закон за јавно обвинителство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Feb 2020 21:06:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за јавно обвинителство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собранието ја започна расправата за законот за Јавно обвинителство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-zapochna-raspravata-za-zakonot-za-javno-obvinitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-zapochna-raspravata-za-zakonot-za-javno-obvinitelstvo/#respond Thu, 13 Feb 2020 21:06:03 +0000 https://kurir.mk/?p=303704

Во Собранието на Република Северна Македонија почна 135. собраниска седница на која пратениците ќе расправаат за предлог-законот за Јавно обвинителство и Предлог-законот за Советот на јавни обвинители. Двата закона вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија. Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален  услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-zapochna-raspravata-za-zakonot-za-javno-obvinitelstvo/feed/ 0
Калајџиев: Обвинителите повеќе се противат за законот за јавно обвнителство и од експертите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-obvinitelite-povekje-se-protivat-za-zakonot-za-javno-obvnitelstvo-i-od-ekspertite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-obvinitelite-povekje-se-protivat-za-zakonot-za-javno-obvnitelstvo-i-od-ekspertite/#respond Wed, 12 Feb 2020 21:06:16 +0000 https://kurir.mk/?p=303128

Не е наш проблем што за законот за јавно обвинителство ја игнорираат експертстака фела. Не знам зошто организираа јавна расправа кога се знаеше што ќе се слушне. И не само експертите, туку и обвинителите се незадоволни. Но, ние како експерти имаме полагодна позиција и може јавно да кажеме, рече универзитетскиот професор Гордан Калајџиев на гостувањето на телевизија Алфа. -Се влечат правни и политички чекори за кои не знаеме кој е автор. Законот за јавно обвинителство е да се среди работите околу СЈО. Сега се прават некои импровизации. Во обрзаложението тоа што стои нема врска, велат заради усогласување со законот за кривична постапка, тоа нема врска, посочи Калајџиев. За доведувањето на законот за јавно обвинителство во врска со патот кон ЕУ , професорот посочи клучно е да има квалитетен закон. -Амбасадорите поддржуваа некакви реформи и нив им е лесно да ја поддржуваат секоја линија на носење закони, но не е тоа целта. Треба квалитетни закони, рече Калајџиев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-obvinitelite-povekje-se-protivat-za-zakonot-za-javno-obvnitelstvo-i-od-ekspertite/feed/ 0
Калајџиев: Во законот за обвинителство се регулираат работи кои не се за овој закон, затоа на овој испит би паднала и министерката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-vo-zakonot-za-obvinitelstvo-se-reguliraat-raboti-koi-ne-se-za-ovoj-zakon-zatoa-na-ovoj-ispit-bi-padnala-i-ministerkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-vo-zakonot-za-obvinitelstvo-se-reguliraat-raboti-koi-ne-se-za-ovoj-zakon-zatoa-na-ovoj-ispit-bi-padnala-i-ministerkata/#respond Wed, 12 Feb 2020 20:56:27 +0000 https://kurir.mk/?p=303120

Сега е како некоја желботека, тоа што се сака да се вметне во закон се вметнува. Многу работи кои се проблем не се решаваат со законот за јавно обвинителство, и тоа и е кажано на министерката за правда, рече универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во своето гостување на телевизија Алфа. -Најспорните прашања на пример не се за овој закон. За тоа дали ќе се водат истраги или не не е прашање на закон за јавно обвнителство, туку на закон за кривична постапка и судска пракса. Утре ќе се случува ова и во други теми. На пример изземање на судии ќе се решава со закон за адвокатура. Во основно кога ќе ви дадат тема прво гледаат дали сте ја погодиле темата. Вие може одлично да сте напишале состав но да не сте ја погодиле темата. Така и тука, промашени се работите. И министерката и многу други ќе треба да паднат на испит со вакво однесување, рече Калајџиев. Професорот објаснува дека во законот има многу грешки. -Тие велат бомбите се индиции, односно дека нема да се користат во постапка и нема да бидат докази. Индициите се индикректни докази, така во бомбите има и директни докази, но и индиции. Значи тие поимот индиции го користат сосема погрешно. Тоа е недозволиво, додаде Калајџиев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-vo-zakonot-za-obvinitelstvo-se-reguliraat-raboti-koi-ne-se-za-ovoj-zakon-zatoa-na-ovoj-ispit-bi-padnala-i-ministerkata/feed/ 0
ВО ЖИВО: Седница на собраниската комисија за европски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-sednica-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-sednica-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/#respond Wed, 12 Feb 2020 10:25:19 +0000 https://kurir.mk/?p=302812

Во законодавниот дом се одржува седница на Комисијата за европски прашања со која претседава Артан Груби. На дневен ред на Комисијата се Предлог-закон за јавното обвинителство, по скратена постапка и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, по скратена постапка, двата во второ читање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-sednica-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/feed/ 0
Фалсификаторско и насилно носење на ЗЈО за спас од криминалните афери: Личниот интерес на Заев повторно во преден план https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/falsifikatorsko-i-nasilno-nosenje-na-zjo-za-spas-od-kriminalnite-aferi-lichniot-interes-na-zaev-povtorno-vo-preden-plan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/falsifikatorsko-i-nasilno-nosenje-na-zjo-za-spas-od-kriminalnite-aferi-lichniot-interes-na-zaev-povtorno-vo-preden-plan/#respond Tue, 11 Feb 2020 11:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=302295

Обид за спас од криминалите и аферите откако СДСМ се на власт се крие зад насилничкото носење на Законот за Јавно обвинителство. Вистината е дека СДСМ никогаш немала ниту во план да ги разгледа и стави под разно, а не пак да ги почитува забелешките кои експертите ги имаа за текстот на предложениот закон. Дека овој Закон СДСМ насилно го донесе за сопствен спас и личен интерес, наспроти интересот на граѓаните, потврдува и фактот што власта остана глува на укажувањата од експертската јавност дека овој закон е лош и треба да се измени. Јавната расправа за законот се чини остана само проформа, процедура која треба и мора да се помине, колку да и помине редот. Ставовите, мислењата, аргументите на експертите останаа и натаму неважни за власта. Секако, личниот интерес и натаму е на прво место. А на што предупредуваат експертите и познавачите на правото? Со ваквиот закон воопшто не се сложи професорот Гордан Калајџиев. -Последната верзија на ЗЈО што е сега во процедура не само што не ги отсрани контраверзиите што ги зготвија партиите туку напротив ги дорасипа! Брука!, пиша Калајџиев. Поранешниот пратеник на СДСМ, Сафет Бишевац смета дека во брзањето со законот се прават сериозни грешки. -На сцена е перфиден обид на тивка амнестија на она што ни се случуваше во изминативе години, посочи Бишевац. И академик Катица Ќулавкова со свој коментар смета дека во Собранието нелегално и противуставно се носи законот за јавно обвинителство. -По кратка постапка ја скратија Република Македонија. Сега ја озаконуваат неправдата, како што со Устав го озаконија предавството на неотуѓивите и историските придобивки на Македонците, пишува академик Ќулавкова. Поранешниот обвинител Сотир Костов истакна дека законот е нефункционален и противуставен. -Овој закон е нефункционален, овој закон е противуставен, не станува збор дали мене тебе или на некој експерт не му се бендисува. Тоа се професори со голем број години на искуство и нив не ги водат политичките страни или политиките на одредени партии тие си ја гледаат струката да не им биде поганета, препознаа дека ова е сквернавење на Уставот, на правото и јавнообвинителската функција. Тупанчевски одржа прво лекција, номотеничкиот ракопис на законот е катастрофален, истакна Костов. На намерите на СДСМ и Зоран Заев укажува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој потенцира дека Заев со овој закон се бори за амнестија и тоа: за сопствена амнестија, амнестија на своите соработници во криминалот од раководството и коалицијата, и амнестија на своите слуги. -Од една страна туркаат закон за обвинителство пред избори чие одложено дејство ќе биде по изборите, поточно од 30 јуни, а многу им се да дадат 4 месеци експертите да изготват уставен закон за обвинителство. Ова не го прифаќаат зошто им се откриваат скриените намери за амнестија, пишува Мицкоски. Собранието вчера шверцерски изгласа дека има потреба од донесување на Законот за јавно обвинителство во скратена постапка, по што истиот беше проследен до Комисијата за европски прашања чиј претседател е Артан Груби. Европското знаменце, непримерно го носеа и двојазичноста, договорите со Грција и Бугарија, па дури и законот за марихуана... Комисиите се процедурални, а главната битка за судбината на Законот за ЈО ќе се бие на пленарната седница на која на Заев ќе му треба двотретинско мнозинство или 81 пратеник „ЗА“ за да донесе закон кој, според познавачите, уште еднаш во неговата долга кариера ќе го амнестира од криминалот, овојпат проактивно и во иднина. Пратениците се на потег...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/falsifikatorsko-i-nasilno-nosenje-na-zjo-za-spas-od-kriminalnite-aferi-lichniot-interes-na-zaev-povtorno-vo-preden-plan/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Заев бара амнестија за себе и своите послушници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-bara-amnestija-za-sebe-i-svoite-poslushnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-bara-amnestija-za-sebe-i-svoite-poslushnici/#respond Tue, 11 Feb 2020 08:23:31 +0000 https://kurir.mk/?p=302183

СДСМ на насилнички и шверцерски начин сака да го донесе Законот за Јавно Обвинителство со намера да се спасат од сите криминали и афери во овие години откако власта е во нивни раце, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека СДСМ не ги почитувале ниту забелешките на експертите што е доказ дека Заев и неговите послушници со овој закон сакаат да се спасат од одговорност. -Со Законот за Јавно Обвинителство, Заев  предлага Русковска и Јовевски да можат да се сменат со 2/3 мнозинство од Советот на јавни обвинители. Тоа треба да му биде гаранција дека тие и понатаму ќе можат да ги исполнуваат неговите наредби и ќе тераат селективна правда. Со овој закон Заев сака и понатаму да продолжи амнестијата на криминалот каде прислушкуваните разговори нема да важат за него и блиските соработници, но за други ќе важат. Ова само покажува дека тој се плаши од прислушкуваните разговори кои ќе го докажат неговиот криминал и затоа бара тие да не бидат користени како доказ при судска постапка. Затоа мнозинството во собранието предводено од СДСМ, на шверцерски начин, со кршење на сите демократски правила, го турка законот. Според Уставот на Република Македонија предлагач на Закон може да биде Претседател на држава, Влада, пратеник и 10.000 потписници, а не премиер на државата, се наведува во партиското соопштение. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека на сите во државата им е повеќе од јасно која е намерата на оваа власт со донесувањето на овој закон. По 12 Април ќе следува одговорност за се. Правда мора да има. Зоран Заев никогаш повеќе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-bara-amnestija-za-sebe-i-svoite-poslushnici/feed/ 0
Презакажана комисиската седница за Законот за Јавно обвинителство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezakazana-komisiskata-sednica-za-zakonot-za-javno-obvinitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezakazana-komisiskata-sednica-za-zakonot-za-javno-obvinitelstvo/#respond Tue, 11 Feb 2020 08:20:01 +0000 https://kurir.mk/?p=302178

Седницата на собраниската Комисијата за европски прашања на која на дневен ред се Законот за јавното обвинителство и Законот за изменување и дополнување на Советот на јавни обвинители на Република Македонија е презакажана за 13 часот. Претседателот на комисијата, Артан Груби претходно ја закажа седницата за во 10 часот, но истата е одложена за три часа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezakazana-komisiskata-sednica-za-zakonot-za-javno-obvinitelstvo/feed/ 0
Провладините медиуми „ексклузивно“ дознаваат дека нема да се повлече текстот на законот за ЈО, Телма тврди дека е подготвена нова верзија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/provladinite-mediumi-ekskluzivno-doznavaat-deka-nema-da-se-povleche-tekstot-na-zakonot-za-jo-telma-tvrdi-deka-e-podgotvena-nova-verzija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/provladinite-mediumi-ekskluzivno-doznavaat-deka-nema-da-se-povleche-tekstot-na-zakonot-za-jo-telma-tvrdi-deka-e-podgotvena-nova-verzija/#respond Mon, 10 Feb 2020 18:47:50 +0000 https://kurir.mk/?p=302014

Откако претходно КУРИР објави дека вечерва се прават нови политички заткулисни игри за новиот закон за ЈО, провладиниот медиум Цивилмедиа.мк објавува дека ексклузивно дознава дека Законот за јавно обвинителство  нема да се повлече и дека во Собранието е текстот на законот што е договорен. Поточно, нема суштински измени што се направени преку ноќ, како што имаше обиди да се претстави финалниот текст на овој стратешки важен закон за кој треба да се одлучува на собраниската седница. Спротивно на ова Телма објавува дека е подготвена е нова верзија на законот за Јавно обвинителство, потврдиле за Телма високи партиски извори од владеачкото мнозинство. -Во моментов, министерката за правда, Рената Дескоска има консултации со Претседателот на Собранието , Талат Џафери за предлог законот и затоа седницата доцни веќе два часа, пренесува Телма. Инаку претходно КУРИР објави дека во канцеларијата на Али Ахмети се одвивало средба на која присуствуваа претседателот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на СДСМ Зоран Заев. Според нашите извори тие разговараа на темата во врска со новиот закон за ЈО. Според нашите информации се правело и обид да се замени предлог законот за ЈО со претходната верзија која ја договориле СДСМ и ДУИ. Доколку се замени новата драфт верзија треба да помине на повторно гласање во Владата па потоа да биде доставена во Собранието. Инаку по оваа средба во овие моменти кај Талат Џафери освен Ахмети на состанок пристигнала и министерката Рената Дескоска. Според нашите извори тие на средбата треба да се усогласат за разликите во текстот на законот за обвинителство кој вчера бил усвоен од владата и зошто денес во Собранието пристигнал предлог закон со изменета, поинаква содржина од онаа што владата веќе ја изгласала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/provladinite-mediumi-ekskluzivno-doznavaat-deka-nema-da-se-povleche-tekstot-na-zakonot-za-jo-telma-tvrdi-deka-e-podgotvena-nova-verzija/feed/ 0
Чулев: На насилнички начин владејачката партија изгласа закон со кој сака да го скрие криминалот кој го направи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-na-nasilnichki-nachin-vladejachkata-partija-izglasa-zakon-so-koj-saka-da-go-skrie-kriminalot-koj-go-napravi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-na-nasilnichki-nachin-vladejachkata-partija-izglasa-zakon-so-koj-saka-da-go-skrie-kriminalot-koj-go-napravi/#respond Mon, 10 Feb 2020 08:41:04 +0000 https://kurir.mk/?p=301612

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев синоќа се огласи на социјалните мрежи откако Владата го изгласа предлог текстот на Законот за јавно обвинителство. - На насилнички начин, спротивно на Уставот и законите и меѓународните правни стандарди, владејачката партија изгласа закон кој во себе содржи до сега невидени одредби со кои сакаат да го скријат криминалот кој беше направен во последните три години. Во законот не се прифатени забелешките на експертите и тие вечерва се едногласни во констатациите дека овој закон претставува вистинско фијаско. Денес паѓаат во вода наводните заложбите на власта за владеењето на правото, а токму тоа е еден од клучните критериуми за започнување на преговорите со ЕУ. Носење на системски и круцијален закон без политички консезус и негово изгласување по скратена постапка ќе го поткопа и така кревкиот правен систем и наместо владеење на правото ќе донесе исполитизарано и пристрасно јавно обвинителство креирано по мерка и желба на одредена група на луѓе, напиша Чулев на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-na-nasilnichki-nachin-vladejachkata-partija-izglasa-zakon-so-koj-saka-da-go-skrie-kriminalot-koj-go-napravi/feed/ 0
Тимоние: Претпазливо со начинот на кој ќе се донесе Законот за ЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-pretpazlivo-so-nachinot-na-koj-kje-se-donese-zakonot-za-jo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-pretpazlivo-so-nachinot-na-koj-kje-se-donese-zakonot-za-jo/#respond Tue, 04 Feb 2020 20:43:05 +0000 https://kurir.mk/?p=299341

Посакуваме да се донесе Законот за јавно обвинителство и да биде квалитетен, но исто така сме мошне претпазливи во врска со начинот на којшто истиот ќе се усвојува. Ова во интервју за Телма го изјави амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, кој притоа вели дека тој процес овозможува да се одговори на некои прашања кои предизвикувале загриженост во Франција. „Новата одлука за старт на преговори Европскиот совет ќе ја носи во март, во период на изборна кампања во земјава. Може ли таа одлука да влијае врз изборите“?-праша новинарката. -Прво, не е сигурно дека Европскиот совет ќе донесе одлука во март, затоа што сè уште се водат преговори. Најважно е да се усвои новата методологија, а ние како хоризонт си го зацртавме загрепскиот самит во месец мај. Сега се наоѓаме во период кога треба да се донесат одлуки каде ние од една страна треба да си ја завршиме својата работа, но и Македонија и Албанија треба да си ја завршат својата работа и да се донесат одредени одлуки коишто ќе помогнат, најверојатно, да се забрзаат роковите. Ќе го споменам Законот за Јавното обвинителство и навистина посакуваме да се донесе тој закон и да биде квалитетен, но исто така сме мошне претпазливи во врска со начинот на којшто истиот ќе се усвојува. Ќе биде потребно преодната Влада коректно да функционира, без поголеми тензии, почитувајќи ги правилата на играта коишто беа прифатени од политичките партии. Затоа, ги повикувам големите политички партии да го имаат предвид државниот интерес, а не да влегуваат во меѓусебни расправии. Ги повикувам да донесат Законот за Јавното обвинителство, кој ќе биде добар и ќе задоволува одредени критериуми и тоа да го направат без предрасуди за партијата или поради лични интереси. Сметам дека тоа ќе биде соодветно вреднувано од најголем број земји-членки на Унијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timonie-pretpazlivo-so-nachinot-na-koj-kje-se-donese-zakonot-za-jo/feed/ 0