закон за спречување корупција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Jan 2019 06:56:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за спречување корупција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Донесен законот за антикорупциска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesen-zakonot-za-antikorupciska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesen-zakonot-za-antikorupciska/#respond Fri, 18 Jan 2019 06:56:13 +0000 https://kurir.mk/?p=153608

Да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години во областите на откривање или спречување корупцијата, владеење на правото или добро управување, да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност и во изминатите десет години да не бил пратеник во Собрание, член на Владата, донатор на политичка партија или да не вршел функција во органи на политичка партија. Ова се дел од условите, согласно новото законско решение, што треба да ги исполни претседателот на Државната комисија за спречување на корупција. Пратениците вчера по скратена постапка го донесоа новиот антикорупциски закон, со кој се отвора патот за формирање на новиот состав на Комисијата. ДКСК не функционира од март минатата година, кога по објавувањето на ревизорскиот извештај за финаниското работење на Антикорупциска, ревизорите нотираа сериозни сомневања за малверзациите од страна на членовите, како фалсификувани сметки, лажни патни налози, нереални суми за изнајмување на станови во Скопје. Тогаш петмина од нејзините седум членови си поднесоа оставки, меѓу кои и тогашниот претседател Игор Тантуровски. Силно регулативно тело во областа на борбата против корупцијата е повеќе од потребно со оглед на тоа што борбата против организираниот криминал и корупцијата е сферата во која најмногу треба да се направи и сето тоа во период кога Македонија очекува напролет да добие позитивен извештај од Европската комисија за отпочнување преговори. А новиот состав на Антикорупциска е потребен и пред претстојните претседателски избори, чиј први круг спикерот на Собранието Талат Џафери ги најави за 21, а вториот за 5 мај. И министерката за правда Рената Дескоска во своето излагање пред пратениците во средата, во кое ги повика да дадат поддршка законот да се донесе по скратена постапка, напомена дека не е добро во земјата да се одржуваат избори без антикорупционери. –  Владата предложи закон што се темели на следните основи. Силна државна комисија за спречување корупција со зголемени надлежности. ДКСК со ефикасни механизми за спроведување на надлежностите. Сериозни критериоуми за избор на професионален состав на ова тело. Транспарента постапка за избор на членови со учество на медиумите и граѓанскиот сектор. ДКСК ќе врши контрола на финансирањето на политички партии, која ќе биде превентивна врз основа на годишен план, но и по поднесена пријава. Граѓаните имаат право врз основа на општ член да пратат иницијатива до ДКСК и доколку е основана комисијата по службена должност почнува постапка за контрола на финансирањето, појасни вчера Дескоска. Нагласи дека не смее да ни се повтори праксата постапките да завршуваат во фиока на ДКСК и за таа цел се донесени рокови во кои таа мора да постапува. Законот, за чие усвојување беше потребно двотретински мнозинство, е донесен, откако владејачкото мнозинство и опозицијата постигнаа согласност околу него, а власта прифати 20 од 40 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Новото законско решение доби поддршка од 81 пратеници. Со прифатените амандмани нема промени во проширената надлежност на комисијата, на која инстистираше власта, но сепак се прават измени во однос на начинот на кој се пријавува незаконско финансирање на политичките партии, а затворено е и прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции. ДКСК ќе има право на директен пристап до банкарските сметки, но и во над 60 други бази на податоци, но и тука власта прифати одредени измени во однос на првичното решение. Со законското решение предвидено е ДКСК да има претседател и шест членови, нешто на што се противеше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која, како што напоменуваше согласно препораките на ГРЕКО бројот на членовите на Антикорупциска треба да се намали на пет. Новини има во изборот на членовите и претседателот, односно се воведува поголема транспарентност. Нив ги именува Собранието за период од пет години, без право на повторен избори. Собранието распишува оглас, а собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата во рок од десет дена од огласот формира Комисија за селекција на кандидатите. Во рок од три дена од истекот на рокот за пријавување Комисијата за селекција врши проверка на исполнетоста на условите и утврдува листа на пријавени кандидати, која потоа се објавува на веб страницата на Собранието веднаш, а најдоцна во рок од еден ден од денот на нејзиното утврдување. Во рок од пет дена од објавувањето на листата се организира интервју на кандидатите, кое се емитува на собранискиот канал. На интервјуто е превидено учество на претставници на Народниот правобранител, МАНУ, Интеруниверзитетската конференција, на здруженија на новинари, здружение или фондација во областа на спречување на корупцијата, владеење на правото или добро управување. Во Преодните и завршните одредби на собранискиот спикер му се дава можност да го крати рокот за избор на составот на Комисијата. Тој објавува оглас за именување претседател и членови на ДКСК најдоцна во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Во постапката за именување на претседател и членови на Комисијата, роковите кои се предвидено со членот 12 од законот се скратуваат согласно роковникот, кој ги донесува спикерот на Собранието. Тој роковникот за спроведување на постапката за именување на претседател и членови на ДКСК го објавува заедно со огласот. Се зголемуваат и надлежностите на Антикорупциска. Комисијата со новото законско решение води постапка за контрола на финансирањето на политичките партии и до Собранието на Република Македонија поднесува посебни извештаи од спроведена контрола, ја следи законитоста на финансирањето на изборни кампањи, презема активности во насока на јакнење на личниот и институционалниот интегритет, води јавен каталог на подароци, спроведува истражувања на јавното мислење за оценка на своето работење и состојбата со корупцијата во државата. Комисијата меѓудругото покренува иницијатива пред надлежните органи врз основа на извештаи на Државниот завод за ревизија, ја евидентира и следи имотната состојба и интересите во постапка согласно овој закон, изготвува каталог на подароци. Во случај на постоење на сомневање за незаконито финансирање на политичка партија, Државната комисија по сопствена иницијатива или по иницијатива од  државни органи, политички партии или здруженија и фондации кои работат во областа на спречување на корупцијата, владеење на правото или доброто управување може да донесе решение за отпочнување постапка за испитување на финансирањето на политичка партија. Тука е прифатен аманманот на ВМРО-ДПМНЕ и е изменето првичното понудено решение, според кое Антикорупциска можеше по соствена или по иницијатива на кое било физичко или граѓанско лице да почне постапка. Седниците на Комисијата се јавни, со исклучок кога јавноста може да биде исклучена кога се постапува по предмети кои содржат класифицирани информации и податоци кои се заштитени со закон. Антикорупциска за својата работа ќе може да бара податоци од различни институции, меѓу кои и од банки и други финансиски институции и пристап до бази на податоци, но по покрената постапка, за што веднаш треба да го информира службеното лице, за кое се бараат податоци, одоносно одговорното лице во правното лице, за кое се бараат податоци. Банките и финансиските институции се должни во рок од 15 дена до неа да ги достават бараните податоци. Доставувањето на бараните податоци не претставува повреда на банкарска тајна. Избрано или именувано лице, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал, нотар, извршител, административен службеник од категоријата А утврдена со закон или лице вработено во кабинетите на претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, министрите и генералниот секретар на Владата на Република Македонија, заради извршување на работни задачи на посебен советник, при изборот, именувањето  назначувањето, односно вработувањето, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, именувањето, назначувањето односно вработувањето поднесува изјава за имотна состојба и интереси. Податоците од изјавата за имотна состојба и интереси и пријавата за промена во имотната состојба и интереси претставуваат информации од јавен карактер, освен податоците заштитени со закон. Овие податоци, освен оние кои се заштитени со закон се објавуваат на веб-страницата на Државната комисија. ДКСК меѓудругото иницира и покренување постапка за испитување на основот на стекнување на имотот на член на семејството или блиско лице на службеното лице, доколку се утврди дека има значителни промени во таа сфера. Се заштитуваат и медиумските работници. Во членот 68 од законското решение се забранува каква било присилба, спречување или влијание на друг начин врз средствата за јавно информирање да објавуваат или да не објавуваат информации за случаи на корупција и судир на интереси. Новинарот има право на непречен пристап до сите извори на информации во согласност со закон. Никој не може да ја исклучи јавноста од расправата за корупција и судир на интереси пред надлежен орган или правно лице, освен кога се работи за претходна постапка што е прогласена за доверлива. И никој не може од новинарот што објавил информација за акт на корупција и за судир на интереси да бара да го открие изворот на информацијата. Поранешниот претседател Тантуровски ќе остане запаметен по изјавата која ја даде на новинарско прашање на прес-конференција да даде податоци за имотната состојба на Никола Груевски. На претседателот на Антикорупциска тогаш не му беше јасно зошто новинарите се интересираат за имотот на Груевски, кога тој повеќе не е премиер и рече „Најљубезно ве замолувам ова прашање да го затвориме за век и векови амин“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesen-zakonot-za-antikorupciska/feed/ 0
Законот за спречување на корупцијата по итна постапка на собраниска седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-po-itna-postapka-na-sobraniska-sednica-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-po-itna-postapka-na-sobraniska-sednica-2/#respond Thu, 17 Jan 2019 06:37:26 +0000 https://kurir.mk/?p=153148

Пратениците денеска во рамки на 80. седница, што ќе почне во 16 часот ќе расправаат по Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси во скратена постапка, со европско знаменце. За дискусија се пријавени неколкумина пратеници. Вчера беше постигната согласност меѓу владеачкото мнозинство и опозицијата околу Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. СДСМ прифати 20 од 40 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката од СДСМ и коалицијата, Снежана Калеска – Ванчева истакна дека останале доследни во одбраната на европските стандарди за воспоставување ефикасни механизми за спречување и борба против корупцијата. – Од 40 амандмани кои беа доставени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, најдовме согласност за 20 амандмани коишто се во функција на зајакнување на текстот на одредени одредби и истите заеднички ги поднесовме. СДСМ од почетокот остана доследна за зајакнување и проширена надлежност на Државната комисија за спречување на корупција, и од оваа заложба не отстапивме. Прашањата за директен увид во сметките на носителите на јавни функции, е затворено. ДКСК ќе има право до директен пристап до банкарските сметки, но и во над 60 други бази на податоци. Не се дозволи воспоставување на паралелен систем, односно орган коишто беше предлог од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, преку барањето за формирање на национален совет, рече Калеска – Ванчева. Пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, пак, посочи дека прифаќањето на амандманите е показател дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да блокира вакви битни процеси, туку дека има сериозен пристап да дејствува за подобрување на сите процеси кои се одвиваат во општеството. – Драго ни е што владејачкото мнозинство го послуша нашиот апел и беа земени во предвид нашите амандмани се со цел да се донесе што е можно поквалитетен закон за формирање на Државна комисија за спречување на корупција и судир на интереси. Задоволни сме што владејачкото мнозинство конечно сфати дека на Република Македонија и е потребна квалитетна и пред се професионална антикорупциска комисија што ќе работи сериозно и без било какви политички влијанија, потенцира Лашкоска. Владата на Република Македонија на завчерашната 115. редовна седница донесе одлука на Собранието на РМ да му предложи овој Предлог-закон да оди по скратена постапка и со европско знаменце со цел законот да се донесе што е можно побргу со цел зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка за поефикасна превенција и борба против корупцијата. Со Предлог законот се врши усогласување со правото на ЕУ во областа на правосудството и фундаменталните права, а инкорпорирани се и препораките на ГРЕКО, на експертските извештаи и на извештаите на ЕК за напредокот на земјата од 2015 и 2016 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-po-itna-postapka-na-sobraniska-sednica-2/feed/ 0
Законот за спречување на корупцијата по итна постапка на собраниска седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-po-itna-postapka-na-sobraniska-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-po-itna-postapka-na-sobraniska-sednica/#respond Wed, 16 Jan 2019 06:44:39 +0000 https://kurir.mk/?p=152718

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 80. седница на која единствена точка на дневен ред е Предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по скратена постапка и со европско знаменце. Владата на Република Македонија на вчерашната 115-та редовна седница донесе одлука на Собранието на РМ да му предложи овој Предлог-закон да оди по скратена постапка и со европско знаменце со цел законот да се донесе што е можно побргу со цел зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка за поефикасна превенција и борба против корупцијата. Со Предлог законот се врши усогласување со правото на ЕУ во областа на правосудството и фундаменталните права, а инкорпорирани се и препораките на ГРЕКО, на експертските извешати и на извештаите на ЕК за напредокот на земјата од 2015 и 2016 година. За да се донесе законот потребно е двотретинско мнозинство. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да го поддржат законот во ваква форма изразувајќи сомневања дека се подготвува „нов чадор што подоцна би служел за притисок врз политичките неистомисленици“. Поднесоа и амандмани. Министерката за правда Рената Дескоска, минатата недела на брифинг со новинарите за Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, посочи дека дел од амандманите може да бидат прифатени, но оти најголемиот дел се неприфатливи како оние со кои се бара да се тргне надлежноста на идните членови на ДКСК да вршат увид во банкарските сметки на функционерите и барањето за бришење на условот за забрана за политизација на членовите. – Апелирам до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да бидат свесни за значењето на Законот за спречување на корупција и да се откажат од одредени барања што ги имаат, кои треба да придонесат за намалување на значењето, улогата и надлежностите на ДКСК. Сметам дека тоа се барања што не може да бидат удоволени. Ако бидат удоволени тоа ќе значи носење на закон што нема да биде согласно препораките на Европската комисија, што е неприфатливо за нас како Влада, рече Дескоска. Министерката за правда посочи дека за нив е неприфатливо и барањето да се формира Национален совет за борба против корупцијата, бидејќи тоа би значело паралелизам во делувањето и работата на Антикорупциската комисија. ДКСК е нефункционална откако оставки поднесоа пет членови на Комисијата поради наводите за ненаменско трошење на буџетски средства од нивна страна. На 19-ти март 2018 година Собранието на Република Македонија донесе одлука со која од функцијата се разрешени пет членови на ДКС, а порано, на 1-ви март 2018 година, по објавувањето на наводите за ненаменско трошење на буџетски средства во ДКСК, забелешки и препораки од внатрешен ревизиорски извештај, Јавното обвинителство на Република Македонија објави дека скопското Основното јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас ​за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на ДКСК. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-po-itna-postapka-na-sobraniska-sednica/feed/ 0
Попладнево средба меѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Законот за спречување корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popladnevo-sredba-megju-rabotnite-grupi-na-vmro-dpmne-i-sdsm-za-zakonot-za-sprechuvanje-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popladnevo-sredba-megju-rabotnite-grupi-na-vmro-dpmne-i-sdsm-za-zakonot-za-sprechuvanje-korupcija/#respond Tue, 08 Jan 2019 13:18:52 +0000 https://kurir.mk/?p=149731

Курир неофицијално дознава дека денес во 15:30 часот ќе биде одржана средба меѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Законот за спречување корупција. На средбата, која ќе се одржи во Владата, ќе се разгледуваат забелешките на опозицијата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во врска со законот вчера истакна дека нивните забелешки се принципиелни и биле изложени на работната група во рамки на Собранието. Тој изрази надеж дека СДСМ ќе се повлече од најавата за негово повторно ставање во собраниска процедура но со европско знаменце. -Овој закон е исклучително важен и треба да ја добие поддршката од сите политички партии. ВМРО-ДПМНЕ е на располагање. Имаме аргументи кои се во согласност со ГРЕКО и со меѓународното право и подготвени сме да ги аргументираме каде било, кога било и со кого било од нашиот политички противник…Основен принцип на овој закон е формирање нов чадор што би служел во подоцна фаза за притисок врз политичките неистомисленици, рече Мицкоски вчера подвлекувајќи дека во ваква форма нема да го поддржат законот. Минатата недела вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека Владата го пуштила во собраниска процедура предлог – законот за спречување корупција, но овој пат со европско знаменце, за да се спречи негова можна блокада. Експертите велат дека на овој начин, со европско знаменце, власта се обидува да брзина да го протурка, иако станува збор за суштински закон. Како што неофицијално дознава Курир, во текот на утрешниот ден, опозицијата ќе ги соопшти своите ставови и на претставници на меѓународната заедница. За потсетување, медиумите објавија дека компанијата „ОПЕН МАЈД СОЛУШНС ДООЕЛ – СКОПЈЕ“ во која еден од сопствениците е Маја Макрадули, сопруга на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, по доаѓањето на СДСМ на власт добила тендери со вредност од 5.417.808 денари (88.094 евра). Во изјава за Канал 5, Макрадули вели неговата сопруга има право да зема тендери. -Не станува збор за судир на интерес, не сум прекршил никаков закон, некој што сака мене да ме оцрни злопотребува чесни луѓе кои работат 30 години, вели заменикот министер. Годинава започна и со откривање на три јавни набавки со вкупна вредност од 1.5 милиони денари кои ги добила компанијата „ФЛАЈ КЕМ“ ДООЕЛ Скопје, која е во сопственост на неформалниот сопруг на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Во исто време, во анкетните листови за состојбата на нејзиниот имот, Царовска не го пријавила богатството. Минатата недела од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција истакнаа дека СДСМ вработуваат партиски послушници и ја преполнуваат администрацијата со несоодветни кадри, а граѓаните плаќаат за оваа масовна операција. -Вработувањето на ќерките и синовите на Фрчкоски, Бучковски, Бејта, Цафери, Грчев и десетици други послушници на Заев беше само почеток. Во период на државни празници, власта вдомува над 300 нови партиски војници во администрацијата. Ова е класична корупција и обид за купување на гласови пред претстојните избори. Оваа операција на Заев на годишно ниво ќе ги чини граѓаните преку два милиони евра кои ќе им ги зема преку покачената акциза и зголемените даноци. За ваков криминал во правна држава се одговара. Тоа што до вчера беше обемна, масовна, спора, неефикасна, неевропска администрација, сега станува јасли за секој еден партиски војник на СДСМ, нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popladnevo-sredba-megju-rabotnite-grupi-na-vmro-dpmne-i-sdsm-za-zakonot-za-sprechuvanje-korupcija/feed/ 0
Дебата за Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-za-zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-i-sudir-na-interesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-za-zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-i-sudir-na-interesi/#respond Mon, 24 Sep 2018 06:28:01 +0000 https://kurir.mk/?p=104837

Министерството за правда и Меѓународниот републикански институт (ИРИ) денеска организираат јавна дискусија за нацрт-текстот на Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. - Новиот закон пред се треба да обезбеди зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и постигнување на ефикасна превенција и борба против корупцијата, соопшти Министерството за правда. На јавната дискусија свои сугестии и забелешки можат да достават претставници на институции, здруженија и фондации, комори, синдикати и академската заедница. Најавени се обраќања на министерката за правда Рената Дескоска, директорка на Меѓународниот републикански институт Илина Мангова и експертот Слаѓана Тасева. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-za-zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-i-sudir-na-interesi/feed/ 0