закон за странци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Apr 2018 16:14:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за странци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Утврден текстот на нов Предлог-закон за странци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utvrden-tekstot-na-nov-predlog-zakon-za-stranci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utvrden-tekstot-na-nov-predlog-zakon-za-stranci/#respond Tue, 03 Apr 2018 16:14:04 +0000 https://kurir.mk/?p=35898

На предлог на Министерство за внатрешни работи, Владата на денешната седница го утврдила текстот на Предлог – закон за странци, со кој се врши усогласување со европското законодавство во областа на миграцијата, односно условите за влез, визите, одобрувањето на престојот и враќањето на странец со незаконски престој. Како што соопшти владинмата прес-служба, на денешната седница Владата ја разгледала и усвоила Информацијата со новиот ревидиран текст на Акцискиот план за воспоставување на надворешен механизам за контрола над работата на лицата со полициски овластувања и припадниците на затворската полиција, со кој се дефинираат клучните активности за воспоставување на надворешниот механизам, надлежните институции и временските рокови за нивна имплементација, проценка на потребните финансиски средства и нивното обезбедување во буџетот на соодветните институции. На предлог на Министерството за одбрана, Владата ги разгледала и усвоила предлог - одлуките за испраќање на припадници на АРМ за учество во мировните операции „Одлучна поддршка“, во Авганистан, и „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utvrden-tekstot-na-nov-predlog-zakon-za-stranci/feed/ 0