Законот за вработени во јавниот сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 May 2018 06:37:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Законот за вработени во јавниот сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дебата за законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-za-zakonite-za-vrabotenite-vo-javniot-sektor-i-za-administrativni-sluzbenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-za-zakonite-za-vrabotenite-vo-javniot-sektor-i-za-administrativni-sluzbenici/#respond Mon, 21 May 2018 06:37:36 +0000 https://kurir.mk/?p=56333

Дебата за тоа зошто се потребни измени во Законот за вработени во јавниот сектор и во Законот за административни службеници денеска ќе се одржи во зградата на Сојузот на синдикати на Македонија. Дебатата ја организира Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), а на неа организаторите најавуваат присуство на министерот за  информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, професори по административно право и на претставници од синдикатите и невладините организации. Синдикатот на УПОЗ се уште останува на ставот дека е потребно комплетно отварање и измени на двата закона или носење на сосема нови закони. Еден од најбитните недостатоци на овие два закони, според УПОЗ, е неможноста одредени области и прашања да се регулираат со колективен договор бидејќи во постојните законски одредби во целост е испуштена или ограничена обврската за потпишување на вакви договори. Со постојните закони, како што посочува УПОЗ, Синдикатот е исклучен и од учество во изготвување на сите подзаконски акти кои ги уредуваат правата на вработените, а во однос на начинот на оценување на вработените, забелешка е дека им се дава можност на непосредно претпоставените службеници оценката да ја дадат од субјективни причини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-za-zakonite-za-vrabotenite-vo-javniot-sektor-i-za-administrativni-sluzbenici/feed/ 0