градење фотонапонски панели за производство на електрична енергија со максимален инсталиран капацитет до 1 МW можат да се постават на објект по добиено решение за поставување согласно членот 74 од Законот. Со измените на Законот за градење ќе се избрише одредбата со која општината издава решение за поставување на фотонапонски системи на кров за потрошувачите-производители. Пратениците од владејачкото мнозинство укажаа дека станува збор за мошне важен закон и оти тој треба што поскоро да биде донесен. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ иако го поддржува овој закон во знак на револт го напушти пленарното заседание на самиот почеток поради, како што објасни координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, задоцнетото закажување на продолженијата на три седници и кусото време за подготовка, како и неможноста да се инфомираат преку веб страната на Собранието поради тоа што не работела. Мицевски рече дека пратениците од опозицијата не биле навреме информирани за седниците туку дека добиле пораки во 9 и 30 часот. Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, која ја води седницата, кажа дека тој уште синоќа најавил дека денеска ќе има седници и рече дека закажувањето на седниците од страна на претседателот на Собранието било деловничко. Седницата беше прекината, а потпретседателот на Собранието продолжението го закажа за 15 часот. Во Собранието за денеска се закажани продолжение на 84. седница, на 69. и на 88. седница. Заостанати точки на дневниот ред на 84. седница се Предлог на закон за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, Предлог на закон за ратификација на Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан, Дополнет предлог на закон за буџети, како и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, двата по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за спортска академија, Предлог на закон за установите за средно образование на верските заедници и Предлог на закон за дополнување на Законот за возила. На дневен ред на 69 седница се заостанати Предлог на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС), Предлог на закон за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан, како и Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на децата, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, сите по скратена постапка. Како последна за денеска е најавена 88. седница, на која на дневен ред како прва точка е Ристо Пенов да биде избран за министер за локална самоуправа, за што на седницата треба да присуствува предлагачот премиерот Димитар Ковачевски, кој е во посета на ОАЕ. Потоа треба да се гласа за уставните судии за што расправата заврши синоќа, а на дневен ред на оваа последно закажана седница се и закони поврзани со мерките за енергетската ефикасност како и законите за здруженија и за политички партии и други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-raspravaa-za-izmenite-na-zakonot-za-gradenje/feed/ 0
Мицкоски: Со новиот Закон за градење на Заев и Филипче модуларните болници се поставени на диво и на диво се приклучени на електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-noviot-zakon-za-gradenje-na-zaev-i-filipche-modularnite-bolnici-se-postaveni-na-divo-i-na-divo-se-priklucheni-na-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-noviot-zakon-za-gradenje-na-zaev-i-filipche-modularnite-bolnici-se-postaveni-na-divo-i-na-divo-se-priklucheni-na-elektrichna-energija/#respond Fri, 24 Sep 2021 12:21:49 +0000 https://kurir.mk/?p=567741

Владата направи измени на Законот за градење со кои ги заобиколува сите институции и формира нова градба која се нарекува модуларна или монтажно демонтажна градба и вели за овие објекти нема потреба од одобрение за градба, туку решение за поставување, а кои документи се потребни за ова вели ќе се дефинира со правилник за кој е одговорен минсистерот за здравство. Прашувам го видел некој правилникот и што предвидува? Значи болницата е поставена на диво, пуштена во употреба на диво и приклучена на електрично напојување на диво, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за измените на Законот за градење по средбата со првиот човек на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Неби Хоџа. Мицкоски додава дека „тука треба да се бара одговорноста по вертикала кој дозволил да се постави таму модуларната болница, кој ја пуштил во употреба на диво и кој дозволил на диво да се приклучи на електрична енергија“. Според него одговорноста е јасна и не треба странски комисии да утврдуваат ништо. Мицкоски со објаснување што претходно предвидувал Законот за градење.
- Во Законот за градење има три столба кои се значајни, првиот е одобрение за градба, вториот е категоризација на градба, прва и втора категорија, третиот столб е употребна дозвола. До сега имаве прва и втора категорија или прва објекти кои да речеме би требало да се изгради една ваква болница бидејќи е дел од владината одговорност во случајов министерство за здравство со министерство за труд и социјала, а втора категорија се индивидуални станбени објекти, куќи. Пуштање во употреба за индивидуален станбен објект, куќа се врши со технички извештај од надзорен инжинер и тогаш со тој извештај одите во општина добивате решение и го запишувате во катастар и станува ваш. Кога станува збор за градба од прва категорија надлежно беше до сега министерство за транспорт и врски и овој објект требаше да биде градба од прва категорија. Што значи тоа, градба од прва категорија, дека има основен проект, ревидиран кој е проектиран од проектантско биро со А лиценца и ревидиран од ревизорска куќа со А лиценца. Тие документи се закачуваат на електронскиот систем е -дозвола заедно со други проекти меќу кои елаборат за противпожарни инсталации, громобрански инсталации и сл.“, рече Мицкоски.
Тој објасни дека тогаш „министерството за транспорт ги праќа овие проекти до институциите на одобрување и мислење и кога ќе ги собере сите одлучува да даде одобрение за градба, која се следи и на крај комисија од министерство за транспорт и неколку други институции излегува на терен и оценува дали е изработен според проект и ако е се дава одобрение за употреба“. И сега, објаснува Мицкоски, што прави Владата.
- Носи измени на Законот за градење со кои ги заобиколува сите институции и формира нова градба која се нарекува модуларна или монтажно демонтажна градба и вели за овие објекти нема потреба од одобрение за градба, туку решение за поставување кои документи се потребни за ова вели ќе се дефинира со правилник за кој е одговорен минситерот за здравство. Го видел некој правилникот и што предвидува? Значи болницата е ставена на диво, пуштена во употреба на диво и приклучена на електрично напојување на диво. Е тука треба да се бара одговорноста по вертикала кој дозволил да се постави таму, кој ја пуштил во употреба и кој дозволил на диво да се приклучи на електрична енергија“, укажа Мицкоски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-noviot-zakon-za-gradenje-na-zaev-i-filipche-modularnite-bolnici-se-postaveni-na-divo-i-na-divo-se-priklucheni-na-elektrichna-energija/feed/ 0