жалби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Sep 2023 14:39:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жалби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жалбите на обвинетите во „Монструм“ се ОДБИЕНИ, во затвор ќе останат ДОЖИВОТНО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhalbite-na-obvinetite-vo-monstrum-se-odbieni-vo-zatvor-ke-ostanat-dozhivotno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhalbite-na-obvinetite-vo-monstrum-se-odbieni-vo-zatvor-ke-ostanat-dozhivotno/#respond Fri, 15 Sep 2023 14:39:07 +0000 https://kurir.mk/?p=878462

Врховниот суд на Република Македонија ги одби како неосновани жалбите на обвинетите за случајот „Монструм“ и ја потврди во целост пресудата на Апелациониот суд Скопје од 31 март 2022 година. - Постапувајќи во случајот познат во јавноста како „Монструм“, по одржаната јавна седница на ден 27.06.2023 година и по одржаното советување и гласање на ден 15.09.2023 година, Врховниот суд донесе пресуда ВКЖ2-33/22 со која жалбите на обвинетите А.Д., А.И. и А.И. ги одби како неосновани и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-109/21 од 31.03.2022 година, ја потврди во целост, информираат од Врховниот суд. Апелација во септември 2022 година ги одби како неосновани жалбите на обвинети во случајот „Монструм“, и ги потврди казните на осудените, односно доживотниот затвор за Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Со правосилната пресуда потврдена е и казната за Хаки Азири кој беше осуден на казна затвор од девет години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Ослободителна пресуда доби единствено обвинетиот Сами Љута. Првостепената пресуда, второстепениот суд ја преиначи само по однос на засметувањето на мерката притвор што ја поминале обвинетите Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро, кога беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски. „Монструм“ имаше две судења откако во 2017 година Врховниот суд го врати случајот на почеток кај Специјалното јавно обвинителство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhalbite-na-obvinetite-vo-monstrum-se-odbieni-vo-zatvor-ke-ostanat-dozhivotno/feed/ 0
Странките најавија жалби за пресудата за случајот „Меѓународен сојуз” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strankite-najavija-zalbi-za-presudata-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strankite-najavija-zalbi-za-presudata-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/#respond Thu, 07 Apr 2022 12:32:49 +0000 https://kurir.mk/?p=659717

Застапникот на обвинението за случајот „Меѓународен сојуз”, јавната обвинителка Ивана Трајчева, ќе поднесе жалба на пресудата на Основниот кривичниот суд Скопје, по однос на ослободителната одлука за обвинетата Фросина Ременски. Давајќи образложение за најавената жалба обвинителката Трајчева, истакна дека за неа како обвинител којшто го застапуваше овој предмет во текот на судската постапка навистина е нејасно како судот не утврдил кои се дејствијата на влијание од страна на Ременски. – Самите оштетени посочија дека токму поради нејзината личност, функцијата која што ја извршувала во тој момент довела до потпишување на таквите договори. Кога ги имате овие два факти коишто судот и самиот ги прифатил, неспорно денеска тоа беше кажано, навистина не знам како на крајот судот донел заклучок дека Обвинителството во текот на постапката не докажа надвор од разумно сомневање дека го сторила делото кое што и се става на товар. Но, ние како странка во постапка имаме право на жалба и сметам дека тоа право секако ќе биде искористено, рече обвинителката Трајчева. Воедно, што се однесува на осудителниот дел таа посочи дека се потврдила тезата на Обвинителството дека обвинетите ги сториле делата коишто им се ставаат на товар со предметниот обвинителен акт. – Во однос на казните морам да кажам дека ќе мораме да ја почекаме писмената пресудата за да слушнеме точно кои околности како олеснувачки и отежнувачки биле ценети од страна на судот при одлучување и одредување на видот и висината на изречените казни бидејќи, како слушнав и денеска, самите тие околности не ги слушнавте. Оттука не можам да ви кажам дали би имало жалба во овој дел по однос на веќе изречените казни, рече Трајчева. Правниот застапник на првообвинетиот Бојан Јовановски, адвокатот Сашо Дуковски, после изречената пресуда за „Меѓународен сојуз”, изјави дека оваа судска пресуда не се заснова ни еден милиметар на докази коишто беа изведени во текот на постапката, туку е несреќен компромис помеѓу политика, а особено на личен анимузитет на судечкиот судија према моите клиенти, особено кон обвинетиот Бојан Јовановски. – Не влегувам воопшто во драконската казна дали е мала или голема, затоа што сметам дека во овој конкретен случај нема никакво кривично дело извршено од страна на обвинетиот Бојан Јовановски, изјави Дуковски и најави дека за ова пресуда ќе биде поднесена жалба. Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, по објавување на одлуката дека е ослободена од вина кратко наведе дека е задоволна од денешнава одлука и побара разбирање по добивањето на пресудата да даде образложение за денешниов настан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strankite-najavija-zalbi-za-presudata-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/feed/ 0
Изборниот штаб на Трамп поднесе жалби за гласањето на изборите во неколку сојузни американски држави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborniot-shtab-na-tramp-podnese-zalbi-za-glasanjeto-na-izborite-vo-nekolku-sojuzni-amerikanski-drzavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborniot-shtab-na-tramp-podnese-zalbi-za-glasanjeto-na-izborite-vo-nekolku-sojuzni-amerikanski-drzavi/#respond Thu, 05 Nov 2020 07:52:04 +0000 https://kurir.mk/?p=425175

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе жалби во Пенсилванија, Мичиген и Џорџија, поставувајќи основа за оспорување на гласањето во земјите каде заостанува зад демократот Џо Бајден. Новите жалби, кои се приклучуваат на постојните тужби на републиканците во Пенсилванија и Невада, бараат подобар пристап на набљудувачите од штабовите до локациите каде се обработуваат и бројат гласачките ливчиња и изразуваат загриженост за гласањето во отсуство, соопштија од штабот на Трамп. – Штабот на Трамп се обидува да интервенира и во случајот Пенсилванија во Врховниот суд, со прашањето дали може да се избројат ливчињата добиени до три дена по изборите, изјави заменик-менаџерот на кампањата, Џастин Кларк. Републиканците исто така најавија дека ќе бараат пребројување на гласовите во Висконсин, држава каде АП вчера го прогласи и Бајден за победник. Менаџерот на кампањата Бил Степиен ги наведе „неправилностите во неколку окрузи во Висконсин“, без да наведе детали. Бајден вчера рече дека пребројувањето треба да продолжи во сите држави, додавајќи дека „никој нема да ни ја одземе демократијата, ниту сега ниту никогаш“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborniot-shtab-na-tramp-podnese-zalbi-za-glasanjeto-na-izborite-vo-nekolku-sojuzni-amerikanski-drzavi/feed/ 0
Одбиени сите тужби од Алијанса и Алтернатива и на Интегра, потврдени решенијата на ДИК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieni-site-tuzbi-od-alijansa-i-alternativa-i-na-integra-potvrdeni-reshenijata-na-dik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieni-site-tuzbi-od-alijansa-i-alternativa-i-na-integra-potvrdeni-reshenijata-na-dik/#respond Thu, 23 Jul 2020 10:24:34 +0000 https://kurir.mk/?p=380166

Тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на Државната изборна комисија, информираат од Управниот суд. – Заклучно ден 22.07.2020 година, донесени се вкупно 77 одлуки од кои, 75 одлуки по тужби поднесени од тужителот Алијанса за Албанците и Алтернатива, една одлука по тужба поднесена од тужителот Интегра Македонска Конзервативна Партија како и една одлука по тужба поднесена од тужителот Живка Арсовска и по истите донесени се пресуди со кои тужбите на тужителите се одбиваат како неосновани и решенијата на Државната изборна комисија се потврдуваат, информира Управниот суд. Сите 77 одлуки се објавени на официјалната веб страна на Управниот суд. Пред Управниот суд во тек е одржување на јавни расправи по поднесени тужби од Политичките партии Левица, Социјалдемократска Унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieni-site-tuzbi-od-alijansa-i-alternativa-i-na-integra-potvrdeni-reshenijata-na-dik/feed/ 0
Управен суд закажа јавна седница, ќе ги разгледува поднесените жалби од партиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upraven-sud-zakaza-javna-sednica-kje-gi-razgleduva-podnesenite-zalbi-od-partiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upraven-sud-zakaza-javna-sednica-kje-gi-razgleduva-podnesenite-zalbi-od-partiite/#respond Wed, 22 Jul 2020 08:10:59 +0000 https://kurir.mk/?p=379496

Управниот суд за денеска закажа повеќе јавни расправи по поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и една тужба поднесена од Интегра. Тужбите, како што претходно најави претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини, се поделени на неколку судечки совети формирани со жрепка. По решенијата на Државната изборна комисија за отфрлање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори тужби до Управниот суд најавија и Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од ДИК и истекува денеска попладне. Од Државната изборна комисија, вчера информираа дека до 14 часот решенија за отфрлање или одбивање на приговорите подигнале претставници и на Левица, додека на партиите кои не ги подигне решенијата, тие им се испраќаат по електронска пошта и се сметаат за уредно доставени пет часа од испраќањето. По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upraven-sud-zakaza-javna-sednica-kje-gi-razgleduva-podnesenite-zalbi-od-partiite/feed/ 0
До Управен суд досега поднесени вкупно 76 тужби од две политички партии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-upraven-sud-dosega-podneseni-vkupno-76-tuzbi-od-dve-politichki-partii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-upraven-sud-dosega-podneseni-vkupno-76-tuzbi-od-dve-politichki-partii/#respond Wed, 22 Jul 2020 05:17:12 +0000 https://kurir.mk/?p=379422

Тужби по решенијата на Државната изборна комисија за отфрлање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори до Управниот суд досега поднеле само Интегра и коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Интегра има поднесено една, а АА и Алтернатива 75 тужби, кои Управниот суд треба да ги разгледа на јавна седница во рок од 60 часа од нивниот прием. Левица и ВМРО-ДПМНЕ, исто така, најавија дека ќе поднесат тужби до Управен суд по решенијата од Државната изборна комисија за орфлање на приговорите за изборни нерегуларности. Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од ДИК. Портпаролот на ДИК Адмир Шабани, вчера информираше дека до 14 часот решенијата од Комисијата за отфрлање или одбивање на приговорите ги подигнале претставници на Алијанса за Албанците и Алтернатива, на Интегра, на МОРО, на Демократи и на Левица, појаснувајќи дека доколку некоја од партиите не ги подигне решенијата, ДИК им ги испраќа по електронска пошта. По пет часа од испраќањето, посочуваат од ДИК, се смета дека решенијата им се уредно доставени на партиите. По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-upraven-sud-dosega-podneseni-vkupno-76-tuzbi-od-dve-politichki-partii/feed/ 0
До 10 часот никој не поднел тужби до Управниот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-chasot-nikoj-ne-podnel-tuzbi-do-upravniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-chasot-nikoj-ne-podnel-tuzbi-do-upravniot-sud/#respond Tue, 21 Jul 2020 08:33:49 +0000 https://kurir.mk/?p=379039

До Управниот суд до утрово до 10 часот не се пристигнати тужби од политичките партии, откако Државната изборна комисија едногласно ги отфрли сите 2.142 нивни приговори за предвремените парламентарни избори, информира за МИА претседателот на Управен суд Бурим Сејдини. ДИК треба да ги достави решенијата за одлуките до политичките партии, по што почнува да тече 24-часовниот рок за поднесување на тужби. Како што информира портпаролот на ДИК Адмир Шабани до 10 часот решенијата од Комисијата за отфрлање или одбивање на приговорите ги подигнале само претставници на Алијанса за Албанците и Алтернатива. По истекот на пет часа откако биле испратени се смета дека примателите ги добиле решенијата. Управниот суд има 60 часа по приемот на тужбите да одлучи по нив. – Подготвени сме да примиме тужби од страна на овластени претставници на листите на кандидати за пратеници во текот на денешниот или утрешниот ден, меѓутоа, до овој момент нема поднесено тужби, вели Сејдини. Тој истакнува дека се преземени сите активности и мерки за судот да функционира во целиот свој капацитет. -Извршена е жрепката на советите за одлучување по избори, така што, убедени сме дека Управниот суд ќе успее навремено да ги изврши своите законски надлежности, а тоа е да донесе одлуки по поднесените тужби и да имаме официјални конечни резултати по одржаните предвремени парламентарни избори 2020 година, рече Сејдини. Повтори дека се прават напори да се организираат и судот да постапува најефикасно што е можно. По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август. Тужби до Управниот суд најавија полтичките партии ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Интегра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-chasot-nikoj-ne-podnel-tuzbi-do-upravniot-sud/feed/ 0
Засега мандатите остануваат исти, партиите имаат право на тужби до Управниот суд за отфрлените приговори на ДИК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-mandatite-ostanuvaat-isti-partiite-imaat-pravo-na-tuzbi-do-upravniot-sud-za-otfrlenite-prigovori-na-dik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-mandatite-ostanuvaat-isti-partiite-imaat-pravo-na-tuzbi-do-upravniot-sud-za-otfrlenite-prigovori-na-dik/#respond Mon, 20 Jul 2020 05:27:05 +0000 https://kurir.mk/?p=378521

На тричасовна седница, едногласно, членовите на Државната изборна комисија синоќа ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од политичките партии за предвремените Парламентарни избори. Оценка на членовите на ДИК беше дека приговорите се без докази, а најголем дел од оние што беа поднесени од Левица немаа ниту потпис од овластен претставник. За барањата за рачно броење на избирачките ливчиња, членовите на ДИК кажаа дека децении наназад тие се бројат рачно и јавно се покажуваат пред членовите на избирачките одбори, а дополнително потецираа дека по повеќепати се проверени записниците од сите 3.480 избирачки места и 80-те општински изборни коимисии каде нема забелешки за основите на приговорите. Откако партиите ќе ги примат решенијата за одлуките на ДИК имаат 24 часа да достават тужба до Управниот суд, кој пак по нејзиниот прием има 60 часа да одлучува. За 1.478 приговори од вкупно 1.982 поднесени од Левица, членовите на Комисијата утврдија дека тие немале потпис од овластениот претставник и немаат печат од подносителот на листата, додека за другите 504 потенцираа дека не се поткрепени со докази и текстот во образложението е ист за сите овие приговори. За приговорите на АА и на Алтернативата, исто така беше оценето дека не се поткрепени со докази, како и на Демократи, на СДУ, на Интегра, МОРО Работничка партија и на ВМРО-ДПМНЕ. Во приговорите се бараше рачно броење на избирачките ливчиња, увид во избирачкиот материјал, како и во неважечките ливчиња. Засега резултатите и мандатите од предвремените Парламентарни избори, кои се одржаа во мошне специфични услови, поради пандемијата со Ковид-19, остануваат онака како што првично беа објавени – Коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ и други 44, Демократската унија за интеграција (ДУИ) 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат. Претседателот на ДИК Оливер Деркоски на синоќешната седница истакна дека овие две години, Комисијата покажала дека работи врз основа на почитување на законите и дека тоа нема да се промени во ниту еден случај, па ниту во овој случај. -Ние како ДИК пред нас имаме Изборен законик, имаме Упатство за решавање по приговори. Како ДИК извршивме проверка на целокупниот изборен материја, записници 16 и 21 од сите општински изборни комисии. Во ниеден записник немаше ставено забелешки по причините кои се наведени во приговорите. Одговорно тврдам дека ДИК си ја заврши работа како што треба согласно Уставот и законите. Истовремено ги поздравувам сите кои на Фејсбук и на останатите социјални мрежи мислат спротивно од мене дека можат да продолжат да мислат така, меѓутоа јас одговорно ви кажувам дека нема ниту еден единствен пат да работам спротивно на законите на оваа држава, рече Деркоски. Вољата на граѓаните, според него, е искажана на изборниот ден, и секој си има право да гласа по сопствено убедување. -Она што беше приказ на резултатот, тоа ДИК го утврди, го констатира и го објави. Техничките проблеми кои се појавија во текот на објавувањето на резултатите никогаш не влијаат на утврдувањето на резултатите, ниту влијаеле. Броењето на резултатите – не треба да се правиме дека сега првпрат воочуваме дека броиме резултати рачно на секое избирачко место. Тоа го правиме наназад децении, потенцираше претседателот на ДИК на седницата. Никој не треба да се сомнева во процесот, тврди тој, додавајќи дека на избирачките места има 35.000 членови на изборната администрација, но и десетици набљудувачи. Според него, изборната администрација, избирачките одбори, вклучувајќи ги и посебните, и општинските изборни комисии беспрекорно си ја завршиле својата работа што било посочено и во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, иако овој процес поради ситуацијата со Ковид-19 се случуваше во тешки и коплексни услови за негова организација. -Ќе им се заблагодарам за соработката и на политичките субјекти затоа што имавме навистина мирни, фер избори на коишто на крајот од денот секој доби онолку гласови колку што одлучиле граѓаните да добие, оцени Деркоски. Десеттите парламентарни избори во Македонија, петти предвремени се одржаа во специфични услови и барања за почитување на мерките за заштита од ширење на коронавирусот. Се гласаше три дена и тоа во понеделникот, вторникот и средата, а право на глас имаа еден милион 814 илјади и 263 гласачи. Своето право на глас го искористија 943.750 гласачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-mandatite-ostanuvaat-isti-partiite-imaat-pravo-na-tuzbi-do-upravniot-sud-za-otfrlenite-prigovori-na-dik/feed/ 0
Течат роковите за приговори и жалби за изборните резултати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-prigovori-i-zalbi-za-izbornite-rezultati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-prigovori-i-zalbi-za-izbornite-rezultati/#respond Fri, 17 Jul 2020 07:31:12 +0000 https://kurir.mk/?p=377430

По објавувањето на конечните неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, течат роковите за приговори и жалби за спроведувањето на изборниот процес и за сумирањето на резултатите. Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување резултати од гласање може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно објавување на првичните резултати. ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Секој избирач кому му е повредено избирачкото право во постапка на спроведување на гласањето може да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа. ДИК е должна во рок од четири часа по приемот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК гласачот може во рок од 24 часа по приемот да поднесе жалба до Управниот суд на Република Македонија, кој, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение да го поништи гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик. Против решението со кое се поништува гласањето може да се поднесе жалба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија е должен по жалбата да постапи во рок од 72 часа по нејзиниот прием. Повторното гласање на избирачкото место каде што е поништено се одржува 14 дена од денот на првото гласање. Според првичните резлтати што синоќа ги објави ДИК, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат. Дел од партиите учесници на изборите се пожалија на нерегуларности и грешки во сумирањето на резултатите и најавија дека ќе поднесат приговори до ДИК и другите надлежни институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-prigovori-i-zalbi-za-izbornite-rezultati/feed/ 0
Со образложение на жалбите продолжи јавна расправа пред Апелација за пресудите за „27 април“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-obrazlozenie-na-zalbite-prodolzi-javna-rasprava-pred-apelacija-za-presudite-za-27-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-obrazlozenie-na-zalbite-prodolzi-javna-rasprava-pred-apelacija-za-presudite-za-27-april/#respond Thu, 28 May 2020 09:54:14 +0000 https://kurir.mk/?p=350979

Обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година и нивните адвокати денеска на вториот ден од тридневната јавна расправа пред Апелацискиот суд во Скопје, продолжија со образложение на поднесените жалби за пресудите по предметот. Меѓу 16-те обвинети кои со првостепената пресуда од март минатата година беа осудени на вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок” се поранешниот директор на Бирото за јавна безбеднист, Митко Чавков, припадници на МВР и Агенцијата за разузнавање. Обвинителството, пак, има жалба за ослободителната пресуда за Игор Дурловски. Бранителот на Чавков, адвокат Сашко Дуковски, на денешната јавна седница рече дека случајот е неодржлив, бидејќи во сред постапка имало амнестија на дел од првично обвинетите, како и дека за истиот настан веќе имало друг случај што бил побрзо процесиран и каде обвинетите поминале со бенигно обвинение. На почетокот обвинетиот Александар Василевски Нинџа го извести Судот дека, денеска додека бил спроведуван од затвор, бил вербално нападнат од лица кои биле во придружба на ќерката на Митко Чавков. – Лица кои беа во придружба на сопругата и на ќерката на Митко Чавков ми се закануваа денеска додека бев спроведуван во Судот. Чавков директно ми се закани и на денот на изрекување на пресудата, изјави Нинџа. Судот, на тоа укажа дека, затворските служби кои го вршеле спроводот, требало да направат записник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-obrazlozenie-na-zalbite-prodolzi-javna-rasprava-pred-apelacija-za-presudite-za-27-april/feed/ 0