закон за високо образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 May 2018 13:04:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за високо образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нов Закон за високото образованието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-zakon-za-visokoto-obrazovanieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-zakon-za-visokoto-obrazovanieto/#respond Wed, 02 May 2018 13:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=48765

Собранието на Република Македонија на денешната 45. седница го донесе Законот за високото образование, што е дел од пакетот на реформски закони. Квалитетот на образованието и автономија на универзитетите се две главни цели на Законот за високото образование. Се работи за целосно нов текст на закон, поради нефункционалноста и неприменливоста  на актуелниот од 2008 година, кој поради слабости и недоречености досега имаше 21 измена и дополнувања, а само од 2015 е променет пет пати. Подготовката на текстот, како што претходно објави МИА, почна во јуни минатата година кога се формираше работна група во МОН со вклученост на претставници од сите засегнати страни. Оттогаш на јавен увид беа претставени три нацрт-верзии со цел преку сугестии и укажувања текстот да биде подобрен со прифатливите забелешки. Новини што ги донесува законот се формирање Агенција  за  квалитет на високо образование која ќе ги опфати како два раздвоени органа Одборот за акредитација (кој ги одобрува студиските програми) и Одбор за евалуација (кој го контролира квалитетот на одобрените акредитирани програми). Се намалуваат мандатите на ректорите и деканите - од четири на три години. За деконцентрација на моќта на ректорите се воведува нов модел на нивниот избор - со непосредно гласање на професорите на факултетите и на институтите за предложените кандидати. За ограничување на моќта на министерот за образование и наука, пак, ќе се формира Национален совет за образование, наука и истражување, кој ќе преземе надлежности од министерот во сферата на високото образование. Постојните студентски факултетски парламенти ќе се трансформираат во универзитетски односно факултетски собранија како тела на универзитетот, а не како здруженија на граѓани како што беа регистрирани според досегашниот Закон за високо образование. Факултетските собранија ќе се избираат на непосредни избори и во нив ќе членуваат претставници на студентите избрани на слободни, фер и демократски избори и потоа тие ги избираат своите претставници на ниво на универзитети.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-zakon-za-visokoto-obrazovanieto/feed/ 0
Андоновски: Студентите не се приоритет на владата на СДСМ, законот за високо образование е рестриктивен и недемократски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-studentite-ne-se-prioritet-na-vladata-na-sdsm-zakonot-za-visoko-obrazovanie-e-restriktiven-i-nedemokratski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-studentite-ne-se-prioritet-na-vladata-na-sdsm-zakonot-za-visoko-obrazovanie-e-restriktiven-i-nedemokratski/#respond Sun, 15 Apr 2018 12:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=40931

Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција истакна дека студентите и високото образование не се приоритет на Владата предводена од СДСМ. -Доколку владата сакаше да ја подобри состојбата во оваа област, немаше да има ваков однос. Ставија европско знаменце на законот за високо образование, а се покажа дека тоа е само начин да ја забрзаат процедурата, но не и суштински да го подобрат текстот на законот.   Како поинаку да се толкува фактот што мнозинството и министерката Рената Дескоска одбиваат да прифатат амандмани со кои се предвидува зацврстување на автономијата на студентското организирање, како и зачувување на студентскиот стандард, рече Андоновски. Според него, предложениот закон е рестриктивен и недемократски во однос на правата на студентите, студентските избори, односно студентскиот парламент. Вели дека со овој закон универзитетските односно факултетски студентски собранија стануваат тела на универзитетот, факултетот односно високата стручна школа, што, според него е погрешно. Андоновски потенцира дека со ова се влијае на автономијата и независноста на студентското организирање. -Апсурдно е изборите за студентските претставници на факултетстките студентски собранија да ги распишува деканот наместо самите студенти. Студентскиот правобранител кој треба да ги штити правата на студентите ќе се бира на седница на универзитетскиот сенат и на сенатот ќе треба да му поднесува извештаи за неговата работа. На кого му служи студентскиот правобранител, на студентите или на професорите?, праша Андоновски. Посочува дека предложените одредби значат инволвирање на универзитетот во работата на студентското движење. Појаснува дека студентите треба да бидат независни и не смее да има влијание на нив од страна на органите на единиците или универзитетот. -Предлог законот го укинува правото за намалување на партиципацијата на децата од еднородителски семејства. Со предлогот на СДСМ, децата од еднородителски семејства се изедначени со сите други студенти и немаат право на поволности при студирањето. Социјалната компонента и вреднување на успехот и трудот на студентот веќе ги нема ни на хартија. Имено, СДСМ го укинува правото на редовен студент кој е запишан во приватна квота на државните универзитети и плаќа 400 евра, по првата година од студии доколку постигне просек од 8,5, да може да се префрли во државна квота и да плаќа само 200 евра до крајот на студирањето, доколку го задржи просекот. Се укинува и правото на бесплатно школување за студенти со завршен просек од над 9 во претходната година, рече Андоновски. Вели дека со неприфаќањето на предлозите да се подобри текстот се пропушта шансата за подобар закон. Според него, со ова владата предводена од СДСМ покажува дека високото образование воопшто не им е приоритет, туку партиските интереси. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-studentite-ne-se-prioritet-na-vladata-na-sdsm-zakonot-za-visoko-obrazovanie-e-restriktiven-i-nedemokratski/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ поднесе 17 амандмани за законот за високо образование, Дескоска вели дека дел од нив се неисправни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-17-amandmani-za-zakonot-za-visoko-obrazovanie-deskoska-veli-deka-del-od-niv-se-neispravni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-17-amandmani-za-zakonot-za-visoko-obrazovanie-deskoska-veli-deka-del-od-niv-se-neispravni/#respond Fri, 13 Apr 2018 11:09:49 +0000 https://kurir.mk/?p=40108

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред почетокот на собраниската комисија за образование поднесе 17 амандмани за предлог законот за високо образование. Зекир Рамчиловиќ од оваа партија оцени дека предлог законот за високо образование е недоследен и со низа пропусти. Според него, предлог-законот има пропусти во поглед на  регулирањето на соодветната материја кои, како што рече, не значат унапредување на образованието бидејќи суштински тие оставаат недоречености и уназадување во одредени области. -Сметаме дека со нивно прифаќање министерката ќе покаже демократски капацитет за слушање на решенија кои значат подобрување  и унапредување и развој на образованието во Република Македонија. Амандманите кои ги предлага пратеничката група се во насока на зголемување на буџетот кој е предвиден за финансирање на Универзитетите и самостојните високи стручни школи кое е клучен за развојот и унапредување на научната и образовната дејност, рече Рамчиловиќ. Посочува дека пратеничката група предвидува и амандмантска интервенција за финансирањето на Универзитетите, но и за коефициентот за платите на наставниот и соработничкиот кадар, кое како што рече, не е докрај дефинирано. -Кога ќе се земат предвид платите на универзитетските работници споредено со други далеку подобро платени позиции во нашето општество ја прави сферата на високото образование неконкурентна и непрвилечна за вработување на млади кадри, посочи Рамчиловиќ. Според него, предложениот закон во голема мера е рестриктивен во однос на демократизацијата на правата на студентите, односно студентските избори и студентскиот парламент. Тој вели дека предлог законот ја загрозува автономијата на студентското организирање. Рамчиловиќ вели дека со амандманите кои се предложени ќе се заштити студентскиот стандард, со акцент ставен на студентите кои доаѓаат од ранливите категории. Тој очекува од владејачкото мнозинство да прифати конкретни предлози во однос на овој закон, кој се носи со европско знаменце, односно по скратена постапка, што според него, ќе доведе до унапредување на образованието. Веднаш по Рамчиловиќ се обрати и министерката за образование и наука, Рената Дескоска рече дека предлог законот поминал инклузивен процес на дебата. Според неа, дел од амандманите кои беа поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се неисправни, ниту технички, ниту суштински, ниту ќе го продолжат самиот текст на законот. -Има одредби со кои сакаат да бришат надлежност на Деканот да ги распишува студентските избори на факултетите. Во одредени временски периоди на повеќе факултети Студентските Парламенти одбиваа да распишат избори со цел да оневозможат легитимно донесување на одлуките на Наставничките совети, рече Дескоска. Рече дека на некои факултети не биле распишувани студентски избори за да се оневозможи избор на Декан. Дескоска вели дека со новиот закон се предвидува праксата да биде оставена на факултетите, а не како досега, тоа да биде законска обврска. Министерката потенцира дека некои од амандманите имаат технички грешки со мешање на термини, со што всушност стануваат неразбирливи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-17-amandmani-za-zakonot-za-visoko-obrazovanie-deskoska-veli-deka-del-od-niv-se-neispravni/feed/ 0