Закон за помилување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 05:37:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Закон за помилување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јавна дебата за Предлог законот за помилување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-debata-za-predlog-zakonot-za-pomiluvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-debata-za-predlog-zakonot-za-pomiluvane/#respond Thu, 18 May 2023 05:37:33 +0000 https://kurir.mk/?p=835563

Министерството за правда денеска во Клубот на пратеници ќе организира јавна дебата за Предлогот на законот за помилување. Како што е најавено, на дебатата ќе се обрати министерот за правда Кренар Лога, проф. д-р Бобан Мисоски, претседател на Работната група на Предлогот на Законот за помилување и проф. д-р Александар Спасов, научен соработник од областа на надворешната политика, внатрешната политика и уставни прашања на Претседателот на Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-debata-za-predlog-zakonot-za-pomiluvane/feed/ 0
Во завршна фаза новиот закон за помилување, Претседателот ќе може да помилува само за казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zavrshna-faza-noviot-zakon-za-pomiluvanje-pretsedatelot-kje-moze-da-pomiluva-samo-za-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zavrshna-faza-noviot-zakon-za-pomiluvanje-pretsedatelot-kje-moze-da-pomiluva-samo-za-kazna/#respond Tue, 16 Aug 2022 05:22:38 +0000 https://kurir.mk/?p=719063

Во Министерството за правда во завршна фаза е текстот на новиот закон за помилување, за којшто, како што се најавува, во најскоро време ќе биде подготвена драфт – верзија. Најзначајната измена што се предвидува е дека Претседателот ќе може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Од Министерството за правда за МИА велат дека причините за донесување на нов закон за помилување произлегуваат, пред се, од недостатоците и правните празнини во постојниот Закон за помилување (“Службен весник на РМ” бр. 20/93, 12/09 и 99/16), од аспект на неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со законот и од посоодветно легислативно уредување на материјата. Освен тоа, велат од Министерството, заради неопходноста од итност на постапката со законот се предвидуваат рокови за постапување на учесниците во постапката за помилување, а извршено е и терминолошко усогласување на одделни називи и поими. -Со предлог законот се уредуваат поимот и видовите помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето. Една од најзначајните измени е дека Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Втората позначајна новина предвидена во Предлогот на законот е формирањето Комисија во рамките на Министерството за правда која подготвува писмено образложено мислење за молбата кое Министерството за правда заедно со извештајот за молбата ги доставува до Претседателот. Со ова решение се очекува да се надминат досегашните можни ризици поврзани со дискрециските права на министерот за правда, посочуваат од Министерството за правда. Мошне значајни се, како што посочуваат, и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување. -Во таа насока, предвидени се кратки рокови за секоја од институциите кои се вклучени во постапката за помилување. Притоа, клучни се и одредбите за прекршочна одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, информираат од Министерството за правда. Помилувањето како институт е еден од основните уставни надлежности на Претседателот на Република Северна Македонија утврдени со член 84 од Уставот на Република Северна Македонија. Помилувањето е содржано и во членот 114 од Кривичниот законик со кој се уредуваат материјално-правните прашања на помилувањето. Правната рамка која детално ја уредува оваа материја е прв пат воспоставена во 1993 година и досега е изменета и дополнета двапати и тоа во 2009 и 2016 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zavrshna-faza-noviot-zakon-za-pomiluvanje-pretsedatelot-kje-moze-da-pomiluva-samo-za-kazna/feed/ 0
Во подготовка е нов закон за помилување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-podgotovka-e-nov-zakon-za-pomiluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-podgotovka-e-nov-zakon-za-pomiluvanje/#respond Thu, 21 Apr 2022 11:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=666511

Не станува збор за подготвка на нов закон за амнестија, туку за подготовка на нов закон за помилување, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање околу најавата на заменик-министерот за правда Агим Нухиу дека се подготвува ваков закон. Пендаровски појасни дека по инцијатива на Министерството за правда новиот закон за помилување е во подготовка од пред повеќе месеци. – Јас имам мои експерти кои учествуваат во работните комсии и колку што знам, тој текст е сега во Владата и би требало да оди кон Собранието, рече Пендаровски. Образложувајќи ја идејата која сакале да биде постигната, Пендаровски посочи дека со измените, доколку бидат прифатени од Парламентот, претседателот на предлог на Министерството за правда ќе може да помилува само по правосилноста на пресудата. – Сега претседателот има право на инцијатива на Министерство за правда да помилува човек во која било фаза од постапката, од апсењето и кога ја издржува казната. Јас го поддржувам тој пристап. Идејата беше сега со тие измени ако бидат прифатени од Парламентот, претседателот на предлог на Министерството за правда да може да помилува само по правосилноста на пресудата, информира Пендаровски. Според него, треба да се остави судскиот систем да ја истера постапката, да се соочат аргументите на Обвинителството и на одбраната и на крајот ако смета претседателот, кога ќе заврши целата постапка и таа пресуда стане правосилна, да реагира аки има некаков простор за корекција на таа пресуда. – Имавме неколку контроверзни ситуации изминативе 20 години, дали од политички причини или не знам од кои други причини, некој некого помилувал во рана фаза на постапката. Треба да се остави судскиот систем да ја истера постапка, да се соочат аргументите на обвинителството и на одбраната и на крајот ако смета претседателот кога ќе заврши целата постапка и таа пресуда стане правосилна дека има некаков простор за корекција на таа пресуда, тогаш е дозволено да „влезе“ во процесот, а не првиот, вториот или третиот ден да пресуди и да рече „Нема да има постапка понатаму“, со што практично де факто се дерогира целокупниот правосуден систем, рече Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-podgotovka-e-nov-zakon-za-pomiluvanje/feed/ 0
Одложено одлучувањето за членот 11-а од Законот за помилување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-odluchuvanjeto-za-chlenot-11-a-od-zakonot-za-pomiluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-odluchuvanjeto-za-chlenot-11-a-od-zakonot-za-pomiluvanje/#respond Fri, 06 Nov 2020 10:49:39 +0000 https://kurir.mk/?p=425796

Уставниот суд го одложи одлучувањето по иницијативата за оценување на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година. Иницијативата беше поведена за да се разреши дилемата дали поранешниот претседател Ѓорге Иванов можел да го повлече помилувањата за 56 лица во 2016 година, повеќето опфатени во предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство. Судијата Осман Кадриу побара пред да се одлучува по оваа точка одново да се расправа за што доби поддршка од тројца судии. Овој член од Законот предвидува претседателот на Републиката да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон, при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката. Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера на прес-конференција не сакаше да коментира каков ќе биде исходот на расправата на Уставниот суд по иницијативата во врска со членот 11а од Законот за помилување, но, како што рече, е убеден дека одлуката на Уставен ќе ја расчисти оваа ситуација. – Ова е важен процес и не треба да прејудицираме која ќе биде расправата на Уставниот суд во врска со членот 11а од Законот за помилување за да не се прави какво било влијание. Не би сакал да коментирам. За нас е најважна правдата, правната држава и владеењето на правото како принцип. Верувам дека ќе имаме одлука или некаков вид изјаснување на Уставен, кој ќе ја расчисти оваа ситуација, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-odluchuvanjeto-za-chlenot-11-a-od-zakonot-za-pomiluvanje/feed/ 0
Уставен ќе одлучува по иницијативата за членот 11-а од Законот за помилување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-kje-odluchuva-po-inicijativata-za-chlenot-11-a-od-zakonot-za-pomiluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-kje-odluchuva-po-inicijativata-za-chlenot-11-a-od-zakonot-za-pomiluvanje/#respond Fri, 06 Nov 2020 06:22:13 +0000 https://kurir.mk/?p=425634

Уставните судии на денешната седница треба да донесат одлука по иницијативата за оценување на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година. Овој член од Законот предвидува претседателот на Републиката да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон, при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката. Уставниот суд во ноември минатата година поведе постапка по иницијативата, но одлучувањето беше одложено за да се добие од Собранието автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, кој му дава дискрециско право на претседателот на државата да даде помилување без да спроведе постапка за помилување. Собраниската Законодавно-правната комисија тогаш одлучи дека барањето за автентично толкување не е оправдано бидејќи членот 11, кој на претседателот му дава дискрециско право да помилува, воопшто и не постои. Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, повикувајќи се на избришаниот член 11 од Законот за помилување, најпрвин аболицираше 56 лица, а потоа во Законот беше додаден нов член, 11-а, со кој го повлече помилувањето. Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера на прес-конференција не сакаше да коментира каков ќе биде исходот на расправата на Уставниот суд по иницијативата во врска со членот 11а од Законот за помилување, но, како што рече, е убеден дека одлуката на Уставен ќе ја расчисти оваа ситуација. – Ова е важен процес и не треба да прејудицираме која ќе биде расправата на Уставниот суд во врска со членот 11а од Законот за помилување за да не се прави какво било влијание. Не би сакал да коментирам. За нас е најважна правдата, правната држава и владеењето на правото како принцип. Верувам дека ќе имаме одлука или некаков вид изјаснување на Уставен, кој ќе ја расчисти оваа ситуација, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-kje-odluchuva-po-inicijativata-za-chlenot-11-a-od-zakonot-za-pomiluvanje/feed/ 0
Автентичното толкување за помилувањето на собраниска седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtentichnoto-tolkuvanje-za-pomiluvanjeto-na-sobraniska-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtentichnoto-tolkuvanje-za-pomiluvanjeto-na-sobraniska-sednica/#respond Wed, 11 Dec 2019 06:34:26 +0000 https://kurir.mk/?p=275760

Собранието денеска ќе ја одржи 123. седница на која на дневен ред се 57 точки, а како последна е Барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски. Во предложениот дневен ред објавен на веб-страницата на Собранието не е ставен изборот на главен ревизор ниту, пак, избор на останатите директори и заменици на државни агенции и дирекции, кои во петокот беа предложени на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Постои можност дневниот ред на седницата да биде дополнет на самиот почеток. Доколку нивниот избор не биде на денешната седница, тогаш, како што најавуваат од Парламентот, тоа ќе биде направено на седницата што е планирана за 23 декември. На дневен ред на оваа седница се и неколку ратификации и закони во прво и во второ читање, како и закони по скратена постапка. Дел од законските предлози се усогласување со новиот Законот за прекршоци, односно намалување на глобите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtentichnoto-tolkuvanje-za-pomiluvanjeto-na-sobraniska-sednica/feed/ 0
Уставниот суд го одложи одлучувањето по дополнувањето на Законот за помилување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-go-odlozi-odluchuvanjeto-po-dopolnuvanjeto-na-zakonot-za-pomiluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-go-odlozi-odluchuvanjeto-po-dopolnuvanjeto-na-zakonot-za-pomiluvanje/#respond Wed, 04 Dec 2019 09:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=273085

На предлог на судијата Осман Кадриу, Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да го одложи одлучувањето по Нацрт-решението за Законот за дополнување на Законот за помилување, за кој минатата недела поведе постапка. Решението со кое се поведува постапка за Законот за помилување, како што рече Кадриу, има допирни точки со некои денешни предмети кои се на разгледување пред Уставниот суд. – Судот е известен дека пред Парламентот се води постапка за автентично толкување на овие членови од Законот за помилување, рече Кадриу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-go-odlozi-odluchuvanjeto-po-dopolnuvanjeto-na-zakonot-za-pomiluvanje/feed/ 0