Закон за контрола на опојни дроги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Dec 2019 06:47:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Закон за контрола на опојни дроги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Седници на повеќе собраниски комисии, на дневен ред и измените на Законот за контрола на опојни дроги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-povekje-sobraniski-komisii-na-dneven-red-i-izmenite-na-zakonot-za-kontrola-na-opojni-drogi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-povekje-sobraniski-komisii-na-dneven-red-i-izmenite-na-zakonot-za-kontrola-na-opojni-drogi/#respond Thu, 19 Dec 2019 06:47:02 +0000 https://kurir.mk/?p=279469

Во Собранието на РСМ денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за надворешна политика, за локална самоуправа и Комисијата за одбрана и безбедност. Членовите на Комисијата за здравство ќе расправаат за измени и дополнувања на повеќе предлог закони, меѓу кои се и измените на Законот за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина во прво читање, измените и дополнувањата на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и измените на Законот за прекинување на бременоста, сите во прво читање. Предлог – законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки е единствена точка на дневен ред на Комисијата за надвпрешни работи. Комисијата за локална самоуправа организира јавна расправа на тема: Спроведување на Законот за локална самоуправа во однос на работата на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво (членови 41 и 55). Комисијата за одбрана и безбедност треба да се изјасни по Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и по Информацијата за потребата од склучување на договор со Владата на САД за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-povekje-sobraniski-komisii-na-dneven-red-i-izmenite-na-zakonot-za-kontrola-na-opojni-drogi/feed/ 0