Закон за работни односи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 May 2023 13:27:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Закон за работни односи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собранието расправа за измени на Законот за работни односи поврзани со изградбата на коридорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-rasprava-za-izmeni-na-zakonot-za-rabotni-odnosi-povrzani-so-izgradbata-na-koridorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-rasprava-za-izmeni-na-zakonot-za-rabotni-odnosi-povrzani-so-izgradbata-na-koridorite/#respond Mon, 15 May 2023 13:27:10 +0000 https://kurir.mk/?p=834390

Собранието денеска на продолжение на 115. седница ја почна расправата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка, во второ и трето читање, дел од пакетот предложени измени на пет закони поврзани со изградбата на коридорите и означени со европско знаменце. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и во овој дел од дебатата најавија дека нема да гласаат за измените бидејќи сметаат дека со нив се суспендираат правата од работен однос, за да се реализира, како што рекоа, проектот 40 плус 20 часа работа во текот на неделата. Работодавачите, според опозицијата, ќе ги уценуваат работниците да потпишат изјавите за согласност и ќе ги тераат да работат и до 72 часа. Побараа да се повлече законот и да се стави на увид Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. -Ова е уметничко-политичко решение, врвен дострел во политиката кога 60 ќе го замените со 40 плус 20. Тврдам дека сегашното решение 40 редовни работни часа и неограничени прекувремени часови е полошо решение од претходно понуденото со 60 часови затоа што со ова во текот на летото работодавачот можеби ќе им понуди на работниците да работат по 12 часа на ден. Ова е срамен чин кој ги суспендира сите конвенции за заштита на трудот. Се случува упад во системот, капитулација на работниците, синдикатите, Собранието, рече пратеникот Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ. Тврдењата на опозициските пратеници ги отфрлија од СДСМ, од каде порачаа дека не се нарушуваат правата на работниците, туку дека се создава можност за платена прекувремена работа за проекти од стратешки национален интерес. Прекувремената работа, според нив, не значи 60 часа неделно и оти во текот на целата година ќе има прекувремена работа. Тоа, тврдат, ќе зависи од временските услови за работа на терен и од активностите на процесите на трасите. Жаклина Лазаревска од СДСМ, во реплика на Трајанов рече дека со измените се регулира прекувремената работа и местото и начинот на исплата на проекти од стратешко национално значење утврдено со закон, како што е случајот со автопатите на коридорите 8 и 10 д. Нема задолжително прекувремена работа, туку ако работникот потпише, а тоа е регулирано и за други работи во делот на работните односи, рече Лазаревска. Со законските измени што ги предлага Владата, се дефинира дека заради континуитет во работата на овој проект прекувремена работа може да трае подолго од осум часа неделно и 190 часа годишно. Според заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, прекувремената работа не значи 60 часа неделно, а секој прекувремен час ќе биде исплатен 35 проценти согласно Законот и Колективниот договор и со изјава за согласност од работникот. - Работата над 40 часа неделно ќе се смета и плаќа како прекувремена работа со задолжително почитување на одредбите за дневен и неделен одмор. Тоа значи дека работникот ќе има право на одмор од најмалку 12 часа во непрекинато меѓу два последователни денови во текот на 24 часа. Исто така, работникот има право на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато плус 12 часа дневен одмор. Дополнително, поради природата на работите и задачите што се вршат во работите од национален интерес се јави потреба да можат да се спроведува и во недела. Предложениот закон предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на плата на работници на проекти од национален и стратешки интерес, рече Хусејин на прес-конференцијата во Владата на која беа презентирани законските измени. Предложените измени на Законот за работни односи со европско знаменце беа разгледани во Комисијата за европски прашања минатата недела, откако претходно до Собранието втор пат беа поднесени измени на закони поврзани со изградбата на коридорите, но овојпат на предлог на Владата и со европско знаменце. Претходно поднесените измени, на предлог на пратеници, беа блокирани во матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика од политичката партија Левица која поднесе 1.111 амандмани. Во тек е редовна пауза на пратениците, а расправата ќе продолжи во 16 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-rasprava-za-izmeni-na-zakonot-za-rabotni-odnosi-povrzani-so-izgradbata-na-koridorite/feed/ 0
Одбиени амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за предложените измени на Законот за работни односи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieni-amandmani-na-vmro-dpmne-za-predlozhenite-izmeni-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieni-amandmani-na-vmro-dpmne-za-predlozhenite-izmeni-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/#respond Fri, 12 May 2023 15:54:21 +0000 https://kurir.mk/?p=833561

Непочитување на Уставот и законите и кршење на конвенциите за човекови права и европските директиви за работно време и на цивилизациската придобивка од осум часа работа на ден. Се предлагаат измени со кои максимално ќе се искористуваат работниците. Наместо ветениот живот за сите, правите робови од сите и нѐ враќате во робовладетелско општество, реагираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во попладневниот дел од седницата на собраниската Комисија за европски прашања. На седницата беа одбиени амандмани од опозициската партија на Предлог-законот за измени на Законот за работни односи - прв од петте закони во кои треба да се интервенира согласно договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на делници од коридорите 8 и 10д. Бране Петрушевски рече дека во Предлог-законот не е наведена горна граница за прекувременото работно време за изградба на автопатиштата. Смета дека со тоа што во Предлогот пишува дека работниците ќе имаат 12 часа одмор на ден и 24 часа непрекинат одмор во денот недела, значи дека ќе може да работат и по 12 часа на ден или, за шесте работни дена, вкупно 72 часа во една седмица. - Дали е нормално да се работи 72 часа и тоа на тешки градежни активности. Тоа не постои во ниедна држава во светот, дури ни во Африка. Ја кршите Директивата 88 на Европската комисија од 2003 година во која, во член 6, експлицитно стои дека работното време, вклучувајќи и прекувремена работа, може да изнесува 48 часа неделно. Ако сакаме да влеземе во Европската Унија, така треба да биде и во Република Македонија. Парадокс е што во Комисија за европски прашања кршиме европска директива. Ова ќе биде сериозна забелешка во следниот извештај на Европската комисија, истакна Петрушевски. Спорно за него е и тоа што се предлага министерот за труд и социјална политика да има дискрециско право за „начинот и местото на исплата на плати“ и, рече, посебно го загрижува „местото на исплата“ зашто може да значи сериозна даночна евазија. -Местото е сериозен момент зашто има можност на име на надоместоци на плата и давачки да се изнесе огромен дел од парите и ќе се даночат во друга држава, рече Петрушевски. Заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин на седницата изјави дека не го видел Договорот со „Бехтел и Енка“, но дека се работи за проект од интерес на граѓаните, од национално и стратешко значење за државата и клучен за трансевропската транспортна мрежа на Западен Балкан вклучително и за Република Северна Македонија. Во одбрана на предложените измени на Законот за работни односи, Хусеин негираше дека работната недела ќе биде 72, туку 60 часа, и само со писмена согласност од работникот и заради континуитет во реализацијата на проектот. Додаде дека прекувремената работа веќе постои во градежништвото и, како што рече, „дебело“ ќе му се плати на работникот. -Нема да се дозволи експлоатација и нарушено работничко право на ниту еден работник. Невистина и манипулација е дека ќе имаат над 60 часа неделно... Секој прекувремен час ќе се исплаќа 35 отсто. Секој работник ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено и, ако не сака, не може да биде присилен, рече Хусеин. Посочи и дека работата на делниците ќе зависи и од временските услови и од потребите за одредена траса, така што ќе има и денови кога нема да се работи и не секогаш работната недела ќе биде 60 часа. Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со тоа што одобрува зголемено работно време во неделата од 40 на 60 часа, власта не се грижи за правата на работникот и дека СДСМ е псевдосоцијалдемократија и ги крши европските вредности и покрај европскиот наратив. -Евроамбасадорот Дејвид Гир пред два дена и портпаролот на официјален Брисел, Петар Стано, утрово рекоа дека ова што го правите нема врска со евроинтеграциите, рече Пренџов и додаде дека по овој предлог од Владата за прекувремена работа, и од други фирми се најавуваат 60 часа работно време во неделата. На колегите членови на оваа собраниска комисија тој им порача дека „не е нормално да се гласа нешто што не го виделе“ и побара договорот со „Бехтел и Енка“ да го добијат и две до три недели да го разгледаат. Мартин Костовски од СДСМ му реплицираше дека со тоа што го спомнува и се повикува на ЕУ покажува антагонизам во ставовите бидејќи ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, негирала сѐ што кажува официјален Брисел, како на пример дека се отпочнати преговори со ЕУ и дека е заштитен македонскиот јазик со договорот Фронтекс. Седницата на собраниската Комисија за европски прашања ќе продолжи в понеделник во 11 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieni-amandmani-na-vmro-dpmne-za-predlozhenite-izmeni-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/feed/ 0
Комисијата за европски прашања утре ќе ја продолжи расправата за измените на Законот за работни односи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-evropski-prashana-utre-ke-ja-prodolzhi-raspravata-za-izmenite-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-evropski-prashana-utre-ke-ja-prodolzhi-raspravata-za-izmenite-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/#respond Thu, 11 May 2023 15:31:49 +0000 https://kurir.mk/?p=833130

Собраниската Комисија за европски прашања и во попладневниот дел од работата по дневниот ред на денешната седница ја продолжи расправата по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка. Расправата ќе продолжи утре. Во текот на попладневната расправа говореа пратеници од опозицијата кои ги прашуваа нивните колеги од владејачките партии како ќе гласаат измени на закони за проект за кој воопшто не виделе што се е предвидено во договорот што го потпиша Владата. Ги обвинија дека ќе им наметнат на работниците да работат по 72 часа неделно на отворено наместо по 40 часа како што е вообичаено. Во измените на законот, како што кажаа, нема ништо европско и затоа нема потреба да се разгледува во процедура со европско знаменце. Во реплика пратеникот Мартин Костовски од СДСМ рече дека воопшто нема да има зголемување на работното време и дека на работниците ќе им се плаќаат дополнителните работни часови за прекувремена работа. Седницата на Комисијата ќе продолжи утре во 12 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-evropski-prashana-utre-ke-ja-prodolzhi-raspravata-za-izmenite-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/feed/ 0
Ефтимов: Како претеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, бараме измените за судиите и јавните обвинители да бидат тргнати од дополнување на Законот за работни односи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-kako-pretenichka-grupa-na-vmro-dpmne-barame-izmenite-za-sudiite-i-javnite-obviniteli-da-bidat-trgnati-od-dopolnuvanje-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-kako-pretenichka-grupa-na-vmro-dpmne-barame-izmenite-za-sudiite-i-javnite-obviniteli-da-bidat-trgnati-od-dopolnuvanje-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/#respond Tue, 31 May 2022 09:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=684131

Денес, на Комисијата за труд и социјална политика, се наоѓа Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, поднесен од група пратеници од парламентарното мнозинство. Се работи за низа измени кои според Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се крајно проблематични и дискриминаторски, изјави денеска за медиумите, Дајанчо Ефтимов, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека со измените се предвидува на судиите и јавните обвинители да им се овозможи работниот однос, односно мандатот да може да се продолжи од страна на Судскиот совети и Советот на јавни обвинители и после 64 години за мажи и 62 години за жени, до наполнување на 67 години возраст на судијата или јавниот обвинител. - Со овие измени се отвора можност за класификација на судиите и јавните обвинители на подобни и неподобни, послушни и непослушни како и можност за уште поголема и подлабока партизација на судството во Република Македонија. Како дополнителен податок, според стандардите на Европската Унија, бројот на судии во однос на бројот на население во Македонија е голем. Дополнително, сите овие измени за судиите и јавните обвинители во овој закон, СДСМ се обидува да ги протне во сенка на измените кои се однесуваат на „недела неработен“ ден кои се дел од истиов предлог закон и каде се направени измени кои што ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ посочувавме уште кога се носеше законот. Овие позадински игри на СДСМ и ДУИ не се првпат и во овој случај кога функционира активната блокада од ВМРО-ДПМНЕ, измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители се обидуваат да ги протнат преку измените за „недела неработен ден“, појасни Ефтимов. Пратеникот потсети дека најавиле дека сите законски решенија кои што се штетни за граѓаните и државата ќе бидат блокирани од нивна страна и дека е таков и случајот со овој закон. - Бараме, измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители да бидат тргнати од овој предлог закон, со што ние како пратеничка група ќе дадеме допринес за измените кои се однесуваат за „недела неработен ден“, додаде Ефтимов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-kako-pretenichka-grupa-na-vmro-dpmne-barame-izmenite-za-sudiite-i-javnite-obviniteli-da-bidat-trgnati-od-dopolnuvanje-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/feed/ 0
КСС со реакција бидејќи не се повикани на седницата за Законот за работни односи: Нема да го премолчиме овој момент, гласот на работникот мора да се слушне! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-reagira-shto-ne-se-povikani-na-sednicata-za-zakonot-za-rabotni-odnosi-nema-da-go-premolchime-ovoj-moment-glasot-na-rabotnikot-mora-da-se-slushne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-reagira-shto-ne-se-povikani-na-sednicata-za-zakonot-za-rabotni-odnosi-nema-da-go-premolchime-ovoj-moment-glasot-na-rabotnikot-mora-da-se-slushne/#respond Tue, 20 Jul 2021 10:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=539145

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) долго време наназад реагира на манипулацијата и популизмот на работничките права. Од година во година, сето ова, се повеќе придонесува да се кршат работничките права, да се намалуваат, а работникот се повеќе осиромашува и нема сигурност на своето работно место. - Вчера бевме сведоци на комисиска седница на труд и социјална политика каде што во прво читање беа измените на Законот за работните односи за недела да биде неработен ден. Прво, реагираме на тоа што како најголем синдикат во државата не бевме поканети на таа седница, како што било пракса во многу претходни случаи. Второ, остро ја демантираме министерката Шахпаска дека сме се сложиле со ваквата верзија на измените на ЗРО за недела да биде неработен ден. Трето, бараме итна јавна дебата каде што јавно ќе ги искажеме нашите ставови зошто не се сложуваме со ваквиот предлог закон за недела неработен ден. КСС уште на самиот старт реагираше по однос на ставот 3 дека се прави дискриминација со одредени дејности кои што според природата не можат да прекинат со работниот процес во поглед на другите работници кои што не се набројани во овие дејности, но очигледно преку карактер на помошни или придружни дејности и преку последната алинеја од членот 3 каде што стои и други дејности кои не се опфатени со овој став ќе треба да работат исто така во недела. Јасно укажуваме дека вака повторно се прави манипулација со работникот и се дава можност на работодавачите повторно да го изигруваат законот и да го злоупотребуваат трудот, стои во соопштението на Конфедерацијата н слободни синдикати на Македонија. Тие велат дека со бајпасирање на ЗРО и измена на Законот за трговија се дозволува работниците во трговијата повторно да работат во недела што само по себе кажува дека Владата повторно подлегнува под притисокот на капиталот за сметка на трудот. - Се повеќе се гласни работодавачите од градежниот сектор кои исто така бараат недела да биде работен ден, согласно можноста да работат и други помошни и придружни дејности. Изјавата на вицепремиерот Битиќи дека на автопатиштата кои ќе се градат во Македонија работниците ќе работат и по 60 саати, самото по себе покажува дека ова е чиста манипулација и предизборен популизам за сметка на трудот на работникот. КСС остро се спротивставува на ваквите дејствија и бара итно од сите пратеници да го отфрлат овој закон и да не дозволат повторно уништување на работничките права. Од самиот почеток укажуваме дека работната недела која што ја предвидуваат за одредени дејности не може да биде во работното време од 40 часа неделно и треба да се плаќа дополнително, а не само зголемена дневница за 50%. Наместо грижа за работниците кои што ги изгубија своите работни места и оние кои што работеа без пари кај работодавачите кои што добија државна помош за плати, денеска се соочуваме со повторно одземање на едно работничко право. Грижа за работниците е кога ќе им помогнете да си го остварат Уставното право на годишен одмор и плата кое што знаеме дека во последните години се повеќе и повеќе се нарушува. Грижа за работниците е кога ќе им дозволите со својот труд да ги сервисираат семејните трошоци и да планираат просперитет на семејството. Не претставува грижа да ги тераме секојдневно да одат на работа, а кога ние како синдикат ќе се побуниме дека им се ускратени правата и не им е исплатена плата државата немо да гледа и да молчи пред истото, истакнуваат КСС. Тие предупредуваат дека нема да го премолчат овој момент и предупредуваат дека ќе одговорат со истата ароганција и дрскост со која се нарушувате работничите права и доколку не се слушне гласот на работникот ќе одговорат многу порадикално од тоа што го правеле досега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-reagira-shto-ne-se-povikani-na-sednicata-za-zakonot-za-rabotni-odnosi-nema-da-go-premolchime-ovoj-moment-glasot-na-rabotnikot-mora-da-se-slushne/feed/ 0
Амандманска расправа за измените на Законот за работни односи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/#respond Mon, 21 Dec 2020 07:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=446027

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за труд и социјална политика, на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, во второ читање. Рокот за поднесување амандмани по законот, што е поднесен од страна на пратениците од владејачкото мнозинство, заврши викендот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/feed/ 0