закон за пушење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Aug 2020 13:17:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за пушење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Целиот регион му се смее на овој новинар- направи неповторлив лапсус околу новиот закон за пушење (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/celiot-region-mu-se-smee-na-ovoj-novinar-napravi-nepovtorliv-lapsus-okolu-noviot-zakon-za-pushenje-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/celiot-region-mu-se-smee-na-ovoj-novinar-napravi-nepovtorliv-lapsus-okolu-noviot-zakon-za-pushenje-video/#respond Mon, 31 Aug 2020 13:17:54 +0000 https://kurir.mk/?p=397318

Водител на една босанска телевизија ги насмеа читателите на целиот регион кога во емисија му се заплетка јазикот додека читаше вест околу новиот закон за пушење на јавни места. Имено тој сакаше да ги предупреди граѓаните какви казни ќе следуваат додека не ги почитуваат законите за забрана за пушење на јавните места. Но, наместо да каже што ќе се случи на оние кои го кршат законот, тој направи лапсус за кој веќе зборува со денови целиот регион, погледнете.
  Posted by Martinko Martinovic on Thursday, August 27, 2020
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/celiot-region-mu-se-smee-na-ovoj-novinar-napravi-nepovtorliv-lapsus-okolu-noviot-zakon-za-pushenje-video/feed/ 0
ФОТО: Премиерот не ги почитува законите што ги носи, пуши во ресторан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-premierot-ne-gi-pochituva-zakonite-shto-gi-nosi-pushi-vo-restoran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-premierot-ne-gi-pochituva-zakonite-shto-gi-nosi-pushi-vo-restoran/#respond Tue, 20 Mar 2018 11:08:54 +0000 http://kurir.mk/?p=31446

Премиерот Зоран Заев не го почитува Законот за пушење кој беше донесен од Собранието по предлог на Владата, пишува Република. На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како тој пуши цигара во ресторан во присуство на сопругата и уште две други лица. Според новиот закон, забрането е пушење во затворените простории во рестораните во кои се служи храна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-premierot-ne-gi-pochituva-zakonite-shto-gi-nosi-pushi-vo-restoran/feed/ 0
Изгласани измените на Закон за заштита од пушење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izglasani-izmenite-na-zakon-za-zashtita-od-pushenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izglasani-izmenite-na-zakon-za-zashtita-od-pushenje/#respond Thu, 15 Mar 2018 14:54:28 +0000 http://kurir.mk/?p=30234

Пратениците денеска на продолжението на 11. седница ги донесоа измените на Законот за заштита од пушење, во скратена постапка. За Законот гласаа 41 пратеник, 14 беа против, а еден воздржан при присуство на 61 пратеник. На седницата не присуствуваа пратенциите од редот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на дебатата по Законот беа изнесени спротивставени ставови од пратениците од парламентарното мнозинство, за потребата и ефектите од измените. Џевад Адеми од ДУИ рече дека тој ќе гласа против Законот, и ги повика пратениците да гласат против. Според него, со овие измени и предлози на граѓанинот ќе му го загрозиме животот и животната средина, ќе го покачиме потенцијалниот број на потешки заболувања, во бизнисот ќе воведеме хаос, затоа што, вели, и досегашната законска регулатива не се почитувала. - Ве уверувам дека доколку гласате „за“ донесување на законот за брзо време ќе бидеме приморани овие одредби да бидат изменети. Правото да го загрозиш сопствениот живот е лично, но ако е на тој што живее и работи до тебе, тоа не е до законот туку до стандардите, вредностите и до моралот. Се надевам дека ќе гласате против овие измени и за поздрава средина и поголем ред и во бизнисот на угостителството, како важна гранка на економијата. Предлозите во измените и дополнувањата се погрешни и штетни дајте да гласаме против, рече Адеми. Лилјана Поповска од ДОМ процедурално рече дека ќе гласа против овој закон оти смета дека областа со претходниот закон беше добро регулирана. - Не е добро да се воведува повторно стара практика и да заличуваме на балканска крчма. Мислам дека порано или подоцна ќе се вратиме повторно назад. А добрите ресторанџии одлично си ја вршат работата и при постојниот закон и не верувам дека ќе ја зголемат работата. Економски развој „да“, бизнис „да“, но не по секоја цена. И ова не го гледам како поддршка на бизнисот. Со законот терасите ќе станат дел од рестораните, рече Поповска. Томислав Тунтев од СДСМ реплицираше дека законските измени се однесуваат на терасите и не значи намалување на рестриктивните мерки на овој закон. Според него, токму рестриктивните мерки применувани во изминатите осум години не дале резултати бидејќи бројот на пушачи не се намалил, а овие измени се во прилог на угостителството. - Во сила останува целосната забрана за пушење во затворени објекти. Ниту едно право на непушачите не е нарушено. Се работи само за тераси, бавчи - платформи, надвор од објектот, каде и сега е дозволено пушењето. Ве повикувам да гласате по свое убедување, рече Тунтев. Горан Милевски од ЛДП рече дека нема да присуствува на гласањето, бидејќи не го поддржува. Апелираше тоа да го стори барем уште некој од пратениците за да не се создаде кворум за гласање. - Овие измени не враќаат чекор назад. Ако сакаме измени треба целосни измени. Ничиј профит не може да биде поважен од здравјето на граѓаните, рече Милевски и потсети дека ниту матичната Комисија за здравство не ги прифатила овие измени бидејќи четворица гласале воздржано и двајца „против“. Против законот се изјасни и пратеникот Реџеп Мемеди кој е доктор по професија. Според него, целта на законот е заштита на здравјето на граѓаните и на животната средина, а со измените кои, вели, иако на прв поглед се мали, се чекор назад и се во спротивност со сите превентивни мерки. За пратеничката Ивана Туфегчиќ измените се однесуваат исклучиво на објекти кои се надвор од деловните објекти, односно тераси во кои има фолии, а непушачите имаат избор да влезат внатре или да бидат со пушачите. - Некој да ми даде аргумент кога пушењето цигари стана нелегално. Ние и како држава субвенционираме тутун. Ние носиме одлука како законодавци, а има две категории граѓани - пушачи и непушачи, и двете категории се даночни обврзници. Кампањите и кревањето на свеста е патот кон повисока рестрикција во поглед на консумацијата на цигари, меѓутоа, веднаш тргнување кон рестрикција доведе до непочитување на законот, односно институциите надлежни за почитување на законот не си ја вршат својата улога, вели Туфегчиќ. За пратеникот Ферид Мухиќ пушењето не е болест и не постои ниту една студија која покажала каузалната поврзаност меѓу пушењето и болеста, а треба да се има предвид и состојбата со квалитетот на воздухот. - Во истражување од 2010 година сите десет најстари луѓе на светот биле пушачи, а еден пушел од седмата година. Постои статистичка релации меѓу пушењето и здравјето, не е спорно, но каузалната релација не е докажана. Но клучната работа е дека општеството треба да почитува различни животни навика. Забраната на пушењето, на задоволството, контролата на задоволството е почеток на тоталитарна психологија. Во модерно време во Европа првата забрана на пушењето ја донесе Адолф Хитлер, на првиот ден како канцелар и се знае што следеше...Затоа јас се залагам за правата на една филозофија на заедничко живеење, на почитување на другиот, рече Мухиќ. Со донесените измени на Законот се предвидува пушењето цигари кое и сега е дозволено во надворешниот дел од објектот - тераса, летна бавча, што е дефинирано дека мора да биде покриен и отворен од три страни, да не зависи од моменталните метеоролошки услови. Собранието на Република Македонија претходно денеска заседаваше по 35. седница на која беа поддржани повеќе закони во прво читање поднесени од пратеници од владејачкото мнозинство, за кои општата расправа претходно е завршена. Преостанаа уште две точки од 35. седница за кои, како што рече претседателот на Собранието Талат Џафери  во тек е усогласување со опозицијата -  Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за кривичната постапка, и двата во второ читање. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izglasani-izmenite-na-zakon-za-zashtita-od-pushenje/feed/ 0
„Денешен“: Зорица Заева со цигара во рака во ресторан најавува укинување на забраната за пушење (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-zorica-zaeva-so-cigara-vo-raka-vo-restoran-najavuva-ukinuvanje-na-zabranata-za-pushenje-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-zorica-zaeva-so-cigara-vo-raka-vo-restoran-najavuva-ukinuvanje-na-zabranata-za-pushenje-foto/#respond Thu, 25 Jan 2018 18:10:13 +0000 http://kurir.mk/?p=15077

Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева, со личен пример го најавува укинувањето на Законот за забрана за пушење. Фотографијата е направена во струмички ресторан, пренесува порталот Денешен.мк. Инаку, во член 3 од законот кој се уште е на сила, се забранува пушењето во јавните простории од членот 2 на овој закон. Пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично), исклучиво доколку просторот е покриен и отворен најмалку од три страни на кои нема никакви прегради (стакло, фолии, пластифицирани или најлонски прегради и слично) или на отворен простор кој не е покриен со тенди, чадори и слично, а кој странично е заграден (дискоклубови на отворен простор, тераси, летни бавчи и слично). Во објектите во кои се сместуваат гости, може да се определат соби за сместување за пушачи, но најмногу до 30% од вкупниот капацитет на објектот. Во јавните простории од членот 2 на овој закон и во собите за сместување на непушачи во објектите од ставот 2 на овој член одговорното лице на правното лице ќе истакне знак за забрана на пушењето и ќе обезбеди контрола на забраната на пушењето. Во член 9 се вели дека  глоба во износ од 2.000 до 4.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако постапи спротивно на членовите 3, 4, 5, 5-а, 6 и 7 од овој закон. За прекршокот од ставот 1 на овој член на одговорното лице во правното лице, ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност. -Глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице ако пуши во просторија каде што е забрането пушењето (член 2). За прекршокот од ставот 1 на овој член глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на физичко лице и на самото место на прекршокот, стои во член 10.

Ќе биде ли дозволено пушење на летните тераси – законот во собраниска процедура?

Со два гласа против и четири воздржани, измените на законот за пушење пред две недели не добија зелено светло од собраниската комисија за здравство, сепак конечната одлука ќе ја имаат пратениците на пленарна седница. Против гласаа претседателката на комсијата Мирсада Емини Асани и лидерот на ЛДП Горан Милевски, кој образложи дека измените биле контрадикторни, а спорно за него било и тоа што законот се носел по скратена постапка. Милевски најави дека на собраниската седница пратениците од неговата партија ќе гласаат по сопствено убедување. „Она со што не се согласувам е со причините. Имено предлагачите укажуваатдека со тоа што се забрани пушењето во деловнитеобјекти се влошила   економската состојба во Македонија. Ако поради забранатаза пушење во деловните објекти е влошена економијата уште од утре да направиме целосна слобода и Македонија да доживее препород. Јас не се согласувам ваков значаен закон да се носи по скратена постапка, бидејќи ги таргетира сите граѓани во Македонија“, вели Горан Милевски. Јагода Шахпаска од СДСМ пак истакна дека иако како лекар должност и е да се бори против зависности, јавните расправи кои се воделе за законот и ги расчистиле дилемите во врска со предложените измени. „Како лекар јас немам дилема, ако ова законско решение не навлегува директно во правото на пушење затоа што се однесува на отворени простории, меѓутоа како граѓанин и претставник на моето гласачко тело ја имав таа мала дилема која јавната расправа мене ми јарасчисти. Изјаснувањето на пленарната седница, секој согласно своето убедување ќе се изјасдни дали е за или против ова законско  решение“, вели  Јагода Шахпаска. Според сегашнитие законски норми, во бавчите на кафулињата и рестораните е дозволено пушење само кога објектот нема кров или е отворен од најмалку три страни, но кога се затворени со најлон, во просторот не смее да се пуши. Целта на предложените измени од СДСМ и ДУИ е бришење токму на тој став од законот кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителскте објекти. Инаку, за време на празниците, во голем број од кафулињата и кафеаните низ Скопје ретко каде се почитуваше и Законот за забрана за пушење, што пак наиде на бурни реакции во јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-zorica-zaeva-so-cigara-vo-raka-vo-restoran-najavuva-ukinuvanje-na-zabranata-za-pushenje-foto/feed/ 0