закон за јо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Jun 2020 09:18:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за јо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Љубомир Јовески вети дека ќе го доврши делото на Катица Јанева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljubomir-joveski-veti-deka-kje-go-dovrshi-deloto-na-katica-janeva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljubomir-joveski-veti-deka-kje-go-dovrshi-deloto-na-katica-janeva/#respond Tue, 30 Jun 2020 09:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=365643

Денеска стапува во сила новиот Закон за јавно обвинителство. Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, во интервју за МИА, по повод стапувањето во сила на новиот Закон за јавно обвинителство. Со тоа, Јовески практично вети дека ќе го доврши не/делото на првостепено осудената Катица Јанева. „Предметите на СЈО, Јавното обвинителство ги презема за да продолжат постапките и сторителите на кривични дела да ја добијат заслужената казна. Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница“, вели Јовески. И покрај тензиите со кои беше проследено неговото донесување во февруари, Јовески не очекува опструкции во неговата примена. „Не гледам причина за тоа. Досега јавното обвинителство честопати беше мета на политички препукувања. Законот за јавно обвинителство, чија имплементација ја започнуваме, дава добра основа за јакнење на институцијата и професијата. Силно јавно обвинителство е потребно на нашето општество, на сите нас, на државата. Владеење на правото е темел на секоја демократија и еднаквост на граѓаните“, вели Јовески во интервју за МИА. Експертската јавност, новиот Закон за ЈО го протолкува како закон со кој се амнестира Заев и функционерите на СДСМ од натамошното процесирање на нови бомби т.е. прислушувани разговори. Отсега, тие ќе биудат само индиции, но не и како досега - основа за обвинение. Во превод, бомбите си ја завршија работата и ја исполнија целта за која и беа пуштени во оптек - смена на власта за промена на името, Уставот, па ќе ги пензионираат. Оваа јавна тајна деновиве во момент на искреност ја потврди и Артан Груби, кој призна зошто Заев бил донесен на власт. Прашањето во јавноста е дали со нив ќе се пензионираат на 15. јули и оние кои ги лиферуваа во минатото?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljubomir-joveski-veti-deka-kje-go-dovrshi-deloto-na-katica-janeva/feed/ 0
Параинституцијата СЈО заминува во историја, за Ленче Ристоска со горчливо-сладок вкус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parainstitucijata-sjo-zaminuva-vo-istorija-za-lenche-ristoska-so-gorchlivo-sladok-vkus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parainstitucijata-sjo-zaminuva-vo-istorija-za-lenche-ristoska-so-gorchlivo-sladok-vkus/#respond Tue, 30 Jun 2020 08:29:03 +0000 https://kurir.mk/?p=365566

СЈО конечно заминува во историја. ГМО направијата, создадена за да ги испита криминалите во Заевите „бомби“, која во меѓувреме стана гола алатка на СДСМ во разнебитувањето на Македонија и клучен играч во промената на името на државата, го тера својот последен работен ден. Што направи СЈО во изминатите години на постоење? Потроши десетици милиони евра, продуцираше осуден рекетар кој беше прв човек на параинституцијата и одигра ултра-политички и крајно еднострано. На социјалните мрежи се шегуваат дека Шилегов ќе им направи споменик, на местото на планираниот за Мајка Тереза. Бомбите испаднаа петарди, а  обвинителите небаре имаа членска книшка од екс Бихаќка. Заминаа во историја (темниот дел од истата) за да со новиот Закон за ЈО исто така насила донесен, нивните бомби (оние неискористените) се уништат, а прислушувани материјали од сега па натаму да биле само индиции, не основа за обвинение. Затскриена амнестија на злоделата на функционерите на СДСМ, предводени од лидерот Заев, кој секој нов ден го почнува со нова бомба и можност за криминал. Е сега, тие ќе бидат само индиции.... Катица Јанева е провостепено осудена за Рекет со Боки 13, а од се што се заврши како случаи, останува Тенк во кој екс премеирот Груевски доби казна затвор за купено владино возило кое и ден-денеска се вози и кое протера десетици високи гости. Обвинителката и портпаролка на специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, пак, синоќа на социјалните мрежи, по повод последниот рaботен ден на СЈО, трогателно моментот го опиша како горчиво-сладок. „Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови, но слатки се спомените за заеднички совладаните предизвици и споделената енергија. Денес се поздравивме со колегите од стручната и од административно-техничката служба и со истражителите. На вработените во СЈО денес им е последен работен ден и овие луѓе од денес остануваат без работа! Денес мојот стручен соработник ми вели: „Тажно е обвинителке, ко средна школа кога завршуваш, четири години сме заедно, што сè не делевме, имаше периоди кога почесто бев на работа од дома“. И така беше… За мене СЈО беше симбол за борба за идеали, за правда, интегритет, подобра иднина, борба против злоупотреби на системот, на послабите, на зависните, борба против неказнивост. Начинот на кој згасна СЈО, начинот на кој никој не најде храброст изречно да каже дека се укинува институцијата, мислам дека не заслужува коментар, затоа што борбата за правда е вистинска само кога е плод на внатрешен порив за одговорност, првенствено лична, па потоа на сите кои грешеле пред законите, порив за нетолеранција на неказнивост, порив за принципелно и однесување со интегритет“, напиша Ристоска. Заборави Ленче да ги спомене Катица и целата политизација на институцијата. Заборави да каже и колку стотици илјади евра дел од обвинителите, кои сега се тажни со право, заработија на грбот на народот. Каков вкус Вам ви остави СЈО? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parainstitucijata-sjo-zaminuva-vo-istorija-za-lenche-ristoska-so-gorchlivo-sladok-vkus/feed/ 0
Стартуваше амнестијата на Заев и функционери на СДСМ: Од денеска прислушувани разговори не можат да бидат основа за обвинение! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuvashe-amnestijata-na-zaev-i-funkcioneri-na-sdsm-od-deneska-prislushuvani-razgovori-ne-mozat-da-bidat-osnova-za-obvinenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuvashe-amnestijata-na-zaev-i-funkcioneri-na-sdsm-od-deneska-prislushuvani-razgovori-ne-mozat-da-bidat-osnova-za-obvinenie/#respond Tue, 30 Jun 2020 06:59:01 +0000 https://kurir.mk/?p=365501

Од денеска почнува она на што пред 5 месеци алармираа експертите - амнестијата на функционерите на власта, вклучително и лидерот на СДСМ Зоран Заев. Денеска на сила стапува новиот Закон за Јавно обвинителство, кој беше донесен во февруари годинава, пред распуштањето на парламентот. Беше итно донесен, иако донесувањето на овој закон не беше ни одалеку формален услов за одлуката за почеток на преговори со ЕУ. Дел од одредбите во законот беа предмет на критики од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а клучната забелешка беше дека во него се крие обид за амнестија на функционери од власта. Прстот беше вперен во членот 110 од Законот за јавно обвинителство, со кој се предвидува прислушувани разговори да не можат да бидат основа за подигнување обвиненија, туку тие само да служат како индиции. Исклучок од ова веќе законско правило ќе бидат предметите на СЈО покренати до 30 јуни 2017 година. Сите прислушувани разговори што не се предадени во Судот како докази или индиции во истраги, Законот предвидува да се уништат. Деновиве опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повикува Обинителството да постапува по индиции за криминал и злоупотреби, кои речиси секојдневно одекнуваат од серијата разни нелегално снимени аудио разговори што осамнуваат на Јутјуб во последниов период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuvashe-amnestijata-na-zaev-i-funkcioneri-na-sdsm-od-deneska-prislushuvani-razgovori-ne-mozat-da-bidat-osnova-za-obvinenie/feed/ 0
Јанушев: Со новиот закон за ЈО сето она што го слушнавме за Заев и неговата поврзаност со „Рекет“ нема да може да се користи како доказ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-so-noviot-zakon-za-jo-seto-ona-shto-go-slushnavme-za-zaev-i-negovata-povrzanost-so-reket-nema-da-moze-da-se-koristi-kako-dokaz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-so-noviot-zakon-za-jo-seto-ona-shto-go-slushnavme-za-zaev-i-negovata-povrzanost-so-reket-nema-da-moze-da-se-koristi-kako-dokaz/#respond Thu, 20 Feb 2020 21:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=306704

Законот за јавно обвинителство никогаш не може да го види светлото на денот, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во емисијата Клик Плус ТВ 21. Тој посочи дека од формално правен апсект Законот за јавно обвинителство кој власта на Заев насила го туркаше не помина. Јанушев потсети и она она како што вели таканаречено извинување од Џафери дека е направена грешка при носењето на законот. -Ако гледаме од формално правен аспект законот не помина, дали е тоа за жал или за среќа, но факт е дека законот не помина и всушност го видовме она таканаречено извинување од Џафери дека е направена сериозна грешка и пропуст и каков таков законот не може да го види светлото на денот, бидејќи без разлика дали е грешката немерна или ненамерна грешката е направена, вели тој Со новиот закон за ЈО потенцираше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ дека сето она што го слушнавме за Заев и неговата поврзаност со рекет нема да може да се користи како доказ. -Сите разговори кои што излегуваа и излегуваат се уште во јавноста почнувајќи од „Рекет“, почнувајќи од онаа аудиснимка која што ја слушнавме, целата македонска јавност виде дека Заев не само што знаел туку и бил дел, нема да може да се користи како доказ, истакна Јанушев. Да потсетиме дека при носењето на Законот за јавно обвинителство првиот обид за гласање пропадна по што спротивно на Деловникот, Талат Џафери повика на повторно гласање. Додека при носењето на Законот за совет за јавни обвинители спротивно на Уставот, не беше иститот изгласан со бадинтерово мнозинство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-so-noviot-zakon-za-jo-seto-ona-shto-go-slushnavme-za-zaev-i-negovata-povrzanost-so-reket-nema-da-moze-da-se-koristi-kako-dokaz/feed/ 0
Од прва рака: СДСМ го призна притисокот врз судството со вчерашниот марш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/od-prva-raka-sdsm-go-prizna-pritisokot-vrz-sudstvoto-so-vcherashniot-marsh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/od-prva-raka-sdsm-go-prizna-pritisokot-vrz-sudstvoto-so-vcherashniot-marsh/#respond Tue, 18 Feb 2020 13:46:16 +0000 https://kurir.mk/?p=305546

СДСМ заедно со граѓаните продолжува со заложбата за неселективна правда и правна држава. Основата за тоа е поставена од мнозинството пратеници преку изгласаниот Закон за јавно обвинителство, рече денеска на прес-конференција Снежана Калеска- Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на Жени на СДСМ, која денеска излезе на прес-конференција во партијското седиште за да меѓу редови признае дека вчерашниот „марш“, кој со својата неоснованост ја вчудоневиди државата, бил за да направат притисок за забрзување на случаите отворени контра нивните политички противници.
Пратеничката на СДСМ призна што била целта на т.н. сендвич-марш: „Граѓаните преку маршот за правда уште еднаш им порачаа на правосудните органи дека тие се на потег да ја обезбедат правната држава и да ги завршат сите започнати судски постапки.“
Граѓаните со право се незадоволни од состојбата во судството, вели пратеничката на СДСМ која во рамки на своето владеење ја доби најлошата оценка на граѓаните за судството токму поради своите притисоци кои се јавна тајна во Македонија. Порача и дека дури и тие во СДСМ биле незадоволни од испорачаното во делот на правдата. Не појасни дали тоа се однесува на фактот што нема драконски и неосновани пресуди за случаите на „Т“ на СЈО, кои се таму каде што се токму поради недостиг на докази, насила темелени на индиции или т.н. пуста желба на екс Бихаќка.
„Ние како политичка партија го завршивме нашиот дел од задачата- го донесовме Законот за јавно обвинителство, Законот за Совет на јавни обвинители, Законот за судови и сега е време правосудните органи да ја воспостават правдата. Ние тргнавме по правиот пат кон независно судство и кон Европа и нема враќање назад“ порача Канческа-Ванчева во манир на познатиот декларативно-позитивистички и неаргументиран вокабулар на кујната од екс Бихаќка.
Партијата која парадоксално успеја да ги фати сите можни кривини по „правиот пат“, и ден-денеска негира дека насила, неуставно со прегласувања, без 81 туку со 80 пратеници изгласаниот и на мускули донесениот Закон за ЈО е реално, закон за амнестија на нивниот лидер Заев. Закон, кој не бадијала го доби прекарот ЗОКИЕВ ЗАКОНИК. Негираат и дека истиот можел да се поништи. Правниците, пак, кои никој не ги слушаше и при неговото носење, велат дека Законот за ЈО ги соддржи сите можни елементи за негово поништување без никаков правен проблем. Вистинскиот проблем е што истиот, за да се прочисти од аменстии и скриени помилувања на врхушката на СДСМ, треба да почека подобри времиња, односно тргање на владејачката партија од власт со априлските избори, што во превод ќе значи и тргање на нивните раце од судството.
Тој чин, велат познавачите за Курир, ќе означи вистинско ослободување на судството и обвинителството, а не декларативните ламентации и нелогични сендвич-маршови на СДСМ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/od-prva-raka-sdsm-go-prizna-pritisokot-vrz-sudstvoto-so-vcherashniot-marsh/feed/ 0
ЕКСПЕРТИТЕ СОГЛАСНИ: Законот за ЈО е изгласан нелегално, со криминал го покриваат криминалот на високите функционери на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspertite-soglasni-zakonot-za-jo-e-izglasan-nelegalno-so-kriminal-go-pokrivaat-kriminalot-na-visokite-funkcioneri-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspertite-soglasni-zakonot-za-jo-e-izglasan-nelegalno-so-kriminal-go-pokrivaat-kriminalot-na-visokite-funkcioneri-na-sdsm/#respond Mon, 17 Feb 2020 13:41:24 +0000 https://kurir.mk/?p=305028

Законот за Јавно обвинителство има за цел да го покрие криминалот и корупцијата на високите функционери од актуелната власт, оценува универзитетскиот професор и аналитичар Александар Даштевски во изјава за КУРИР. Според него, власта го криеше овој закон во фиока бидејќи сакаше на местото за организиран криминал и корупција да ја стави Катица Јанева, обвинетата за „Рекет“. -Видовме како беше донесен законот за ЈО. Најважно е што јавноста дозна дека со него сака да се покрие криминалот и корупцијата на високите функционери од актуелната власт, кои под изговор дека опозицијата сака да го покрие криминалот на свите поранешни функционери за кои веќе се водат постапки. Власта го криеше законот во фиока цела година, затоа што сакаше на местото за организиран криминал и корупција да ја стави Катица Јанева, па кога се случи аферата „Рекет“ повторно го повлече, за да излезе со предлог на тоа место да биде Вилма Русковска. Кога и овој предлог не помина, под притисок на меѓународната заедница беше организирана дебата на експерти, кои рекоа дека законот не е добар, треба да се изготви подобра верзија, а актуелната власт не сакаше да смени ниту еден збор, поради притисок од нејзините високи функционери за нивна амнестија, истакна тој во изјава за КУРИР. Даштевски оценува дека претседателот Пендаровски со својот потпис докажал дека е партиски војник. -Ако се земат предвид сите притисоци, закани и уцени кои беа правени кон пратениците и ако се земе предвид немањето на консензус за закон кој се носи со двотретинско мнозинство, не треба да нè чуди противуставното донесување на законот, силеџиски, со поништување на првото гласање, спротивно на деловникот за работа на Собранието и со повторно гласање. Претседателот на државата, покажа дека е партиски војник, а не претседател на сите граѓани, со самиот факт дека во истиот час кога беше донесен законот го потпиша, без воопшто да го разгледа законот, анализира Даштевски во изјавата за КУРИР.

Џафери дозволи да се случи театар и самоволие во Собранието

По гласање на Законот за ЈО во Собранието, кога најпрво беше поништено гласањето откако немаше доволен број на пратеници кои го поддржаа законот, па потоа на повтореното гласање беше изгласан законот, со правно толкување на оваа постапка се јави и универзитетската професорка Тања Каракамишева. -Таљат Џафери уште еднаш во криминален поход на кршење на Деловникот на Собранието и флагрантно кршење на постапката на одлучување и гласање на закон во Собранието. Ако претседател на Собрание ја заклучил расправата и точката по која се расправало ја ставил на гласање, и ако пратениците гласале по законот, претседателот на Собранието НЕМА ПРАВО, НИТУ ИМА ДЕЛОВНИЧКО ОВЛАСТУВАЊЕ да го поништи гласањето. Дополнително што Деловникот на Собранието не предвидува ПОНИШТУВАЊЕ на веќе спроведено гласање. Во случајот со Законот за јавното обвинителство Џафери целосно ги прекршил чл. 95 и чл. 103 од Деловникот, бидејќи прво, дозволил да започне постапката на гласање и гласањето било спроведено, но откако го видел резултатот неповолен за власта одлучил самоиницијативно и самоволно да го поништи гласањето на пратениците и без никаква деловничка поткрепа да им даде право на процедурално обраќање на двајца пратеници надвор од сите деловнички процедури, анализира таа. Каракамишева истакнува дека по заклучување на гласање и по завршено гласање, пратеник нема право да бара, ниту претседател на Собрание смее да одобри процедурално ображање на пратеник. -Таљат тоа добро го знае, но дозволи да се случи театар и самоволие во Собранието. Ова самоволие и кршење на Деловникот на Собранието од страна на Таљат е кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување како и кривично дело несовесно вршење на службата, оцени таа.

Одлуката за повторено гласање и самото повторено гласање се нелегални

Во изјава за ТВ АЛФА, професорот и поранешен пратеник, Александар Спасеновски вели дека ваквиот потег на Џафери е нелегален. -Во точката 8 од главата V на Деловникот многу јасно е утврден начинот на гласање во Собранието. Претседателот на Собранието има право да повика да се гласа и да го констатира исходот од гласањето; Повторено гласање, при неизгласување на одредена точка, може да има единствено како поименично јавно изјаснување на пратениците во случај на разлика помала или поголема од 5 гласови на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници. Предлог законот за ЈО не беше изгласан бидејќи не го доби потребното мнозинство од 80 пратеници и немаше можност за повторено поименично гласање. Одлуката за повторено гласање и самото повторено гласање немаат никаква заснованост во Деловникот, односно истите се нелегални, вели за Алфа, Александар Спасеновски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspertite-soglasni-zakonot-za-jo-e-izglasan-nelegalno-so-kriminal-go-pokrivaat-kriminalot-na-visokite-funkcioneri-na-sdsm/feed/ 0
Николоски: Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги разгледа можностите за проценување на постапката во Собранието за Законот за ЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-pravniot-tim-na-vmro-dpmne-deneska-kje-gi-razgleda-moznostite-za-procenuvanje-na-postapkata-vo-sobranieto-za-zakonot-za-jo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-pravniot-tim-na-vmro-dpmne-deneska-kje-gi-razgleda-moznostite-za-procenuvanje-na-postapkata-vo-sobranieto-za-zakonot-za-jo/#respond Mon, 17 Feb 2020 09:06:34 +0000 https://kurir.mk/?p=304829

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето гостување во „Утрински брифинг“ рече дека правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ и правната комисија ќе ги разгледа сите можности за проценување на постапката во Собранието за Законот за ЈО. -Јас може да го спoдeлам моето искуство, додека јас бев пратеник ваква работа не се случи односно не се случило да закон не биде изгласан и потоа претседател на Собрание да каже ќе го повториме гласањето, ова не важи затоа што не ни одговара. Прв пат јас гледам ситуација во која што законот не е изгласан и се повторува гласањето за 5 минути . Секако Уставниот Суд е една институција која што мора да се изјасни по однос на оваа работа затоа што немаше јасно изразена волја и не беа постигнати бројките. Доколку постојат и други инструменти денес нашиот правен тим секако дека ќе ги каже, истакна Николоски. Тој во своето гостување на прашањето во врска со Законот за ЈО односно дека функционери од Брисел велат дека е добро што овој закон е донесен во пресрет на можноста да се добие датум за преговори ги потенцираше следново: -Било кој функционер надвор од Македонија секако дека ги гледа резултатите, а резултатот е дека законот е изгласан, а каква е содржината за законот е нешто што ќе се цени доколку и ако се отворат преговори. Тие во моментот гледаат дека законот е донесен, честитаат како и за било кој друг договор претходно. Она што ме загрижува во однос на овој дел, мислам дека како што ќе доаѓаат изборите ќе има поларизација на нашите поддржувачи од една страна социјалистите, од друга страна десничарите од Европската народна партија. Тие пораки биле злоупотребувани во минатото, не гледам дека нема да бидат злоупотребувани и во кампањата, посочува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-pravniot-tim-na-vmro-dpmne-deneska-kje-gi-razgleda-moznostite-za-procenuvanje-na-postapkata-vo-sobranieto-za-zakonot-za-jo/feed/ 0
Прекината 135. седница, гласањето за законот за ЈО на продолжението кое дополнително ќе биде закажано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-135-sednica-glasanjeto-za-zakonot-za-jo-na-prodolzenieto-koe-dopolnitelno-kje-bide-zakazano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-135-sednica-glasanjeto-za-zakonot-za-jo-na-prodolzenieto-koe-dopolnitelno-kje-bide-zakazano/#respond Fri, 14 Feb 2020 21:40:13 +0000 https://kurir.mk/?p=304227

Пред почетокот на 136. седница, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 135. седница, а продолжението, рече, дополнително ќе биде закажано. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски веднаш потоа побара Предлог-законот за ЈО да се стави на гласање за неговата партија, како што објасни, да не биде проблем во реформскиот пат на земјава. Мицевски посочи дека има доволен број пратеници во салата за да се гласа. По барањето на Мицевски, Џафери уште еднаш повтори дека ја прекинува 135. седница и дека продолжението ќе биде дополнително закажано. Собранието продолжи со 136. седница на која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа да се тргнат од дневен ред разрешувањето на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и предлог-измените на Законот за лични карти. Тие воедно се пожалија дека се силува Деловникот. Покрај овие две точки, пред пратениците во рамки на 136. седница се и Предлог-законот за неевидентирани лица во Матичната книга на родени, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-135-sednica-glasanjeto-za-zakonot-za-jo-na-prodolzenieto-koe-dopolnitelno-kje-bide-zakazano/feed/ 0
Спасовски уценува: Спас за Заев со носење на Законот за ЈО, па избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-ucenuva-spas-za-zaev-so-nosenje-na-zakonot-za-jo-pa-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-ucenuva-spas-za-zaev-so-nosenje-na-zakonot-za-jo-pa-izbori/#respond Fri, 14 Feb 2020 12:05:20 +0000 https://kurir.mk/?p=303873

Техничкиот премиер Оливер Спасовски уценува најпрво да се донесат во Собранието сите закони, коишто, како што изјави денеска, биле многу битни за граѓаните, па дури потоа да се распуштело Собранието и да се одело на избори. Се случува ли она на што предупредуваа експертите, а  прв го обзнани Љупчо Николовски, десната рака на Зоран Заев, преку Фејсбук? Со овој пристап и уцени, Спасовски ја исполнува агендата на својот лидер - по секоја цена да се донесе законот за ЈО кој во себе соддржи скриена амнестија за претседателот на СДСМ. Денеска, техничкиот премиер самиот ја потврди оваа најава.
„Ние мора прво да ги донесеме законите кои се исклучително важни за оваа држава и потоа треба да одиме на избори. Тоа е ставот кој го имаме и како Влада и како партија, од првиот момент до денеска. Така што, сите законски решенија, пред се законот за ЈО кои треба да дадат дополнителни позитивни аргументи во носење на одлуката на Европскиот совет да почнат преговорите со ЕУ треба да биде приоритет на сите политички партии и на секој пратеник во Собранието“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на студенстскиот дом „Гоце Делчев“. Тој се уште верувал и дека тоа и ќе се случи, и оти немало да има повеќе „неразбирливи“ одложувања на седниците на кои тоа требало да биде направено. Спасовски најави и евентуално формирање ново парламентарно мнозинство, можност која вчера ја наговести исто како и одложувањљето на изборите - генералниот секретар на СДСМ Николовски на својот профил.. Во врска со тоа како ќе пратениците на СДСМ ќе гласаат во однос на распуштањето на парламентот на седницата закажана за в недела, Спасовски истакна дека требало да се почека да се види како ќе се одвиваат работите во собранието, со тоа повторно покажувајќи и на јавноста и на своите пролитички противници дека не бадијала е чувар на тронот на Заевб, епитет кој во јавноста го здоби со позицијата технички премиер. Спасовски е упорен и по предлог што го достави лично тој за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, што е точка на дневниот ред на собраниската седница закажана за 15 часот, Собранието требало да работи и на оваа точка и како што вели, таа да се заршела. Експонентот на полтиките на СДСМ и на ликдерот Заев,  очекувал нов предлог од ВМРО-ДПМНЕ, да се избере нов министер и да се продолжело понатаму во изборниот процес, чин кој парадоксално токму тој и неговата партија го опструираат на секој можен начин.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-ucenuva-spas-za-zaev-so-nosenje-na-zakonot-za-jo-pa-izbori/feed/ 0
Мицкоски: Во Законот за ЈО Заев гледа спас за себе и за одговорноста после 12-ти април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-zakonot-za-jo-zaev-gleda-spas-za-sebe-i-za-odgovornosta-posle-12-ti-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-zakonot-za-jo-zaev-gleda-spas-za-sebe-i-za-odgovornosta-posle-12-ti-april/#respond Fri, 14 Feb 2020 11:48:44 +0000 https://kurir.mk/?p=303973

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ синоќа зборуваше за донесувањето на Законот за Јавно Обвинителство при што посочи дека тој нема информација дека Зоран Заев има обезбедено 80 пратеници за да се изгласа овој закон. -Со оглед на однесувањето луѓето внатре во Парламентот и она што го добивам како информација од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Парламентот тоа е дека Парламентот на се личи само на Парламент не. Таму се договараат, преговараат услови за сега, за утре, за задутре, за лични работи, за најтесни семејства, просто не можам ни да кажувам што се слушам дека се договара, тоа е толку примитивно така што воопшто не би се спуштал на тоа ниво да дискутирам и коментирам, истакна Мицкоски во своето гостување. Мицкоски во врска со донесувањето на Законот за ЈО во Сoбранието го додаде следново: -Oва е само показна вежба што ќе се случува после 12-ти април кога ќе изгуби Зоран Заев, на што се е подготвен само за да остане таму каде што е и само за да може да се спаси од одговорност за криминал и корупцијата во овие три години. Така да, еве, нека судат и нека гледаат граѓаните каков примитивизам и каква декаденција денеска е присутна а во државата, рече тој. Тој посочи дека Зоран Заев преку законот за ЈО се обидува да се спаси од одговорност, да не одговара за своите криминали. -Процесот околу носење на Законот за ЈО продолжува да се води на сила, како што не му доликува на Законодавниот дом практично. И тоа е она што е разочарувачки денеска на македонската политичка сцена. Но тоа е очекувано за нас бидејќи во насоката во која што се водат работите, Зоран Заев практично гледа спас за себе и за одговорноста после 12-ти април, истакна Мицкоски. Мицкоски додаде дека денеска ова што се случува во Парламентот е се само не личи на Законодавен дом. Се тргува со секој глас, на секој човек внатре, луѓе се притискаат, се заканува, се уценува. -Односно власта бара начин како да се добие глас повеќе. Зошто ова се случува? Затоа што не е поради квалитетот на законот, и онака овој закон треба да биде ефективен таму по 30-ти јуни 2020 година. Тој нема да стане веднаш ефективен, еве и да замислиме дека веднаш ќе се донесе, тој нема да биде ефективен сега. Туку ќе биде од 30-ти јуни 2020. Период од 4 месеци од денеска. Дури и повеќе од 4 месеци, истакна Мицкоски. Во емисијата тој зборуваше за економските мерки на ВМРО-ДПМНЕ, најавени во програмата со кои партијата ќе настапи на претстојните избори. -ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател ги разгледавме сите можности и проекти за придвижување на економијата, односно остварување економски раст. Математиките и домаќинското работење кое ќе го практикува наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ предвидува 20% покачување на просечните плати и 25% покачување на пензиите. Исто така, тврдам дека во рок од четири години растот на бруто домашниот производ ќе биде најмалку 4%”, вели Мицкоски. Тој додава дека гледиштата на ВМРО-ДПМНЕ се дека досега беа водени грешни политики од страна на сегашната власт и дека тоа мора да се промени со цел подобрување на стандардот. -Нашите мерки и проекти кои ги предлагаме тоа ќе го остварат. Нема да нудиме само популистички мерки, туку реални мерки и проекти кои конечно ќе донесат подобар стандард на граѓаните на Република Македонија, заврши Мицкоски. Мицкоски потенцираше дека доколку се води континуирана економска политика со спроведување на мерки кои што треба да донесат додадена вредност и во бизнисот и во компаниите ветувањата се остварливи. -Она кое што ние го нудиме во нашата програма е токму тоа како да го ослободиме бизнисот од сите пореметувања кои што денеска му се случуваат и навистина да му дозволиме да расте. Сериозно реални ветувања и ветувања кои што се темелат на сериозна методологија и можат емпириски да се докажат. Најголемиот проблем би бил во исполнување на капиталните инвестиции или таканаречениот проектен менаџмент и ние се обврзавме во нашата програма на минимум 90 % реализација на тие капитални инвестиции. Тука ќе треба да поработиме тука можеби ќе треба дополнителни законски интервенции но мислам дека во иднина заедно со коалициониот партнер ќе можеме тоа да го направиме, кажа Мицкоски. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ истакна дека се потребни структурни промени за да се придвижи економијата напред бидејќи тоа на државата и е сериозно потребно во овој момент. -Во овој момент како што стојат работите ние потребно е да бидеме сериозно загрижени за развојот на државата и начинот како ова општество ќе продолжи да функционира. Зошто? Затоа што бизнисот не може да расте поради репресивните политики и не само оние официјални туку и неофицијални. Луѓето се жалат, непредвидлива политика од аспект на носење на закони, непредвидлива даночна политика се менува денес за утре купи ден продај, неисполнети ветувања, тоа што се ветува не се испорачува, нереализирани капитални инвестиции а од друга страна се прибираат парите и одат во непродуктивни трошоци. Од друга страна имаме континуирано незнаење и немање визија за развој во иднина. Сето ова бизнисот го прави загрижен дали да се развива и во која насока, додаде Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-zakonot-za-jo-zaev-gleda-spas-za-sebe-i-za-odgovornosta-posle-12-ti-april/feed/ 0