закон за медиуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Nov 2022 06:32:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за медиуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Измените на Законот за медиуми пред матичната собраниска комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-zakonot-za-mediumi-pred-matichnata-sobraniska-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-zakonot-za-mediumi-pred-matichnata-sobraniska-komisija/#respond Fri, 18 Nov 2022 06:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=762739

Собраниската Комисија за транспорт и врси денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Предлог законот се носи по скратена постапка, на предлог на пратенциите Арбана Пашоли, Диме Велковски, Исмаил Јахоски, Коле Чаракчиев и Марија Георгиевска. -Целта на законот е  воведување на начин на изборот на емитување на кампањи од јавен интерес со цел да се има поголема транспарентност при изборот како и почесто спроведување и емитување на истите со цел на поголемо подигнување на јавната свест. Со Предлог законот се допрецизираат и одредбите за реемитување на програмските сервиси кои се однесуваат за регулирање на авторските и сродни права на територија на Република Северна Македонија. Со предлог законот ќе се овозможи поголема правна сигурност во однос на кампањите од јавнен интерес и нивното емитување, стои во Предлог законот, што денеска е на дневен ред и на собраниската Законодавно правна комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-zakonot-za-mediumi-pred-matichnata-sobraniska-komisija/feed/ 0
Турскиот парламент ја почна расправата за спорниот закон за медиуми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskiot-parlament-ja-pochna-raspravata-za-sporniot-zakon-za-mediumi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskiot-parlament-ja-pochna-raspravata-za-sporniot-zakon-za-mediumi/#respond Tue, 04 Oct 2022 18:43:04 +0000 https://kurir.mk/?p=741083

Турските пратеници денеска ја почнаа расправата за спорниот медиумски закон, предложен од страна на Партијата на правдата и развојот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и нејзините националистички сојузници. За него, опозицијата и групи за медиумски права тврдат дека ќе го интензивира повеќегодишното сузбивање на критичкото известување. Владата во Анкара соопшти дека законот ќе биде околу „дезинформации“ во печатот и социјалните медиуми, додека групи за човекови права сметаат оти со тоа ќе се прошири низата чекори за време на дведецениското владеење на Ердоган со што се задушени преостанатите независни медиуми. Британските медиуми пишуваат дека предлог законот веројатно ќе биде одобрен во Парламентот. Клучната загриженост меѓу критичарите на законот е членот каде се наведува дека оние кои ќе шират лажни информации за безбедноста на Турција со цел да создадат страв и да го нарушат јавниот ред, ќе се соочат со затворска казна од една до три години. Според поединци, прашањето за слободата на медиумите е од сè поголемо значење пред претседателските и парламентарни избори наредната година. Поддршката за Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот падна од последното гласање, покажаа истражувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskiot-parlament-ja-pochna-raspravata-za-sporniot-zakon-za-mediumi/feed/ 0
Словенечките новинари протестираа против измени во закони за медиуми https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkite-novinari-protestiraa-protiv-izmeni-vo-zakoni-za-mediumi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkite-novinari-protestiraa-protiv-izmeni-vo-zakoni-za-mediumi/#respond Wed, 15 Jul 2020 16:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=376500

Стотици словенечки новинари, медиумски работници и активисти протестираа пред словенечкиот Парламент против измените во законите за кои медиумите тврдат дека Владата има намера да ги донесе под своја политичка контрола. Јавноста и новинарските кругови неодамна го критикуваа прелогот на Владата за изменување на три закони од областа на јавните медиуми и политиката на медиуми по итна постапка, по многу краток рок за јавна расправа. Според нив, во државната телевизија и новинската агенција СТА, кои се основани од државата и примаат државни субвенции, повеќето членови на одборите би ги назначувала Владата наместо Парламентот, а директорите би можеле да бидат отстранети пред истекот на нивниот мандат. Здружението на словенечки новинари, нивната унија, но и неколку меѓународни здруженија на новинари сметаат дека е тоа е лошо за независноста на јавните медиуми и нивниот бизнис затоа што јавната РТВ би добила значително помалку пари отколку порано, а субвенциите би биле насочени кон медиумите поблиски до владата. Опозициските партии изразија солидарност со барањата за продолжување на рокот за јавна расправа, а Владата потврди дека крајниот рок ќе биде продолжен за три месеци, до средината на септември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkite-novinari-protestiraa-protiv-izmeni-vo-zakoni-za-mediumi/feed/ 0
Мета не го потпиша пакетот закони за медиумите, бидејќи ја нарушуваат слободата на изразување https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-ne-go-potpisha-paketot-zakoni-za-mediumite-bidejkji-ja-narushuvaat-slobodata-na-izrazuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-ne-go-potpisha-paketot-zakoni-za-mediumite-bidejkji-ja-narushuvaat-slobodata-na-izrazuvanje/#respond Sun, 12 Jan 2020 15:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=288624

Албанскиот претседател Илир Мета не го потпиша и го врати на повторно разгледување во Собранието „пакетот закони за спречување клевета“, оценувајќи дека е спротвно со Уставот и европските конвенции. Мета тврди дека овој закон не ја донел посакуваната регулатива и оти е „закана за слободата на изразување“. – Овој закон, заради многу проблематични одредби, не само што не ја носи очекуваната регулатива, туку за некои фундаментални прашања тој е спротивно на уставните принципи и норми. Недозволиво е Агенцијата за аудовизуелни медиуми (АМА) да има надлежност да казнува па дури и да затвора портали доколку оцени дека објавиле клевета или лажни вести, без да се оди на суд, смета шефот на државата. Мета вели дека законот, кој предзвика голема дебата, но исто така предизвика и спротивставување од меѓународните организации, освен што е спротвен со Уставот, исто така е спротивно и со Европската конвенција за човекови права и не е во духот и принципите утврдени со Универзалната декларација за човекови права. Албаскиот Парламент на 18 декември, со гласовите на владејачкото мнозинство, го усвои „пакетот закони за спречување клевета“, кој предвидува високи казни за онлајн медиумите и дополнителни овластувања за државните надзорни агенции. Пакетот закони беше усвоен и покрај протестите на 15 албански новинарски здруженија и невладини организации, кои го повикаа Парламентот да ги отфрли новите закони предложени од Владата, велејќи дека тие ќе ја нарушат слободата на изразување и слободата на медиумите, бидејќи е во судир со меѓународните принципи. Тие сметаат дека АМА не може да има компетенци кои му следуваат на судот. Премиерот Еди Рама бранејќи го владинот предлог, од собранската говорница тогаш рече дека целта на усвојувањето на двата нови закона е борба против лажните вести и дека тие биле целосно согласно меѓународните стандарди. – Наша цел е да поставиме стандарди за да се почитуваат човековите права. Владата соработуваше и законите ги подготви заедно со ОБСЕ, изјави Рама. Дека Мета ќе ги врати законите на повторно разгледување уште тогаш најави премирот Еди Рама од собраниската говорница. – Од денес сите Албанци треба да знаат дека имаат на располагање еден инструмент кој ќе биде ставен во функција по Нова година, бидејќи Претседателот ќе ни го врати пред Нова година, рече Рама. Претставникот за слобода на медиумите при ОБСЕ, Харлем Десир изјави дека на нацрт-законот се уште треба да се работи, за да се намалат евентуалните казни за објавување наводно лажни вести, имајќи предвид дека казните се до 16.000 евра. Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ побара текстот на законите да се разгледа од почеток, сметајќи ги за „тежок удар врз слободата на изразување“. Загриженост изрази и Евопската комисија и ги повика албанските власти да ги разгледаат препораките дадени од ОБСЕ и на Советот на Европа, мобилизирани преку фондовите на ЕУ, со цел да се обезбеди усогласеност со европските стандарди во областа на слободата на изразување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-ne-go-potpisha-paketot-zakoni-za-mediumite-bidejkji-ja-narushuvaat-slobodata-na-izrazuvanje/feed/ 0
Албанскиот Парламент ги усвои спорните Закони за медиуми https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-gi-usvoi-spornite-zakoni-za-mediumi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-gi-usvoi-spornite-zakoni-za-mediumi/#respond Thu, 19 Dec 2019 06:24:29 +0000 https://kurir.mk/?p=279451

По повеќечасовна расправа албанскиот Парламент синоќа го усвои „пакетот закони за спречување клевета“, кој предвидува високи казни за онлајн медиумите и дополнителни овластувања за државните надзорни агенции. За пакетот закони гласаа 82 гласа од албанското владејачко мнозинство, против беа 13 пратеници, петмина беа воздржани, а исто толку не гласаа. Со новите законски решенија Агенцијата за аудовизуелни медиуми (АМА) добива надлежност да казнува па дури и да затвора портали доколку оцени дека објавиле клевета или лажни вести. Пакетот беше усвоен и покрај протестите на 15 албански новинарски здруженија и невладини организации, кои го повикаа Парламентот да ги отфрли новите закони предложени од Владата, истакнувајќи дека тие ќе ја нарушат слободата на изразување и слободата на медиумите и е во судир со меѓународните принципи. Тие сметаат дека АМА не може да има компентенци кои му следуваат на судот. Премиерот Еди Рама бранејќи го владнот предлог, од собранската говорница рече дека целта на усвојувањето на двата нови закони е борба против лажните вести и дека тие биле целосно во согласност со меѓународните стандарди. – Наша цел е да поставиме стандарди за да се почитуваат човековите права. Владата соработуваше и законите ги подготви заедно со ОБСЕ, изјави Рама. Последниот збор сепак го има претседателот Илир Мета, кој доколку се има во предвид подршката што претходно ја даде на новинарските здруженија, повеќе од сигурно е дека нема да го потпише ќе го врати во Парламентот. Вакво нешто најави и Рама од собраниската говорница. – Од денеска сите Албанци треба да знаат дека имаат на располагање еден инструмент кој ќе биде ставен во функција по Нова година, зашто Претседателот ќе ни го врати пред Нова година,рече Рама. Претставнкот за слобода на медиумите при ОБСЕ, Харлем Десир изјави дека на Нацрт-законот сеуште треба да се работи, за да се намалат евентуалните казни за објавување наводно лажни вести, со оглед дека казните се до 16.000 евра. Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, во изјава за медумите во понеделникот побара текстот на законите да се разгледа од почеток, сметајќи ги за „тежок удар врз слободата на изразување“. – Јас сум длабоко загрижена кога дознав дека албанскиот Парламент ќе ги разгледува двата предлог-закони, познати како „Пакет анти-клевета“. Овие Предлог – закони имаат итна потреба од подобрување. Некои одредби не се во согласност со меѓународните и европските стандарди за човекови права кои ја штитат слободата на изразување и слободата на медиумите, оцени Мијатовиќ. Таа, исто така, изрази загриженост за „дискреционото право“ кое се дава на Агенцијата, која може да изрече високи казни и да блокира медиумски сајтови без судски налог, како и воведување на контрола од државата врз онлајн медумите. Загриженост искажа и Евопската комисија и ги повика албанските власти да ги разгледаат препораките дадени од ОБСЕ и на Советот на Европа, мобилизирани преку фондовите на ЕУ, со цел да се обезбеди усогласеност со европските стандарди во областа на слободата на изразување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-gi-usvoi-spornite-zakoni-za-mediumi/feed/ 0
Измените на Изборниот законик и на Законот за медиуми на собраниска седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-izborniot-zakonik-i-na-zakonot-za-mediumi-na-sobraniska-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-izborniot-zakonik-i-na-zakonot-za-mediumi-na-sobraniska-sednica/#respond Mon, 04 Feb 2019 06:43:06 +0000 https://kurir.mk/?p=159813

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 83-седница на која на дневен ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство и од опозицијата. Имено, со последните измени и дополнувања на Законот регулирана е исплатата на средства од Буџетот за платеното политичко рекламирање врз основа на доказ на барателот, но без можност тие докази да бидат проверени. Поради потребата од допрецизирање на овие законски одредби со Предлог законот се утврдува и начин на проверка на приложените барања за надомест на средства од Буџетот на Република Македонија, стои во образложението. Воедно, се бришат и одредбите кои се однесуваат на обврската за Државната изборна комисија да врши мониторинг на електронските медиуми (порталите) за време на изборните процеси, со оглед дека ДИК нема технички услови за да ја спроведе оваа активност. Со предложените измени за миниторингот се задолжува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. АВМУ е должна во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој законик треба да донесе Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси, за време на изборните процеси и истите ги објавува на својата веб страница. На седницата втора и последна точка за која пратениците ќе дебатираат е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка. Според образложението кон законскиот предлог, со измените се врши усогласување на рокот за усогласување на финансискиот план на МРТ со измената на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од декември 2018 година и се дава одложна примена на обврските на операторите за регистрација на странски и домашни програмски сервиси. Со членот 3 се определува и рокот за усогласување на веќе започнатото рекламирање на приватните станици и МРТ, поради веќе склучени договори за рекламирање, а и се додава уште еден нов член за одложна примена на правилата за обврските на операторите за регистрација на странски и домашни програмски сервиси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-izborniot-zakonik-i-na-zakonot-za-mediumi-na-sobraniska-sednica/feed/ 0