закони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 27 May 2023 13:12:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски со својот правен тим ќе ги разгледува измените на законите за коридорите 8 и 10д пред да ги потпише указите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-svojot-praven-tim-ke-gi-razgleduva-izmenite-na-zakonite-za-koridorite-8-i-10d-pred-da-gi-potpishe-ukazite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-svojot-praven-tim-ke-gi-razgleduva-izmenite-na-zakonite-za-koridorite-8-i-10d-pred-da-gi-potpishe-ukazite/#respond Sat, 27 May 2023 13:12:09 +0000 https://kurir.mk/?p=839428

Претседателот на државата Стево Пендаровски со својот правен тим ќе ги разгледа измените на законите поврзани со коридорите 8 и 10д донесени вчера од Собранието, посочуваат од МИА од Кабинетот на претседателот наведувајќи дека бидејќи станува збор за повеќе закони за тоа ќе бидат потребни неколку дена. Дури потоа претседателот Пендаровски ќе излезе со став и ќе каже дали и кои укази ќе бидат потпишани. -Вчера попладне во Кабинетот на претседателот се пристигнати законите. Во следните денови ќе бидат разгледани од претседателот и ќе биде донесена одлука дали и кои укази ќе бидат потпишани. Бидејќи се повеќе закони ќе треба неколку дена претседателот да ги разгледа со својот правен тим, истакнуваат за МИА од Кабинетот на претседателот. Собранието вчера на продолжението на 115. седница ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со 62 гласа „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, со 63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, со 62 „за“ и 44 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, а со 63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Македонија, сите по скратена постапка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-svojot-praven-tim-ke-gi-razgleduva-izmenite-na-zakonite-za-koridorite-8-i-10d-pred-da-gi-potpishe-ukazite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Со ставањето на европското знаме на законите за изградба на коридорите 8 и 10Д власта сака само да си го озакони криминалот кој го прави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-stavaneto-na-evropskoto-zname-na-zakonite-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-vlasta-saka-samo-da-si-go-ozakoni-kriminalot-koj-go-pravi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-stavaneto-na-evropskoto-zname-na-zakonite-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-vlasta-saka-samo-da-si-go-ozakoni-kriminalot-koj-go-pravi/#respond Mon, 22 May 2023 07:06:06 +0000 https://kurir.mk/?p=837248

Власта на ДУИ и СДС го злоупотребуваат го европското знаменце за законите за изградба на коридорите 8 и 10Д за озаконување на криминалот кои го прават. Нема ниту „Е“ од европско во законите кои ДУИ и СДС ги предложија во Собранието. Истото ова го потврдија и од Европската унија укажувајќи на непотребната злоупотреба на институтот „европско знаменце“ Измените на законите немаат ништо заедничко со евроинтеграциите, немаат заедничко ниту со европското законодавство и европските принципи. Напротив, измените на законот за работни односи каде што работно време се зголемува од 40 часа на над 60 часа работна недела, не е европски. Исто така не е европски ниту законот за градење каде што е врши израмнување на легалните и нелегалните објекти при нивна експроприација. Владата на ДУИ и СДС веќе почна да исплаќа пенали за коридорите 8 и 10Д, а истите немаат ниту проект, ниту траса каде ќе се градат, ниту пак има некакви градежни активности. Затоа веднаш власта на ДУИ и СДС треба да го објави договорот кои го имаат потпишано на увид на македонската јавност. Над 300 милиони евра криминалците од ДУИ и СДС ќе исплатат на име провизии, пенали и аванси, а нема ниту 1 м2 асфалт ставено. Наместо 300 милиони евра да бидат вложени во рурални средини за потребите на граѓаните и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните, Груби и Ковачевски ги крадат. Единствено што видоа граѓаните од досега платените над 300 милиони се само фотографирање пред таблите поставени во „чест“ на криминалот кој го прават и мавтање со знаменца од страна на кукавицата Димитар Ковачевски. Сликање и потоа оставање на празни ливади и табли кои ќе служат за потсетување на граѓаните за украдените пари. Одговорност за овој епски криминал кои го прават Груби и Ковачевски ќе има многу скоро. За секој денар украден од граѓаните под превезот на„ строго доверливо“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-stavaneto-na-evropskoto-zname-na-zakonite-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-vlasta-saka-samo-da-si-go-ozakoni-kriminalot-koj-go-pravi/feed/ 0
Николоски: Со СДС во Македонија не важат законите, пример за тоа е договорот со „Бехтел и Енка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-sds-vo-makedonija-ne-vazhat-zakonite-primer-za-toa-e-dogovorot-so-behtel-i-enka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-sds-vo-makedonija-ne-vazhat-zakonite-primer-za-toa-e-dogovorot-so-behtel-i-enka/#respond Tue, 16 May 2023 15:58:54 +0000 https://kurir.mk/?p=834908

„За жал во Македонија држи едно неславно место некаде околу 100-тото место според перцепција за корупција согласно Извештаите на „Транспаренси Интернешнл“. И случувањата во Судскиот Совет и Совет на јавни обвинители, тие институции што треба да бидат столб на независното судство и независното обвинителство, гледаме наместо тоа се има поле за реализација на политички и би рекол бизнис интереси“, истакна Александар Николоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска од Комисијата за европски прашања. Николоски посочи дека деновиве пратениците трчаат од една во друга сала бидејќи интензивно заседава Комисијата за европски прашања со цел да се променат закони за договорот со „Бехтел и Енка“. „Ние денеска требаше да трчаме од една во друга сала, да отидеме во друга сала па да отидеме во друга, затоа што во Собранието овие денови интензивно заседава Комисијата за европски прашања. Но, таа Комисија не заседава за да се спроведуваат закони кои што се дел од пристапниот процес кон ЕУ иако е Комисија за европски прашања, и тоа и е работата. Туку таа Комисија заседава за да се сменат осум закони кои што се поврзани со две компании, едната се вика „Бехтел“ од САД, а другата се вика „Енка“ и е од Турција, кои што на магичен начин добија во Македонија договор со кој што треба да изградат три автопатски делници во номинална вредност од 1 милијарда и 300 милиони евра и која што веројатно на крај ќе оди преку две милијарди евра“, напомена Николоски. Тој додаде дека покрај тоа што компаниите добија договор да изведат три автопатски делници на комплетно нетранспарентен начин, бидејќи немаше јавен повик, немаше ниту тендер, изведувачите беа директно изберени од страна на Владата. А, за да се покрие правно се изгласа закон во Собранието. И тоа беше малку, па побараа да се сменат уште осум закони, тоа се закон за работни односи, закон за градење, закон за урбанистичко проектирање итн. „Во Македонија за „Бехтел и Енка“ законите не важат. Значи ако треба сумарно овие осум закони да ме прашате што значат, значат дека за овие две компании во Македонија закони нема“, рече Николоски. „Со цел побрзо да бидат изгласани овие закони Владата ги прати во Собранието со европско знаменце“, рече тој. Николоски упати честитка до ЕК бидејќи таа реагираше дека се работи за злоупотреба на европското знаменце од страна на Владата. „И финално овој договор е класифициран верувале или не, пратениците треба да гласаат закони кои што се поврзани со овој договор но не смеат да го видат договорот“, укажа Николоски. Тој рече дека Македонија ќе плати 53 милиони евра пенали на изведувачот доколку работната недела не се промени од 40 на 60 часа. Или истиот договор вели дека 70% работници можат да бидат странци. И проблематично е што истите не треба да чекаат дозвола и работна виза за да работат во државата туку можат да работат веднаш без да ја добијат соодветната документација. Договорот со „Бехтел и Енка“ е најдобар доказ како се злоупотребува Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-sds-vo-makedonija-ne-vazhat-zakonite-primer-za-toa-e-dogovorot-so-behtel-i-enka/feed/ 0
Предлог-измените на законите за изградба на коридорите 8 и 10д со европско знаменце стигнаа во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-izmenite-na-zakonite-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-so-evropsko-znamentse-stignaa-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-izmenite-na-zakonite-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-so-evropsko-znamentse-stignaa-vo-sobranieto/#respond Mon, 08 May 2023 15:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=831898

Петте предлог-закони со европско знаменце предложени од Владата кои се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10д стигнаа во Собранието. Како што е објавено на веб-страницата на законодавниот дом, овие пет предлог-закони се ставени на 115. пленарна седница закажана за во среда во 11 часот. Станува збор за предлог-измени на Законот за работни односи, на Законот за експропријација, Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење и на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10-д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија. Како што може да се види од собраниската веб-страница, во образложенијата на сите предложени измени на законите, делот пет, односно точката 5 насловена како: „Преглед на регулативи од други правни системи и усогласеноста на предлогот на Закон со правото на Европската Унија“, е празен. Ако во среда на пленарна седница го поминат првиот филтер за потребата од скратена постапка, најверојатно експресно ќе се најдат и на собраниската Комисија за европски прашања. Координаторот на пратеничката група на ДУИ и претседател на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми на денешната прес-конференција истакна дека ќе се држи по деловничките правила и се надева дека опозицијата нема да ја опструира процедурата. -Јас сум еден од претседателите на работните тела кој секогаш сум свикал седница за било која точка кога Пленумот ме поврзат да свикам таква седница. Ако на пленарна седница мнозинството на пратениците ќе одлучат да бидат разгледани овие предлог-закони, секако дека веднаш би свикал седница на Комисијата, рече Адеми. Според пратеникот на СДСМ, Миле Талески, со предлог-законите кои влегуваат во парламентарна процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата. -Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата. На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на овој проекти, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како автопати, железници, гасоводи и слично. Меѓу нив спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции. Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10д, рече Талевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-izmenite-na-zakonite-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-so-evropsko-znamentse-stignaa-vo-sobranieto/feed/ 0
Собранието ги донесе измените на законите за јавни претпријатија и за осигурување во случај на невработеност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-gi-donese-izmenite-na-zakonite-za-javni-pretprijatija-i-za-osiguruvanje-vo-sluchaj-na-nevrabotenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-gi-donese-izmenite-na-zakonite-za-javni-pretprijatija-i-za-osiguruvanje-vo-sluchaj-na-nevrabotenost/#respond Tue, 13 Dec 2022 14:19:10 +0000 https://kurir.mk/?p=775049

На денешната 95. Седница, Собранието ги донесе дополнетиот Предлог-закон за техничките барања за производите и оцена на сообразност, предлог-законите за изменување на Законот за јавните претпријатија и на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, како и Предлог-законот за претворување на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитор во траен влог во јавното претпријатие „Колекторски систем“. По ова, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и најави дека за нејзиното продолжување ќе извести дополнително. Претходно, Собранието го утврди дневниот ред на 95-тата седница, но расправата од првата точка до шеста точка беше одложена, бидејќи, како што нагласи Џафери, не се исполнети услови да се отвори дискусија по нив, па тие ќе се разгледуваат кога за тоа ќе има услови. Од дневниот ред беше тргната точката што се однесува на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести на барање на пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, која образложи дека овој предлог на закон е двосмислен, непрецизен, избрзан и со злоупотреба на европско знаменце. Нејзиниот предлог беше прифатен од мнозинството пратеници. Беше прифатен и предлогот на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова да за стави на разгледување на 95-та седница на Предлог-законот за изменување на Законот за социјална заштита, по скратена постапка, кој се однесува на остварување право на личен асистент за лицата над 65 години со тешка попреченост и потполно слепи лица.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-gi-donese-izmenite-na-zakonite-za-javni-pretprijatija-i-za-osiguruvanje-vo-sluchaj-na-nevrabotenost/feed/ 0
Претставничкиот дом на БиХ изгласа два клучни закони за пристапување кон ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretstavnichkiot-dom-na-bih-izglasa-dva-kluchni-zakoni-za-pristapuvanje-kon-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretstavnichkiot-dom-na-bih-izglasa-dva-kluchni-zakoni-za-pristapuvanje-kon-eu/#respond Thu, 10 Mar 2022 10:39:47 +0000 https://kurir.mk/?p=644666

Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина изгласа два закони, клучни за добивање кандидатски статус за членство во Европската унија – законите за спречување на судир на интереси и за висок судски и обвинителски совет. -Претставничкиот дом ја известува Делегацијата на ЕУ во БиХ дека ги усвои Предлог законот за спречување судир на интереси во институциите во БиХ и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за висок судски и обвинителски совет откако претходно го усвои Предлог законот за јавни набавки, и дека ги проследи до Домот на народите со барање за итно постапување и бара од ЕУ институциите БиХ да добие кандидатски статус за членство во ЕУ, се вели во заклучокот. Законите, за да стапат на сила, мора да добијат поддршка и во Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretstavnichkiot-dom-na-bih-izglasa-dva-kluchni-zakoni-za-pristapuvanje-kon-eu/feed/ 0
„Заев ја злоупотребува постапката со европското знаме за да го донесе законот за опојни дроги за личен профит“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ja-zloupotrebuva-postapkata-so-evropskoto-zname-za-da-go-donese-zakonot-za-opojni-drogi-za-lichen-profit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ja-zloupotrebuva-postapkata-so-evropskoto-zname-za-da-go-donese-zakonot-za-opojni-drogi-za-lichen-profit/#respond Wed, 08 Sep 2021 07:41:45 +0000 https://kurir.mk/?p=560833

Заев ја злоупотребува постапката со европското знаме за да го донесе законот за опојни дроги за личен профит. Заев во скратена постапка го пушти законот за марихуана, со тоа Заев сака да ја легализира продажбата и на сув цвет од марихуана за фирмите на братучедите. Заев низ собрание турка закон за Трајче и Вице, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека СДСМ пушти вкупно 12 закони во собраниска процедура со европско знаме, што значи скратена постапка и скратени можности за пратениците за дискусија и предлагање на измени. - Меѓу законите кои Заев сака да ги протне е и законот за академијата за судии и јавни обвинители, со цел да стави целосно рака врз изборот на судии и обвинители. Ниту еден од предложените закони не е европски закон. Заев и СДСМ сакаат да ги злоупотребат институциите и законите за свое лично богатење. Заев знае дека ќе загуби и најважно му е да го заштити капиталот. Сите овие закони се само за заштита на парите на Заеви. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа и ќе го блокираме Собранието доколку самоволието на власта продолжи. Истовремено ги повикуваме и претставниците на меѓународната заедница, а особено ЕУ да не дозволат ваква злоупотреба на постапката со европско знаменце, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ja-zloupotrebuva-postapkata-so-evropskoto-zname-za-da-go-donese-zakonot-za-opojni-drogi-za-lichen-profit/feed/ 0
Муцунски: Оваа Влада е на раб да биде рекордер во злоупотреба на европското знаменце, а тоа ќе биде нотирано во Извештајот на ЕК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-ovaa-vlada-e-na-rab-da-bide-rekorder-vo-zloupotreba-na-evropskoto-znamence-a-toa-kje-bide-notirano-vo-izveshtajot-na-ek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-ovaa-vlada-e-na-rab-da-bide-rekorder-vo-zloupotreba-na-evropskoto-znamence-a-toa-kje-bide-notirano-vo-izveshtajot-na-ek/#respond Tue, 01 Jun 2021 09:24:06 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517567

Оваа Влада е на раб да биде рекордер во злоупотреба на европското знаменце. За прекумерното користење на скратените постапки. Кој што иако колку што се сеќавам кога беше оваа иста партија СДСМ во опозиција токму тоа го критикуваше најмногу за претходната власт. И сето тоа за жал ќе влезе во последниот Извештај кој што го подготвува ЕК и тоа се лоши практики на власта кои што веднаш треба да прекинат, истакна Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“. Муцунски додаде дека треба да се почека Извештајот да излезе па тогаш да се коментира колку е полош од претходниот Извештај. -Очекувам дека ќе има голем број критики поврзани со состојбите во Собранието, поврзани со високата корупција, поврзани со водењето на правото. И практично веројатно во Извештајот ќе е нотирано дека истите тие проблеми кои што ги имаме години наназад остануваат, повлече Муцунски. Муцунски посочи дека нема напредок воопшто во правото и правосудството. -Мислам дека нема напредок, од две гледни точки, прво, нема напредок во делот на законодавство. Да се вратите во овој парламентарен состав, ќе видите дека не е донесено ниту една суштинска законска промена во делот на реформата во правосудството, рече Муцунски. Муцунски укажа дека Македонија нема квалитетен правосуден систем откако Заев е на власт. За жал има селективни постапки што се отвораат во степен на истрага но има многу мал број на обвиненија. -На Македонија под итно и е потребна промена на Законот за кривична постапка, реформа на казнениот Законик. На Македонија и е потребно носење на граѓански Законик за кој што се зборува долго време. Не се отвора ниту збор за овие прашања, појасни Муцунски. Муцунски додаде дека оваа Владаа живее на „ЌЕ“, секојдневно се слуша „ЌЕ“ има реформи, „ЌЕ“ има добар закон но ништо од тоа „ЌЕ“ не се реализира. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-ovaa-vlada-e-na-rab-da-bide-rekorder-vo-zloupotreba-na-evropskoto-znamence-a-toa-kje-bide-notirano-vo-izveshtajot-na-ek/feed/ 0
Караџовски го прекршил законот и потпишал измени на протоколот за работа во Собранието во време на пандемија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karadzovski-go-prekrshil-zakonot-i-potpishal-izmeni-na-protokolot-za-rabota-vo-sobranieto-vo-vreme-na-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karadzovski-go-prekrshil-zakonot-i-potpishal-izmeni-na-protokolot-za-rabota-vo-sobranieto-vo-vreme-na-pandemija/#respond Fri, 23 Apr 2021 17:41:52 +0000 https://kurir.mk/?p=501337

Претседателот на Собранието Талат Џафери во денешното “Само интервју” на Канал 5 телевизија кажа дека не се плаши од кривичните пријави што ги доби откако одржа седница со два пратеника позитивни на Ковид-19. Бидејќи тој пратил барање до Државната здравствена комисија за измени на протоколот во Собранието и добил одговор на постоечки протокол за одржување на седници со потпис на д-р Жарко Караџовски. -Поради пандемијата ја отворив темата за алтернативно работење на Собранието. Затоа сакав да воведам онлајн работење на пратениците, но опозицијата го одби тоа. И тогаш на 17-ти ноември мината година поднесов барање за измена и дополнување на протоколот за работа на Собранието. На 18-ти ноември од Државната здравствена комисија добив акт со кој се одобрува под кои услови и под која процедура ќе се работи во Собранието. А тоа е во посебни простории и со посебно нивно движење низ Парламентот. И таму пишува дека доколку заразениот пратеник сака да присуствува на седница Собранието е должно да му овозможи услови зацртани во тој протокол, рече Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karadzovski-go-prekrshil-zakonot-i-potpishal-izmeni-na-protokolot-za-rabota-vo-sobranieto-vo-vreme-na-pandemija/feed/ 0
Муцунски: Срамно е Собранието да не покаже капацитет да решава проблеми кои се однесуваат за граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-sramno-e-sobranieto-da-ne-pokaze-kapacitet-da-reshava-problemi-koi-se-odnesuvaat-za-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-sramno-e-sobranieto-da-ne-pokaze-kapacitet-da-reshava-problemi-koi-se-odnesuvaat-za-gragjanite/#respond Fri, 16 Apr 2021 10:55:53 +0000 https://kurir.mk/?p=498129

Пратениците се делегирани во Собранието да работат за граѓаните и да нудат решенија, а не да прават непотребен политички спектакал и театар. Сакам примарно да ја информирам јавноста дека Претседателот на Собранието и мнозинството по секоја цена синоќа не дозволуваа да се оддржи седница за петтиот пакет економски мерки. Седницата упорно не ја отвараа, точките упорно не ги ставаа на дневен ред, изјави денеска за медиумите, Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. - Во овој момент нема побитен закон и поголем приоритет од економските мерки. Затоа е апсолутно нејасно зошто синоќа се правеше се за да не се отвори таква Седница. Слушнавме само изговори зошто не се отвара таа седница, но ниту една причина не беше поврзана со деловникот на Собранието. Синоќа не слушнавме ниту еден разумен аргумент зошто не се отвори седницата со петтиот пакет мерки. Услови за таква седница има, и време е таа седница конечно да се закаже и оддржи. Муцунски вели дека срамно е Собранието да не покаже капацитет да ги решава проблемите. - Собранието не смее да биде вакво. Собранието не смее да има ваков однос спрема граѓаните и компаниите. Собранието не смее да остане заглавено во дневната политика на штета на граѓаните и компаниите кои сеуште ја чекаат насушно потребната економска помош, рече тој. Тој посочи дека тие како пратеничка група нудат решение. - Седница за економските мерки денес во 17.00 часот; во сабота во 12.00 часот; во недела во 12.00 часот; Седница во било кој друг термин кој ќе ги задоволи желбите на Претседателот на Собранието. На таа седница ќе биде присутна Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Мнозинството нека обезбеди само 20 пратеници, не мора повеќе, и мерките ќе се донесат. Уште еднаш повторувам дека нашата пратеничка група бараше оваа помош да биде неповратна, а истовремено уште сега да изгласаме ваква помош покрај за февруари и март, и за април и мај. Целта, меѓу другото, е повторно да не ги ставаме компаниите и граѓаните во исчекување. Време е Собранието да покаже одговорност, пратениците да си ја заслужат платат. Време е, уште денес, да се изгласа петтиот сет мерки, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-sramno-e-sobranieto-da-ne-pokaze-kapacitet-da-reshava-problemi-koi-se-odnesuvaat-za-gragjanite/feed/ 0