закон за јазици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Aug 2021 05:48:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за јазици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граѓаните од денеска можат да ги подигаат новите лични карти со „Северна“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-od-deneska-mozat-da-gi-podigaat-novite-lichni-karti-so-severna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-od-deneska-mozat-da-gi-podigaat-novite-lichni-karti-so-severna/#respond Mon, 23 Aug 2021 05:48:21 +0000 https://kurir.mk/?p=553812

Околу 40 илјади граѓани од денеска ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име Република Северна Македонија. Печатењето и издавањето на личните карти е деблокирано откако Владата со подзаконски акт го овозможи тоа. МВР два месеца не можеше да издава лични кари со новото име на државата и согласно Законот за употреба на јазиците, бидејќи во Собранието е заглавен Законот за лични карти, кој опозицијата го блокира со над 1.500 амандмани. За опозицијата, регулирањето на ова прашање со подзаконски акт е кршење на Уставот и на законите. Власта, пак, тврди дека издавањето на лични карти и без да се донесат законските измени е сосема легално, а МВР како надлежна институција и министерот за внатрешни работи ги имаат сите законски овластувања за донесување на подзаконскиот акт со кој се уредува издавањето на лична карта за граѓаните, а во согласност со Уставот, Уставните амандмани, Законот за лична карта и Законот за употреба на јазиците. Старите лични карти на кои се уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-od-deneska-mozat-da-gi-podigaat-novite-lichni-karti-so-severna/feed/ 0
Уставниот суд ќе расправа за Законот за Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-kje-rasprava-za-zakonot-za-dogovorot-od-prespa-i-za-zakonot-za-upotreba-na-jazicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-kje-rasprava-za-zakonot-za-dogovorot-od-prespa-i-za-zakonot-za-upotreba-na-jazicite/#respond Thu, 18 Mar 2021 06:18:51 +0000 https://kurir.mk/?p=483976

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе одржи подготвителна седница за предметите во кои е оспорена уставноста на Указот за Законот за ратификација на договорот со Грција (т.н. Преспанскиот договор) и Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и на Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците и Законот за употреба на јазиците. Од Уставен информираа дека во однос на Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и Указот за прогласување на Законот, до нив се поднесени седум иницијативи. Меѓу подносителите на иницијативите се Светскиот македонски конгрес, професорката Солза Грчева, како и граѓани. Во однос на Законот за употреба на јазиците и Указот за негово прогласување се поднесени вкупно 13 иницијативи. Како што велат од Судот, по однос на овој Закон првата иницијатива била поднесена во јануари 2019 година, а во текот на целата година пристигнувале и другите иницијативи и поради истата материја која е оспорена ќе се разгледуваат заедно. Подносители на иницијативите се политичките партии Левица, ВМРО-ДПМНЕ, Светскиот македонски конгрес, професорките Солза Грчева и Тања Каракамишева, како и граѓани. -Претходната постапка по предметот беше водена повеќе од една година, со детална анализа на наводите во иницијативите во однос на законските одредби, беа побарани одговори од сите учесници во постапката (доносителите на актите и Владата на РСМ) и се изработени обемни реферати, велат од Уставниот суд. И двата закона, Законот за употребата на јазиците во Република Македонија и Законот за ратификација на Договорот од Преспа, се усвоени по втор пат со потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија. Законот за употреба на јазиците во март 2018 година, а Законот за ратификација на Договорот од Преспа на 5 јули, исто така во 2018 година. Владата, како што објави во соопштение, ја поддржува одлуката двата закони да бидат објавени во Службен весник на РМ со потпис на Претседателот на Собранието, имајќи го предвид прекршувањето на Уставот од страна на тогашниот претседателот Ѓорге Иванов, кој одби да ги потпише. Одлуката за одржување подготвителна седница судиите ја донеле по неколкуте одржани работни состаноци на кои биле разгледани прашања поврзани со овие предмети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-kje-rasprava-za-zakonot-za-dogovorot-od-prespa-i-za-zakonot-za-upotreba-na-jazicite/feed/ 0
Петар Арсовски: Законот за јазици, ваков каков што е, ќе направи Македонците и Албанците да комуницираме преку преведувач https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petar-arsovski-zakonot-za-jazici-vakov-kakov-shto-e-kje-napravi-makedoncite-i-albancite-da-komunicirame-preku-preveduvach/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petar-arsovski-zakonot-za-jazici-vakov-kakov-shto-e-kje-napravi-makedoncite-i-albancite-da-komunicirame-preku-preveduvach/#respond Tue, 14 Jan 2020 15:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=289594

Добро познатиот поддржувач на политиките на актуелната Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев, Петар Арсовски, смета дека на крајот, Законот за јазици ќе направи, Македонците и Албанците да комуницираат преку преведувач. -Јас мислам дека ние се уште не сме ја завршиле суштинската дебата, дали сакаме паралелизам или сакаме интеграција. На пример, Законот за јазици, ваков каков што е, ќе направи јас и вие да комуницираме преку преведувач, на крајот. Наместо да не натера да си ги научиме јазиците еден со друг. Дури и по цена на тоа, Македонците да учат албански задолжително. Тоа е исто така прашање на паралелизам или интеграција. Ќе ни овозможи секој да зборуваме на својот јазик во паралелни општества понатака, истакна аналитичарот Арсовски. Гостувајќи во дебатната емисија “Клан дебата“ на телевизија Клан Македонија, на која се дискутираше за предизборната реторика која ќе ја користат политичките партии, Арсовски и неговите соговорници, албански аналитичари разговарајќи и за правата на Албанците во Македонија, се согласија дека во општините со мнозинско албанско население, Македонците се тие кои се дискриминарани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petar-arsovski-zakonot-za-jazici-vakov-kakov-shto-e-kje-napravi-makedoncite-i-albancite-da-komunicirame-preku-preveduvach/feed/ 0
Законот за јазици нема да се ревидира, тврди вицепремиерот Османи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-jazici-nema-da-se-revidira-tvrdi-vicepremierot-osmani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-jazici-nema-da-se-revidira-tvrdi-vicepremierot-osmani/#respond Wed, 25 Dec 2019 17:30:59 +0000 https://kurir.mk/?p=282234

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека Законот за јазици нема да се ревидира и оти препораките на Венецијанската комисија се однесуваат на недостигот на капацитети во институциите за негова целосна имплементација. -Основната идеја на препораките на Венецијанската комисија е недостатигот од капацитети во институциите за целосна имплементација на сите одредби на Законот да не влијае врз другите процеси, на пример во судството, да не влијае во одложување на судските процеси, некој да го злоупотреби Законот за одложување на судски процеси итн, рече Османи. Според него, не смее да се дозволи Законот за јазици да ризикува некој друг важен процес во државата, особено правната држава. -И затоа одлуката е дека Законот нема да се ревидира, нема таква препорака од Европската комисија, туку преку акциски планови, преку работните групи треба во оваа транзиторна фаза додека законот не влегува во сила, а тоа е една година после негово донесување, да се подготват овие капацитети со цел да нема влијание врз другите процеси, рече Османи. Посочи дека ќе продолжи работата во создавање капацитети, но оти изборниот процес ќе предизвика ограничување во тој процес. -Меѓутоа, очекуваме разбирање од сите дека сепак ова е револуција во употребата на јазикот во институциите, и затоа барам разбирање од сите се додека не се создадат сите капацитети за да се имплементира. Кога ќе почне неговото целосно имплементирање, сите ќе видиме дека всушност само придонело до зближување меѓу луѓето и до зближување до заедниците, оцени вицепремиерот. Венецијанската комисија на 6. овој месец ги повик властите во земјава да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни. Таа оценува дека во одредени области новиот закон може да оди премногу далеку со наметнување на јавните институции на нереални правни обврски, особено во врска со употребата на албанскиот јазик во судска постапка, придружено со тешки санкции во случај на непочитување и можност за промена на судските решенија, доколку има недостаток на превод и толкување во текот на постапката. Според мислењето на Венецијанската комисија, овој пристап би можел значително да го забави функционирањето на целото правосудство, ризикувајќи сериозни нарушувања на правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права. Комисијата забележува дека Законот за јазици не е прецизен кои одредби важат само за албанскиот, а кои, исто така и за другите јазици на заедниците. Таа даде неколку препораки до властите, особено за напуштање на одредбите што се однесуваат на двојазичноста во судските постапки. Исто така, препорачува обврската да се користи албанскиот јазик во внатрешна и меѓуинституционална комуникација меѓу државните службеници, да се ограничи на писмените службени комуникации или да биде одложено додека не стане реално соодветното спроведување на таа одредба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-jazici-nema-da-se-revidira-tvrdi-vicepremierot-osmani/feed/ 0
Ахмети: Венецијанската комисија ја користевме за да се намалат тензиите и предрасудите кај македонските сограѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-venecijanskata-komisija-ja-koristevme-za-da-se-namalat-tenziite-i-predrasudite-kaj-makedonskite-sogragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-venecijanskata-komisija-ja-koristevme-za-da-se-namalat-tenziite-i-predrasudite-kaj-makedonskite-sogragjani/#respond Thu, 12 Dec 2019 08:40:54 +0000 https://kurir.mk/?p=276432

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера изјави дека Законот за употреба на јазиците бил испратен на мислење во Венецијанската комисија само заради намалување на тогашните актуелни тензии што се јавиле кај Македонците. Според претседателот на владиниот коалиционен партнер, законското решение и тогаш било договорено и никој немал проблеми со истото, односно немало потреба да се се оценува. -Во моментите кога се преговарало и разговарало за јазикот, нашите меѓународни пријатели ни дадоа мислење, дека е добро законот да се испрати и во Венецијанската комисија, со цел да се намалат тензиите и предрасудите кај нашите македонските сограѓани, изјави вчера Ахмети. Инаку при испраќањето на овој закон во Венецијанската комисија од Владата истакнаа дека во Венеција треба да се провери параграфот од член 8 кој се однесува на униформите, парите и хартиите од вредност, а во меѓувреме комисијата издаде мислење дека неговата имплементација во правосудниот систем би можела да биде нефункционална. На ова реагираше вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој останува на ставот дека институциите ќе направат се што е потребно за тој целосно да се имплементира.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-venecijanskata-komisija-ja-koristevme-za-da-se-namalat-tenziite-i-predrasudite-kaj-makedonskite-sogragjani/feed/ 0
Џафери: Измените на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците нема да поминат во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-izmenite-na-vmro-dpmne-za-zakonot-za-jazicite-nema-da-pominat-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-izmenite-na-vmro-dpmne-za-zakonot-za-jazicite-nema-da-pominat-vo-sobranieto/#respond Wed, 11 Dec 2019 11:33:57 +0000 https://kurir.mk/?p=276017

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат процедурална можност да поднесат предлог за измени и дополнување на Законот за употреба на јазиците, но мора да имаат предвид дека за тоа е потребно двојно мнозинство односно Бадентерово мнозинство, кое го сочинуваат немнозинските  пратеници, најмногу пратеници Албанци, а за тоа кај нив нема расположение, изјави денеска претседателот на Собраието Талат Џафери. -Во Собранието има група закони кои се носат со двојно мнозинство  т.е. со Бадентеровото мнозинство  и секој подносител на таков предлог би требало да има предвид дека конечната одлука зависи од волјата на тие што се немнозински пратеници, а во оваа ситуација имајќи предвид дека мнозинството на немнозинските  пратеници или Бадентеровото мнозинство го сочинуваат пратениците Албанци, предлагачите треба да обезбедат таква согласност. Законот за употреба на јазиците е донесен со такво мнозинство и секоја измена содветно се донесува со такво мнозинство. Секој предлагач може, треба претходно да обезбеди такво мнозинство за да може да смета на поминување на законот, рече Џафери, по денешната конференција за реформите во разузнавачкиот сектор. Според него, укажувањата од Венецијанската комисија не се обврзувачки, а донесените закони во Собранието треба да се спроведуваат се додека преку соодветна процедура на претрпат евентуална измена. -Укажувањата на Венецијанската комисија се необврзувачки и не значи дека по автоматизам законодавниот дом треба да преземе соодветни мерки по нив.  Што се однесува до укажувањето дека дел од институциите  не се во можност во моментот да  ги спроведат сите аспекти на Законот за употреба на јазиците, тоа е работа на институциите на кои се однесува законот и тие во соодветно време треба да обезбедат предуслови за да може да ги спроведат законските одредби. Впрочем секоја институција е должна да обезбеди  инфраструктура за да ги спроведе законите онака како што ги донел законодавниот дом. Во тој контекст сметам дека ниеден предлагач кој и да е, во однос на евентуални дополнувања на Законот  за употреба на јазиците, нема да најде соодветна  поддршка кај пратениците  Албанци, имајќи предвид дека  тие го сочинуваат двојното мнозинство. Во дадениот момент мислам дека  таква подготвеност кај пратениците Албанци не постои, изјави Џафери. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-izmenite-na-vmro-dpmne-za-zakonot-za-jazicite-nema-da-pominat-vo-sobranieto/feed/ 0
Мицкоски: Ќе поднесеме амандмани на Законот за јазици за тој да стане уставен, политиканството на Заев се удира од глава, ако се за правда, власта ќе ги поддржи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-podneseme-amandmani-na-zakonot-za-jazici-za-toj-da-stane-ustaven-politikanstvoto-na-zaev-se-udira-od-glava-ako-se-za-pravda-vlasta-kje-gi-poddrzi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-podneseme-amandmani-na-zakonot-za-jazici-za-toj-da-stane-ustaven-politikanstvoto-na-zaev-se-udira-od-glava-ako-se-za-pravda-vlasta-kje-gi-poddrzi/#respond Mon, 09 Dec 2019 14:12:14 +0000 https://kurir.mk/?p=275173

Немаме политика на принципи од власта, туку „купи ден продај“ политика. Имаме коцкање со државните и национални интереси, и не е само така во надворешните односи, туку и во секој друг поглед. Владата на Зоран Заев практично стана заложник на своите неуспеси, и кусогледа популистичка политика. Без многу голема промисленост, туку само со една цел и интерес, како да се дојде до повеќе пари, и до повеќе лични бизниси, а се останато може да чека, истакна на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Интегралниот текст од прес-конференцијата на Мицкоски ви го пренесуваме во продолжение. И затоа ни се случува државава да влезе во слепа улица, со силна поделеност и одбрана каста на функционери кои погрешно мислат дека вечно ќе владеат. Нивната фасадерска политика на розови очила распукува низ тестот на времето. Зоран Заев за само десетина дена излезе на чистина дека брани и штити амнестија, дека не сака испитување на потекло на имот, и дека планира по поразот да се крие позади пратеничкиот имунитет. И ваквата реалност тие сакаат да ја покријат со многу пердуви, неосновани напади, и секојдневни клеветења кои имаат за цел да ја покријат оваа вистина која ја говорам. Да не се дознае во јавноста дека штитат неправда, носат криминал и корупција. А сите нивни лаги паѓаат на тестот на времето, како оној нивен напад дека ВМРО-ДПМНЕ незаконски должело по изборната кампања, а притоа не говорат за нивниот долг кој лесно може да се провери во извештајот од изборите. Па онаа лага за амнестијата и постојаните повици да прифатиме автентично толкување на законот, ама бумерангот се враќа кон фрлачот, па самите тие не го гласаа тоа автентично повикување за кое нас не прозиваа со денови. Па потоа ќе отидат на трибина во Битола и Заев немајќи аргументи ќе сврти на шеги, кои никој не ги разбира, пред се затоа што личат на трагедија, па ќе порача на тие кои не мислат како него да се сликале „У Буручу" во Струмица“, и ред такви совети кои го тераат човека секој ден се повеќе да се запрепастува и загрижува кои луѓе ни ја водат државата и со каква леснотија преовладува примитивизмот во нивните говори. Во изминатиов период дадов неколку предлози, а кои беа во насока на зацврстување на демократските процеси и правната држава. Но од другата страна добивме молк, и одбивање да се направат чекори кон борбата против корупцијата и криминалот. Тој молк не може никако поинаку да се разбере освен како штитење на криминал, корупција и подривање на правната држава. Заев се докажа дека е главна пречка за правда во државата. И да ги тргнеме на страна оние милијарди спинови и лажни вести кои ги пуштаат, а со кои само си се лажат само себеси, ајде да зборуваме малку за суштината. И еве ги тие работи кои Заев и СДСМ ги изнесуваат на чистина. Прво, го повикав да прифати измени на законот со кои што ќе се забрани секој кој е амнестиран во земјава да се занимава со политика и да биде носител на државна функција. Не добивме одговор, односно добивме одговор дека практично ќе одговарале сите што сториле криминал и дека тука немало да има амнестија. Но фактот е еден дека единствен активен политичар во државата кој што во минатото е амнестиран за сомнеж за сторен криминал е токму тој, Зоран Заев. Второ, повикав да донесеме измени со кој ќе забраниме во иднина амнестијата да се донесува за политичари и луѓе кои биле носители на државни функции. И ова е заштитен механизам за тоа носители на државните или јавни функции да ја одбегнуваат правдата поради претходно носење на мерката амнестија. И повторно ќе бидам директен, молкот во СДСМ кажува дека одговорните за денешниот криминал и корупција се надеваат на некаква идна амнестија. А јас ќе им кажам дека компромиси со правдата, сега и за било кога во иднина, нема да има. Како што кажа во Битола, Зоран Заев, дека сите кои што сториле криминал ќе одговараат. Истото тоа ќе го потврдам. За сите кои што се огрешиле пред законите и се осрамотиле пред граѓаните ќе одговараат, и во минатото, ама има да одговараат и тие кои што и денеска прават криминал. Амнестија ќе нема да не се надеваат. Трето, објавив дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон со кој, согласно Уставот ќе може да се изврши детално испитување на потеклото на имот на политичарите. И ова е со цел да се санкционираат оние кои направија бизнис империи, не затоа што се способни туку затоа што ја користат политиката за нелегално печалење на грбот на граѓаните. Повторно од Заев и СДСМ има молк, затоа што очигледно има страв, и тоа голем страв во најбогатото политичко семејство на Балканот. Четврто, предложив да се направат измени на изборниот законик, согласно европските искуства, со кои ќе се воведе кандидат мандатар за новата влада, со што граѓаните ќе ги знаат пред изборите, а воедно тие што ќе загубат, односно нема да добијат доверба од граѓаните да си заминат од политиката, а со цел да имаме еден демократски циклус на нови ликови и нова енергија. Молкот на власта кажува две работи, прво Зоран Заев знае дека ќе ги загуби изборите, и второ тој планира да се крие позади имунитетот како пратеник. Петтата работа која сега прв пат ќе ја споменам, а се однесува на законот за употреба на јазиците. Постојано укажував на тоа дека секој закон е исклучително важно да биде во согласност со Уставот и да е во функција на владеењето со правото. Наспроти тоа добивме закон кој е правна дивоградба. И тој е таков затоа што пред се Зоран Заев манипулираше со чувствата на граѓаните и сакаше гласови со измама и тоа од Албанците. Значи тој беше спремен на компромис со правдата и правото само за да добие глас повеќе. Ова е тема со која Заев сакаше да ги прелаже Албанците во негов стил, за да ги добие нивните гласови, иако ние укажувавме дека законот освен тоа што е противуставен е и неспроведлив и не помага никому. Само не внесе и не заплетка повторно во нова дебата на стара тема во која има многу емоции и национални чувства, а особено имајќи во предвид со кого имаме работа, за очекување е тие да бидат злоупотребени во текот на изборите. И никако во ова не помагаат изјавите кои се контрадикторни и политикантски, почнувајќи од оние на премиерот, па потоа целосно спротивните на вицепремиерката, со кои се демантираше Заев, додавајќи дека ќе постигнеле коалициски став, а особено што таков став не ни треба, кога се знае дека нема компромиси со правото и Уставот, и дека единствениот став мора да биде дека сето ова треба да е правно издржано и применливо. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на законот за употреба на јазиците, кои пред се ќе ги содржат забелешките од Венецијанската комисија, и ќе биде во согласност со Уставот на Македонија. Еден неуставен закон да го направиме уставен, во духот на европските практики содржани во забелешките на Венецијанската комисија. Никој во оваа држава да не се чувствува оштетена страна. И затоа овие амандмани треба да бидат поддржани од власта, од Заев и неговата коалиција, со што ќе се демонстрира зрелост но и само така да се покаже дека нема да има компромиси со правото. Во спротивно, ќе се одбере популизмот, во надеж за нови измами, без дела. Иако Заев и Шекеринска се политичари уште од времето на транзицијата, треба да знаат дека доаѓа ново време, а промените се на прагот и доаѓа нова надеж за нашата држава. Затоа уште еднаш Заев го повикувам доколку верува во правната држава, доколку е за борба против криминалот и корупцијата, и доколку сака државата да оди напред, без двоумење да прифати измени на законот со кои ќе забраниме амнестија на политичари, а сите оние кои ќе бидат амнестирани да не смее да се занимаваат со политика. Да донесеме закон за испитување на потекло на имот на политичарите и нивните семејства, и сите оние кои се збогатиле неосновано на грбот на народот да бидат санкционирани, да прифатиме измени со кои ќе се знае кој ќе биде кандидат мандатар, а оној кој нема да ја добие довербата да се збогува со политиката во Македонија политика. Воедно еве прилика да се излезе од голиот популизам и власта нека ги прифати амандманите на законот за употреба на јазиците, со кој ќе се направи законот уставен, применлив и нема да биде дискриминаторски кон останатите етнички заедници во Македонија. Да ги тргнеме на страна политикантските и заобиколувачки одговори, да не се прават алиби, затоа што се гледа дека секој лицемерен потег на владата завршува со силен тресок на дното. Време е да се даде нова надеж, да се направат промени и да се донесе обновата во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-podneseme-amandmani-na-zakonot-za-jazici-za-toj-da-stane-ustaven-politikanstvoto-na-zaev-se-udira-od-glava-ako-se-za-pravda-vlasta-kje-gi-poddrzi/feed/ 0
Академик Ќулавкова: Македонците се дискриминирани со Законот за јазици на ДУИ/СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kjulavkova-makedoncite-se-diskriminirani-so-zakonot-za-jazici-na-dui-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kjulavkova-makedoncite-se-diskriminirani-so-zakonot-za-jazici-na-dui-sdsm/#respond Mon, 09 Dec 2019 08:50:42 +0000 https://kurir.mk/?p=275000

Со Законот за јазици Македонците се дискриминирани, посочува академик Катица Ќулавкова. -Законот за јазици на ДУИ/СДСМ не гаранира ни едно општество за сите, ни мир, ни напредок, напротив, со него општеството е фрагментирано, Македонците се дискриминирани, институциите се неефикасни, буџетот е оптоварен, револтот е голем, регресираме, нема разбирање по ниедна основа, вели Ќулавкова. Веднаш по извештајот на Венецијанската комисија, Ќулавкова потсети дека таа и нејзините колеги одамна предупредуваа за суштинските недостатоци во Законот за јазиците Законов е спротивен на ЕУ Повелбата за регионални и малцински јазици. Албанскиот јазик се наметнува како државен јазик на цела територија, во сите институции и сите нивоа, што е хибриден напад на унитарноста, порача Ќулавкова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kjulavkova-makedoncite-se-diskriminirani-so-zakonot-za-jazici-na-dui-sdsm/feed/ 0
По мислењето на Венецијанската Комисија: Законот за јазици удира во ѕид, кој сега ќе понесе одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-mislenjeto-na-venecijanskata-komisija-zakonot-za-jazici-udira-vo-dzid-koj-sega-kje-ponese-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-mislenjeto-na-venecijanskata-komisija-zakonot-za-jazici-udira-vo-dzid-koj-sega-kje-ponese-odgovornost/#respond Sat, 07 Dec 2019 09:37:51 +0000 https://kurir.mk/?p=274540

Венецијанската комисија во мислење усвоено вчера, ги повикува властите во Македонија да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни. Според соопштението, издадено по состанокот во Венеција, правните експерти на Советот на Европа подвлекуваат дека во споредба со законодавството од 2008 година, новиот закон значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди утврдени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици. Венецијанската комисија, додека ја поздравува подготвеноста на властите за подобрување на јазичната состојба на заедниците, таа оценува дека во одредени области новиот закон може да оди премногу далеку со наметнување на јавните институции на нереални правни обврски, особено во врска со употребата на албанскиот јазик во судска постапка, придружено со тешки санкции во случај на непочитување и можност за промена на судските решенија, доколку има недостаток на превод и толкување во текот на постапката. Според мислењето на Венецијанската комисија, овој пристап би можел значително да го забави функционирањето на целото правосудство, ризикувајќи сериозни нарушувања на правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права. Комисијата понатаму забележува дека законот за јазици не е прецизен кои одредби важат само за албанскиот, а кои, исто така и за другите јазици на заедниците. Венецијанската комисија дава неколку препораки до властите во Македонија, особено за напуштање на одредбите што се однесуваат на двојазичноста во судските постапки. Исто така, препорачува обврската да се користи албанскиот јазик во внатрешна и меѓуинституционална комуникација меѓу државните службеници, да се ограничи на писмените службени комуникации или да биде одложено додека не стане реално соодветното спроведување на таа одредба. Што се однесува до спроведувањето на паричните санкции, правните експерти на Советот на Европа посочуваат дека треба да се одложат се додека не се измени законот за да се обезбеди доволно правна јасност, да се намалат износите на казните, како и да се воведе елементот на грешка и принципот на пропорционалност. Властите, исто така, се поканети да направат анализа за спроведувањето на законот од 2008 година и проценка за влијанието на новиот закон за јазици за буџетот и човечките ресурси. Неодамна на ова предупреди и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој посочи дека според заклучокот на Венецијанска комисија се дека се урива правниот систем во Македонија со законот на СДСМ. „Власт во оваа држава е коалицијата предводена од Зоран Заев, СДСМ, ДУИ и претпоставувам уште неколку помали политички партии и целокупна одговорност за сите погрешни политики веќе трета година по ред ја имаат тие луѓе.“ Ние како опозиција може да се бориме со сите демократски алатки кои што стојат на располагање и тоа го правевме изминатиот период. Јасно го знаат ставот оние граѓани кои што сакаат и се добронамерни да го слушнат ставот на ВМРО-ДПМНЕ е поврзано и со Законот за јазиците, и со сето останато што според нас изминатиот период беше погрешно, појасни Мицкоски. Мицкоски додаде дека во едно разумно, демократско општество се отвора јавна дебата по неколку прашања. И ВМРО-ДПМНЕ како партија апелираше особено за прашањето околу Законот за јазици и тоа што апелираше излезе дека е точно во суштина, практично Венецијанската комисија си го кажа своето во работниот извештај. Венецијанската комисија во својот работен извештај се изјасни ние не сме против примената на јазиците на етникумите кои што се различни од македонскиот народ во Македонија. Но истовремено тоа мора да биде функционално, применливо согласно законите и Уставот итн. Тогаш се дивееше на еден начин односно тоа се спроведе и се имплементираше, се доведоа во кривична одговорност директори на институции како директорот на „Службен Весник“. И гледаме денеска Венецијанската Комисија каков заклучок дала, замислете заклучокот никој не го коментира тоа, заклучокот е дека го урива правниот систем. Тоа е еден од основите на Копенхагешките критериуми да може Македонија да напредува во евроинтеграциите. Вие ако немате функционален правен систем, вие не можете да напредувате во понатамошните евроинтеграции, истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-mislenjeto-na-venecijanskata-komisija-zakonot-za-jazici-udira-vo-dzid-koj-sega-kje-ponese-odgovornost/feed/ 0
Каракамишева: Силни критики за Законот за јазици од Венецијанската комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-silni-kritiki-za-zakonot-za-jazici-od-venecijanskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-silni-kritiki-za-zakonot-za-jazici-od-venecijanskata-komisija/#respond Fri, 06 Dec 2019 20:56:34 +0000 https://kurir.mk/?p=274477

Откако денес, на пленарна сесија, Венецијанската комисија и официјално го усвои мислењето за Законот за јазиците јавноста треба да ги знае клучните забелешки што Комисијата ги напиша во врска со законот, и кои останаа непроменети и покрај притисоците на Владата истите да не бидат наведени во овој формат, анализира професорката Тања Каракамишева. Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:  1. Нотирана е силна критика поради скратената постапка во која законот беше донесен во Собранието. Во мислењето е наведено дека Комисијата за европски прашања во Собранието на Македонија и покрај предложените околу 80 амандмани од страна на опозицијата одлучи да дискутира по само неколку од нив. Во мислењето е нотирано и отсуството на инклузивна и неопходна јавна расправа за законот кој е од широк јавен интерес. Нотирано е дека гласањето на законот се одржа во отсуство на најголемата опозициска партија и без расправа по поднесените амандмани, што покрена силни реакции во јавноста. 2. Комисијата констатира дека законот за јазиците не може да се смета за „некомплексен или за „не-екстензивен“ со оглед на фактот дека регулира област која фактички се однесува на целото општество. Венецијанската комисија смета дека законот за јазиците влегува во категоријата на закони од широк јавен интерес поради што смета дека јавна расправа треба да биде организирана во согласност со Деловникот за работа на Собранието. Целата анализа погледнете ја на нејзиниот Фејсбук профил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-silni-kritiki-za-zakonot-za-jazici-od-venecijanskata-komisija/feed/ 0