закон за одбрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Dec 2022 06:52:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за одбрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американскиот Сенат изгласа закон за одбрана во износ од 858 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-izglasa-zakon-za-odbrana-vo-iznos-od-858-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-izglasa-zakon-za-odbrana-vo-iznos-od-858-milijardi-dolari/#respond Fri, 16 Dec 2022 06:52:52 +0000 https://kurir.mk/?p=776339

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобруваат рекордни годишни трошоци за одбрана од 858 милијарди долари, што е за 45 милијарди долари повеќе од предлогот на претседателот Џозеф Бајден. Сенаторите вчера го поддржаа Законот за национална одбрана (НДАА) за фискалната 2023 година со огромно мнозинство на сенатори од Републиканската и Демократската партија – 83-11. Во рамките на предвидените 858 милијарди долари буџет е и зголемување на платите на војниците за 4,6 отсто, набавка на оружје, бродови и авиони, вклучително и борбени авиони Ф-35, како и поддршка за Тајван и Украина. Законот содржи и одредба побарана од многу републиканци, која повикува на укинување на задолжителната вакцинација против Ковид-19 за припадниците на вооружените сили. Претставничкиот дом минатата недела ја усвои оваа компромисна верзија на законот со 350 членови за и 80 против, што далеку го надмина двотретинското мнозинство потребно за усвојување на законот и испраќање до Сенатот на гласање. Законот сега ќе биде испратен во Белата куќа, каде што се очекува американскиот претседател Бајден брзо да го потпише. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-izglasa-zakon-za-odbrana-vo-iznos-od-858-milijardi-dolari/feed/ 0
СДСМ пак излажа, Законот за одбрана не беше одлучувачки за НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sdsm-pak-izlaza-zakonot-za-odbrana-ne-beshe-odluchuvachki-za-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sdsm-pak-izlaza-zakonot-za-odbrana-ne-beshe-odluchuvachki-za-nato/#respond Mon, 17 Feb 2020 11:13:30 +0000 https://kurir.mk/?p=304925

СДСМ повторно излажа. Законот за одбрана кој опозицијата со право не го гласаше и со кој безобразно се смени името на АРМ, не беше потребен за членство во Алијансата. Денеска, партијата на Заев со својот познат јуришнички вокабулар соопшти:
„Лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш исплива на површина кога во Собранието, пратениците на опозициската партија не гласаа за Законот за одбрана, особено важен за нашето членство во НАТО.
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ гласаа за Законот за служба во АРМ, каде стои Северна Македонија, а го проблематизираат Законот за одбрана, којшто е исклучително важен за НАТО интеграцијата.“ Лагата на СДСМ ја потврди лично генераланиот секретар на НАТО, Јене Столтенберг, кој пре точно шест дена појасни дека Законот за одбрана во Скопје нема никакво одлучувачко значење за интеграцијата во Алијансата, односно нема разлика дали ќе биде донесен или не. Прашан за тоа дали неусвојувањето на нов закон за одбрана го става во опасност членот пет на Повелбата на НАТО за колективна одбрана, Столтенберг потсети дека Македонија, независно дали е законот сменет или не, секако ќе биде обврзана да го почитува.

Членот пет на Повелбата на НАТО е еден од најважните столбови на Алијансата, тој предвидува дека напад врз една земја членка се смета за напад врз сите останати.

– Членот пет за колективна одбрана ќе биде обврска што произлегува од договорот штом С. Македонија стане полноправна членка, ние го потпишавме пристапниот протокол и штом сите НАТО сојузници го ратификуваат, Повелбата ќе се примени врз С. Македонија, а членот пет ќе биде обврска, изјави Столтенберг.

Во досегашниот закон, армијата е на „Република Македонија”, а не на Заевата Северна, но Столтенберг одби да одговори на прашањето дали тоа ќе претстави проблем за полноправното зачленување на С. Македонија во Алијансата. 

Правно, ратификуваните меѓународни повелби имаат правен примат врз домашното право. Ова ја уништува теоријата на СДСМ дека без нов закон за одбрана Макеоднија немаше да се може да се влезе во НАТО.  Вака, Заев само и направил ќеф на Грција, која освен ратификацијата на НАТО членството, нема мрднато ни педа во однос на Преспанскиот договор, популарно наречен Заева капитулација.

Експертите ова и пред гласањето го протолкуваа како уште една лажна вест на СДСМ и ја ставија во корелација со законот за ЈО, кој се претставуваше како неминовност за наводен датум за преговори со ЕУ, а во реалноста треба и го спасува нивниот лидер и врхушката од одговорност и криминал.

Прашањето кое логично се поставува е што ако и покрај Законот за ЈО, кој не беше одлучувачки за ЕУ интеграцијата туку за слободата на Заев, Македонија пролетва не добие датум за преговори? Од друга страна, за потсетување, Заев и Димитров уште пред две години излажаа дека сме добиле датум за преговори, за што и ден-денеска сведочи познатата фотографија од владиниот авион.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sdsm-pak-izlaza-zakonot-za-odbrana-ne-beshe-odluchuvachki-za-nato/feed/ 0
Столтенберг контра Заев: АРМ во НАТО без разлика дали Законот за одбрана на СДСМ е усвоен или не! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoltenberg-kontra-zaev-arm-vo-nato-bez-razlika-dali-zakonot-za-odbrana-na-sdsm-e-usvoen-ili-ne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoltenberg-kontra-zaev-arm-vo-nato-bez-razlika-dali-zakonot-za-odbrana-na-sdsm-e-usvoen-ili-ne/#respond Tue, 11 Feb 2020 12:25:15 +0000 https://kurir.mk/?p=302381

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со спротивен став на оној на СДСМ и Зоран Заев, кои НАТО членството го ставија под знак на прашање поради неусвоениот нов закон за одбрана со кој се зголемува усогласеноста на Македонија со НАТО стандардите и кој не може дасе усвои поради тоа што нема двотретинско мнозинство.

Прашан за тоа дали неусвојувањето на нов закон за одбрана го става во опасност членот пет на Повелбата на НАТО за колективна одбрана, Столтенберг потсети дека Македонија, независно дали е законот сменет или не, секако ќе биде обврзана да го почитува.

Членот пет на Повелбата на НАТО е еден од најважните столбови на Алијансата, тој предвидува дека напад врз една земја членка се смета за напад врз сите останати.

– Членот пет за колективна одбрана ќе биде обврска што произлегува од договорот штом Северна Македонија стане полноправна членка, ние го потпишавме пристапниот протокол и штом сите НАТО сојузници го ратификуваат, Повелбата ќе се примени врз С. Македонија, а членот пет ќе биде обврска, изјави Столтенберг.

Новиот закон за одбрана со кој се зголемува усогласеноста на Македонија со НАТО стандардите не може да се усвои поради тоа што нема двотретинско мнозинство. Опозицијата го спори фактот што со новиот закон се преименува и АРМ односно Армијата на Република Македонија. 

Во сегашниот закон, армијата е на „Република Македонија”, а не на Заевата Северна, но Столтенберг одби да одговори на прашањето дали тоа ќе претстави проблем за полноправното зачленување на Северна Македонија во Алијансата.

Правно, ратификуваните меѓународни повелби имаат правен примат врз домашното право. Ова ја уништува теоријата на СДСМ дека без нов закон за одбрана Макеоднија нема да може да влезе во НАТО. Експертите ова го толкуваат како уште една лажна вест на СДСМ и ја ставаат во корелација со законот за ЈО, кој се претставува како неминовност за наводен датум за преговори со ЕУ, а во реалноста треба да го спаси нивниот лидер од одговорност и криминал.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoltenberg-kontra-zaev-arm-vo-nato-bez-razlika-dali-zakonot-za-odbrana-na-sdsm-e-usvoen-ili-ne/feed/ 0
Трамп најави дека ќе го потпише законот за одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-najavi-deka-kje-go-potpishe-zakonot-za-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-najavi-deka-kje-go-potpishe-zakonot-za-odbrana/#respond Wed, 11 Dec 2019 17:49:35 +0000 https://kurir.mk/?p=276223

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе потпише законот за одбрана, за кој се предвидени 738 милијарди долари наменети за сите политики од семеен одмор до воени авиони. – Сите наши приоритети влегоа во НДДА: Зголемување на платите на нашите војници, изградба на нашата армија, граничната безбедност и вселенските сили, напиша Трамп на Твитер. Тој додаде дека Конгресот не треба повеќе да го одлага законот и веднаш да го потпише. За законот да стапи во сила двата дома на Конгресот треба да го изгласаат, но демократите претходно најавија дека ќе гласаат против НДДА (законот за одбрана). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-najavi-deka-kje-go-potpishe-zakonot-za-odbrana/feed/ 0