закон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 10:55:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерство за правда: Предлог Законот за помилување е доставен во владина процедура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-pravda-predlog-zakonot-za-pomiluvane-e-dostaven-vo-vladina-protsedura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-pravda-predlog-zakonot-za-pomiluvane-e-dostaven-vo-vladina-protsedura/#respond Wed, 04 Oct 2023 10:55:41 +0000 https://kurir.mk/?p=885047

​ Министерството за правда го достави Предлог Законот за помилување во владина процедура, информираат од надлежното министерство. Министерството за правда минатата година формираше работна група составена од претставници од релевантните институции од правосудството, како и претставници од Претседателот на Република Северна Македонија и од научната фела. При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства од кои посебно се значајни решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи. ​Причините за донесување на Законот за помилување, пред се, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања кои се предлага да бидат регулирани со новиот Закон. Постојниот Закон за помилување беше донесен во 1993 и истиот претрпе бројни измени и дополнувања, а одредени одредби беа укинати од страна на Уставниот суд. Клучните новини содржани во Предлогот на законот се: Прашањето за правото на Претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење беше едно од најекспонираните прашања за што работната група застана зад решението согласно кое Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Мошне значајни се и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување каде се предвидени кратки рокови за секоја од иснтитуциите кои се вклучени во постапката за помилување. Притоа, тука се значајни и конретните одредби за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, но и на нивните претпоставени, стои во соопштението на министерството за правда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-pravda-predlog-zakonot-za-pomiluvane-e-dostaven-vo-vladina-protsedura/feed/ 0
Николоски: Законот за амнестија е очаен дил на партијата што се продаде за две куќи во Тафталиџе и крими светот надевајќи се дека така ќе обезбедат гласови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-zakonot-za-amnestija-e-ochaen-dil-na-partijata-shto-se-prodade-za-dve-kuki-vo-taftalidhe-i-krimi-svetot-nadevajki-se-deka-taka-ke-obezbedat-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-zakonot-za-amnestija-e-ochaen-dil-na-partijata-shto-se-prodade-za-dve-kuki-vo-taftalidhe-i-krimi-svetot-nadevajki-se-deka-taka-ke-obezbedat-glasovi/#respond Tue, 03 Oct 2023 09:12:07 +0000 https://kurir.mk/?p=884545

Да бидам директен, ова е директен дил помеѓу политичката партија која што се продаде за за две куќи во Тафталиџе и криминалците во Македонија. Арбен Таравари и другар му Меџити, кој стана министер за здравство, заедно со другиот пријател Лога којшто е повеќе пријател на Зијадин Села, имаат договор со крими-светот во државава надевајќи се дека така ќе добијат гласови. Тоа е најочајната работа што можат да ја направат, а всушност карактерот си го покажаа со тоа што се продадоа за две куќи во Тафталиџе, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ на Радио Лидер го коментираше законот за амнестија кој власта го турка по секоја цена. Николоски додаде дека овој потфат доаѓа како резултат на тоа што во последно време благодарение на меѓународните истраги, кој ја опфаќаа и Македонија, се случија акции за спречување на меѓународни ланци за трговија со кокаин и сега целта на овој закон е луѓето опфатени во тие акции да се ослободат. „Не може криминалци да се ослободуваат. Таму веќе имаат детални списоци кој треба да излезе и зашто треба да излезе. Една од основните грижи, сериозен ќе бидам за ова, иако иронично ќе звучи, е тоа што цената на кокаинот на улиците во македонските градови е поскапена затоа што имаше акции во изминатиов период пред се предизвикани од потребата меѓународни ланци за трговија со кокаин да се пресечат и дел од тие луѓе се во затвори со далеку пониски казни од тоа што реално, по мене , следува за трговија со наркотици, но со ова тие луѓе ќе излезат или да се блиску до излегување со цел дистрибутивната мрежа на кокаин низ државата, а и транспортната нагоре кон Север и надолу кон Југ оснажи и да може да се спушти цената на кокаинот, потенцираше Николоски. Тој уште еднаш ја потврди и решителноста на ВМРО-ДПМНЕ да не дозволи овој штетен закон да помине во Собранието на Република Македонија. „Најавивме излегување од Собранието доколку власта реши законот за амнестија, но гледам удрија рикверц и решија да не го пуштат со европско знаменце. Барем така најавија но сеуште не е стигнато до Собранието, така што чекаме да видиме во каква процедура ќе го пуштат. Ако го пуштат со европско знаменце излегуваме од Собрание, а ако го пуштат во редовна процедура тогаш ќе го блокираме. Така што тој закон нема да помине како и да е“, заклучи Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-zakonot-za-amnestija-e-ochaen-dil-na-partijata-shto-se-prodade-za-dve-kuki-vo-taftalidhe-i-krimi-svetot-nadevajki-se-deka-taka-ke-obezbedat-glasovi/feed/ 0
Законот за амнестија целосно ќе ослободи 286 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-amnestija-tselosno-ke-oslobodi-286-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-amnestija-tselosno-ke-oslobodi-286-litsa/#respond Thu, 28 Sep 2023 16:31:08 +0000 https://kurir.mk/?p=882922

Од вкупно 2 114 затвореници низ државата со новиот Предлог закон за амнестија целосно се ослободуваат 286 лица, а делумно ослободување од ефектот на 30 проценти добиваат 996 затвореници, изјави министерот за правда, Кренар Лога, на денешниот брифинг со медиумите. Како што кажа министерот, оваа бројка се однесува на лицата кои што се веќе сместени во затворите низ државава, додека, за оние 2 813 кои чекаат да влезат во затвор ќе има дополнителен список од Управата за извршување санкции. Министерот Лога на денешниот брифинг во Министерството за правда информираше дека Предлог законот за амнестија во Собрание ќе влезе по скратена постапка и нема да биде со европско знаменце. Тој потенцираше дека како предлагач, пред пратениците сака лично да го брани ова законско решение. На новинарски прашања зошто покрај достапна пробациска служба, се предлага овој закон, тој образложи дека законот само дополмнително ќе придонесе во растеретувањето на затворските капацитети. Како што информираа надлежните на брифингот, пробациската служба е функционална со 28 пробациски службеници и 11 канцеларии. – Активни пробациски предмети е 450, што е втор по големина затвор од Идризово. Еден ден затворска казна чини 1 000 денари, еден ден под надзор на пробациска служба 50 денари. Оние што се под пробациски мерки нема да подлежат под амнестија, појасни службеничката од пробациската служба. На брифингот беше најавена и изградба на нова зграда во Идризово со капацитет од 900 нови места. -Во моментов имаме изготвени и ревидирани проекти, одобрение за градење. Банката побара од Влада дополнителни средства и немаме никаква пречка тендерот да се распише и за шест до девет месеци би требало да почнеме да градиме. Тоа во капацитет би значело околу 900 нови места и зголемувањето на пробацискиот оптег, посочија службите, дополнувајќи дека планираниот рок на изградба е 4,5 години. Во однос на прашањето дали дел од осуденици од случајот „Монструм“ ќе бидат опфатени со новиот закон, министерот рече дека не сака да навлегува во тоа кој предмет ќе биде опфатен со законот. – Не сакам да навлегувам во тоа кој предмет ќе биде е опфатен со законот, можеби ќе бидат и луѓе од 27 април. Кои предмети спаѓаат во амнестијата не ми значи ништо, рече тој, потенцирајќи дека делото помагање за кое се товарат овие осуденици било предвидено и со законот од 2018 година. Најавената амнестија ја разбранува јавноста со тоа кој сѐ би можел да биде опфатен со неа. Според лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, намерата на власта со овој закон е да се ослободат криминалци кои служат затворски казни. За премиерот Димитар Ковачевски, блокадата е стратегија на опозицијата која постојано ја применува. Откако Предлог законот за амнестија помина на Владина седница, Министерството за правда најави дека ќе го достави до Собранието и посочи дека очекува поддршка од сите пратеници за законското решение, чија цел, според нив, е да се овозможи ресоцијализација на сторителите на кривични дела и растеретување во казнено-поправните установи со оглед на фактот што состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа. Со законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 проценти од целокупната казна изречена со правосилна пресуда. Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 , „Несовесно работење во службата“ од член 353-в, сите од Кривичниот закон, за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово-базирано насилство. Амнестијата, како што укажува ресорното Министерство, не се однесува за кривични дела „Разбојништво” од член 237 став 5 и „Разбојничка кражба” од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела „Измама на штета на средства на Европската Унија” од член 249-а, „Перење пари и други приноси од казниво дело” од член 273, „Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353, „Несовесно работење во службата” од член 353-в, „Примање поткуп” од член 357, „Давање поткуп” од член 358, „Давање награда за противзаконито влијание” од член 358-а и за „Примање награда за противзаконито влијание” од член 359, сите од Кривичен законик. Исто така, амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година и не се однесува на лицата кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во државава, како и на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-amnestija-tselosno-ke-oslobodi-286-litsa/feed/ 0
Пешевска: Власта го искина од злоупотреба европското знаменце при носење на закони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-vlasta-go-iskina-od-zloupotreba-evropskoto-znamentse-pri-nosene-na-zakoni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-vlasta-go-iskina-od-zloupotreba-evropskoto-znamentse-pri-nosene-na-zakoni/#respond Thu, 14 Sep 2023 17:16:14 +0000 https://kurir.mk/?p=878161

Оваа власт со бројните афери и скандали кои ги креира, и освен криминал се фаќа единствено за уставни измени наместо да се грижат за граѓаните, рече пратеничката Жаклина Пешевска и претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата „За или против“ што се емитува на телевизија Алфа. Пешевска укажа дека уставните измени се затворено прашање за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Тие се затворена тема за нас, ние ниту сме биле дел од било какви разговори, ниту сме информирани, ниту некој воопшто не слушнал што сме зборувале на темите во врска со договарањето со Бугарија и Грција. Дополнително дали воопшто е направена анализа кој користи говор на омраза, има брутален говор кон Македонија, но нашата Влада не реагира“, рече Пешевска. Таа укажа дека е јасно кој и во која земја има демократија или не. „Зарем демократија е непочитување на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур. Има пресуди во корист на македонското малцинство во Бугарија, но официјална Софија не ги почитува“, кажа Пешевска. Пратеничката укажа дека не гласала ниту за уставните промени по Преспанскиот договор, нема да гласа ни сега. „Ниту ме барале, ниту ќе ме бараат да разговараат со мене, јас го поминав процесот и со уставните измени претходно и не гласав. Нема да гласам сега ниту било кој од пратеничката група. Знаат и во власта дека немаат пратеници тие се во тешка политичка криза, и нека го гледаат тоа, а не прстот да го вперуваат кон нас“, укажа Пешевска. Според пратеничката корупцијата е многу поголем проблем. Потребно е додава таа, да се почитуваат начелата како владеење на право, демократија и слично. „Ние немаме датум за преговори со ЕУ зошто нема владеење на право, власта само го штити криминалот“, заклучи Пешевска. Пешевска се осврна и на измените на Кривичниот законик. „Јасно укажаа европските претставници дека измените на КЗ не се и не произлегуваат од делот на усогласување со европскотоз законодавсто. Власта го искинаа од злоупотреба евроското знаменце“, рече Пешевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-vlasta-go-iskina-od-zloupotreba-evropskoto-znamentse-pri-nosene-na-zakoni/feed/ 0
Предлог Закон за амнестија по скратена постапка, потполно ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешки кривични дела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-zakon-za-amnestija-po-skratena-postapka-potpolno-osloboduvane-za-kazna-zatvor-do-6-mesetsi-nema-amnestija-za-teshki-krivichni-dela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-zakon-za-amnestija-po-skratena-postapka-potpolno-osloboduvane-za-kazna-zatvor-do-6-mesetsi-nema-amnestija-za-teshki-krivichni-dela/#respond Wed, 13 Sep 2023 12:19:33 +0000 https://kurir.mk/?p=877701

Министерството за правда го подготви предлог Законот за амнестија со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела.Се очекува тој да биде усвоен на наредната седница на Влада. Предлог законот беше доставен и до координаторите на пратеничките групи во Собрание кои треба да дадат свои забелешки и сугестии. Целта е да се овозможи рестеретување во казнено поправните установи со оглед на фактот што состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа. Со законот се предлага ,лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилна пресуда. Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела ,, Злоупотреба на службената положба и овластување”од член 353 , ,, Несовесно работење во службата” од член 353-в, сите од Кривичниот закон,за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово -базирано насилство. Амнестијата не се однесува за кривични дела ,,Разбојништво” од член 237 став 5 и ,,Разбојничка кражба” од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела ,, Измама на штета на средства на Европската Унија” од член 249-а, ,,Перење пари и други приноси од казниво дело” од член 273, ,, Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353, ,, Несовесно работење во службата” од член 353-в, ,,Примање поткуп” од член 357, ,, Давање поткуп” од член 358, ,,Давање награда за противзаконито влијание” од член 358-а и за ,,Примање награда за противзаконито влијание” од член 359, сите од Кривичен законик. Амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година. Амнестијата не се однесува на лицата кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во Република Северна Македонија. Амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон. Очекуваме поддршка од сите пратеници за ова законско решение, стои во соопштението на Министерството за правда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-zakon-za-amnestija-po-skratena-postapka-potpolno-osloboduvane-za-kazna-zatvor-do-6-mesetsi-nema-amnestija-za-teshki-krivichni-dela/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Намалувањето на казните е потврда дека власта е криминална и се плаши од одговорност и затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-namaluvaneto-na-kaznite-e-potvrda-deka-vlasta-e-kriminalna-i-se-plashi-od-odgovornost-i-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-namaluvaneto-na-kaznite-e-potvrda-deka-vlasta-e-kriminalna-i-se-plashi-od-odgovornost-i-zatvor/#respond Sat, 09 Sep 2023 07:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=876237

Намалувањето на казните е потврда дека власта е криминална и се плаши од одговорност и затвор, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС и ДУИ 6 години прават криминал, стотици милиони се потрошија на матни тендери, стотици милиони се поделија за договори во 4 очи на фирми блиски до власта, и сега кога се свесни дека паѓаат и дека ќе треба да одговараат го менуваат законот и ги намалуваат казните. Нема поголемо признание за криминалот на СДС и ДУИ од намалувањето на казните за кривичните дела кои можат да бидат сторени од функционери, велат од партијата. „СДС и ДУИ го сменија законот со помош на Левица, кои со лажниот патриотизам и лицемерие ја замајуваат јавноста, а кога треба да се спротистават никаде ги нема, како и во случајов кога не гласаа против.

И СДС и ДУИ и Левица треба да знаат дека одговорност ќе има и ќе одговараат за сите криминали и порази кои ги нанесоа на Македонија“ - се истакнува во партиското соопштение.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-namaluvaneto-na-kaznite-e-potvrda-deka-vlasta-e-kriminalna-i-se-plashi-od-odgovornost-i-zatvor/feed/ 0
Американските сенатори повторно предлагаат закон – ниту еден претседател да не може да ги повлече САД од НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-senatori-povtorno-predlagaat-zakon-nitu-eden-pretsedatel-da-ne-mozhe-da-gi-povleche-sad-od-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-senatori-povtorno-predlagaat-zakon-nitu-eden-pretsedatel-da-ne-mozhe-da-gi-povleche-sad-od-nato/#respond Wed, 12 Jul 2023 16:11:29 +0000 https://kurir.mk/?p=855946

Во овие два дена на оддржување на самиот на НАТО во Вилнус, американски сенатори и од Демократската и од Републиканската партија ги обновија напорите да спречат кој било американски претседател да ги повлече САД од Алијансата. Заедничката резолуција, до која увид имале британските медиуми, е нов обид на Конгресот да осигура дека ниту еден американски претседател нема да може да го напушти НАТО без да добие одобрение од Сенатот. „Претседателот нема да ги суспендира, укине, откаже или повлече САД од Северноатлантскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година, освен со одобрение од двотретинско мнозинство во Сенатот“, се наведува во резолуцијата. Законот во изминатите години беше предложуван неколку пати, вклучително и за време на мандатот на Доналд Трамп, кој јавно кажа дека САД треба да го напуштат НАТО. Актуелниот претседател Џо Бајден е голем поддржувач на Алијансата, особено во околностите на руската агресија врз Украина. Се очекува тој денеска да зборува за единството меѓу сојузниците на самитот во Вилнус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-senatori-povtorno-predlagaat-zakon-nitu-eden-pretsedatel-da-ne-mozhe-da-gi-povleche-sad-od-nato/feed/ 0
Стопанската комора бара целосно повлекување на предлог-законот за данок на солидарност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-bara-tselosno-povlekuvane-na-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-bara-tselosno-povlekuvane-na-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost/#respond Thu, 06 Jul 2023 15:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=853731

Владата вчера го повлече предлог-законот за данок на солидарност на доработка, но од Стопанската комора на С Македонија велат тоа не е решение и дека би биле целосно задоволни доколку постапката за овој предлог-закон е целосно прекината. Потпретседателот на Стопанската комора, Антони Пешев, рече дека во земјава градењето на предвидлива и добра бизнис клима е невозможно, се додека не се донесат клучни и издржани закони со кои би се работело кон подобрување на работењето на компаниите. Дополнително, кажа дека многу силно ќе се спротистават на евентуална употреба на европското знаменце за носење на вакви закони, бидејќи на тој начин ќе се нанесе штета на бизнисот а странските инвеститори ќе бидат демотивирани. „Имаме впечаток дека овој механизам се употребува и кога навистина се европски законите, но и кога за тие закони нема општ консезус во државата, па сега се употребува страничен механизам за да се злоупотреби целата работа“, вели Пешев. Македонските бизнисмени кои застанаа зад оваа иницијатива велат дека зад нив стојат најголемите компании во земјата и дека нема да попуштат се додека не се исполнат во целост нивните барања. Инаку, уште на почетокот на 2023 г. Владата најави дека ќе донесе Закон за данок на солидарност со кој сите фирми кои изминатата година оствориле приход од над 10 милиони евра ќе треба да платат еднократна јавна давачка. Со овој предлог се предвидуваше компаниите да платат данок по стапка од 30 отсто на разликата во добивката во однос на претходните 3 години Бизнисмените велат дека зад оваа иницијатива стојат најголемите компании во земјава, кои се спротивставуваат на паушалната употреба на европското знаменце во донесувањето на законите. Владата пак пресмета дека од овој данок ќе собере 90 милиони евра од околу 200 компании кои го исполнуваат предложениот услов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-bara-tselosno-povlekuvane-na-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost/feed/ 0
Дали владата се откажува од даночната реформа или законите ќе се турка со европско знаменце? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dali-vladata-se-otkazhuva-od-danochnata-reforma-ili-zakonite-ke-se-turka-so-evropsko-znamentse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dali-vladata-se-otkazhuva-od-danochnata-reforma-ili-zakonite-ke-se-turka-so-evropsko-znamentse/#respond Thu, 06 Jul 2023 13:47:37 +0000 https://kurir.mk/?p=853658

Даночната реформа повлечена од Собрание, но за брзо повторно ќе се најде пред пратениците. Од финансии за Канал 5 велат дека Законот за солидарност, измените во ДДВ-то и данокот на добивка се повлечени поради технички причини, но без да прецизираат што конкретно значи тоа. Бизнисот се сомнева дека овие закони ќе се протуркаат со европското знаменце. Апелираат да не се посегнува по такви инструменти, бидејќи според нив Законот за данок на солидарност ќе донесе штета на бизнисот, ќе ги демотивира странските инвеститори, а владата нема да ја добие посакуваната цел. Ако Владата сака да донесе ваков закон претходно да го консултира бизнисот. „Многу силно се спротивставуваме на паушалната употреба на европското знаме за носење на закони. Имаме впечаток дека овој механизам се употребува и кога навистина се европски закони, но и кога за тие закони нема општ консензус во државата, па сега се употребува страничен механизам да се злоупотреби целата работа.“ Антони Пешев, потпретседател на Стопанска комора. „Ако го повлекле и сакаат повторно да го активираат, треба повторно да разговараме и да се изнесат аргументи ..Некој ќе рече ама ММФ препорача, да се е тоа во ред, но ние имаме образложение и за тоа што ќе го изнесеме.“ Бранко Азески, претседател на Стопанска комора. Законите од даночната реформа беа поднесени во собранието уште минатата година, но заглавија во комисиите, па во меѓувреме на конкретниот закон за данок на солидарност, му истече рокот. Проценките беа дека само со него во државната каса ќе се слеат 90 милиони евра, а парите требаше да се соберат до крајот на мај. Законот предвидува да бидат опфатени сите фирми со добивка над 10 милиони евра, освен оние кои се основани во 2022та година, а на кои просечниот профит изминатите четири години им надминувал 20%, и за разликата да платат данок од 30 отсто. извор:kanal5.com.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dali-vladata-se-otkazhuva-od-danochnata-reforma-ili-zakonite-ke-se-turka-so-evropsko-znamentse/feed/ 0
Законот за академија за судии и јавни обвинители на Комисијата за европски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-akademija-za-sudii-i-javni-obviniteli-na-komisijata-za-evropski-prashana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-akademija-za-sudii-i-javni-obviniteli-na-komisijata-za-evropski-prashana/#respond Thu, 25 May 2023 05:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=838366

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи 54. седница на која на дневен ред е останат само Предлог на закон за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка. Останатите точки на дневен ред за кои заврши амандманската расправа беа петте закони поврзани со коридорите 8 и 10д, кои се веќе на пленарна седница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-akademija-za-sudii-i-javni-obviniteli-na-komisijata-za-evropski-prashana/feed/ 0