закон за здруженија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Nov 2022 06:46:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон за здруженија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За власта нема ништо спорно Законот за здруженија да биде испратен во Венецијанската комисија, опозицијата бара негова итна примена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-nema-nishto-sporno-zakonot-za-zdruzenija-da-bide-ispraten-vo-venecijanskata-komisija-opozicijata-bara-negova-itna-primena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-nema-nishto-sporno-zakonot-za-zdruzenija-da-bide-ispraten-vo-venecijanskata-komisija-opozicijata-bara-negova-itna-primena/#respond Thu, 10 Nov 2022 06:46:28 +0000 https://kurir.mk/?p=758292

Откако завчера шефот на дипломатијата Бујар Османи од Софија најави дека ќе и предложи на Владата да го испрати Законот за здруженија до Венецијанската комисија, за да даде оценка по забелешките од бугарските власти дека со него се прави директен удар врз бугарските здруженија во земјава, вчера премиерот Димитар Ковачевски со порака дека без разлика дали Законот ќе биде испратен или не на оценка таму, сите наши закони ќе минат низ филтерот на билатералниот скрининг со ЕУ. За министерот за правда Никола Тупанчевски испраќањето на Законот во Венецијанската комисија би претставувало превентива од евентуални несакани последици пред Европскиот суд за човеков права. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, пак, смета дека Законот треба што е можно поскоро да се применува. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи завчера во Софија на прес-конференција со неговиот бугарскиот колега, Николај Милков најави дека ќе и препорача на Владата по неодамна усвоените измени на Закон за здруженија и фондации, тој да биде испратен во Венецијанската комисија, со цел таа да утврди дали навистина во него има нешто спорно, како што тврди Софија. Без ниту еден глас против, ниту воздржани, пратениците и од власта и од опозицијата со 67 гласови „за“ минатата недела ги изгласаа измените на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и на Законот за политички партии, поднесен од СДСМ, со кои се забранува здруженија и партии да носат фашистички имиња. Предложените законски измени на двете партии уследија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Со измените на двата закона се предвидува отфрлување на фашизмот, нацизмот и националсоцијализмот во сите општествени форми на здружување. Со усвоените измени, сите досега формирани здруженија и фондации, како и политички партии, имаат рок од три месеци да се усогласат со новите законски измени. На законот реагираше Софија, со став дека тој е всушност против бугарските здруженија. Бугарското МНР минатата недела изрази загриженост поради изгласаните измени на законите за здруженија и фондации и за политички партии. Според Министерството, измените имаат за цел „дискриминација и ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија“, бидејќи има „еднострано толкување на историските факти“. Ковачевски вчера порача дека измените на Законот за здруженија ги донесе Собранието со консензус, но без разлика дали ќе оди или не во Венецијанска комисија, сите наши закони ќе бидат разгледани во текот на билатералниот скрининг со ЕУ и потоа ќе претрпат усогласувања. Премиерот не очекува дека овој закон ќе претрпи усогласувања, бидејќи алудира само на тоа дека треба да се внимава на чувствата на нашите граѓани, што се однесуваат на користење на имиња од периодот на Втора светска војна при организирање какви било клубови или трговски друштва. – Мојот став е дека нам ни треба нов закон за здруженија на граѓани и Министерството за правда работи на изготвување на комплетен закон, што ќе ги вклучи сите политички партии и експерти. Уште стојам на ставот дека како основа треба да биде земено германското законодавство, кое на многу висок степен ги има решено здружувањата на граѓаните, истакна премиерот. За министерот за правда Никола Тупанчевски испраќањето на Законот за здруженија и фондации на мислење на Венецијанската комисија е од превентивни причини во однос на примената на одредбите кои се изгласани во Собранието за да не дојде до несакани консеквенции, кои во формална смисла би довеле до Европскиот суд за човекови права. Европската пракса, како што рече тој, покажа дека закон може да биде проверен и по неговото донесување. -Мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено. Исходот не можеме да го прејудицираме. Можеби ќе оди во наш прилог. Факт е дека можеби добро би било оваа пракса да продолжи и во иднина, но тоа да биде пред донесувањето на законите, затоа што на некој начин е подобро да се реагира во таа фаза отколку кога ќе биде донесен законот, па после да добиеме пресуда од Европскиот суд за човекови права, изјави Тупанчески. Мицкоски, пак, вчера, во врска со најавата на Османи рече дека Законот треба да почне да се применува. -ВМРО-ДПМНЕ предложи закон во Парламентот, тој закон помина, тој закон е изгласан и тој закон треба да почне час поскоро да се применува, рече Мицкоски. Додаде дека ако власта не знае како да почне да го применува, да почне со бугарскиот клуб во Охрид. -Уште утре да го затворат клубот „Цар Борис“ во Охрид и да се укине регистрацијата на тој клуб, бидејќи тој клуб, очигледно и јасно ни е на сите, носи име на фашистички соработник. Односно, на бидам попрецизен, нацистички соработник, за време на Втората светска војна, рече Мицкоски. Според него министерот за надворешни работи Османи во последниот период континуирано работи против интересите на македонскиот народ, a дипломатијата ја сфаќа како задоволување на интересите на сите. -Го заплетка процесот со своите егзибиции на меѓународна политика, затоа што тој, дипломатијата ја сфаќа да се удоволуваат интересите на сите, а да се загрозуваат интересите на македонскиот народ. И тоа погрешно поимање на политиката, тоа е погрешно поимање на дипломатијата, истакна Мицкоски. Шефот на дипломатијата, пак, завчера потенцира и дека институциите и министерствата за надворешни работи треба да ја предводат соработката меѓу двете земји и оти не смее да се дозволи некој друг да ја води надворешната политика и во неа да наложува друг дневен ред. Додаде дека културно-информативните центри во Скопје и Софија се вистинскиот начин на културна и општествена промоција, начинот на кој двете држави треба да комуницираат, да разменуваат култура и тоа да се прави во духот на добрососедството и пријателството. -Ова особено го сметам за важно, бидејќи изминатиот период се злоупотребуваат теми преку манипулации на чувстувата на граѓаните, се креираат непријатни настани,а крајната цел е да се киднапираат активностите на двете земји за унапредување на добрососедските односи. Тоа не е интерес ниту на Северна Македонија, ниту на Република Бугарија. Сакам да верувам дека заедно со Милков ќе сториме се за да не дозволиме други да ни ја водат надворешната политика, други да ни ги кројат билатералните односи, туку ние двајца, со дипломатите од министерствата да ја градиме европска иднина за сите наши граѓани, нагласи Османи и додаде дека двете држави се актуелни сојуници во НАТО, идни партнери во ЕУ и добри соседи. На прашањето дали ќе биде отворен македонски културен клуб во Благоевград, Османи повтори дека институциите и министерствата за надворешни работи треба да ја навигираат билатералната соработка и дека културно-информативните центри во Скопје и Софија се начините на кои треба да се зајакнува соработката меѓу двете земји. Тој додаде дека сепак граѓаните имаат право на здружување по секоја основа, но тоа мора да биде во духот на пријателството, соработката и добрососедството. Ковачевски, пак, вчера во однос на Културниот центар во Благоевград, посочи дека веќе разговарал со бугарскиот премиер Галаб Донев и штом ќе бидат испратени документите, а потоа и разгледани од властите на Бугарија, ќе може да се пристапи кон негово формирање и отворање на соодветен начин. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-nema-nishto-sporno-zakonot-za-zdruzenija-da-bide-ispraten-vo-venecijanskata-komisija-opozicijata-bara-negova-itna-primena/feed/ 0
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за здруженија денеска на собраниска седница, за Маричиќ иницијативата е вредна за разгледување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-na-vmro-dpmne-za-izmeni-na-zakonot-za-zdruzenija-deneska-na-sobraniska-sednica-za-marichikj-inicijativata-e-vredna-za-razgleduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-na-vmro-dpmne-za-izmeni-na-zakonot-za-zdruzenija-deneska-na-sobraniska-sednica-za-marichikj-inicijativata-e-vredna-za-razgleduvanje/#respond Mon, 17 Oct 2022 05:32:37 +0000 https://kurir.mk/?p=746170

Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, со кој треба да се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани, по скратена постапка, е дел од дневниот ред на денешната 88. седница на Собранието, а на предлог на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи. Предложените законски измени следат по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Пред извесен период Министерството за правда доби задача да направи нов закон за граѓански здруженија и организации, поради, како што оцени премиерот Димитар Ковачевски, постојното либерално законодавство во однос на формирање граѓански организации и здруженија. По отворањето на клубот „Цар Борис Трети“ пратеничката Мизрахи, оцени дека тоа е „неприфатлив историски ревизионизам и повеќе од сериозна провокација“, а Еврејската заедница на Македонија најави кривична пријава за името на овој културен центар и реагираше дека е згрозена заради „величање на фашизмот и ширење на говор на омраза“. -Ова не се европски вредности. Затоа, уште денес на овие процеси мора да се стави крај. По, Ванчо Михајлов и Цар Борис III, неспорно е дека ќе продолжат обидите за ревидирање на историјата на Македонија и претставување на окупаторите како ослободители. На крајот на денот не се само Евреите, македонскиот народ памети колку жртви дал за ослободување од војските испратени од оној на кој денес во Охрид му се отвора културен центар, изјави меѓу другото Мизрахи. Со предложените измени и дополнувања, во Законот за здруженија и фондации во член 4 ставот (2) се менува и гласи „Се забранува основање на организација ако програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица.“ -Како име, скратено име и/или назив на организација не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по кој било основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, стои во новиот став во членот 8 од законот. Според Предлог законот, за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава Министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира Министерот за правда. Во преодните и завршните одредби на Предлот измените и дополнувањата на Законот е наведено дека организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар на РСМ. Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите,во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски синоќа изјави дека со предлаг законот ќе се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани. Тоа, како што изјави, ќе важи и за веќе регистрираните здруженија во моментов во Македонија. Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ го поднесува законот после три месеци ветување на власта дека ќе поднесе ваков закон. -Се надевам дека ќе го поддржат, но морам да кажам дека сум скептичен. Прво законот е утре дури 20 точка на дневен ред, и второ пред него се ставаат точки коишто доколку има власта чесна намера да се донесе законот, нема да се стават, односно би се ставиле на друга седница. Тоа е избор на министер во владата, се однесува на предлогот за Ристо Пенов, и една незаконска одлука за избор на уставни судии. Морам да кажам дека ова што сакаат да го направат е злоупотреба на службена положба и овластување и карта во еден правец за осудителна пресуда за претседателот на Собранието и за претседателката на Комисијата за избори и именување, рече синоќа Николоски во телевизиско гостување. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пак, исто така во ТВ гостување порача дека треба да се почитуваат вредностите на антифашизмот и оти е вредно е да се разгледа иницијативата на опозицијата за промена на законот. -Имавме сигнали од пратениците од владејачкото мнозинство дека би го прифатиле тоа, рече Маричиќ, истакнувајќи дека сите се свесни дека треба да се промени законот и оти Владата е отворена за разговори како најдобро да се направи тоа. Како и по отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, бројни реакции уследија и по отворањето на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид, на 7 октомври, кога се одржа и протест во организација на политичката партија Левица, поддржан и од ВМРО – ДПМНЕ. Отворањето на клубот го осудија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи кои оценија дека тоа е провокација која оди на штета на бугарската заедница во земјава. Според Ковачевски, реакцијата за ова треба да биде упатена на адреса на основачите на клубот кои се вели, македонски граѓани. -Ако треба некому да реагираме, тоа е на македонските граѓани што живеат во нашата држава и кои треба да имаат чувство за граѓаните коишто имаат резерва кон тоа име и кон таа личност. И тоа не се однесува само на овој клуб, туку и на претходни клубови што се отворени, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањето дали Владата реагирала кај бугарските власти да не се отвораат клубови во земјава со имиња како „Цар Борис Трети“ во Охрид и претходно „Ванчо Михајлов“ во Битола. Како премиер и претседател на СДСМ, потсети Ковачевски, го осудуваат и го сметаат за провокација од мала група луѓе кои не сакаат да видат добри односи со Република Бугарија. Нашата држава, како што рече, во однос на правните аспекти, има премногу либерално законодавство во однос на формирање граѓански организации и здруженија и затоа пред извесен период Министерството за правда добило задача да направи нов закон за граѓански здруженија и организации. -Тие тоа го работат, меѓутоа ги повикувам и сите пратенички групи да учествуваат во тоа. И не само пратеничките групи, туку и Еврејската заедница, порача премиерот Ковачевски. Министерот за надворешни работи Османи, пак, истакна дека правото на здружување е неприкосновено, но името не е во согласност со втората точка од Конвенцијата за заштита на малцинства, тоа да се прави во духот на дијалог и пријателство, бидејќи ова име ниту помага во пријателството, туку напротив е основа за раздор и нетрпеливост. Претседателот Стево Пендаровски, минатата недела изјави дека во Законот за здруженија постои член по кој може да се преиспита работата на постојните здруженија. -Има правни експерти кои тврдат дека врз основа на постојниот Закон за здруженија и фондации има член што може да ја преиспита работата на постојните здруженија, ако тие не работат во насока на она што го декларирале, изјави Пендаровски. Еден од тие услови, како што укажа, е ако разгоруваат национални или верска омраза и нетрпеливост. Според него, во случајот со формирањето задруженија со контроверзни имиња се работи за интенција од страна на Бугарите кои живеат во Северна Македонија. – Инаку, некои од здруженијата се формирани пред три години. Последното е формирано пред една година. И не е возможно кога ние почнуваме скрининг процес и отвораме процес на преговори, генерално после 17 години, тоа да биде баш случајно. Јас пред три месеци, ако паметите, предложив да се донесат амандмани на постојниот Закон и гледам дека Владата кон крајот на месецов најавува дека ќе има такво нешто. Меѓутоа, тоа ќе го реши проблемот за понатаму, значи од усвојување на законот па понатаму, рече Пендаровски. Претходно, на 5 октомври, во Владата се одржа конститутивна седница на советодавното тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице. Улогата на ова тело ќе биде советодавна, односно ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи. За претседавач на телото, членовите едногласно го избраа Бобан Петровски од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, а за заменик-претседавач Билјана Мицковска од Министерството за економија. Советодавното тело има седум постојани членови кои се номинирани од самите институции, а двајца дополнително ќе се именуваат од граѓанските организации и други институции, зависно од личноста за која ќе се дискутира. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пак, минатата недела утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов“ – Битола. КСЗД утврди и индиректна дискриминација извршена од страна на Министерството за правда, поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на Здружението да врши дејствија спротивни на Законот. Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ е должно во одреден рок да ги отстрани сите спорни елементи во статутот и програмата, што предизвикуваат вознемирување, утврди Комисијата и препорача до Министерството за правда во даден рок да изврши надзор над законитоста на примената одредба на Законот за здруженија и фондации. Од Министерството за правда, пак, изреагираа дека немаат издадено одобрение за употреба на името „Иван Михајлов“ во името на здружението што беше отворено во април оваа година во Битола. -Со оглед на тоа дека во називот на здружението – Културен центар „Иван Михајлов“, кое било во постапка и регистрирање во Централниот регистар на Република Северна Македонија, содржано е името на историска личност, а земен e предвид фактот дека не постои регистар на историски личности или кој било друг документ со кој може да се утврди статусот на историската личност, Министерството за правда не издаде одобрение за употреба на името „Иван Михајлов“ во името на здружението, се вели во реакцијата од Министерството. Од таму додадоа дека „Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека нема одобрение од страна на Министерството за правда“. Од Министерството за правда велат дека немаат никаква надлежност да вршат надзор над работата на здруженијата, единствено се надлежни за надзор на законитоста на примената на одредбите од Законот. -Согласно член 58 од Законот за здруженија и фондации, Министерството за правда единствено е надлежно да врши надзор на законитоста на примената на одредбите од законот. Министерството за правда нема дадено согласност за употреба на името „Иван Михајлов“, пишуваше во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-na-vmro-dpmne-za-izmeni-na-zakonot-za-zdruzenija-deneska-na-sobraniska-sednica-za-marichikj-inicijativata-e-vredna-za-razgleduvanje/feed/ 0
Центарот Визентал го поддржи предлогот закон за забрана на здруженија кои помовираат поддршка за нацизмот или фашизмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centarot-vizental-go-poddrzi-predlogot-zakon-za-zabrana-na-zdruzenija-koi-pomoviraat-poddrshka-za-nacizmot-ili-fashizmot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centarot-vizental-go-poddrzi-predlogot-zakon-za-zabrana-na-zdruzenija-koi-pomoviraat-poddrshka-za-nacizmot-ili-fashizmot/#respond Tue, 11 Oct 2022 13:40:31 +0000 https://kurir.mk/?p=743897

Центарот Симон Визентал (Еврејска организација за човекови права) денеска издаде соопштение во кое го поддржува предлог законот од минатата недела на Рашела Мизрахи, пратеничка на македонското Собрание со кое би забранило какви било културни институции кои промовираат нацизам или фашизам. Предложениот предлог-закон е предвидено да се гласа утре во парламентот. Позадината на предложениот закон е неодамнешното воспоставување во Македонија на два бугарски културни центри, именувани по бугарски нацисти соработници, еден во Битола изминатиов април, именуван по Иван Михаилов, и вториот неделава во Охрид, именуван по царот Борис III. И двајцата биле поддржувачи на сојузот на Бугарија со нацистичка Германија. - Иако бугарските Евреи беа спасени од депортација во нацистичките логори на смртта, благодарение на напорите на бугарските функционери и црковни водачи, како што се потпретседателот на Собранието Димитри Пешев, и истакнати свештеници, како митрополитите Стефан и Кирил, Бугарите депортираa над 7.000 Евреи, практично целa Македонска Еврејската заедница до Треблинка, каде што секој еден евреец бил депортиран, вклучително и повеќе од 2.000 деца беа убиени. Сегашната бугарска влада, како и многу други поранешни комунистички режими во Источна Европа го преработува наративот за холокаустот, за да се избрише неговото активно учество во злосторствата на Холокаустот, и ги изгради овие два таканаречени „културни центри“ за препишување историјата и да ги избрише нивните злосторства, изјави директорот за источноевропски прашања, историчарот д-р Ефраим Зуроф. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centarot-vizental-go-poddrzi-predlogot-zakon-za-zabrana-na-zdruzenija-koi-pomoviraat-poddrshka-za-nacizmot-ili-fashizmot/feed/ 0