закрепнување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Jun 2023 11:42:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закрепнување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Закрепнувањето на германската економија е тешко, вели централната банка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zakrepnuvaneto-na-germanskata-ekonomija-e-teshko-veli-tsentralnata-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zakrepnuvaneto-na-germanskata-ekonomija-e-teshko-veli-tsentralnata-banka/#respond Fri, 16 Jun 2023 11:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=846529

Германската економија тешко закрепнува од кризите во изминатите три години, предупреди германската централна банка Bundesbank, прогнозирајќи благ пад на активностите годинава и намалувајќи ја процената за раст во следната 2024 гоина поради повисоките каметни стапки и послабата конкурентност. „Германското стопанство тешко ќе закрепне од кризата од претходните три години. Сѐ уште ги чувствува последиците од високата инфлација, иако барем тој притисок слабее“, објави централната банка во соопштението од четвртокот. Во банката не очекуваат дека економските активности во годинава незначително ќе се намали, и тоа за 0,3 отсто, поблаго отколку што проценија во декември благодарејќи на пониските цени на енергијата. Во 2024-та економијата би требало да порасне за 1,2 отсто и за 1,3 отсто во 2025 година. „Растот во 2024-та и во 2025-та ќе биде послаб отколку што се очекуваше пред половина година поради повисоките каматни стапки и намалената конкурентност“, се наведува во извештајот. Инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), кој се користи за споредба меѓу земјите членки на Европската унија би требало оваа година да изнесува 6,0 отсто и ќе биде значитело пониска отколку што во централната банка на Германија прогнозираа во декември. Чувствително е намалена и процената за 2024-та, на 3,1 отсто. „Решителните мерки на монетарната политика се важни за сузбивање на економските и општествените ризици од долготрајната инфлација“, вели претседателот на Bundesbank, Јоаким Нагел. Челниците на Bundesbank заговараат строга монетарна политика, и покрај длабоката криза во германската индустрија. Иако цените на енергијата во меѓувремето паднаа, базичната инфлација и натаму е висока, истакнува германскиот гувернер, алудирајќи на стапката на инфлација којашто не ги вклучува цените на храната и на енергијата. Високата инфлација би можела да биде вкоренета, доколку платите и профитите растат уште посилно, предупредува Нагел. Европската централна банка (ЕЦБ – ECB) предупреди во четвртокот дека добивките на компаниите и повисоките плати, делумно поради еднократите поддршки во кризниот период, се сѐ поважни извори на инфлацијата во еврозоната, со последици од поскапувањето на енергијата во претходниот период и засилената побарувачка по пандемијата на коронавирусот, особено во секторот услуги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zakrepnuvaneto-na-germanskata-ekonomija-e-teshko-veli-tsentralnata-banka/feed/ 0
Зелено светло од ЕК за хрватскиот буџет за закрепнување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/zeleno-svetlo-od-ek-za-hrvatskiot-budzet-za-zakrepnuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/zeleno-svetlo-od-ek-za-hrvatskiot-budzet-za-zakrepnuvanje/#respond Tue, 10 May 2022 09:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=674408

Европската Комисија денеска даде преодно зелено светло за нацрт буџетот на Хрватска во рамките на европскиот Фонд за закрепнување, јави дописничката на МИА од Брисел. Овој фонд е воспоставен како одговор на кризата со Ковид-19 и буџетските проблеми кои ги предизвика оваа пандемија. Секоја земја членка сега треба да поднесе нацрт буџетски план до Европската Комисија за да ги користи фондовите за закрепнување што се ставаат на располагање. Хрватска својот план го поднесе на 15 март и бара 700 милиони евра во грантови. Планот предвидува реформи во здравството, социјалната политика, образованието, јавната администрација, борбата против корупцијата, енергијата, транспортот, управувањето со води и енергетската ефикасност на зградите. Реформите и инвестициите предвидени во планот ќе бидат поддржани со до 6,3 милијарди грантови. 818 милиони веќе доби Хрватска како предфинансирање во септември минатата година. Исплаќањето на парите е условено со применување на инвестициите и реформите зацртани во планот. Сега на ред се земјите членки кои треба да го одобрат нацрт планот. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави ова преодно одобрување на Европската Комисија. -Хрватска ќе добие 700 милиони евра во грантови, рече таа и ја пофали земјата за нејзиниот напредок во имплементирање на реформите и инвестициите во рамките на националниот план за заздравување. Посебно се пофалени реформите во пазарот на трудот и социјалната заштита. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/zeleno-svetlo-od-ek-za-hrvatskiot-budzet-za-zakrepnuvanje/feed/ 0
ОЕЦД: Светската економија годинава ќе закрепне од пандемската криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-svetskata-ekonomija-godinava-kje-zakrepne-od-pandemskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-svetskata-ekonomija-godinava-kje-zakrepne-od-pandemskata-kriza/#respond Wed, 01 Dec 2021 16:38:50 +0000 https://kurir.mk/?p=602629

Светската економија годинава ќе закрепне од пандемската криза, предвиде денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), но воедно оттаму предупредуваат дека оптимистичката перспектива може да биде загрозена од продолжениот период на висока инфлација. ОЕЦД проценува дека светската економија годинава ќе порасне за 5,6 отсто, во 2022 година растот би требало да забави на 4,5 отсто, а во 2023 година на само 3,2 отсто, потврдувајќи ја всушност претходната проценка. Економијата силно закрепнува, а компаниите тешко го одржуваат чекорот со бранот од зголемена побарувачка предизвикан од олеснувањето на епидемиолошките мерки, предизвикувајќи стагнација во глобалните синџири на снабдување и поттикнувајќи ја инфлацијата ширум светот, посочува ОЕЦД. Инфлацијата само привремено зајакна, проценува ОЕЦД, придружувајќи им се на владите и централните банки ширум светот кои предвидуваат олеснување на цените во наредниот период. Кога побарувачката и понудата ќе се нормализираат, инфлацијата ќе ослабне, заклучуваат тие. „Главниот ризик, меѓутоа, е дека инфлацијата би можела повторно да не изненади и да продолжи да зајакнува, принудувајќи ги централните банки на водечките економии порано да ја заострат монетарната политика и во поголема мера отколку што се предвидуваше“, наведува ОЕЦД. Доколку овој ризик се намали, инфлацијата како целина најверојатно ќе достигне врв од пет проценти, а потоа постепено ќе слабее на околу три проценти до 2023 година, соопшти организацијата чие седиште е во Париз. Во тој контекст, во моментов најдобро е централните банки да чекаат да се смират тензиите во понудата и да сигнализираат дека ќе преземат мерки доколку се појави потреба, велат од ОЕЦД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-svetskata-ekonomija-godinava-kje-zakrepne-od-pandemskata-kriza/feed/ 0
Претставници на ОН и СЗО повикаа на правичност во периодот на закрепнување од последиците од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pretstavnici-na-on-i-szo-povikaa-na-pravichnost-vo-periodot-na-zakrepnuvanje-od-posledicite-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pretstavnici-na-on-i-szo-povikaa-na-pravichnost-vo-periodot-na-zakrepnuvanje-od-posledicite-od-kovid-19/#respond Wed, 07 Apr 2021 07:49:28 +0000 https://kurir.mk/?p=493493

Светската здравствена организација и нејзините сестрински агенции од системот на Обединетите нации по повод 7 април, Светски ден на здравјето, ги повикуваат сите лидери и меѓународни партнери да се водат од начелата на инклузивност и правичност при правењето планови за одговор на Ковид-19 и за закрепнување од последиците од пандемијата, со цел да се изгради поправичен и поздрав свет за сите. Од канцеларијатата на СЗО во Скопје соопштија дека пандемијата со Ковид-19 ги изнесе на виделина постоечките разлики меѓу луѓето од аспект на возраста, родот, образованието, вработувањето, пристапот до чиста вода и чист воздух и, секако, пристапот до здравствена и социјална финансиска заштита. Овие неправичности, како што посочуваат, се бариери за поздрав живот и за подобар пристап до здравствени услуги и им нанесуваат штета на нашите општества и економии. – Зошто врз одредени луѓе Ковид-19 остави потешки последици во споредба со други? Работите се едноставни: тие луѓе најчесто имаат полоша работа, понеквалитетно домување, живеат во посиромашни заедници и пристапот до социјална поддршка и здравствена заштита им е потежок отколку на другите. Време е секој да добие подеднаква шанса и да се издигнеме од пепелта на пандемијата на начин што во иднина нема да ни биде целта само да преживееме, туку да просперираме, вели во пишана изјава регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге. Како што стои во соопштението од канцеларијатата на СЗО во Скопје, Ковид-19 жестоко ги погоди сите земји, но негативното влијание врз граѓаните во рамките на една земја беше нерамномерно распоредено. Премногу често, како што се потенцира, најтешки последици трпеа токму ранливите заедници, кои беа поизложени на болеста и со отежнат пристап до квалитетни здравствени услуги. Како последица од ваквата состојба, овие заедници се под поголем ризик од појава на негативни последици како резултат на мерките што се спроведуваат за запирање на ширењето на пандемијата. Според министерот за здравство Венко Филипче, правичност за сите во поглед на здравјето е основен услов за развојот на една држава. – Министерството за здравство и целата Влада беспоштедно работат на елиминирање на сè тоа што значи непотребно страдање на луѓето, болести што може да се избегнат и прерана смрт. Го подигнавме капацитетот на здравствениот систем за пружање нега на болните од Ковид-19 и за спроведување соодветни антиковид активности во делот на јавното здравје, истовремено одржувајќи го пружањето на есенцијални здравствени услуги. Владата веднаш презеде активности за заштита на здравиот живот, како што беше замрзнувањето на цените на основните прехранбени артикли, лековите и други производи, штитејќи ги на тој начин работните места и економијата, ја пренесува пораката од Филипче во соопштението канцеларијата на СЗО во Скопје. Одделни пораки упатија и Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија и Патриција Ди Џовани, претставник на Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во Северна Македонија. – Во екот на една од најголемите здравствени кризи во поновата историја, на овој Светски ден на здравјето мораме сите искрено да им се заблагодариме на лекарите, медицинските сестри и техничари, фармацевтите, административниот кадар во болниците и на многу други здравствени работници кои неуморно работат и спасуваат човечки животи. Наша должност е со сите сили да се трудиме да водиме што поздрав живот, да носиме маска, да одржуваме хигиена и да држиме растојание едни од други со цел да се стави крај на пандемијата на Ковид-19, изјави Дуџак. Според Ди Џовани, пандемијата со Ковид-19 поткопа многу темели врз кои почива пристапот на децата до здравствена заштита, образование и детска заштита. – Сведоци сме на намален број услуги за децата во делот на дијагностиката, лекувањето на хронични заболувања и примарната здравствена заштита заради стравот на родителите од можно инфицирање на децата со вирусот. На глобално ниво, ограничувањата на движењето, карантините, преминот кон учење на далечина и намалената социјализација негативно влијаеја врз менталното здравје на децата, што беше идентификувано како клучен ризик по здравјето на децата кој директно произлегува од пандемијата. Како што владите ширум светот потрошија милијарди долари за да ги спасат своите економии, исто така постои итна потреба да се инвестира во децата за да се спречи здравствената криза да прерасне во криза со правата на децата, порача ДиЏовани. Раководителката на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) Афродита Шаља Плавјанска посочува дека ако пред пандемијата со КОВИД-19 повеќе од половина од жените и девојките во земјата беа жртви на некаков вид насилство, сега таа бројка е уште повисока. Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка/програмски специјалист на канцеларијата на телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UNWomen) во Северна Македонија, пак порача сите да работат заедно со цел секоја жена и девојка да се чувствува безбедно и да ја добие услугата која ѝ е потребна за нејзината добросостојба!. – Ковид-19 ги продлабочи родовите нееднаквости, ставајќи уште поголем товар врз грбот на здравствените работнички. Тие се на првата линија на фронтот во борбата против вирусот и сите ние треба да им оддадеме признание за придонесот што го даваат и да им искажеме поддршка и благодарност, порача Ивановиќ-Кастаред. Како што истакнува Жихан Тавила, претставник на СЗО во Северна Македонија, СЗО е посветена на заложбата секој секаде да може да го оствари своето право на добро здравје. – Успешни национални развојни политики се оние кои целат кон надминување на разликите во здравјето и кои позитивно влијаат на здравјето и добросостојбата. Потребен е заеднички настап со усогласени мултисекторски пристапи кон решавање на проблемите. Истовремено, ги повикуваме лидерите да посветат внимание на проблемот со неправичностите во поглед на здравјето, како и да обезбедат сите луѓе да имаат пристап до квалитетни здравствени услуги тогаш кога и таму каде ќе им бидат потребни, вели Тавила. Политиката на СЗО за правичност во поглед на здравјето ги посочува следниве мерки како области со најголем потенцијал да донесат позитивна разлика, особено ако се спроведуваат заедно: намалување на товарот од плаќањата од сопствениот џеб за здравствени услуги, овозможувајќи на тој начин здравствената заштита да биде пристапна и ценовно достапна за сите, зајакнување на социјалната заштита со цел да се намалат нееднаквостите во приходите и да се гарантира едно основно ниво на сигурност на приходите, зголемување на вложувањата во квалитетно и ценовно пристапно домување и во безбедни населби полни со животна енергија, проактивно да им се помага на луѓето да најдат пристојна и здрава работа и да се намали невработеноста, зајакнување на образованието и на доживотното учење, имајќи предвид дека подобрувањето на литературната и нумеричката писменост им помага на луѓето да преземат контрола врз сопствениот живот и зголемување на граѓанското учество, намалување на криминалот и создавање на социјални врски. Кампањата во Северна Македонија во врска со овогодинешната тема на Светскиот ден на здравјето ќе се одвива низ цела 2021 година почнувајќи од денеска, при што ќе се користат социјалните мрежи и виртуелните средби каде ќе може да се слушнат сведоштва од голем број поддржувачи на начелото за правичност во поглед на здравјето, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pretstavnici-na-on-i-szo-povikaa-na-pravichnost-vo-periodot-na-zakrepnuvanje-od-posledicite-od-kovid-19/feed/ 0