Законот за заштита на населението од заразни болести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Oct 2020 09:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Законот за заштита на населението од заразни болести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-zashtita-od-zarazni-bolesti-i-rebalansot-na-budzetot-pred-pratenicite-na-27-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-zashtita-od-zarazni-bolesti-i-rebalansot-na-budzetot-pred-pratenicite-na-27-oktomvri/#respond Thu, 22 Oct 2020 09:08:56 +0000 https://kurir.mk/?p=419324

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и Законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на средба со новинарите изјави дека пратеничките групи побарале законот да не биде ставен на седницата на 20 овој месец за да се усогласат за одредени прашања. Но, Џафери истакна дека поради разногласието на партиите нема намера да свикува седница само за една точка на дневен ред по скратена постапка и ги информирал дека наредната седница ќе биде на 27 октомври. На седницата на 27, доколку се постигне договор меѓу парламентарните партии би можело на дневен ред да биде и избор на Уставен судија. До седницата се очекува да заврши изолацијата на тројцата пратеници кои беа позитивни на Ковид-19. Според Џафери, тие се во добра здравствена состојба. Во однос на објавените информации во јавноста за набавка на 100 компјутери за пратениците, претседателот на Собранието потенцираше дека станува збор за компјутери набавени за службата на Парламентот, а не за пратениците и дека тоа најмалку има врска со одржување на онлајн седници. Компјутерите се набавени во рамки на проект на Швајцарската амбасада и НДИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-zashtita-od-zarazni-bolesti-i-rebalansot-na-budzetot-pred-pratenicite-na-27-oktomvri/feed/ 0