жалба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Sep 2023 16:14:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жалба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Двајца браќа изнудиле повлекување жалба на јавна набавка, еве како се заканувале https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajtsa-braka-iznudile-povlekuvane-zhalba-na-javna-nabavka-eve-kako-se-zakanuvale/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajtsa-braka-iznudile-povlekuvane-zhalba-na-javna-nabavka-eve-kako-se-zakanuvale/#respond Fri, 01 Sep 2023 16:14:22 +0000 https://kurir.mk/?p=873470

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, на возраст од 23 и 25 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Со намера да прибават противправна имотна корист за правно лице од Визбегово, двајцата со сила и сериозна закана, но и со употреба на огнено оружје присилиле една оштетена – одговорно лице во друга фирма да повлече поднесена жалба на одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка на училишен и друг мебел. На огласот за јавна набавка, објавен од едно скопско средно училиште, како најповолен понудувач била избрана фирмата од Визбегово, по што другата компанија вложила жалба на одлуката. На 22 август, двајцата осомничени се појавиле во деловните простории на другото правно лице на улицата „Благоја Стефковски“ и од одговорната побарале да ја повлече жалбата. Во следните неколку дена се обидувале и телефонски да ја убедуваат оштетената да ја повлече жалбата, но таа не им одговарала на повиците. На 29 август, двајцата осомничени повторно дошле во конкурентската фирма, упатувајќи директна закана: „Имаш 24 часа да ја повлечеш жалбата, инаку се ова ќе лета во воздух“. Оштетената побарала од нив да ги напуштат просториите и им кажала дека ќе повика полиција, на што ти продолжиле да и се закануваат. Едниот од осомничените браќа извадил пиштол, го репетирал и го вперил во слабината на оштетената, а со другата рака ја фатил за вратот. Си заминале со нови закани дека повторно ќе се вратат, по што на 30 август оштетеното правно лице ја повлекло изјавената жалба на одлуката. Основаното сомнение за стореното кривично дело е поткрепено со повеќе докази, меѓу кои и видео запис од безбедносните камери во оштетената фирма. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз сведоците и оштетените, но и да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajtsa-braka-iznudile-povlekuvane-zhalba-na-javna-nabavka-eve-kako-se-zakanuvale/feed/ 0
Јувентус ќе поднесе жалба https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/juventus-ke-podnese-zhalba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/juventus-ke-podnese-zhalba/#respond Sat, 21 Jan 2023 08:41:38 +0000 https://kurir.mk/?p=789970

Јувентус излезе со официјално соопштение во врска со казната за финансиска измама. На торинскиот клуб синоќа му беа одземени 15 бодови во поредокот во Серија А. Калчолигашот го чека објавувањето на причините и најавува жалба до Колеџот за спортски гаранти во рамките на кодексот за спортска правда, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на клубот. Поради одземањето на 15 бодови, Јувентус од третата падна на десеттата позиција на табелата во Италијанскиот фудбалски шампионат. Сега тимот има само 22 бода.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/juventus-ke-podnese-zhalba/feed/ 0
Барселона ќе поднесе жалба до УЕФА за судењето на вчерашниот меч со Интер https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-kje-podnese-zalba-do-uefa-za-sudenjeto-na-vcherashniot-mech-so-inter/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-kje-podnese-zalba-do-uefa-za-sudenjeto-na-vcherashniot-mech-so-inter/#respond Wed, 05 Oct 2022 09:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=741290

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона ќе се жали до УЕФА поради судењето на вчерашниот меч со Интер кој заврши со победа на италијанскиот претставник со 1:0. Во 90. минута од натпреварот од Лигата на шампионите, топката при едно нафрлување удри во раката на дефанзивецот на Интер, Дензел Дамфрис, кој се наоѓаше во сопствениот шеснаесетник. Откако ја погледнаа репризата на видеото, судиите предводени од Славко Винчиќ решија да не досудат удар од 11 метри во корист на Каталонците. Барселона ќе поднесе формална жалба до УЕФА за судењето, пренесува „Ас“. Покрај тоа, клубот ќе побара нивните натпревари никогаш повеќе да не ги суди Пол ван Буекел, видео судија кој работеше и на натпреварот со Интер и на неодамнешниот натпревар со Баерн (0:2), каде што тој, според Барселона, не му доделил пенал на Усман Дембеле. Исто така, ќе се побара да се разгледа и моментот кога беше поништен голот на Педри поради играње со рака од страна на Ансу Фати, како и ударот на Хакан Чалханоглу во нозете на Серхи Бускетс, за кој судијата покажа жолт картон. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-kje-podnese-zalba-do-uefa-za-sudenjeto-na-vcherashniot-mech-so-inter/feed/ 0
Советот на јавни обвинители денеска ќе решава по жалбата на обвинителката Вилма Русковска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-deneska-kje-reshava-po-zalbata-na-obvinitelkata-vilma-ruskovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-deneska-kje-reshava-po-zalbata-na-obvinitelkata-vilma-ruskovska/#respond Wed, 24 Aug 2022 05:44:37 +0000 https://kurir.mk/?p=722969

Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 63-тата седница, на чиј дневен ред е жалбата на обвинителката Вилма Русковска. Одлуката за свикување на седницата е објавена на веб-страницата на Советот на јавни обвинители, а на дневен ред, како прва точка се предлага „разгледување и решавање по жалбата СОЖ бр.5/22 на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК, г-ѓа Вилма Русковска“. Обвинителката Вилма Русковска, минатата недела поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за суспензија на правото и суспендирање на правдата“. Републичкиот јавен обвинител, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-deneska-kje-reshava-po-zalbata-na-obvinitelkata-vilma-ruskovska/feed/ 0
Одбраната на Зекири подготвува жалба за притворот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-zekiri-podgotvuva-zalba-za-pritvorot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-zekiri-podgotvuva-zalba-za-pritvorot/#respond Sat, 09 Apr 2022 18:36:04 +0000 https://kurir.mk/?p=660763

Одбраната на Мухамед Зекири најави жалба до Кривичниот суд за притворот што синоќа му беше одреден на поранешниот генерален секретар на Владата, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на изјава на адвокатот на Зекири, Александар Трајковски. – Бараме да се укине мерката притвор и истата да се замени со поблага мерка – изјави Трајковски за телевизија „Сител“. Судија на претходна постапка доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на Зекири. Судот сега треба да одлучи дали Зекири ќе остане во притвор или ќе му биде одредена поблага мерка. Зекири вчера поднесе неотповиклива оставка по сомневањата дека ја злоупотребил службената положба. Тој се сомничи дека во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на службената положба, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100 денари, на штета на Буџетот на Македонија, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-zekiri-podgotvuva-zalba-za-pritvorot/feed/ 0
Русија ја повлече жалбата против ФИФА https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rusija-ja-povleche-zalbata-protiv-fifa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rusija-ja-povleche-zalbata-protiv-fifa/#respond Tue, 05 Apr 2022 19:47:59 +0000 https://kurir.mk/?p=658901

Руската фудбалска федерација (РФС) ја повлече жалбата на одлуката на ФИФА за забрана на настап на националните тимови во меѓународните натпреварувања. Како што денеска објави Судот за спортска арбитража со седиште во Лозана, РФС, со повлекувањето на жалбата, го прифати исклучувањето од Светското првенство 2022 во Катар. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на крајот од февруари ја суспендираше Русија поради инвазијата врз Украина, што значеше и исклучување на Зборнаја од дополнителните мундијалски квалификации. РФС ја повлече жалба против ФИФА, но Русија ја продолжува својата постапка против Европската фудбалска федерација (УЕФА) и сè уште се надева на настап на својата женска сениорска репрезентација на Европското првенство, кое ова лето ќе се одржи во Англија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rusija-ja-povleche-zalbata-protiv-fifa/feed/ 0
Русија ја обжали суспензијата од ФИФА и УЕФА https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rusija-ja-obzali-suspenzijata-od-fifa-i-uefa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rusija-ja-obzali-suspenzijata-od-fifa-i-uefa/#respond Wed, 09 Mar 2022 12:48:33 +0000 https://kurir.mk/?p=644041

Руската фудбалска федерација и официјално поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана по одлуката на ФИФА и УЕФА да ги исфрли од меѓународните натпреварувања сите руски национални репрезентации и клубови. Руската фудбалска репрезентација требаше на домашен терен на 24 март да ја пречека Полска во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар, а поради суспензијата и московски Спартак е исфрлен од Лигата на Европа и нема да го одигра осминафиналниот дуел против Лајпциг в четврток. Во својата жалба до судот во Лозана, руската страна бара „повторно вклучување на сите руски репрезентации и клубови во натпреварувањата на ФИФА и УЕФА“, објави CAS. Судот најави дека „ќе бара став од сите вклучени страни“, а „нови информации околу жалбената постапка ќе може да изнесе во ново соопштение за неколку денови“. ФИФА и УЕФА на 28 февруари донесоа одлука за суспензија на руските репрезентации и клубови, како одговор на инвазијата на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rusija-ja-obzali-suspenzijata-od-fifa-i-uefa/feed/ 0
Русија ќе поднесе жалба поради суспензијата од ФИФА и УЕФА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/rusija-kje-podnese-zalba-poradi-suspenzijata-od-fifa-i-uefa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/rusija-kje-podnese-zalba-poradi-suspenzijata-od-fifa-i-uefa/#respond Thu, 03 Mar 2022 21:50:43 +0000 https://kurir.mk/?p=640507

Руската фудбалска федерација соопшти денеска дека ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана, откако националниот тим беше исфрлен од претстојниот мундијалски бараж, како и од сите други меѓународни натпреварувања. Руската фудбалска репрезентација требаше на домашен терен на 24 март да ја пречека Полска во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар. ФИФА и УЕФА на 28 февруари донесоа одлука за суспензија на руските репрезентации и клубови, како одговор на инвазијата на Украина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/rusija-kje-podnese-zalba-poradi-suspenzijata-od-fifa-i-uefa/feed/ 0
Асанж ќе може да се жали до британскиот Врховен суд за одлуката за екстрадиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/asanz-kje-moze-da-se-zali-do-britanskiot-vrhoven-sud-za-odlukata-za-ekstradicija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/asanz-kje-moze-da-se-zali-do-britanskiot-vrhoven-sud-za-odlukata-za-ekstradicija/#respond Mon, 24 Jan 2022 13:08:56 +0000 https://kurir.mk/?p=622472

Денеска британскиот врховен суд му даде дозвола на основачот на Викиликс Џулијан Асанж да поднесе жалба против одлуката за негова екстрадиција во САД. Неговиот правен тим поднел барање до судот да му дозволи да се жали на одлуката за екстрадиција за правните точки од општо јавно значење. Во декември Врховниот суд на Обединетото Кралство пресуди во корист на дозволување негова екстрадиција во САД, каде што се соочува со обвиненија за шпионажа поради објавување документи за војните во Авганистан и Ирак во 2010 година. Осудата може да носи затворска казна од 175 години. Асанж помина седум години живеејќи во амбасадата на Еквадор во Лондон, пред новата влада во Кито да му го укине азилот. Полициската заштита и надзорот на амбасадата го чинеа британскиот даночен обврзник милиони фунти. Во април 2019 година тој беше приведен пред амбасадата од британската полиција и оттогаш е чуван во затворот со максимална безбедност Белмарш. Свршеницата на Асанж, Стела Морис, тврди дека неговото здравје значително се влошило, а неодамна откри дека во октомври доживеал мозочен удар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/asanz-kje-moze-da-se-zali-do-britanskiot-vrhoven-sud-za-odlukata-za-ekstradicija/feed/ 0
ХДЗ не прифаќа колективна одговорност и најави жалба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hdz-ne-prifakja-kolektivna-odgovornost-i-najavi-zalba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hdz-ne-prifakja-kolektivna-odgovornost-i-najavi-zalba/#respond Fri, 13 Nov 2020 12:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=429047

Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска соопшти дека не прифаќа колективна одговорност по повод денешната пресуда на Жупанискиот суд во Загреб, со која на партијата и беше изречена казна од 3,5 милиони куни (околу 460.000 евра). ХДЗ најави жалба на пресудата. Во соопштението на ХДЗ се наведува дека партијата, без да навлегува во основаноста на пресудата, ја отстранува секоја колективна одговорност на членовите на партијата, како и поврзаноста на сегашното раководство со индивидуалните дејства што се предмет на оваа постапка. Со поддршка, како што велат, на независната и автономна работа на судските тела, одговорноста на ХДЗ, како правно лице, произлегува од вината на одговорните лица, односно поранешниот претседател на партијата Иво Санадер и други осудени лица, објави загрепската Н1 телевизија. Повторното судење на Санадер и ХДЗ во случајот „перење пари од маркетинг компанијата Фими медиа“ започна во 2016 година, откако Врховниот суд ја поништи пресудата од 2013 година. Иво Санадер денеска е прогласен за виновен и осуден на осум години затвор за извлекување пари од маркетинг агенцијата „Фими Медиа“. Во овој случај, неговата партија ХДЗ е прогласена за одговорна за корупција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hdz-ne-prifakja-kolektivna-odgovornost-i-najavi-zalba/feed/ 0