закуп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Oct 2019 12:37:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png закуп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Опомени за земјоделците од Пијанец кои не го платиле закупот на државно земјиште https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opomeni-za-zemjodelcite-od-pijanec-koi-ne-go-platile-zakupot-na-drzavno-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opomeni-za-zemjodelcite-od-pijanec-koi-ne-go-platile-zakupot-na-drzavno-zemjishte/#respond Sun, 13 Oct 2019 12:37:23 +0000 https://kurir.mk/?p=251143

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Делчево од утре, започнува со доставување опомени, за оние земјоделци, кои се уште не го платиле закупот за земјоделско земјиште. Илија Каранфиловски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, информира дека сите земјоделци, кои имат склучено договор за закуп на државно земјоделско земјиште за изминатата година, согласно член 19, став 1, од Законот за земјоделско земјиште, имаат рок тоа да го сторат до 31 декември во тековната година. -Овие опомени најмногу се однесуваат за земјоделците и земјоделските стопанства кои за договорите од претходната година имаа обврска да го подмират долгот до месец јули годинава. За постарите договори, рокот за плаќање на закупот е 31 декември 2019 година. Покрај одредбата за пресметка на законски казнена камата, доколку не се подмири долгот во предвидениот рок за плаќање на закупот и по добивање на опомената за плаќање, со измените како крајна мерка, се предвидува и раскинување на договорот, соопшти Каранфиловски. Меѓу останатите обврски, кои земјоделците и земјоделските стопанства од Делчевско ги имаат до крајот на годината, како што дополни Каранфиловски, е и ажурирањето на податоците во новиот регистар. -Бидејки имаме нов регистар, ќе треба да се ажурираат податоците, па затоа земјоделците и земјоделските стопанства ќе треба да ја посетат канцеларијата на нашата подрачна единица во Делчево. Ова најверојатно ќе биде услов за поднесување на барање за субвенции за 2020 години, поради што ажурирањето ќе биде неопходно, додаде Каранфиловски. Во делчевскиот и каменичкиот регион кои се под надлежност на Подрачната единица на МЗШВ, има 3.500 регистри, од кои 3.200 се активни земјоделски стопанства, на кои примарна дејност им е земјоделството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opomeni-za-zemjodelcite-od-pijanec-koi-ne-go-platile-zakupot-na-drzavno-zemjishte/feed/ 0
Наскоро истекуваат роковите од повиците за закуп на земјоделско земјиште до и над три хектари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naskoro-istekuvaat-rokovite-od-povicite-za-zakup-na-zemjodelsko-zemjishte-do-i-nad-tri-hektari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naskoro-istekuvaat-rokovite-od-povicite-za-zakup-na-zemjodelsko-zemjishte-do-i-nad-tri-hektari/#respond Fri, 04 Jan 2019 11:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=148309

Рокот за доставување документација за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до три хектари истекува на 11 јануари, а за јавниот  оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари рокот е 17. месецов. Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска преку соопштение ги повика сите заинтересирани да ги запазат роковите со цел навреме да се заврши целата процедура и да се склучат договори. Со јавниот  повик за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им овозможува на земјоделците доколку имаат информации каде има слободна земја, самоиницијативно да пројават интерес преку изработка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик. Земјоделците, укажуваат од МЗШВ, треба да внимаваат земјиштето да не е предмет на денационализација и да не е веќе дадено под закуп. Јавниот повик е наменет за целокупното земјоделско земјиште во државата или за 34 региони. Целта, според ресорното Министерство, е да се стави во функција целото располжливо земјоделско земјиште, особено парцелите од 4,5,6,7 и 8 класа, а можат да се искористат за производство.  Со тоа се очекува да се зголемат  обработливите површини и земјоделското производство.  Земјиштето за кое ќе биде склучен договор ќе треба да се искористи за покревање долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам. Со огласот за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари, освен за покревање на насади, е наменет и за инвестиции во преработувачки капацитети. Предмет на овој оглас се најатрактивните парцели во државата, а на понудените локации освен примарно производство, заинтересираните треба да понудат и бизнис план за преработувачки капацитети. Со овој оглас се објавуваат над 1.420 хектари државно земјоделско земјиште, на кои освен долгогодишни насади со овошје, лозје, лешници и маслинарци, се отвора можност и за изградба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи како винарници, кланички капацитети, центри за преработка на овошје и зеленчук, откупни центри, млинови, оранжерии и други објекти тесно поврзани со земјоделското производство. Опфатени се 23 земјишни парцели во 13 региони: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Свети Николе, Валандово, Гази Баба, Кратово, Берово и Струга. На овој оглас, кој ќе се спроведе по пат на електронско наддавање, имаат право да конкурираат имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Документацијата за јавниот повик и за јавниот оглас треба да се достави до Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naskoro-istekuvaat-rokovite-od-povicite-za-zakup-na-zemjodelsko-zemjishte-do-i-nad-tri-hektari/feed/ 0
Нов оглас за закуп на 834 хектари државно земјоделско земјиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-oglas-za-zakup-na-834-hektari-drzavno-zemjodelsko-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-oglas-za-zakup-na-834-hektari-drzavno-zemjodelsko-zemjishte/#respond Thu, 06 Sep 2018 09:19:58 +0000 https://kurir.mk/?p=97028

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ) објави нов јавен оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари со кој се нудат над 834 хектари во Битола, Велес, Македонски Брод, Гевгелија, Демир Хисар, Крива Паланка, Кратово, Струмица, Пробиштип и Тетово. Почетната цена по хектар за површини до три хектари изнесува 25 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од I до IV катастарска класа и 15 евра во денарска против вредност за земјоделско земјиште од V до VIII катастарска класа, по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата. Доколку земјоделското земјиште се наоѓа во планински подрачја, почетната цена за земјиштето од I до IV катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од V до VIII класа изнесува пет евра во денарска противвредност, по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата. - Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,  подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години, соопшти МЗШВ. Право на учество на јавниот оглас имаат сите домашни физички и правни лица, како и странски правни лица, кои немаат склучено важечки договор за закуп на државно земјиште со МЗШВ. Понудите и документацијата треба да се достават до 04.10.2018 година, а јавното отворање ќе се одржи 09.10.2018 година во големата сала за состаноци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со почеток од 10 часот. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во изминатиот период преку четири активни мерки понуди над 4.380 хектари државно земјоделско земјиште под закуп. Роковите за аплицирање на дел од овие јавни огласи се завршени и понудите се обработуваат. Единствено јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над три хектари со кои се доделуваат над 1.090 хектари во Гази Баба, Делчево, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Охрид, Прилеп, Струга и Струмица, трае до 11-ти овој месец. Од МЗШВ ги потсетуваат сите заинтересирани, да внимаваат на критериумите и комплетноста на документацијата, и да ги запазат роковите за да може навреме да се склучат договорите. - Крајната цел на МЗШВ, е вистинска и неселективна распределба на државното земјоделско земјиште, што ќе значи зголемени обработливи површини и зголемено производство на квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски производи, велат од Министерството. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-oglas-za-zakup-na-834-hektari-drzavno-zemjodelsko-zemjishte/feed/ 0
Вработените во Фени: Нема да дозволиме да влезе закупец кој нема да инвестира! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-feni-nema-da-dozvolime-da-vleze-zakupec-koj-nema-da-investira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-feni-nema-da-dozvolime-da-vleze-zakupec-koj-nema-da-investira/#respond Mon, 29 Jan 2018 11:59:09 +0000 http://kurir.mk/?p=15909

Против закуп на „Фени“ се вработени во комбинатот, Синдикалната организација, доверители и транспортери. Нивниот став денеска го изнесе Ѓоре Палитов, претседател на Синдикатот. Тие, како што кажа, рекле дека ќе се противат со сите можни мерки зашто сметале дека има заинтересирани инвеститори со план за реорганизација и плаќање на долгот кон доверителите. – Нема да дозволиме да влезе закупец кој нема да инвестира во фабриката, кој ќе плаќа само закупнина и во секој момент ќе може да ја напушти фабриката. Со тоа ќе се изгубат заинтересираните инвеститори, а не е позната и иднината на вработените. Со закупот постои страв дека ќе се избркаат заинтересираните инвеститори, а може да се земе фабриката без пари, децидни биле револтираните. Нема да дозволиме, додале, за 100 илјади евра месечно да се заработуваат 1,5 милиони евра месечно со моменталната цена на никелот. Со закупот, според нив, ќе се одложело плаќањето на долговите кон доверителите, а за кое време, не се знаело. Консултирале правни експерти и тие им рекле дека давањето под закуп било незаконско, особено заради одлука на одбор на доверители во кој членови биле банките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-feni-nema-da-dozvolime-da-vleze-zakupec-koj-nema-da-investira/feed/ 0