законски измени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 14:03:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png законски измени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сулејмани: Регистрација на 550 лица без документи со законските измени што треба да се усвојат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sulejmani-registratsija-na-550-litsa-bez-dokumenti-so-zakonskite-izmeni-shto-treba-da-se-usvojat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sulejmani-registratsija-na-550-litsa-bez-dokumenti-so-zakonskite-izmeni-shto-treba-da-se-usvojat/#respond Mon, 05 Jun 2023 14:03:25 +0000 https://kurir.mk/?p=842328

Во постапка сме на регистрација на нерегистрираните лица со стариот закон. Околу 100 се регистрирани, а по нашата евиденција тие се околу 550, изјави денеска генералниот директор на Управата за водење на матичните книги (УВМК) Емир Сулејмани. Тој информира дека изработиле драфт верзија на закон, кој, како што рече, веќе помина во Собрание како Предлог-закон и се чека на усвојување во врска со измените за дополнување за матична евиденција. -Со изгласување на законот, сите лица кои ги имаме на нашиот список, околу 550 ќе бидат регистрирани. Со издавањето на изводот од матична книга на родени, ние тука завршуваме, рече Сулејмани одговарајќи на новинарско прашање во Гинеколошко-акушерската болница - Чаир, по промоцијата на новата онлајн услуга: електронска регистрација на новороденче. Министерот за здравство Фатмир Меџити, пак, изјави дека откако стапиле на функцијата министри заедно со министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу работат на оваа тема. Ја истакна потребата од електронски изводи и соопшти дека ќе им помогнат на сите лица во најкарток рок за да добијат документи.  Додаде дека рокот зависи и од работата на неколку министерства, матични служби, администрација... (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sulejmani-registratsija-na-550-litsa-bez-dokumenti-so-zakonskite-izmeni-shto-treba-da-se-usvojat/feed/ 0
Пред пратениците законски измени за поедноставна и побрза достава на лекови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-pratenitsite-zakonski-izmeni-za-poednostavna-i-pobrza-dostava-na-lekovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-pratenitsite-zakonski-izmeni-za-poednostavna-i-pobrza-dostava-na-lekovi/#respond Thu, 16 Mar 2023 06:43:10 +0000 https://kurir.mk/?p=812479

Во Собранието денеска ќе се гласа за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, по скратена постапка, чиј предлагач е Владата. Што побрзо се усвојат законските измени, толку побргу пациентите ќе имаат поедноставна и побрза достава на сите лекови, изјави деновиве проф. д-р Ана Данева Маркова, советник за здравство на премиерот, во одговор на новинарско прашање дали очекува дека брзо ќе бидат усвоени тие измени и оти сите пациенти коишто имаат цистична фиброза, ќе добијат лек „трикафта“. Со Законот е уредено прашањето за формирање на комисија за давање на предлози за ставање на лекови на Листата на лекови што паѓаат на товар на фондот, како и методологијата согласно која се врши проценка и рангирање на лековите што се ставаат на Листата на лекови. Со предложените измени и дополнувања на Законот за здравственото осигурување се предлага дополнување на Законот со одредби со кои се допрецизира комисијата на лекови со цел да се создадат можности за непречено работење на комисијата. На овој начин ќе се обезбеди поефикасно и поекономично работење. Исто така се проширува надлежноста на Фондот за давање на мислења за влијанието на буџетот на Фондот. - Начинот и методологијата за утврдување и донесување на Листата на лекови што паѓаат на товар на Фондот, се утврдуваат со подзаконски акт што го донесува министерот за здравство, а по претходно добиено мислење од Фондот. Министерот за здравство формира стручна комисија што го утврдува предлогот на Листата на лекови што паѓаат на товар на Фондот, согласно со меѓународната ATC класификација на лекови. Стручната комисија е составена од девет членови: двајца претставници од Министерството за здравство, двајца претставници од Фондот, тројца доктори - специјалисти од различни области со најмалку десет години работно искуство, еден клинички фармаколог кој има најмалку десет години работно искуство и еден фармацевт кој има најмалку десет години работно искуство во струката. При формирање на комисијата се применува начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. Мандатот на членовите на комисијата од ставот 3 на овој член, трае една година со право на уште еден избор последователно, се наведува во предлог - измените. Како што се појаснува, членовите на стручната комисија одлучуваат по претходно добиено мислење, формирано со мнозинство гласови од стручниот колегиум на соодветната универзитетска клиника, во чијашто област спаѓа терапевтската индикација на лекот за која што стручната комисија одлучува, согласно меѓународната ATC класификација на лекови. - Стручниот колегиум од ставот 6 на овој член, има обврска да даде мислење во рок од 30 дена од денот кога е побарано мислење од страна на стручната комисија. Во спротивно, стручната комисија одлучува без добиеното мислење, се додава во предлог - измените. За еден лек, стручната комисија може да добие мислење од повеќе универзитетски клиники. - Начинот на работа и одлучување на стручната комисија од ставот 2 на овој член, се уредува со деловник за работа на стручната комисија кој го утврдува министерот за здравство. Средствата за работа на стручната комисија ги обезбедува Министерството за здравство. Надоместокот за работа на секој член на стручната комисија се исплаќа во висина од 50 отсто од минималната нето плата во Република Северна Македонија, согласно прописите со кои се утврдува минимална плата во Република Северна Македонија, за месеците во кои членот на стручната комисија учествувал во работата на стручната комисија, пишува во предлог - измените. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-pratenitsite-zakonski-izmeni-za-poednostavna-i-pobrza-dostava-na-lekovi/feed/ 0
Усвоени законски измени за укинување на прогресивното оданочување и даночење камати од заштеди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoeni-zakonski-izmeni-za-ukinuvanje-na-progresivnoto-odanochuvanje-i-danochenje-kamati-od-zashtedi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoeni-zakonski-izmeni-za-ukinuvanje-na-progresivnoto-odanochuvanje-i-danochenje-kamati-od-zashtedi/#respond Fri, 16 Dec 2022 18:36:33 +0000 https://kurir.mk/?p=776790

Собранието ги усвои измените на Законот за данокот на личен доход со кој од 1 јануари 2023 година се продолжува со примена на рамниот данок од 10 проценти, односно се укинува прогресивното оданочување и се одложува даночењето на каматите на заштедите до влезот на државава во Европската унија. Законските измени што беа изгласани денеска, се дел од Концептот на даночна реформа, што го подготви Министерството за финансии, а кој треба да придонесе кон поголема праведност и поправична распределба на даночниот товар, со цел забрзан и одржлив економски раст. -Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на личен доход, кои денеска беа усвоени од Собранието, се дел од нашата определба да воспоставиме праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем, во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој додава дека измените во ова законско решение се постигнати преку дијалог и инклузивен процес со сите засегнати страни што го спровело Министерството за финансии и оти целата реформа се темели на Стратегијата за реформа на даночниот систем и има поддршка од Меѓуанродните финансиски институции. -Со постојниот Закон беше предвидено од 1 јануари 2023 година да се примени прогресивно оданочување, кое претходно беше одложено за период од три години. Затоа и ја отворивме темата и врз основа на анализите и заедно со сите општествени чинители преку организираните дискусии дојдовме до ова решение, за укинување на постојниот модел. Во наредниот период ќе се изработи нов модел со кој ќе се постигне зацртаната цел, потенцира министерот. Од Министерството за финансии истакнуваат дека со прифатените измени се проширува даночната база, преку таргетирање на даночните ослободувања и олеснувања во постојниот систем на данокот на личен доход, се обезбедува поголема праведност на даночниот систем и поправична распределба на даночниот товар по основ на данокот на личен доход помеѓу доходот од труд и доходот од капитал, а се врши и допрецизирање на постојните одредби. Меѓу другото, измените предвидуваат оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд стекнати од 1 јануари 2023 година, промена на концептот на оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, во однос на периодот на поседување, стапката на оданочување и начинот на пресметување и плаќање на данокот; се допрецизираат и доуредуваат основaта за оданочување на немонетарните бенефиции на даночните обврзници кои остваруваат доход по тој основ, се укинува ослободувањето од оданочување на уплатената премија за животно осигурување, уплатенa премиja за доброволно здравствено осигурување и уплатениот придонес во доброволен пензиски фонд за вработените лица, се утврдува третман на непризнат расход на целиот износ на уплатената премија за животно осигурување кај самостојните вршители на дејност, се доуредува постапката на даночно изземање или намалување согласно со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување на доходот кој го остварува странско физичко лице и слично. Во Собранието во наредниот период треба да се усвојат и измените и дополнувањата на Законот за ДДВ и Законот за Данокот на добивка, кои исто така се дел од Концептот на даночна реформа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoeni-zakonski-izmeni-za-ukinuvanje-na-progresivnoto-odanochuvanje-i-danochenje-kamati-od-zashtedi/feed/ 0
Предлог измените на Законот за лична карта пред Комисијата за политички систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-izmenite-na-zakonot-za-lichna-karta-pred-komisijata-za-politichki-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-izmenite-na-zakonot-za-lichna-karta-pred-komisijata-za-politichki-sistem/#respond Tue, 16 Mar 2021 06:13:09 +0000 https://kurir.mk/?p=482943

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање, е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. – Со предлагањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта се цели кон проширување на можностите кои би ги имале припадници на заедниците во процесот на издавање на личната карта, а во насока на јазикот на кој ќе им се печати образецот на личната карта, како и на јазикот на податоците кои ќе се впишуваат во неа, наведува Владата во образложението. Со Законот за употреба на јазиците, се појаснува, јасно се дефинирани јазиците кои се службени на територијата на Република Северна Македонија, е пропишано дека на целата територија на Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Дополнително, согласно наведениот закон и друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните (албански јазик) е исто така службен јазик и неговото писмо. Во контекст на наведеното, и пред донесувањето на Законот за употреба за јазиците беа предвидени идентични законски решенија за конкретните прашања поврзани со двата службени јазици на територијата на Република Северна Македонија, а кои терминолошки се разликуваат во однос на новите законски решенија. Ваквите законски решенија и досега беа имплементирани во позитивното законодавство на Република Северна Македонија, се наведува во образложението. Според Предлогот, во однос на другите припадници на заедниците кои живеат на територијатата на Република Северна Македонија (Срби, Власи, Турци, Роми, Босанци), а се помалку од 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија, со донесувањето на новиот Закон за употреба на јазиците се пропишува дека образецот на личната карта ќе им се издава и на јазикот и писмото кој го употребуваат тие граѓани, а исто така им се остава и можноста на нивно лично барање податоците за личното име кои се впишуваат во личната карта да бидат напишани и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. Членот 2 од Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта е преодна одредба која предвидува дека личните карти кои го содржат натписот ,,Република Македонија“ издадени до денот на отпочнување на примената на овој закон, ќе важат до рокот на важење кој е наведен во личната карта, но не подолго од 12 февруари 2024 година. Предложената измена е во насока на усогласување на законот со рокот предвиден во член 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/19), односно пет (5) години од стапувањето во сила на уставните измени. Законските измени и и дополнувања, според предлогот, треба да се применуваат од 1 јули годинава]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-izmenite-na-zakonot-za-lichna-karta-pred-komisijata-za-politichki-sistem/feed/ 0
Ќе се прават законски измени за воведување на новите антикорона мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-pravat-zakonski-izmeni-za-voveduvanje-na-novite-antikorona-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-pravat-zakonski-izmeni-za-voveduvanje-na-novite-antikorona-merki/#respond Wed, 14 Oct 2020 06:09:52 +0000 https://kurir.mk/?p=416057

Владата на вчерашната седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски на отворено и за забрана за групирање во домови на семејни прослави и на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, при што заклучи дека за нивно спроведување ќе бидат неопходни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести, и воедно одобри набавка на вакцини за КОВИД-19. Како што се наведува во соопштението од седницата, за воведување на новите рестриктивни мерки неопходно е да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести, со што ќе се обезбеди можност за нивна имплементација со подзаконски владини акти. Комисијата за заразни болести минатата недела предложи воведување мерки задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема секаде при престој на отворено, во јавни објекти, на работни места и во јавен и приватен транспорт, потоа за забрана за групирање во домови на семејни прослави при што се предлага на семеен настан во едно живеалиште да може да се примат најмногу четири луѓе, како и да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или каде било на отворено. Покрај ова, Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи најсоодветен начин за набавка на безбедни и ефективни вакцини против коронавирусот, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација и го овласти министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за преземени обврски со Глобалниот сојуз за вакцини за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку КОВАКС и во координација со Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата да ги обезбедат потребните финансиски средства. Ваквите владини одлуки следуваат откако по неколку дена на трицифрен број на новоинифицирани од коронавирусот, во деноноќието меѓу понеделникот и вторникот се регистрирани 80 нови случаи на Ковид-19, од направени 680 тестирања. Во посочениот период во болнички услови починати три лица, додека Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти. Со овие цифри вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 21.193, на оздравени 16.397, а на починати 800. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.996, од кои околу 45 отсто или 1.802 се од Скопје. Вчера се огласи и Министерството за образование и наука, кое информира дека заклучно со 12 часот во текот на вчерашниот ден, вкупно се регистрирани 42 активни случаи на КОВИД-19 кај учениците и 65 кај наставници. Од нив, 29 ученици се од основно образование, а 13 од средно, додека 47 наставници се од основно, а 18 од средно образование. До вчерашниот ден во земјава вкупно се хоспитализирани 432 лица позитивни и сомнителни на Ковид-19, од кои 95 на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Според директорката на Клиниката, Милена Стевановиќ оваа бројка на хоспитализирани е речиси колку и нејзиниот максимален капацитет. – Последните денови се примаат од 13 до 14 пациенти, а иако истовремено се испишуваат и пациенти кои се оздравени, тој сооднос не е таков за да не се предвиди дека за многу кратко време капацитетот на Клиниката ќе биде целосно пополнет и ќе мора во функција да се стави монтажната болница, која е комплетно опремена и подготвена за прием на пациенти, нагласи Стевановиќ при гостување во синоќешната емисија „Топ Тема” на телевизија Телма. Таа смета дека непочитувањето на превентивните мерки за заштита од Ковид-19 од страна на граѓаните и нивното опуштање во однесувањето, сега го гледаме пресликано во бројките на новоинфицирани со корнавирусот. – За мене како професионалец, неприфалтиво е во оваа ера кога светот гори од Ковид-19, да биде неопходна закана од казнена мерка за некој човек да преземе едноставни мерки за да се заштити себеси и своите блиски. Навистина тоа не ми е прифатливо, истакна Стевановиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-pravat-zakonski-izmeni-za-voveduvanje-na-novite-antikorona-merki/feed/ 0