законодавен дом – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jan 2022 06:17:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png законодавен дом – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собранието треба да ја одржи 61. седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-treba-da-ja-odrzi-61-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-treba-da-ja-odrzi-61-sednica/#respond Wed, 26 Jan 2022 06:17:42 +0000 https://kurir.mk/?p=622974

Собранието денеска треба да ја одржи 61-та седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, е Предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ). Во рамки на седницата пратениците треба да расправаат и за Предлогот за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, како и Предлог одлуката за давање согласност на Годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година. На дневен ред на седницата е и Предлог одлуката за давање согласност на Финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година и Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година. Во понеделникот ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Собранието поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Влада со цел да се избришат одредбите пред избори да се формира преодна, односно т.н. пржинска влада. Тогаш посочија оти очекуваат овој предлог да биде ставен на дневен ред на денешната седница. Владејачките партии во Собранието, се согласни дека „пржинската влада” треба да се укине, но оти тоа треба да се направи со консензус на партиите. За тоа, посочија, има време, нема да има предвремени парламентарни избори, туку редовни во 2024 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-treba-da-ja-odrzi-61-sednica/feed/ 0
Собранието ќе го утврдува бројот на потпретседатели, можно е и констатирање на оставки на идните министри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-go-utvrduva-brojot-na-potpretsedateli-mozno-e-i-konstatiranje-na-ostavki-na-idnite-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-go-utvrduva-brojot-na-potpretsedateli-mozno-e-i-konstatiranje-na-ostavki-na-idnite-ministri/#respond Tue, 25 Aug 2020 05:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=394880

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи втората седница на која на дневен ред е Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели. Пред седницата се очекува да биде констатирана и оставката на пратеникот Фљорин Бесими, брат на предлогот за министер за финансии Фатмир Бесими од ДУИ, а можно е до пред почетокот на седницата оставки да пристигнат и од други пратеници за кои е најавено дека ќе бидат дел од новата Влада на мандатарот Зоран Заев. Претседателот на Собранието Талат Џафери предлага законодавниот дом да има петмина потпретседатели. Во образложението на предлогот, Џафери повикувајќи се на Деловникот и на Законот за Собрание наведува дека „бројот на потпретседателите го утврдува Собранието, по предлог на претседателот на Собранието. Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието“. Потпретседатели на Собранието се очекува да имаат СДСМ, опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива… Засега се уште официјално не се соопштуваат информации која парламентарна партија ќе добие потпретседателско место во Собранието. На денешната седница, пратениците само ќе гласаат за Предлог-одлуката, а потпретседатели на Собранието ќе бидат избрани на друга седница. Во Собранието е пристигната и оставката од пратеничкото место на Фљорин Бесими, брат на Фатмир Бесими за кој ДУИ соопшти дека ќе биде предложен за министер за финансии. Тој уште пред неколку дена преку соопштение најави повлекување од пратеничката функција, по реакцијата на Антикорупциската комисија. Според информации од Собранието, можно е денеска до пред почетокот на седницата закажана за 11 часот, да пристигнат и други оставки од пратеници кои мандатарот Заев најави дека ќе ги предложи за составот на новата Влада. Покрај мандатарот Заев, тоа се Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ. Според членот 57 од Деловникот, Собранието без претрес констатира дека на пратеникот му престанал мандатот на денот на одржувањето на седницата. Собранието потоа ја информира Државната изборна комисија, која пак треба да го информира Парламентот кој е следниот на листата што го прифатил пратеничкиот мандат и потоа тој да биде верификуван. Лидерот на СДСМ Заев вчера најави дека ќе го поднесе предлогот за состав на нова влада во Собранието откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верифицирани мандатите на тие што ќе ги заменат и ќе биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Парламентот. Владината коалиција што ќе ја сочинуваат СДСМ и другите партии од коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, и во Собраните има парламентарно мнозинство од 62 пратеника.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-go-utvrduva-brojot-na-potpretsedateli-mozno-e-i-konstatiranje-na-ostavki-na-idnite-ministri/feed/ 0
Вељаноски: Талат Џафери денеска постапува исто како јас во 2016 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanoski-talat-dzaferi-deneska-postapuva-isto-kako-jas-vo-2016-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanoski-talat-dzaferi-deneska-postapuva-isto-kako-jas-vo-2016-godina/#respond Fri, 21 Aug 2020 11:00:24 +0000 https://kurir.mk/?p=393458

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска пред судот изведуваше докази што им претходеа на настаните од „27 април“. Тој објасни дека работел согласно Деловникот и оти еден на 29.12.2016 година, еден ден пред конститутивната седница ги свикал претставниците на партиите да го договорат дневниот ред. На него биле присутни Илија Димовски, Талат Џафери, Оливер Спасовски, Африм Гаши и Весел Мемеди. Вељаноски истакна дека Спасовски барал конститутивната седница да ја води најстариот пратеник наместо актуелниот претседавач иако му било укажано дека тоа е можно само ако седницата се одржува на 21-от ден од изборите. На него било договорено најнапред да се избере верификациона комисија, потоа верификациона комисија и избор на комисија за избор на комисија за избори и именувања доколку има предлог. -Но, таков предлог немаше и јас ја прекинав седницата сè додека не се создадат услови за продолжување, рече денеска Вељаноски. Тој нагласи дека Талат Џафери во 2020 година постапува исто како тој што постапувал во 2016 година и оти на тоа сите се сведоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanoski-talat-dzaferi-deneska-postapuva-isto-kako-jas-vo-2016-godina/feed/ 0
Ниту денес не се знае дали ќе продолжи седницата за избор на претседател на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-denes-ne-se-znae-dali-kje-prodolzi-sednicata-za-izbor-na-pretsedatel-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-denes-ne-se-znae-dali-kje-prodolzi-sednicata-za-izbor-na-pretsedatel-na-sobranieto/#respond Fri, 21 Aug 2020 05:24:35 +0000 https://kurir.mk/?p=393298

Доколку денеска до Собранието биде доставен предлог со потписи од најмалку 20 пратеници, би можело да се очекува претседавачот Талат Џафери, кој воедно треба повторно да биде избран за претседател на законодавниот дом да закаже продолжение на конститутивната седница. Сите пратенички групи неофицијално се известени дека продолжение на седницата би можело да биде закажано денеска на пладне. Но, неизвесно е дали ќе се одржи продолжение на конститутивната седница и нема официјални информации дали се собрани потписите за избор на претседател на Собранието. Во текот на вчерашниот ден имаше разговори меѓу пратеничките групи, но дел од медиумите пишуваа дека проблемот е меѓу пратениците на ДУИ поради поделбата на ресорите. Според договорот меѓу СДСМ и ДУИ, на оваа функција повторно ќе биде предложен досегашниот спикер Талат Џафери. Според информации од Собранието, пратениците вчера собирале потписи за предлогот Џафери да биде уште еден мандат претседател на Собранието. Седницата за избор на Џафери ја најави лидерот на ДУИ Али Ахмети во средата, при објавувањето на министерските места на партиски состанок на највисокото раководство. Со изборот на Џафери треба да биде и официјализирано мнозинството во Парламентот по склучениот договор за владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, а во која влегуваат партиите од коалицијата „Можеме“ и ДПА на Мендух Тачи. Според бројот, владејачкото мнозинството би имало 62 пратеници. Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници. По изборот, претседателот на Собранието во наредните денови ќе треба да закаже и седница за избор на новата Влада што ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев. Рокот за поднесување предлог за избор на нова Влада е 2 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-denes-ne-se-znae-dali-kje-prodolzi-sednicata-za-izbor-na-pretsedatel-na-sobranieto/feed/ 0
Неизвесно денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neizvesno-deneshnoto-prodolzenie-na-konstitutivnata-sednica-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neizvesno-deneshnoto-prodolzenie-na-konstitutivnata-sednica-na-sobranieto/#respond Thu, 13 Aug 2020 05:47:24 +0000 https://kurir.mk/?p=389999

Неизвесно е одржувањето на денешната седница на Собранието што вчера ја најави претседавачот на новиот парламентарен состав Талат Џафери. Од собраниските служби засега нема никакво официјално соопштение, а седницата не е најавена и на веб страницата на Собранието. Можна причина се семејни обврски на Џафери. Тој синоќа на неговиот фејсбук профил објави дека добил внук од ќерка. – Благословени и пресреќни сме по вестта дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер! Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти, пишува Џафери на ФБ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neizvesno-deneshnoto-prodolzenie-na-konstitutivnata-sednica-na-sobranieto/feed/ 0
Собранието конституирано, претседателот на десетиот состав ќе се избере кога ќе се создават услови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-konstituirano-pretsedatelot-na-desetiot-sostav-kje-se-izbere-koga-kje-se-sozdavat-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-konstituirano-pretsedatelot-na-desetiot-sostav-kje-se-izbere-koga-kje-se-sozdavat-uslovi/#respond Wed, 05 Aug 2020 05:38:24 +0000 https://kurir.mk/?p=386294

Согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19, вчера во Собранието на Република Македонија, во салата со Голема купола се одржа конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав каде присуствуаа 117 од вкупно 120 пратеници избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули. Најмладиот пратеник, односно пратеничка во овој парламентарен состав е Артина Ќазими и доаѓа од редовите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, додека најстарите пратеници се Илија Николовски од коалицијата „Можеме” и Стојан Миланов од коалицијата „За обнова на Македонија”. На дневен ред на конститутивната седница беа четири точки, од кој само за првите две имаше расправа. Останатите точки кои предвидуваат избор на претседател на Собранието, негови заменици и членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, според претседателот на претходниот состав Талат Џафери, ќе се дискутираат тогаш кога ќе се создадат услови за тоа. Според Деловникот на Собранието, на оваа конститутивна седница и претходеше формирање на Комисијата за верификација на мандатите. По предлог на претседателот во претходниот состав Талат Џафери, за претседател на оваа Комисија беше избрана пратеничката Јагода Шахпаска, а за членови пратениците Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковска и Сафије Садики Шаини. Верификациската комисија утврди дека предвремените избори за пратеници се спроведени согласно со Решението за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието од 16 февруари 2020 година и Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремeни избори за пратеници од 15 јуни 2020 година. – Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, одржани на 15 јули 2020 година, ги спроведоа Државната изборна комисија, општинските изборни комисии и избирачките одбори. Врз основа на записниците од општинските изборни комисии и записниците од избирачките одбори Државната изборна комисија ги утврди конечните резултати, рече Шахпаска. На изборите кои се одржаа на 15 јули коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – два и ДПА – еден мандат. Во новиот парламентарен состав, мандати освоија 43 жени и 77 мажи. Со одржувањето на конститутивната седница течат роковите за формирање на влада. Во Уставот е предвидено претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Претседателот Стево Пендаровски веќе најави дека планира да одржи консултации со политичките партии по конституирањето на Парламентот, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата која ќе обезбед мнозинство во Собранието. Поради пандемијата, вчерашната конститутивна седница се одржа под посебни здравствени околности. На присутните во Собранието при влезот во зградата им беше мерена телесна температура, а на сите влезови беа поставени средства за дезинфекција. Бидејќи станува збор за вондредни околности и е неопходно одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, конститутивната седница се одржа во Големата сала на Собранието, односно во салата позната во јавноста како Голема купола. Меѓу пратениците се почитуваше физичката дистанца и истите носеа заштитна опрема. Гласањето на седницата ќе одвиваше рачно (со картончиња), а од седницата имаше директен пренос на Собранискиот канал на Националниот радидифузен сервис МРТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-konstituirano-pretsedatelot-na-desetiot-sostav-kje-se-izbere-koga-kje-se-sozdavat-uslovi/feed/ 0
Јавна расправа за унапредување на родовата сензитивност во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-unapreduvanje-na-rodovata-senzitivnost-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-unapreduvanje-na-rodovata-senzitivnost-vo-sobranieto/#respond Wed, 15 Jan 2020 07:06:16 +0000 https://kurir.mk/?p=289809

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за еднакви можности на жените и мажите. Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе одржи јавна расправа за Предлог-планот за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Македонија 2020-2021. Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да продолжат две седници на кои треба да расправаат за Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот, со Акциски план за спроведување за 2020-2022 година и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, по скратена постапка – II читање (поднесен од: Самка Ибраимоски). На Комисијата за европски прашања ќе има амандманска расправа за Предлог-законот за стратегиски инвестиции во Република Македонија, по скратена постапка. Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го разгледува Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните, во прво читање. Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-unapreduvanje-na-rodovata-senzitivnost-vo-sobranieto/feed/ 0