закон за учебници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 May 2021 09:54:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за учебници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Родителите денеска излегуваат на протест: Апсурдно е што Царовска не ги праша родителите дали се за овој Закон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-deneska-izleguvaat-na-protest-apsurdno-e-shto-carovska-ne-gi-prasha-roditelite-dali-se-za-ovoj-zakon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-deneska-izleguvaat-na-protest-apsurdno-e-shto-carovska-ne-gi-prasha-roditelite-dali-se-za-ovoj-zakon/#respond Wed, 26 May 2021 08:00:48 +0000 https://kurir.mk/?p=515121

Родителите од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ денеска излегуваат на протести. Според најавите, протести се закажани во сите градови во 18 часот пред општинските згради. Во Скопје ќе се одржи протестен марш кој во исто време ќе почне пред зградата на Министерството за образование и наука, ќе продолжи кон Владата, а ќе заврши пред Собранието каде родителите ќе ги испратат своите пораки до пратениците. Вчера за само три часа ги собраа потребните 100 иницијални потписи за референдум на државно ниво откако минатата година Собранието ја одби нивната иницијатива како некомплетна. Потписи се собираа во подрачните единици на ДИК во Битола и во Скопје. Родителите сметаат дека ова е единствен начин за да се избор за своите барања поврзани со образовните реформи бидејќи сметаат дека МОН нема да ги земе предвид нивните забелешки и барања. -Референдумот е законско право на секој граѓанин. Апсурдно е што таа воопшто не не слуша нас. Апсурдно е да не ги праша родителите дали се за овој Закон или против овој Закон, вели Драгана Спасевска од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“. За МОН апсурдно е да се блокира напредокот на образованието. -Правото на покренување на иницијатива за референдум е легитимно, затоа што е уставно загарантирано. Но сепак, причината поради која се користи ова право, не е оправдана, апсурдно е на референдум да се блокира напредокот и дигитализацијата со која се осовременува образованието. Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот, велат од Образование.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-deneska-izleguvaat-na-protest-apsurdno-e-shto-carovska-ne-gi-prasha-roditelite-dali-se-za-ovoj-zakon/feed/ 0
Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ од денеска до четврток повторно собираат потписи за референдум https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanskata-inicijativa-uchebnici-i-nastava-mora-da-ima-od-deneska-do-chetvrtok-povtorno-sobiraat-potpisi-za-referendum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanskata-inicijativa-uchebnici-i-nastava-mora-da-ima-od-deneska-do-chetvrtok-povtorno-sobiraat-potpisi-za-referendum/#respond Tue, 25 May 2021 08:13:27 +0000 https://kurir.mk/?p=514692

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ од денеска до четврток во подрачни одделенија на Државната изборна комисија во Скопје и Битола одново ќе собира потписи за да се иницира референдум, за граѓаните да се изјаснат за Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, откако во Собранието минатата недела не беше прифатена нивната иницијатива зашто потписите не биле собрани согласно со Законот за референдум. Собраниската Комисија за политички систем и Законодавно-правната комисија во средата заклучија дека нивната иницијатива е неуредна зашто не е поднесена во форма предвидена во членовите 66 и 70 од Законот за референдум односно потписите не се собрани пред овластена институција каде што во работно време треба да се потпишат и треба печат од институцијата. Иницијаторите кои дејствуваат здружени во фејсбук-група соопштија дека поднеле барање до ДИК за отворање изборни органи за собирање на првите 100 потписи од граѓани потребни за да се оформи предлог за инициирање референдум на државно ниво, што ќе го поднесат повторно во Собранието. Согласно автентично толкување на Законот, потписите на граѓаните се даваат на образец пред органот на државната управа, односно подрачните одделенија на ДИК, надлежни за евиденција на избирачкото право, во работното време. -За таа цел, отворени за собирање потписи ќе бидат Подрачно одделение Центар (за општините Центар и Аеродром) и Подрачно одделение Битола (за општините Битола, Новаци и Могила), во деновите 25, 26 и 27 мај од 8.30 до 16.30 часот, информираат од Граѓанската иницијатива. Кога ќе го достават предлогот за иницирање референдум во Собранието, надлежните комисии во рок од два дена треба да донесат одлука за уредноста. Доколку е уредно поднесена, постапката продолжува понатаму – двете комисии упатуваат извештај до претседателот на Собранието. За да се предложи референдум, доволни се сто граѓански потписи, а потоа иницијативата треба да се потврди со 10 000 потписи по што надлежните органи треба да распишат референдум на државно ниво. Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ бара да запре постапката за новиот закон за учебници зашто не се согласува со целосно отфрлање на печатените учебници, како и со други најавени реформи во образованието. Повикуваа на бојкот на наставата и бараа средба со МОН која заврши без заклучок и во отсуство на ресорната министерка Мила Царовска. Претставничката на иницијативата Драгана Спасевска во изјавите за медиумите посочи дека нивната фејсбук-група има 70 000 приврзаници и дека се „гласот на родителите“ кои се противат на реформи што не се во интерес на нивните деца. Според Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, од учебната 2021/2022 година ќе бидат воведени дигитални учебници, најпрво во четврто одделение, а во наредните години и во погорните одделенија, како и во средното образование. Според предлог-законот, учениците до трето одделение ќе продолжат да учат од печатени (хартиени) учебници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanskata-inicijativa-uchebnici-i-nastava-mora-da-ima-od-deneska-do-chetvrtok-povtorno-sobiraat-potpisi-za-referendum/feed/ 0